1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    757
    Добро утро
    Моја голема желба ми е да му се радувам на петокот и два дена викенд ама нема,секоја сабота ми е работна :( Инаку да ви кажам една работа во врска со Биана-има 2 фабрики,едната е Биана шус,другата е Биана траде и немаат врска една со друга,освен што и едните и другите прават женски обувки.Мене фаворит ми се Шус бидејќи моделите им се модерни и убави што неможам да го кажам за другиве,можат колекциите да им се видат на ФБ и има голема разлика барем за мој вкус.Инаку и јас ги купувам на рати ама и ги носам со години.
    Мислам дека е време за уште едно :coffee: .Имајте убав ден :hai:
     
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Е мене дефинитивно ми е петок :) Додуше ќе си одам порано и треба да одам на трансфузиологија крв да ми земат, па и нема многу забавно да ми биде. Ама после заслужено ќе прошетам низ Рамстор и ќе седнам на порција кинеско.
     
  3. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    ете сме се знаеле ама не сме биле свесни дека се знаеме :),ова за кинеското бидејќи и ние сме чести гости таму.
    денес петок и супер викенд на сите. ќерка ми има распоред на родендени и бидејќи тато е на обука мама ќе биде шоферот.а ова за облекувањето на родителска мене ќерка ми и во градинка кога не викаа на родителска обавезно ме прашуваше дали ќе носам фустан или панталони.како мајка ми да ја слушам кога ќе ми рече е ваква ли ќе одиш сега:):).
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Гууууудморнинг, гудморнинг :d: @LusySkyDiamonds ваква шминка и фризура, чекам тел од девојчето :makeup:

    5ddac6bc3b228daad0c8b041654029c4.jpg

    Ве оставам во добро здравје, одам да се спремам за на депилација (poolparty)
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви штом го чекате петок како предвесник на викенд.За мене деновите немаат значење сите ми се исти.:(
    Не ги разбирам оние жени кои ќе кажат мене ми е досадно.Јас секогаш имам проблем со времето.Малку ми е.Досадата според мене е еквивалетна со мрзата.Кога си мрзлив и не можеш да најдеш нешто да те заинтересира е тогаш ти е досадно.Па има милион работи.Шетај,читај,дружи се,гледај филм,чисти,пеглај...средувај го дворот.Кога сме веќе кај него да си се пофалам најубав ми е во цела улица.Ама ноември е и засега температурите не се ниски па цвеќето е во полн цвет.Ми доминира жолтата боја.
    Одам да се оправам во денов да не ми биде досадно.Имајте убав петок.
    @Moira „очиве“ баш се нагласени:rofl:
     
    На bittersweet, NoellePage, Teodora* и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    И кај мене е така (тоа подоле заобленото не го рачунам) :rofl:
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Значи ќе носиш такво деколте,тогаш горните и долните мора да бидат во тон:rofl:.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  8. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    18.411
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене во скоро 41 :) Убави години :) Многу често се случува да се осетам преоптоварена со обврски деца,куќа,работа,најчесто напорен маж но и силна да се справам со се..Поздрав до lunicka обожавам да те читам:)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, гледам петочно ве има така повеќе. Што убаво... мене петок не ми значи, секој втор викенд работам, а утре сум на работа, и така... ама барем имам day off после тоа :D

    Ариел, честитки за титулата м-р, па да се фалиш и за поголеми успеси тука!:f:

    Девојчиња, има ли некоја од Куманово? Јас сакам на Биана чизми да си купам, и ме интересира дали во склоп на фабриката имаат продавница каде што се за нијанса поевтини чевлите и чизмите? :$
    Многу сакам, ама и морам да се подновам, а ги бирам Биана оти ми траат со години :D а овде во Скопје, ем ги нема моделите што ги сакам (барем не сум ги видела), ем цените им се вртоглави:fubar:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Мене со Биана обично тоа ми е проблем - на реклама ќе бендисам некој модел, и после во продавница редовно го нема.
     
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    И ова утро започнува со магнезиум и кафенце.
    Некој ке оди на работа,некој во рамстор на кинеско,некој во болница за прогестерон.:sweat:
    Златно Скопјенце убави местенца нудиш.Не дека овде нема ама не се ни една осмина како тебе.
    Последно кога те посетив неможев да те препознаат.И во позитивна ама и негативна смисла.
    Сум се одвикнала од гужвите.Една од добрите прилики што не ја нудиш е оставањето на колата кај сакам.:smirk:
    Она со Е паркингот дур се навикнам ме уби.
    Нај убаво кај тебе ми беше во недела.Нема гужви по улици.Од Кисела вода до Карпош 4 за 10 минути си паркиран.Убав си си,ама никогаш не те почувствував како дом.
    За петокот да не коментирам.Веке втората деценија си тече а само последните два месеци приметувам што е викенд.Мојата работа не признава викенди.Во нив најмногу се работи.Затоа учете децо и осетете што е викенд.
    Честитки @Ariel и од мене и само успеси да те пратат.
     
