Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Фала ти :D а ти не пиеш ?
    Друштво навалете :) Знам дека сите сте го испиле и 4тото или 5тото.. али јас да ве поканам на дружба :)
     
    На Eli23, zhap4e, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Не си ласкај :D, не си сама. Јас пораснав во такво семејство, така живеев до пред да заминам надвор од Мк, моите уште се така, и не сум се сметала никогаш за голтар (јас го употребив зборот, може не е соодветен за тоа што сакав да кажам, небитно). Знам дека фрустрира и дека прави да се оттуѓуваш од луѓе, бар од тие што имаат повеќе, или да си бараш како тебе па полесно да ти е. Ова второво подобра опција е, таков е вашиот свет и нема друго, бар засега.
    Имаш за јадење, пиење, сметки, основно. Биди задоволна. Крај краева, имаш две раце плус, извини ама...знаеш што ќе кажам. Во ред е самосожалување одреден период, во ред е и љубомора мала или поголема и фрустрации. Ама ако ти стане начин на живот не е убаво. Или се помируваш и се заблагодаруваш и за тоа што го имаш, или превземаш нешто. Константно незадоволство е најлоша опција.
     
    На Winter Lady, molikaMk, Val-Dim и 22 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Дедо ми ги смени сите модели на голф, ни тинејџер не му е рамен. Баба ми стално се лути. А да ви кажам па како вози, како Шумахер.:rofl:

    @lunicka те чекат и подобри денови, ќе видиш! Знам не е утеха, ама нема вечно да биде така.:hug:

    За пазарење во Кам и јас таму пазарам , оти цената е драстично различна , а квалитетот сосема ок. Обично пазариме еднаш во две недели , економични пакувања.
     
    На bittersweet, anel, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Ништо нее срамно да купиш во мала количина или по едно.Јас имам купувано и 300 грама месо па сецкано на коцки за да има за сите,еден патлиџан или една краставица бидејки биле скапи а ми се јаде.Прашак и Омекнувач и јас зимам од Стокомак бидејки разликата е стварно огромна,Силан од 1литар во Стокомак е 85 денари а во Тинекс 139 разлика огромна,чајна купувам или од Кам или од Стокомак бидејки е поефтина а и е убава.Имам и 100 грама салама купувано.Ова повеќе кај моите кога бев ама и сега се случува толку малку да купувам.И гледам по флаери што има на Акција да купам.
     
    На Val-Dim, Eli23, Abrakadabra и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Не правам многу муабет за мојот живот во не толку далечното минато, ниту сакам да ја спомнувам ситуацијата на моите. Само ќе кажам дека многу добро ја разбирам @lunicka, и што преживува и што сака да каже. Болестите и состојбите не доаѓаат од убавини. Голема улога си има стресот и односот на средината кон тебе.

    Чувството да си невидлив, да не можеш да им парираш на останатите во ваквите муабети или муабетите за одмор, за праќање на децата на екскурзија и запишување во добри училишта и факултети отвара рана, море дупка, кратер што никогаш не се лечи и те тера сам да си се повлечеш.

    @lunicka ако ти е потребен разговор (знам дека си повозрасна од мене, ама годините не мора да бидат мерило за ништо) слободно пиши ми ЛП.

    Ова не беше никаква критика за другите, нормално е секакви теми да се вртат. Само сакав да си го кажам своето мислење. :)
     
    На Mishela, bittersweet, mama89 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    @lunicka Да не ме сватиш погрешно еден предлог сакам да ти дадам.Да пробаш да отвориш тезга на пазар,сеа незнам како се условите таму ама сигурно има некоја придобивка.Моите порано го работеа тоа и стварно се вадат пари,мачно е да ама помачно е дома да седиш.
     
