1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    toogood благодарам на одвоеното време, се работеше за изгужвана завеса:f:
    Daleron, да не оплескаш и вечерва нешто благо за сите.
    Завесата ми е во првобитна состојба:nod::f:Малку јас малку дада, ја испеглавме.
    lunicka, ја гушкам што ме утеши:f:пријателот во маката се познава.
    Е сега за комплиментот не си прва, но така добро звучи кога ќе ти го даде жена:D
    Ај не се нервирај ќе си ја поправи детето, можеби потешко му оди по тој предмет.
    Еден голем поздрав до сите на темава:hug::f: Виртуелно по едно парче за вас.
    Останете во добро расположение Дами:*
    [​IMG]
     
    На green.eyes, NoellePage, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Of ama si me pogodila. Nemoze da bide po ironicno, jadam ajvar na lepce, a gledam cokoladna torta. Sepak fala, znam deka mislis na mojata linija.
    Zarem uste se nerviras za oceni.Golema rabota ocenka, toa e samo brojka. Ne treba site da bideme dobri vo sekoj predmet. Edni ke bidat dobri vo matematika, drugi vo geografija. Ne trebaat samo matematicari po svetot. Moze sega ne si dobar vo taa oblast, no toa neznaci deka celiot zivot nema da si dobar vo taa oblas. Zdrees, sozdrevas, se menuvas.
    Sekoj ke go najde patot vo svojot zivot, mirot i spokojstvoto, ljubovta so najbliznite , ne se nadoknaduvaat. Ne si trosi vreme na toa. Mozes da napomenes deka bas ne ti se dopaga toa, no veruvas deka ima potencial toa da se promeni. I tolku od polemikata so decata. Zemisi edna visnjovaca i knigicka vo raka and "Who cares".Cheers.
     
    На ozbilnazena и lunicka им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @ozbilnazena ја гледам и јас тортава и се прашувам како прават вака сочни ,меки,кремасти торти?
     
  4. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    61.277
    Уффф... Конечно завршив со генералката по дома... па пред легнување да ѕирнам што има на Фемина!
    Иначе се изнаработев денес - бриши прозори, пеглај завеси, усисивај... Чистењето дома нема крај!!! А, до кога ќе биде вака чисто и светнато??? Одговорот е до утре!!! Сабајле кога ќе станам од спиење ќе затечам куп чаши и шољи во умивалникот и трошки од ноќното јадење на децата (читај еден тинејџер и еден младич кој следната недела ќе полни 25!). Но, нека не се жалам!!! Ке забришам и зачистам набрзина, ќе направам еден неделен и еден понеделнички ручек и потоа ако остане уште некој саат од денот ќе си се почестам со моите омилени активности - читање книга и уживанција на Фемина!!! :)8)
     
    На mal.ecka, ozbilnazena и lunicka им се допаѓа ова.
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Луничка, направи ти една и јас една и ќе ја видиш разликата...
    Вкусот на двете не се мери со сликата.
    Убав неделен ден:f:
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден.
    Јас сум добра денес вие?
    10351016_755675297800883_8461979011502655205_n.jpg
     
    На Gembird91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Добар ден
    Што да правам со волку слободно време , кажувајте спас.
    Ниту ми се јаде , ниту пие што значи и ако сум распожена се уште не можам да си дојдам на себе.
    Затоа давајте некои предлози што да правам?:wasntme:
    Наскоро ни е слава но посна и давајте некои предлози за десерти и посни салати и грицки оти стварно и тоа што знаев заборавив .(lalala)
     
  8. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    pred dve godini koga ostanav bez rabota se zacleniv vo biblioteka i mnooogu citav.taka go ispolnuvav slobodnoto vreme.jas i sega sum nevrabotena ama ne mozam od ova malovo da citam inaku nema nesto sto poveke mi prav zadovolstvo
     
    На Serafima, Val-Dim и vinozito1 им се допаѓа ова.
  9. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Од сам старт ми се допадна темава, не дека не ме интересираат мислењата и на помладите членови на фемина, напротив, само што ние (еве од денес 35) позрелите имаме потреба да бидеме сослушани и сфатени, а кој ќе го стори тоа ако не феминка што е во иста каша :)
    Ме погоди тоа со чистењето, скоро година и више саботата за тоа ми служи...Па неделава ми дојде памет и реков: во среда завршувам порано со работа и тогаш ќе пицнам се, додека ги земам децата...значи имам 4часа асални на располагање, таман. и стварно жени, ваков викенд легачки одамна не сум имала...е сега запеглав вчера и веце поминав, а денес пуштив машина..ама во споредба со претходни активности ова сега вода може да им носи.
    Да ве почастам за 35ката, кој какво сака нека си одбере :)

    [​IMG]
     
    На bittersweet, green.eyes, ozbilnazena и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Добро утро - добар ден дами :f:...
    Денес ни ја нема Далеронче да не поздрави прва. Не дека не е разбудена рано (не се сомневам), ама сигурно си има нешто работичка :wasntme:.

