1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.705
    Допаѓања:
    268.938
    Пол:
    Женски
    Oва со кражбиве стана секојдневие јас стално се шалам дека нема што да ми украдат нити нешто многу злато имам а пак пари само ако дојдат првите 2-3 дена после плата(facepalm) но во секој случај страшно е дома стално ми се децата сами а не дај боже мм да ги начека замина и тој в затвор.Некако деновиве темава стана :( се само се жалиме па се тешам дека не ми е се само мене наопаку.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јадам мандарина и си мислам моите усни се со вкус на мандарина. Ај повелете имам цела кошница мандарини.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене од родителска.:@ 2-3 двојки 2-3 тројки тук там некоја петка. Додуша единица не видов. Како накострешен петел сум.
    Дишам длабоко и само воздивнувам. Море и урлааааааааааам. Нема телефон, компјутер, а за фб и не кометирам. Нема излегување до полугодие.Ќе речете нека ужива дете е! Кога бре јас ќе уживам, кога ќе скинам конци!?
    До кога, до утре додека ми помине лутината.:sweat:
    Ај бидете поздравени утре со нови сили и нови успони и падови.:?:
     
    На pilenka и lunicka им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Жал ми е што читам лоши вести тука. Ајд само да сте живи и здрави, јас секогаш верувам во правда. Кој што сее тоа и жнее - кога тогаш, па така и крадците ќе одговараат за своите дела, на овој или оној начин.

    Јас да ви кажам како ми помина денот. Искористив ден кога немав мачнини отсабајле па отидов до на факултет да видам до кај сум, нели ви пишав дека сум вонреден студент.
    Ама како успеав да стасам токму на вежби не знам. Се беше добро додека не сфатив дека професорот изведува еден по еден пред табла. Е кога сфатив па кога се препотив, па една трема ме стрефи. Си велам Боже што јас ќе барам со моите 34 години пред табла со овие деца. Па вие израчунајте кога последниот пат излегував пред табла, пред колку години :wasntme:
    И така си дојде и мојот ред, си излегов и замислите не се обрукав. Знаев одговор веднаш :whew:
    А и си одмерив силите те. знаењето со другиве и без лажна скромност можам да кажам дека не сум лоша или недај Боже полоша. :lol:

    А па кога излегов таква една штама стана, си викаа децана дај да видиме што знае теткава ( добро јас не си изгледам ко тетка, ама се чувствувам така на моменти помеѓу нив).

    Најјако беше кога после тоа на петминутна пауза едно девојче ме покани на пуш-пауза :smoke: :lol:

    И така, си дојдов дома, станав пак домаќинка, направив ручек, па труднички пак почна мачнини и тоа. Од се по нешто.

    Пред два дена наполнив 34 :^:
    Да ви кажам не е битна бројка, јас убаво се чувствувам :makeup: (hollest)

    Убава вечер на сите :f:
     
    На NoellePage, vinozito1, green.eyes и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    20.838
    За кражбите...да си кажеш- на тоа да се збие.не дека е мала работа, напротив, туку и од лошо има полошо.Кај роднини мои, замислете дрскост, на спиење им влегле во спална соба.Жената си мислела дека е ќерката и нешто бара (чешел, парфем и слично) ама и се видело поприлично поголема фигура и спискала.Е сега не знаеме во тој момент кој и што ќе ти извади од оружје...пиштол, ноож, спреј...нечу да помислим.....Други едни ги опљачкаа со камион. Да, да. Луѓето заминати некаде на викенд, се паркира камион , си товара мебел, телевизори , фрижидери и се тоа пред очите на соседите, кои си мислиле дека така треба....Епилогот- не го знам.
    Туку @Ariel , си зборуваше жено за точката во четврток. вака точката, спремна не спремна, а јас си се чудев, каква ли е таа точка. Некоја заедничка есенска претстава со децата во школо???!!!! :D.....и ја открив Америка. Честитки...уште многу успеси...
    @bittersweet , како бе Летка.....хаххахах, да е жива и здрава и многу години да си го носи името.

