1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Страшно :(
    Не бираат каде влегуваат - лани влегоа кај брат ми и направија лом, а и тој и снаа ми не се луѓе што ќе речеш којзнае колку пари имаат. Среќа на снаа ми златото беше во сеф, и зедоа 2 прстена и нешто пари, ама плус лаптоп, фотоапарат, јакни, полупотрошени парфеми, баш без везе. Додуше станот беше осигуран, така што материјално и беа компензирани, ама емотивната вредност на некои од работите (спомен од родител, подарок од кумот за свадба и сл) не може да се надокнади.
    Кај колешка влегоа со апаратче за злато - освен него, ама баш ништо не и зедоа.
    Многу се чести во последно време :(
     
  2. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Моира, како си помина на свадба?Јас во петокот излегов со другарки, па цел викенд го преспав, ни ручек правев, ни чистев, апсолутно ништо, се му дадов овојпат на мм. Не ми држи газот веќе искачанки. Кога живеев сама и мене ме ограбија и бев во станица ништо вика полицаецот, сигурно некој познат, ако сакаш вештачење. А тоа ќе кошташе ѓавол ипол, такашто е откажав. Немав толку скап накит, Сваровски повеќе и неколку златни ланчиња и прстени што никогаш не ги носев и повеќе парчиња од сентиментална вредност поклон од мајка ми кои ги изнаплакав 2-3 дена ама налет, нека оди злото со нив. Сега немам ништо од накит, а и да имам не го чувам повеќе дома.
     
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ништо немам и јас@lucy....бурмата и вереничкото прстенче што не ги вадам од рака и на мм бурмата и еден прстен најверојатно се стркалале и не ги нашле...а и своч сатовите ни ги оставиле,најверојатно не им изгледале вредни
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    38.542
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT mnogu mi e zal za toa sto vi se slucilo . Loso vreme dojde . I kaj svekrvami pred godina dena vlegoa kradci , zemale zlato , jakni i sl. Svekor mi vo toa vreme si dosol doma. Vratata od spalnata bila zatvorena i mu padnalo somnitelno ...za toa vreme i izbegale . Jezivo e vo sekoj slucaj.

    Nie inaku proslavivme rodenden na mm .30 godini napolni mazeto moe. Ubavo proslavivme . Maloto vecerta se razbole digna temperatura. Losa nokj imavme definitivno. Denta padna od krevet. Spiejki se vrtel po spalna i tresnal na glava . Dusicka . Mu pomodre mestoto kade sto se udril . Se ispotresov cela toj den.

    @bittersweet istoto i mene me snajde . SI bev pusac, koga ostanav bremena prestanav da pusam. Sega koga bev vo Mk mi se vrati zelbata . Ama ne palev mnogu. I sega si donesov cigari od doma. Ama doma mm se buni , mu smetale cigarite ...iako pusam na terasa . I mi najde kutija cela iako mu rekov deka vekje nemam. od pricina sto go znam deka kje mu zbori bla bla. i Taka bidna gi najde i pocna da mi zbori. Razocaran bil ...mi se naluti . Pa i jas na nego i taka. Posle se smiri .

    Deneska pak rodenden imame . Svekorot slavi rodenden. Mu podgotvivme kalendar so sliki od decata.

    Imajte ubav den zenski.
     
    На NoellePage, ozbilnazena, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Многу убаво, посебно што ќерка ми си имаше друштво и не не' фермаше воопшто, па можев на раат и да одморам и да поиграм (poolparty)
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Вчера за прв пат сум правела гравче-тавче :inlove:
    Која радост сме ја удриле, па како ни се сладило...мераци.
    Ама како само ми фалеа суви чушки . Септември кога бев кај мама помислив да грабнеме една низа, ама се попишманив у стил уште тоа ни фали да мкнеме:@

    Мојов се нафати и леќа да јаде, ама само ако имало мевце во чорбата:rofl:

    Пријателите заминуваат за Мали и Мексико на одмор за Божик. Добро што не уплативме никаде и му реков однапред не сакам да планирам. Само нека минат деновиве, ќе си седам и домче.
     