    На lunicka, Peco, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    @lunicka се те разбирам ама тој изразот не ти го разбирам зошто го користиш.
    Потполно се согласувам со една членка погоре што напиша до која мера не е лоша ни фрустрацијата,ни љубоморатс или како и да го наречам чувството.
    Ретко кој од нас немал дел од животот таков период.
    Јас тоа што ми се свиѓа и јас го пазарам и од Кам и од Пренди и не се срамам од тоа. Заблазнувам на тие што имаат повеќе и не се срамам од тоа што имам и што немам и немам намера да се оттугам од лугето оти така само јас губам.

    Пред да заглавиме по болници може немав на претек ама не ме секираше сметката за струја од 7000. Со две солидни плати таа беше гола вода. Сега не е сега е жешка. Нп знам дека е период и ќе помине.
    Ме убива што кога требаше најмногу да имам јас останав и без заштедата ради Икс причини.
    Но кога ќе ми текне дека едвај преживеав и може тоа беше цената за мојот.живот и благодетта што ја имам покрај себе? Ма нека имам мебел и од претходен век,дур ги имам рацеве не се откажувам од ништо.
    Ќе се радувам и на форум и вон него и нема да дозволам тоа незадоволство да ме потоне.

    Штом еднаш сум била способна да спечалам мора да бидам пак.(fingers)

    Ако го употребам зборот голтар,ќе го употребам за тие што немаат ама постојано се шлепаат на туги грбови и се претсравуваат во поинакво светло од она што се.
    Од премногу глумење дури сами си веруваат на лагите на крај.

    Пак да се навратам на Луничка ако воппшто ме прочита( а не употребив бројки),ако радитоа не не дружиш баш ми е криво. Губиме и ние а за жал и ти. Редно е да се промениш во овој смисол. Еве немора нас,воопшто со лугето.
     
    На podravka, bittersweet, mama89 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Докторки и сите останати. Имате ли искуство со angina pectoris.

    Свекор ми пред испаѓање, онака уз муабет ми кажа дека пред да додје кај нас бил кај другар му кој ја има болеста, ама ставил маска на лице кога седеле.
    Ми рече дека не се пренесуваал преку контакт со луѓе, само преку телесни течности и сл.
    Ама ме удри една мисла стар човек....да не речам изушурен, да направивме беља. Ја држеше малата во раце ја играше.
    Да ми кажеше на старт не му ја давав да ја држи:tmi:.
    Барам на нет, не можам да најдам точни инфо.(facepalm)
     
    На Jeta09 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Што имате против Голф не ми е јасно!? Па Голфот е едно од најдобрите возила ако се спореди со останатите од сл. ранг. Го имате возено еве Голф 7, па да знаете разлика!? Верувам дека оние кои го нападнаа веројатно немаат седнато во него освен ако возат ново Ауди или БМВ. Основен модел е најмалку 20000 евра, а тоа кај нас е колку половина стан.
    Во вакви ситуации доаѓа до израз Македонскиот синдром.
     
    На stetoskop, anel, ph.orhideja и 5 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.371
    Допаѓања:
    259.821
    @lunicka многу луѓе се како тебе. Некои и бетер. Јас сум немала за млеко да купам па сум се снаоѓала. А да не пишам сега во каква ситуација сум. Зависна о платата на татко ми. Ама ќе се исплачам, да тешко ми е, ама најлошо е да се сожалуваш и да те сожалуват. Или ќе се помириш со ситуацијата или ќе ги зедеш работи во свои раце.
    Не си среќна во бракот има решение. Ти треба работа и за тоа има решение. Но треба да си упорен, да си оптимист. А ти постојано си незадоволна и од себе и од животот. А верувај има бетер од тебе. Барем сте здрави и живи и имаш за основни потреби. Затоа главата горе и гледај поведро на животот и работите ќе бидат поинакви.
     
    На lunicka, Winter Lady, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    @friendy ме насмеа, ама искрено...
    Јас против Голф немам...напротив, дај ми го, да видиш дали незнам да ракувам со него.
    Ама муабетот беше дека е СКАПА кола која си ја ,,приуштува,, малцинството.
    Ретко кое македонче има пари за Голф.
     