    А во врска со излегувањата....ептен сум тапа. Да не сум излезена во ни кафич или кафана, така по дома со гости да сме, а да ме најде 2-3 саат сабајле,
    :d:(poolparty):music:
    после тоа чинам два дена не можам да се соберам. А желба имам, не да немам....ама не држи г...т веќе :) ....И затоа понеделник сум најуморна после работа. А јас понеделнички не се одмарам на работа, ами напротив. Мандеј блади мандеј....:).

    Туку сакам декември да не ми е блади.....;)

    Поздрав женски....
     
    На Regenbogen, Moira, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Моментот на очај е достигнат кога во ова време јас бурек правам(facepalm).

    Ние од мои рецепти не знам колку лиснати, кифлички објавија вечерва:@.
    Морав. Не се трпеше.

    Нема да биде за на Фемина инстаграм тоа сигурно, ама ги бројам минуткиве додека се пече за да му се навртам(waiting).
     
    На green.eyes, MacenceEna, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Дани ти си бремена и оправдано е за тебе.Немој да ме стрвиш и да ми течат лиги сега во ситни саати.
     
    На danichap и tessie им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    :o Штоо? Стварно? Честички, атоми, молекули и тн @danichap да си имаш спокојна бременост. :) :party:

    *се извинувам шо ви се убацувам у тема, ама вонредна состојба* :$
     
    На Viktorijaaa5, danichap и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    I jas kako tebe,ama zgora na se 10god poveke. Neka ne se lutat mladite, ama nie od iskustvo ti kazuvam, sme mnogu podobri student (ne odam bez assignment, project, nauceno od doma, sram mi e).Baska zivotnoto iskustvo ni e pogolemo, a i profesorite ne gledaat so poinakvi oci (znae on deka tuka si ne deka majka ti te naterala).
    Na site koj se mislat i nemozat da se resat , im preporacuvam da prodolzat skolu. Ne e verovatno kolku te podmladuva, ti go organizira zivotot, a zgora na se i nesto novo ucis.
    Jas sum si mnogu srekna, me pravi 20god. pomlada. Se sekavam koga go ucev prviot fakultet, sega mi e dvapati poubavo. Steta sto ke zavrsi uste tri nedeli.
     
    На Annath, Sky-butterfly и Moira им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.875
    Допаѓања:
    167.075
    јас бев со расипан комј овие ден два па затоа ме немаше
    Си бев и на родителска и што да видам има од се од 1 до 5 е тоа и е перфект уценик сите оценки да ги имаш ,коа се мислев дали да тепам или да урлам си решив дека сето тоа е ѓабе и му собрав нови патики му вратив стари сокинати скинав испагање со другари ,скинав комјутер , и скинав пари за храна на школо
    етака се изкажав барем ми олесна
    за ова со кражбава ич не се чудам оти тоа веке е добро тро добар ден само ке те светувам да сменис нова влезна врата стави си блиндирана
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Како сте ми жени денес? Добро утро/ден! Јас еве деновиве ко претепана, малку човек со гости ќе се подружи или ќе излезе и толку....не држи г..от :) просто не можам да си поверувам. А муабетот со мм вчера - абе се осеќам ко воз да ме прегазил, - ќути јас исто :lol: барем на иста бранова должина сум.

    А за кражбите многу ми е страв, дури сакам некој аларм или нешто да ставам во станот, додуша врата имам блиндирана ама пак.....не дека ќе земат нешто, туку чувството на нелагодност дека некој бил во твојот дом останува....чувството дека не си го заштитил доволно домот, дека се нарушила семејната интима, тоа ме погодува....