    Еве и ние да ве поздравиме со малото. Деновиве ние беа малку напорни, па затоа не бевме активни.
    Примивме вакцина, па си имавме малку температура. И така си поминувавме во гушкање, зашто му беше малку тешко. Денес, слава на Бог е малку подобар. Нема досега повишено температура и ова ми е прво искуство во овие 10 месеци, па малку си бев возбудена :$.

    За да го поздравиме прво сонцево надвор, ќе започнеме со убави поздравчиња.
    Најпрво честитки за крштевката на малата на bittersweet. Голема да расти мила и секогаш да ви носи радост во животот.
    Исто честитки за Ariel. Не само ова, туку уште успеси мила да ти го украсуваат животот.

    Ве следам и ве гледам дека малку сте ми разочарани од слабите оцени. Не се нервирајте, ќе ги поправат. Има време до крајот на годината.
    А кога сме на темава, да ви раскажам нешто.

    Кога бев малечка некаде 4-5 то одделение, секогаш ме мачеше една работа. Во себе се прашував, зошто моиве родители никогаш, ама никогаш не ми викаат да напишам домашна или да седнам да научам, или да читам лектира... Додека на другарките родителите (особено мајките) постојано им викаа и ги прибираа дома, само што ќе излезеа да играат. Да бидам искрена тоа ме болеше помалку. Не дека не учев, поминував со многу добар успех, ама навистина дома не учев воопшто. Си идев од училиште, ручек, па веднаш надвор. Единствено што пишував домашна и тоа навечер пред легнување. И така помина доста долг период, потиснувајќи го тоа во себе.
    Еден ден се случи нешто неочекувано.
    Не седна татко ми (двете со сестра ми) и ни одржа едно квалитено предавање, што ќе го паметам цел живот. Ќе се обидам да цитирам, ама не ми замерувајте, ова беше пред многу години.
    - Деца (така ни викаше),
    Не сте веќе мали и затоа ќе ви кажам нешто. Немојте да мислите дека некогаш ќе ви речам да учите, дека ќе ве присилувам или слично (како молња ми дојде одговорот што толку го чекав). Не учите ни за мене, ни за мајка ти, туку учите за себе. Ако сакате да бидете неписмени, не учете. Имајте единици, нека ве покажуваат сите со прст, нека ви се смеат другите ученици... секако ако тоа не ви пречи (ние се здрвивме двете). Учите за себе, за да научите нешто во животот, а денес не секој ја има таа можност.
    Кога јас бев мал, условите беа тешки. Ние со тетка ви прво учевме на светло од борина, потоа на свеќа, па потоа со ламба на газија. Такви беа условите и така учевме (бидејќи седеле во село). Ама од таа свеќа, денес тетка ви е докторка, татко ви можеби не се снајде најдобро, ама сепак работи во добра фирма каде колку - толку можам да ви овозможам живот. А за пари тогаш, многу тешко беше. Се сеќавам дека за матурата или полуматурата (не се сеќавам добро како кажа), одев овчар кај еден дедо, само да ми даде пари и да си купам пантолони, кошула и чевли за да не одам искинат пред другите.
    Тогаш искрено ми се преврте небото и земјата, ако бев толку мала. Особено кога ги слушнав тие зборови, толку ми се врежаа во срцево, што и ден денес не можам да се освестам од нив..
    Тоа беше крај на разговорот.
    Рече само за крај:
    - Учете! Учете за себе, за да се изградите себеси.

    Во тие моменти се промени целото мислење и сфатив зошто тие и воопшто не ми викале да учам. Дека тоа била една нивна стратегија за да не поттикнат да учиме повеќе, ама за себе да учиме.