    На pilenka, lunicka и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT баш ми е жал што со ваква вест се јавуваш.Точно е кога човек вели тоа е само злато,предмети...сепак е нешто во што ти си вложила,некој твој близок.не е само украден предмет тоа,тоа е и украдено внимание.Биди цврста во полиција барај да те известуваат.Иако знам што ќе кажат.Такво време дојде да не можеш да живееш без проблеми.Се нешто ќе те гризе.
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Идеме на бушење, нека буши нека заврши после сум гладна и пол.
     
  9. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    757
    ?????????

    Инаку здраво женски,да ве поздравам и јас,денеска и јас дојдов на работа да се одморам :)
    Преморена сум деновиве а понеделник е
     
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ne znam kako ke se osudam da izlezam od doma pak:( kako da se zastitam?!koga se drznale ednas sto mi e garancija deka nema povtorno?!
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Еве јас седнав малку да одморам од работа. :lol:
    eve.jpg
    И нешто да поткаснам ;)
    sendvic.jpg
     
    На ozbilnazena и friendy им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Немаш гаранција за ништо, за жал, кога живееме во таква никаква држава, каде што никој не ги штити обичните граѓани... жал ми е што тоа се случило, налет и пари и злато, вие да сте добри... од кај знаете што можело да се случи да сте биле дома, секакви има. Пари се печалат, спомени пак се прават, ама животот никој не ти го дава... верувам дека ти е страв, и нормално и очекувано е тоа, и јас сигурно би се плашела да сум на твое место. Главата горе!
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    На забар конкретно.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @Daleron Ќе ти остане линија на задникот(mooning).:rofl:
    @WORRIED.BT искрено се сомневам дека ќе се вратат.Зеле што зеле а успат ја снимиле ситуацијата.Ако не поседувате не знам,уметнички слики,раскошен мебел,не верувам дека ќе се вратат.Не знам дали седиш во стан или куќа,ама некако се ми се чини дека сте пратени.Како поинаку ќе знаат дека нема никој дома?Јас кога излегуваме некаде обавезно го оставам светлото во ходникот и дневната.Не дека ќе ме спаси ама сигурно нема да им е пријатно да се движат осветлени.Можеби би инвестирала во поголема заштита на вратите и прозорците.:|
     
    На galapce, WORRIED.BT и Daleron им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT[/USER] Жал ми е што ве снашол таков таксират. Среќа не сте биле дома, зошто таквите одат и со оружје. Не се грижи, нема скоро да те посетат, тоа се орагнизирани банди и работат со следење, не влегуваат секаде.
    Еве ти едно видео та те расположи малце.:)
    www.24sata.hr/fun-video/krao-torbicu-vozac-ga-zatocio-i-do-suza-iscuskao-pred-svima-389216

    Кога бев дете имавме само еден клуч дома и си стоеше на врата. Ретко кога заклучувавме навечер. Денес кражбите станаа секојдневие. Бог да чува да се погодиш дома и во самоодбрана да го повредиш пак ќе одговраш, иако е на приватен имот. По ново влегуваат и навечер кога спиеш, прскаат некој спреј за успивање и си работат на раат.
    Инаку тоа злато што го крадат го препродаваат во златарите и истите стануваат индиректни соучесници што го откупуваат, ама досега не сум чула некој да е казнет или затворен за такво дело
    .[/USER]
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @lunicka Поздрав до тебе :rofl: Реакција кога децата дома ќе донесат двојка по математика
    aaa.gif
     
