Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Денес малото во градинка го оставаме и гледам еден куп родители сите со украсни торбички во раце.
    Учителка да си на овој век...денес нашите учителки ќе добијат 20 поклони...:nod:
     
    На mareane, Annath, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Добро утро! Денов не е најубав на цел свет, тмурен и ладен е, ама па е ден на жената. За мене овој ден е убав, ме потсетува на едно прекрасно детство кога сум треперела од возбуда на овој ден за да ја израдувам мајка ми, сум собирала парички да и купам нешто, сум учела вредно за рецитал и некоја ритмичка точка, сум ја барала мајка ми низ редовите за да ја израдувам. Таква сум, плачка, емотивна, си сакам такви работи кои ти носат солзи на лицето. Нека ни е среќен денот и нека претставува еден почеток на поубаво утре за сите оние кои не го добиваат сето внимание на светот. Ќе се сложам само со @Cka во труднички која најубаво рече, да си жена е прекрасно, да си мајка уште повеќе, нема мерка која ќе се спореди со таа која ти дава сила од нежните удари на човечулето кое внатре трпеливо го чека својот ден, ниту пак од кревките раце на малите дечиња на кои мајката им е се на светот. Жалам момци, посиромашни сте за едно чувство што не се споредува со ништо на овој ден ;)
     
    На Annath, mareane, WORRIED.BT и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.936
    Допаѓања:
    81.677
    Дали МОДНИТЕ КРИТИКИ за дел од феминките служат за сопствено ЕПП,или:?:
    Видов неколку слики на кои видов ц..ки,задници итн,ама невидов комбинација за коментирање.
    Се извинувам,морав.Посилно е од мене8)
     
    На Annath, Peco, Mekuska и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Среќен осми март, друштво!
    [​IMG]
    Да бидете сакани и почитувани и останатите 364 денови од годината! Не заборавајте да продолжите да се борите за своите права, да не дозволите да бидете жртви на насилство, зашто сте посилен пол и можете да ги смените работите.

    Денес малку на прошетка, па работа ме чека. Инаку, јас од работата на Нинџа сум одделена само со тоа министерството, за финансии ли беше, а и со Куќата на Мајка Тереза. ;)

    Убав ден! :f:

    П.С. Добредојде за новајлиите. :d:

    Оти така мор @Ordinary? Еве Дани пристојно се облекува. Јас обично не рекламирам ништо од тоа... :?:
     
    На Annath, mareane, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  5. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.936
    Допаѓања:
    81.677
    @Lady Phoenix имаме многу слични парчиња облека;)
     
    На Annath, MilaP, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите :hai:.

    Како што е ред, најпрво да го честитам денешниот празник 8ми Март и на сите жени и мајки да им посакам се' најубаво, како денес, така и во целиот живот :f::f:.

    12795386_1301901946491929_5955669716787833298_n.jpg

    Ќе кажев и еден виц, ама оти веќе се' ни пречи, поарно да си ќутам :x (ако можам јас да заќутам де :D).

    Гледам нови членови на темата, па да им посакам добредојде на @Скопјетесакам и @papillonP и да им посакам пријатно дружење во друштвото :).

    И ние станавме тука како некој клан, па во која тема оди еден од нас, 100 води по него.
    Како Али баба и 40те разбојници сме :lol:.

    Фала @anel што ми одговори на прашањето зошто некој честита 8ми Март на 7ми :lol:. Швалерките имаат предност :D.

    И во на @MilaP постот за туширањето заедно со мажот се пронајдов.
    Јас се бањам со ептен жешка вода, па како @referentka излегувам од бања како да сум мавана со камшици (среќа сама се бањам :lol:).
    Мм пак многу е нежен и со млака (читај ладна) вода се бања.
    А и уште во студентските денови имавме еден несреќен случај кога заглавивме во кадата :nod:, па сега секој сам по сам си трља :)?: ) грбот :|.

    Сакам и јавно да и' се заблагодарам на @kukla21 за одвоеното време и внимание што ми го посвети (си знае она за што) :).
    Фала Кукле :hug:.

    Вчера од црвчето не можев да се приклучам на дискусијата за здравството.
    И јас сум читала за камилицата дека не ја препорачуваат за очи, ама како мали знам дека мајка ми на нас ни ставаше, па што да рече човек, се' ќе згреши.
    За кашлица не знам што да кажам, досега црвчето само еднаш имаше кашлица (фала Богу), ама и таа не беше предизвикана од настинка и затоа и многу совети не делам, кога не сум имала искуство со тоа.

    Туку, ме исплашивте за здравството во Германија :worried:.
    Бидејќи во план ни е да одиме таму, еден од најголемите стравови ми е баш тоа.
    Како ќе се снајдеме, ако не дај Боже, треба да шетаме по болници со ќерка ми :(.
    По тоа што го прочитав, а како што сум голема паничарка, дај Боже да не треба (fingers).