    Воедно, имаше уште еден потресен миг, кој ме освести потполно. Тоа ми беше класниот раководител од 5то до 8мо.
    При една прилика ги гледаше оцените за на крај како ќе завршиме и како да ни помогне да завршиме со повисок успех. Тој навистина беше наставник за пример. Толку се бореше, што не знам дали воопшто некој друг тоа го прави денес.
    Почна да ги гледа моите оцени и ми рече:
    - Ти, некако си ми мрзливо девојче. Види колку петки имаш, колку четворки и колку добри оцени (имав само една по математика). Можеш да поминуваш одлична, ама не сакаш, мрзлива си.
    Ете тогаш ми помина струја низ телово, толку се срамев од себе пред другите, што мислев дека ќе пропаднам во земја. Ама од тој момент се’ се промени. Почнав да учам и навистина од шесто одделение додека завршив средно поминував капацитет со сите петки.

    Муабетот ми беше...
    Вашите деца се веќе возрасни, тинејџери. Тие многу повеќе разбираат, отколку јас тогаш. Не знам, можеби грешам, не ми замерувајте, не сум искусна и сеуште немам поминато низ она што поминувате вие, ама мислам дека еден добар, квалитетен разговор, може и да вроди со плод. Навистина сега им е периодот на љубов, а не на учење, ама за се’ има време и тоа да се постигне.
    Вие најдобро ги знаете своите деца. Особено тоа го знае мајката, бидејќи е многу поголем авторитет кај детето кога е повозрасно, отколку кога е мало. Тогаш кога сме мали, таа стравопочит ја имаме сите кон другиот родител.
    Ќе го најдете соодветниот миг и ќе им оджите многу големо предавање. Сигурна сум дека ако не сите, ама 50% од тие зборови ќе фатат корен во нивната душа. :)

    Ама сум се запишувала... Се надевам дека нема така да ми започне оваа недела.
    Се извинувам што ве измалтретирав со текстот.

    Ве поздравувам и ви посакувам убав ден и убава недела :hug:.
    Ајде на едно кафе :coffee:, какао:coffee:, чајче:coffee:... кој и што сака по желба :*.
     
    На ♡BuBaLe♡, senza.parole, Barbie20 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Не знам што се случува, темава спласнува.
    Како и да е,го испив првото кафе ,имам милион секојдневни обврски а не ми се станува.Би сакала да имам барем една недела во животов да можам да спијам до кога сакам,без да имам било каква обврска спрема некого.Да не мора да готвам ,чистам ,перам.Никој ништо да не ме прашува ,на никого да не морам да одговарам...мислам дека така би изгледал рајот.
    Туку да ви раскажам нешто.Во комшии имам една женичка која живее сама а пред една година и нешто остана вдовица.И гледам сега а и самата таа си кажува,без предизвикување станала цел на локалните поблиски и подалечни вдовци.Вчера баш ме викна и нема да верувате куќата и е полна со цвеќе,чоколадни бомбони,книги...се смеам со коментар дека има повеќе удварачи од некоја млада девојка.А жената си има 65 години,многу е младолика и витална.И тоа и предлагале брак а не само врски.Ја прашувам дали би прифатила брак.Одговара со не,никако...луѓето на мои години најмногу бараат некој да ги пере и готви.Ми одговара повремено дружење а нешто повеќе од тоа не сакам.
    Се мислам ,без разлика колку години имаме ,доживотно има во нас желба за приврзаност.Човекот никогаш не е стар за љубов во било каков облик.Имам видено различни видови на приврзаност.Некои не можат да го заборават починатиот партнер (како мајка ми),а некој како комшивката на пример,која ги прифаќа удварачите која сватила дека со смртта (или разводот) не престанува животот.
    Па затоа на крајот на краиштата сите сме различни.
     
    На bittersweet, do-re-mi, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Еве ме не се обесив уште (скраја да е).Серафимче станата сум рано-рано, ама денес се спремам цел ден „псиички“(што би рекле нашите сонародници) за на родителска вечер.Устава пења ми фаќа од зборување, ама денешниве деца не се онакви какви што бевме ние или неколку генерации после мене.

    Ние знаеме што е сиромаштија, градење куќа, а денешниве деца се сакаат на готово.Јас и велам на ќерка ми „Мрзелива си“ малку повеќе да учи ќе и нема равен. Ама овие компјутери, телефони, социјални мрежи им го поматија умот.