    и за студентите е вистина, имате право, возрасните одат со потреба, а додека регуларните на некои од нив им лета паметот, ко низ магла ќе им биде....не се доволно свесни, кога би се вратила и јас некои работи поинаку би ги направила :$ младост лудост.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Блиндирана врата не помага ако се намерачат - ко што полицаецот на увид му кажа на брат ми: разлика меќу вратите е само бројот на секунди потребни да се обие. Јас ставив се што е вредно во сеф, парите во банка, и го осигурав станот (2000ден. годишно сметав дека е цена што вреди да ја платам), и се молам на Бога некој да не се реши дека сепак нешто и може дома кај нас да најде.

    @danichap ,како испадна бурекот?
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Супер, само скоро цела тава ја мавнав ја изедов и сабајлинава мојов само едно малечко парченце нашол:tmi:.

    Не беше многу голема сепак. Немав многу направено за да не тропам многу на полноќ, па сега ај втора тура за мир да биде у кучи и сите сити:rofl:.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Бивало ли нон стоп да ми се спиело преку ден.Затоа пак навечер по сто пати станувам и само се превртувам.
    Знаев што е мрза повремена,ама оваа постојанава почнува да ме нервира.
    Денес ги сменив утринските навики.Една шака витамини пијам а не смеам да се дебелеам.Уште железото ми фалеше.
    Кај се видело денот да оди нормално без :coffee:?

    Не дека темата замира,само чекаме нешто да ни се деси па да напишеме.
    Вака дека сме преморени,остарени ама држачи со куп обврски на глава тоа го кажавме веќе по неколку пати.:lol:
    Почнав со купување трудничка гардероба.Немам намера да се претрупувам,чисто колку да се има во што на контрола,оти и онака само тогаш ми е дозволен излаз.:envy: Не дека многу ми се шета,убаво ми дојде одморов,ама сепак.
    Убав ден на сите,ако не повеќе,нормален нека е.
     
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Јас купив едни панталони и една сукња, плус две другарки ми дадоа по една тиролка и доста ми е. За среќа, имам куп блузи што се доволно широки за да ги носам и понатаму, па на толку и ќе остане.
    А за спиењето, да не почнувам... Посебно од вчера ко што и времево се менува, очите ми се на пола копје.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @galapce Абе се е нормално само уште ние да не сме ненормални и добро ќе биде.
    Ај жени јас на поминување само да ви посакам убав ден со една моја лична фотка.
    Најлична на мама сум си.
    grozna.jpg

    Едит: Нели си личам со оние девојките од цртаниот со Попај !! 8)
     
    Последна измена: 18 ноември 2014
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Море ко ке ве подберам јас вас сите од работа што пишувате,ќе видите колку сте убави.:makeup::lol:
    И на крај,пак ненормални?Оти?
    Море ептен сте си нормални штом успевате да си го споите корисното со забавното,со еден збор рационално искористено време.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Хаххаха ти љубоморна да не си?
    Кој како ќе си ја нареди работава, а може и некој друг ја реди работава.
    Јас носам мама меси, се си е потаман.
     
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Не бе,и јас така правев кога бев во можност.
    Немам такви нагони,скраја да е,а и мама чат пат и мене ми меси.
    Нека се живи и здрави,убаво кажа на едно место,без нив не се може.
    Ама сепак јас ко ке си замесам ми е уште по убаво,али ептен кога не сум во можност или кога сака да ме подизненади.
    Да е жива и здрава многу е наметлива за некои работи.Немам ништо против баба Рада,ама филм им направи на постариве.Им отвори работа.Сега секојдневно по некој рецепт пробува да ми наметне.
    Епа сок од бозел не пијам па што сака нека биде.
    Она што доктор Оз започна,баба Рада го докрајчи.Сега сите по дома имаме по еден билкар.Ништо лошо ама се си има граници.
     
    На Bozica1980 и green.eyes им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ептен ми ја погоди бабата ене ми ја дома. Таа пак само слуша и ми пренесува, а никако да примени врз себе.:!: Мразам сок од бозел кога ќе ми понуди, а на сите им го нуди што ќе влезат во куќа и предавања им држи колку е лековит. Каков Оз сега е актуелен како беше оној некој Пчеларски и во стил: Лелеле колку убаво зборува овој човек колку е паметен.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.