    На lunicka и Ariel им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    137.347
    Ај добар ден жени.
    Сабајле бев на систематски, и морам да се пофалам дека јетрата ми е џам. Сакам да кажам дека сум подобна не само за една, туку за повеќе вичњовачи :D

    Туку пред вичњовачата да си направам кафе, денес немам пиено ниту едно, очиве не ми се отвараат.
     
    На Moira, Annath, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Е конечно се наспав синоќа и сабајле станав без болки. Може да ми помина грбот и од јогата вчера, како и да е супер сум денес. Синко не престанува да клоца од сабајле. :)
     
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Го гледам Др. Хаус на телевизија и се потсетив колку бев вљубена во него на времето:lol:
    Од оваа перспектива кога ќе размислам и најдов маж со слични карактерни особини (ова ама без наркотичните средства и професионалните услуги :rofl:).
     
    На bittersweet, lunicka, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро и од мене :) За повеќето веќе одамна е ден, за мене рано утро |-), она ѓаволчено мое ме забављаше до 07:00 сабајле. :envy: Готово, договорено е, од денес е на режим, колку и да ми е тешко, ќе мора да се одвикне од заспивање во раце и шеткање по соба :doh:

    @danichap , мило ми е што читам дека не сум била единствена заљубена во др. Хаус :D Многу беше фраер :D

    Петок и мене многу ми значи, не заради тоа што работам или учам, туку затоа што знам дека му е последен ден на работа на сопругот, и следните два дена е дома и може да ми помогне и сабајлечки, не само навечер ^_^ Добар си е, не се жалам воопшто, помага максимално што може, ама тоа е. Напорно е преку недела. Допрва ќе станува уште понапорно, ама ај, тогаш ќе му ја мислам :)

    Немам искуство со чизмите на Биана, а секогаш наоѓав некои што ме бендисуваа. Демек, ај да видам за истите пари некои подобри да не најдам, и наоѓав, ама не испаѓаа подобри,последните 2 пара што ги купив ми траеја по дури пола сезона (wtf) А платени малку повеќе од оние во Биана :( Не ми доаѓаше памет неколку години по ред. За среќа, сега нема да го имам тој проблем :D
     
    На bittersweet и danichap им се допаѓа ова.
  16. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    3.497
    Ај добар ден и од мене и да шмркнеме по едно :coffee:. Синојќа со гости, а преку ден цел ден спремав и се преморив, па толку ми е силата, се тркалам:(
    @green.eyes и јас бев иста со ќерка ми во врска со нишањето во раце и си навлеков болест на рамената, сега тешко со второво дека ќе има нишање, невозможно е.:( Режмот и се воспостави кога тргна во градинка, ма да и таму на почетокот учителките ја нишаа во раце за спиење, ама после си фати ред.
    Ај да го исчистам спанаќот и да го спремам, треба нешто да се јаде.
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    @pilenka :o Дури во градинка? Леле мајко, што ме чека :( Не знам мангупов кога би тргнал во градинка, тоа ќе биде кога јас ќе почнам да работам, ама не знам кога ќе се оставри тоа. Се надевам дека барем некаков ред ќе му воспоставам до тогаш :sweat:
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    никогаш не вели никогаш....
    и јас така велев... керка ми заспиваше во раце до кај 10 месеци а потоа почна со шишето млеко да се успива.и мислев тоа е тешко ...велев нема шанси второво така...
    тој е бетер....тој не може ни да презаспие ако не го земеш во раце,а заспиванјето е голгота:worried:го пие млекотот и вришти се превртува, клоца штипи,трие очи .....така едно 10-15 мин.сигурно...дури да заспие...раце ми се одпаднати од нишанје....сум пробала секако и не ми успева...само дај боже да ви се погодат мирни бебушки оти секое е приказна за себе.
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    ^^ Ене го спие во релаксатор, го сака релаксаторот, си седи во него. Се бунеше малку да го кренеме, зашто е навикнат после јадење во раце да биде, ама овој пат издржавме :party: Ќе видиме вечер што ќе биде, обично навечер добива посебни желби :D :worried:
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    @WORRIED.BT а во количка, со возење напред назад?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.