    Инаку, како за некои како моите сигурно е измислен терминот Изгубени Германци :rofl:.
    Луѓе, секој ден се смеам на нивните перипетии :lol:.
    Многу е тешко кога јазик не знаеш :worried:.

    Еве реков дека вчера сестра ми отишла на шетање и дека ќе се врати со некоја дешавка.
    Инаку прво излегување и беше САМА :!:.
    Застанала да чека трамвај и мислејќи се на кој трамвај треба да се качи до центар, а на кој да се качи на враќање до дома, од многу мислење ги помешала станиците и на тој ли беше, на овој ли беше, пропуштила 2 трамваја (facepalm).
    Кога КОНЕЧНО се качила, на сред пат возачот почнал да зборува нешто на германски, и сите околу неа викале Jaа, Jaа, само таа и уште два, тројца како неа ништо не разбрале :?:.
    Кога стигнале на една станица (која не била нејзината), сите почнале да излегуваат, само тие што не разбрале си седеле уште во трамвајот.
    И се смилостила некоја жена, па ги фатила за рака да ги извади надвор :lol:, оти трамвајот се РАСИПАЛ, а тие си чекаат внатре :wasntme:.
    И сестра ми вика, сите се качуваат во друг трамвај, и јас по нив (дека сите Турци, таму и гол Хасан :lol:), а врска нема ни каде оди, ни ништо. Шизик на ризик (facepalm).
    Арно стигнала некако, па на враќање поминала без бламирање :D:l:.

    Ај и за пералните збор, два, и така црвчето уште спие, па да ја искористам оваа СПЕЦИЈАЛНА прилика.
    Интересно ми е како кога некој од нас што редовно пишуваат на темата ќе каже нешто (како на пр. јас пред некој пост кога напишав алал да им е на сите редовно што перат, оти јас не перам :D) не предизвикува никаква дискусија, ама кога некој од надвор ќе не подбуцне, леле мори мајко :worried:.
    Одма на сите нешто ни пречи.
    Јас не пишам често за тоа, можеби и оти не перам толку често :wasntme:, ама не знам за што би ми сметало друг ако пише.
    А и мислам дека малку се помешаа перењето и "перењето", па сега изгледаме како попалени тинејџерки :lol:. Ние сме пред се' домаќинки :!:.

    Ви посакувам убав ден и убав помин на тој што слави :hai:.

    Купуваат 3 пријатели поклон на нивните жени за 8ми Март.
    Првиот купува буќет, вториот прстен, а третиот АЛВА.
    Го прашуваат третиот за што таа алва.
    И он вика: Па цела година јаде г..на, денес нека јаде алва :rofl:
     
    Последна измена: 8 март 2016
    На Annath, mareane, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Утрово не ми се бараше слик0.

    Среќен 8 март уште еднаш на сите припаднички на посилниот пол. :P

    download.jpg

    @Ordinary кој како си ја сфаќа изгледа модата. Може мислат се е тоа модни аксесоари. :?:
    :rofl:

    @referentka јас коа бев дете, секоја година собиравме пари и на учителката и купувавме злато. :P Сеуште незнам поради која заслуга.
    Кога бев мала многу сакав учителка да бидам.
     
    На Annath, mareane, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добро утро
    Честит 8ми Март :f:

    Детево одсабајле ми ги истанчи живците со јадењето, па сега душа збирам, да си дојдам малку на себе.

    @promeneta нема потреба да се плашиш за здравството. Болниците, брзата помош и специјалистите се и те како професионални. Посветуваат време, прават еден куп анализи и поставуваат дијагноза. Посебно кога е нешто сериозно, итно, специфично...се растрчани.
     
    На Annath, mareane, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски, мене дечкото ми е на гости па не можам да дремам многу тука, само да ве поздравам и да ви го честитам денот на жената :)

    Среќен 8ми Март :) од мене една феминистичка :);)

     
    На Annath, mareane, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Среќен празник мили женички, здравје, среќа и многу љубовни моменти да ве пратат низ текот на целиот живот.
    Една е жена, синоним за истата е милината во себе, софистицираноста и префинетоста што секоја од нас на овој или оној начин ја поседува длабоко, кај некој повеќе кај некој помалку, секоја во себе си ја има својата доблест и маана, проследени баш со мудроста која што и те како може да не опише со поимот жена.
    2016-03-08-09-55-29--2053938231.jpeg 2016-03-08-09-55-33-1748805744.jpeg
    Тмурен и ладен ден но сепак некоја радост и "сонце" се крие зад овој прекрасен ден проследен со нежност и женски сјај!

    Го букирам денов за себе си и своите потреби и достигнувања, поздрав.
     