    На Viktorijaaa5 и lunicka им се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    257.490
    Пол:
    Женски
    Леле ова со ограбувањава ми е кошмар. Околу мене буквално сите куќи се ограбени во изминатава година, летоска кога бевме на одмор јас бев некако помирена дека кога ќе се вратиме може и ние да бидеме "среќници". Сепак не поштедиле ама не знам до кога.
    Еднакво криво како да влегле кај мене дома беше кога го ограбија кумот кој живее лепенка со куќата до нас на денот на свадбата. И он и неговиот татко се вработени во мвр, комшии околу колку сакаш, буквално се слуша кога комшиите се тушираат, така некако лошо се распоредени куќите, ама ко за беља крадците никој не ги виде.
    За да ми биде уште повеќе мака јас и маж ми бевме задолжени да испратиме кетеринзи, гости, да подсобереме дома и да заклучиме. Кога влегле дома вечерта по свадбата буквално немало ништо што не било превртено, ги земале сите пари од подароците кои им ги оставија поблиските дома и целото злато на невестата што си го имала бидејќи и претходно живееше тука. Дрскоста оди до таму што дури и си се почестиле од колачите што ги оставивме не прибрани. Влегле од прозор, излегле од прозор, а имаше и светло оставено и се.
    Кога дојдоа инспекторите бидејќи ние бевме последни дома и со нас разговараа и на нашиот коментар како не сме ги виделе и сретнале пошто се враќавме неколку пати до кај нас дома, ни кажаа бидете среќни што е така, тој е спремен на се ако се соочиш со нив можат само здравјето да ти го земат.
    Пари и злато се печалат ама стресот е голем а кражбиве се се почести. Работава си заклучил или не исто ти се фаќа.
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ете си дремам на работа, додуша на Фемина, ама не ми се исплаќа дома да одам па да се враќам за на родителска.

    Сега ми се јавува и ми вели:
    Да не заборавиш за родителска и оди дома да се спремииииш!! Аман велам на сваба нема да одам, само родитеска е тоа.
    Може требаше да си ја испеглам косата, оти кога ќе се враќам од чколијата гарант ќе ми биде како 2 прста во штекер да сум брцнала. Чек да пуштам малку тоа умот (што го немам) на пасење.:emo:
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се

    Два Ангели претворени во луѓе патувале и решиле да застанат и да се одморат кај едно семејство.
    Семејството било доста богато, но безобразно, така што на Ангелите им дозволиле да преноќат и да се одморат, но не во гостинска соба, туку во мало собче во подрумот.
    Кога почнале да си ги местат постелнините, постариот Ангел на ѕидот видел дупка и ја поправил.
    Тогаш младиот Ангел го прашал зошто ја поправа дупката, на што стариот одговорил:
    „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се“.
    Следната ноќ, Ангелите го продолжиле патот и дошле во ново домаќинство, но многу сиромашно.
    Љубезното семејство, со нив ја поделило својата вечера и им дозволило да преспијат во нивните постели, за да може добро да се одморат од напорното патување. Кога сонцето изгреало утрото, Ангелите ги виделе домаќинот и неговата сопруга, како плачат.
    Нивната единствена крава, нивниот единствен извор на храна, лежела мртва на нивата.
    Младиот Ангел, вистински бесен, му се обратил на стариот Ангел:
    „Како можеше тоа да го дозволиш, првиот домаќин имаше сè, а ти сепак му помогна. Другиот домаќин имаше толку малку и спротивно на тоа, тој не нахрани и ни дозволи да спиеме во неговата постела, а ти дозволи неговата крава да умре?“
    Стариот Ангел му одговори: „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се. Кога бевме во ладниот подрум забележав дека во онаа дупка на ѕидот се крие злато. Бидејќи домаќинот беше многу лаком и не сакаше да го дели своето богатство, јас ја поправив дупката за да не може никогаш да го види златото“. Минатата ноќ, кога спиевме во постелата на добриот домаќин, Ангелот на смртта дојде по неговата жена. Јас му ја дадов кравата наместо неа“.
     
    На ♡BuBaLe♡, ddevojce, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    WORRIED.BT Жалам што тоа ви се случило. А не сте ни први ни последни.
    Низ твојава ситуација поминавме двапати, во внатрешноста на Македонија мојот покоен свекор има куќа која двапати беше мета на крадци кои ај што краделе краделе него и тоа што не можело да се земе го уништиле. Полицијата собира рамења, ќе сториме се што можеме...Не сторија ништо.
    Како што контактирам работно со разни луѓе еден пријател ми понуди сензорски аларм кој има и вградена камера, по неколку месеци истата ни го откри крадецот кој се обиде да влезе низ подрум.

    Едно нешто сакам да ти кажам, често се случува кражбите да бидат извршени и од лица кои добро ве познаваат, ве следат и идат во вашиот домот. Ова го слушнав и од полицаецот а во мојов случај се уверив и лично. Ни на крај памет не ми беше дека некој од неговите може да биде сторителот.
    Така беше во нашиот случај, домот од свекор ми беше покраден од негов братучед.
     
    На WORRIED.BT и Daleron им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.