    Луничка и јас приметив дека темава замре малку. Ја нема онаа почетна еуфорија на пишување на секојдневни случки. Јас освен што боледував викендов немам што да кажам, не можам веќе да ве замарам со отцени.
    И ова сакам да напоменам. На сите ни е потребна љубов, топла прегратка, внимание.Јас ги одобрувам женичките и мажите кои што останале без брачен другар по било кој основ. Никој од нас не е вечен за тој што ќе остане да го батали животот.
    Ај жени убав ден. svirce.jpg
     
    На vinozito1, bittersweet, ozbilnazena и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Затоа треба цела под-категорија, мислењата мора да се рашират во соодветни теми....една тема, збиена со секојдневни општи и конкретни постови, мислам дека кад тад ќе замре....
    Дајте со време да побараме од @mihajlo цел дел за нас, една единствена тема не може да издржи над 60 жени од ист калибар.....имаме ние бааѓи за кажување :D
    Добро утро, се надевам викендов го поминавте супер :emo: Јас вчера одмарав од свадбата, ко воз да ме прегазил и минимум литро ракија да сум испила :drunk:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, ozbilnazena и Ariel им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.517
    Допаѓања:
    34.698
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    Јас ве читам секој ден, ама покрај бебушка немам многу време да пишувам.
    :)
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    137.351
    Леле ама декадентен викенд, еј. Сте слушнале ли муабет од теткици од државна администрација „Едвај чекав да дојдам на работа, да се одморам малку?“. Е, така се чувствувам денес.

    Барем од забава сум уморна.

    Во петокот бев на роденден, што почна рано со намера да заврши порано... ама не заврши порано :D.
    Во саботата имав гости, као на ручек. Ручекот се претвори во целодневна забава што заврши со играње по столици.
    И вчера пак цел ден со луѓе, едни на ручек, други на десерт, додека средам ме фати ниедно време.
    И да биде бељата поголема, за вечер веќе имам договорено традиционално понеделничко излегување.

    Тешко е човек да си признае дека не е веќе млад и не може да издржи темпо што претходно му било песна.

    Аирлија почеток на новата недела жени!
     
    На NoellePage, Espadrila, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене!
    Ариел, како што велиш, идеш на работа да се одмориш, јас идам на работа да учам раат во времето кога немам пациенти. Дома ич не можам да седнам да читам, најмногу од малиот, штом ги фатам книгите, тој одма сака да си игра со мене или да правиме нешто. И најчесто му удоволувам :D
    еве сега книгите пред мене, и да читнам нешто... белки ќе ми остане нешто во глава...
    Викендов ми беше убав, ама секојдневие исполнето со лоши вести не ми се допаѓа. На сите страни црни хроники... кога ќе се свести овој народ бре? :fubar:
     
    На bittersweet и Ariel им се допаѓа ова.
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ех женички да знаете јас каква нок поминав;(;(;(.
    бевме на роденден сношти ,2часа бевме отсутни и за тоа време ни влегле дома и не ограбиле....цело злато што го имав се ми украле;(;(;(;(;(
    скршена сум...спомените ми ги украдоа...не сум во ситуација да си купувам злато од бес,што би се рекло се што имав ми беше спомен за убави моменти-од свадба ,дипломска,за раганјето на децата и нивно злато....се ми беше од драги луге одбрано...парите некој денар што имавме дома не ги нашле....до 3 и 30 го средував нередот....не се осекам сигурно во својот дом повеке и не знам дали пак ке ми се врати чувството на сигурност што го имав....како ке се осмелам пак од дома да излезам?!
    викнавме полиција -за џабе...ароганција невидена...казнуваат за триста глупости а законот не нуди никаква заштита или поткрепа на сопственикот...
    потресена сум...плачам и пишувам...ама морав за да си олеснам
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT Жал ми е:(. Јас до ден денешен не можам да се опоравам од кражбата за ланската Нова Година.Па ќе си речам ај нека сме живи и здрави, ама не е така. Ние ги фативме крадците после 2 дена.
    Им најдоа 1200 евра (наркомани) од моето злато кое што чинеше многу повеќе, а плус тоа и спомени. И знаете што, ги пуштија. Немале многу дела кражба на старо железо и бакар.:envy:

    Најверојатно ги поделија парите и ги пуштија. Преставка пишав против инспекторот и за чудо добив одговор, ама одговорот беше како јас да сум ограбувачот, а не трети лица.Се додека имаме коруптивна полиција ќе се случува истото.
     
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    да бевме некои богаташи ајде де...на што се полакомија кај нас?!
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не им е важно веќе каде влегуваат. Најверојатно имаат апаратче за злато. Земаат и бегаат.
    Ниту една кражба не е по случаен избор. Пратат со денови месеци.
    Имаат тастер во населеното место кој ги известува за се.
    Дури понекогаш кај мене постои сомнеж дека е од некој кој ми влегува дома.:?:
    Мене ме ограбија кираџии над нас. Така оперираат земаат стан по кирија плаќаат половина од цената, продаваат се што може од станот, пљачкаат по околните станови и бегаат.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.