    На Annath, mareane, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 18 други им се допаѓа ова.
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    175.088
    Aj dobar den dragi moi.
    FB_IMG_1457432183148.jpg
     
    На Annath, mareane, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  12. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    112.723
    Пол:
    Женски
    Добар ден, убав ден :*

    Среќен 8ми март на сите, па и на оние кои не го слават, но примаат подароци, некои како мене :lol:

    IMG_20160308_111933.jpg

    Мажето уште рано сабајле ме изненади :inlove: ми ги купил чевлите кои ги пробував пред два месеци, а не ги купив пошто си купив други, а на него многу му се допаѓале (hollest) и чантичка која самиот ја избрал 8) има вкус, има :nod: па и чим мене ме одбрал му верувам 101% на вкусот :P :D

    Имајте убав ден и јас сум за тоа дека и другите денови од годината треба на жената да и се подарува внимание, но не е на одмет и точно и на овој ден :emo:

    Мама вечер ќе си ја израдувам :hug: а свеки е подмирена :makeup:
     
    На Viktorijaaa5, Annath, mareane и 26 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Женски нека ви е честит 8-ми март.

    anigif_enhanced-buzz-20936-1387785751-10.gif

    @Bozica1980 ги замислуваш спасителите како Дејвид Халелхоф во млади дани?
    Не сум ги приметила дали се лични или не, во последно време повеќе женски спасителки има него машки, поминуваат со возило нагое, надоле, наредниот пат кога ќе одам на плажа ќе ги загледам дали се секси или не, да знам дали да се давам.:rofl:
    :rofl:
    Пожарникарите се многуууууууу убави, како бирани од модна писта, да ти е мерак да си ја запалиш куќата.:wasntme::rofl:

    Мене не ми пречат муабетите околу перењето, ништо не ми пречи освен навреди и такви глупости, чил аут женска сум јас.8)

    Денес ме викнаа во училиште кај Матео, натепал некое дете.(facepalm)
    Стигнувам таму, го гледам и внук ми таму, стигна и брат ми, дојде и мајката на детето што го натепале, влегуваме кај директорот, ни кажува како не се толерира насилство, ги прашува овие двајцата што било работата, натепаното дете ја стиснал внука ми во ќош и и мавал боскови во стомак:xкога виделе овие двајцата го фатиле и убаво го натепале. Сега стварно да не знаеш како да реагираш, што да му кажеш на детето, тие си ја бранеле сестрата, ништо први не почнале, не се насилни, тој да не ја тепал малава, овие двајцата немало од чиста мира да го натепаат, ни си да го казниш, ни си да го наградиш, не е убаво да се тепа ама не е убаво ни да гледаш дека ја тепаат сестра ти и место да и помогнеш да ја викаш учителката.
    Матео не го казнив, му кажав дека не е убаво да се тепа, треба зборовите да му бидат одбрана а не тупаниците ама и дека ако повторно види дека некој ја тепа братучетка му, брат му, сестра му исто да си реагира, да ги одбрани, правилно или не мислам дека така е во ред да реагира, во таква ситуација.
     
    На Annath, mareane, Peco и 30 други им се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    ОСМОМАРТОВСКИ(сега ми го пратија,па да споделам со другачките)

    Жената го среќава мажот утрото на 8ми Март со букет преубаво цвеќе во рака , па целата насмеана го прашува : - драги , колку убаво цвеќе. За мене ли е ?
    Мажот и одговара :
    - ма не , тоа е за секретарката.
    Жената на тоа почнала да се лути и да вреска :
    - свињо една одвратна , неа цвеќе , а мене ку*ац !!!
    Мажот ладнокрвно на тоа и одговорил :
    - епа ..... сакаш ти цвеќето ?
     
    На Annath, mareane, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  15. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Среќен 8ми Март женски. Бидете сакани и почитувани секој ден во годината:f:
    IMG_188813176088485.jpeg
     
    На Annath, mareane, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Добро утро славенички, неславенички и сите измеѓу:f:
    Јас сум меѓу неславеничките, ставам потпис на постот на @lunicka |(
    Исто и со @Eli23 се сложувам дека жените се посилниот пол!
    Околу денов, само ќе кажам дека не треба да се чека еден ден да ни се оддаде почит и внимание, туку секој ден да се чувствуваме како жени - ценети, почитувани, сакани... Пред се да бидеме задоволни самите од себе, да ни биде пријатно во сопствената кожа а пред се комфорно во сопствениот ум, не да чекаме еден ден годишно за една подарена ружа да го направи тоа чувство краткотрајно, туку напротив, ружата на тој ден да биде само шлагот на тортата.
    По ова прашање од мене толку, ви посакувам секој ден да ви биде прекрасен, исполнет, незаборавен, да ви се посвети внимание, да ви се оддава почит, да почувствувате дека сте ценета и сакана жена, а денес да го прославите истото со празничен шмек. :f::d::^:
     
    На Annath, mareane, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Среќен 8ми март девојчиња!
     
    На Annath, Deemy, Mekuska и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.936
    Допаѓања:
    81.677

    :x:rofl:
     
    На Annath, Peco, Mekuska и 12 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Увреџена сум, така да си знаеш :emo:
     
    На Annath, Peco, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.936
    Допаѓања:
    81.677
    Нема зошто;)
    BTW сличен стил фураме8)
    Ја расчистИв конфузијата околу ТИКВЕТО:D
     
    На Annath, Peco, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.