    На ph.orhideja, Peco, Ordinary и 5 други им се допаѓа ова.
  12. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Глупости.. :D Ангина пекторис не се пренесува !! може тој шо ја носи маската, ја носи заради друга причина.. иначе Ангина Пекторис не е пренослива, немаш гајле за малечката ;)
     
    На Petar80, mareane, Ordinary и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски

    Angina pectoris е срцева болест, т.н слабост на десно срце, народски кажано. Тоа е хронична болест поради недоволна снабденост на срцевиот мускул со крв, и колку што знам, не се пренесува. Обично ја имаат постари лица, дедо ми (бог да го прости) имаше, со терапија си ја контролираше. Да не имал човекот нешто друго, настинка, вироза, па затоа можеби носел маска.
     
    На Petar80, bittersweet, Ana Marija 1 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Ангина пекторис е стеснување на крвните садови во срцето. Нешто као зголемена можност од инфарк. Воопшто не е заразна за останатите а болниот треба да се пази и од вирусни инфекции затоа што може да се искомплицира. Се препорачува избегнување на мрсна храна, нервирање.....
     
    На Petar80, Lady Phoenix, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    @danichap таман ти кажал Џони, ангината е болка во градите , кај срцевиот мускул, предизвикана од недоволен доток на крв.
    Не е заразна и пренослива.
     
    На Petar80, Lady Phoenix, ph.orhideja и 5 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Не знам ни јас.
    Свекор ми така кажа, ама и он што разбрал.
    Докторот му рекол на човекот дека ја закачил болеста на некој концерт најверојатно од чаша (е сега старово човече на каков концерт одело друг муабет (facepalm)).
    Важно маска носел другаров.

    Едит:
    и рендани компири редел на вратот :wasntme:
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    @Ordinary дај кажи ја таа твојата за животот како беше?
    И се моник се согласувам.
    Прифатливо за другите или не јас пре би џабе работи ама џабе не седи. Кога тогаш плодот ќе дојде.
     
    На ph.orhideja, Peco, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    @danichap сигурно има некоја доктор/ка тука шо посликовито ќе ти објаснат ( мада шо и членовите погоре суппер објаснија). Јас ти кажувам од лично искуство, одам на доктор со дијагноза ангина пекторис ( правам контрола за други работи али во упатот и книшката порано, ми ја запишуваат таа дијагноза). Нема гајле, ич да не му ја секираш :)
     
    На Petar80 и danichap им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски

    Нешто друго има закачено, гарант. Тоа не се пренесува. Едино ако имал бактериски ендокардитис (најчесто од стрептокока предизвикан), тоа е бактериска инфекција, ама и тоа туку-така не се пренесув,а башка човекот во болница или под јака терапија требало да биде ако е таква ситуацијата.
     
    На Petar80, ph.orhideja, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Дечки, кога го пишував тој пост во СДК, на крај памет не ми падна дека е срамно да се пазари во Кам. Па и јас бев таму, оттука доаѓаше инспирацијата. И сум била од тие луѓе, кога со мајка ми враќавме и премерувавме по сто пати за сметката да дојде до 300 денари и со тоа да јадам цела недела на факултет, за да не трошам пари таму. И пари за автобуска карта, а за нив дома ништо не остануваше. Воопшто не мислев некого да навредам, жал ми е ако така сте сфатиле.
    Бев тој ден во Кам маркет и ме надвладеа такво чувство, се сетив на сите тие денови и на болката на моите родители што не можеа да обезбедат повеќе затоа што немаа работа и мораа да позајмуваат пари. И навистина таму има поинаква атмосфера... не знам, можеби само мене така ми делува бидејќи тој маркет ме врзува со неубави спомени. Но забележав дека скоро сите луѓе дента во маркетот беа на истата таа борба.
    Се извинувам ако некој го сфати постот навредливо, најмалку имав намера да го направам тоа.
     
    На podravka, bittersweet, Val-Dim и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.