1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    и јас да ти кажам искрено на стари години :D:D научив да месам и мене ми излегува супер. кога некој нејќе да јаде од моето месено си го ставам во кесички и право во замрзнувач па кога пак ќе ми се пријаде си одмрзнувам и мммм.:)
    и труднички убави не се нервирајте кога некој ве подучува како треба да се храните:D:D, они тоа за доброто на внучето не за ваше добро.:) климни со глава или речи добро и продолжи да си јадеш тебе душа што ти сака, да не речам бебе што сака да јаде. Среќна мајка среќно бебе.
    На работа ама и целиов ден ми е ѓубре.Абе еден ипол е часот, а надвор е веќе стемнето. ај да не пцујам.
     
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Аууууу уште еден ли ке има?:whew:
    Немам ништо против луѓето,за баба Рада посебно,таа си кажува што знае,ама ова нашиве ептен сериозно си ја сфатиле,во марулата портокалови цветови ми става.:worried:
     
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Абе какво климнување кога на секое доагање торби се растовараат.
    Еднаш климни,двапати,трипати,па зијани се тоа не е шала.:lol:
     
    На mamaMace му/ѝ се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Ау, сок од бозел, бљак :puke: Ко мала мајка ми упорно ми го буташе да го пијам, го пиев, ама јас си знам како. Никогаш не паднав на приказната дека бил многу здрав :D Не ми беше сфатливо дека нешто (барем за мене) толку грозно може да биде здраво :D Детиште :) Не знаев дека се вратил во мода пак :rofl: Дури уште се сеќавам на мирисот, сега на муабетов мислам дека го осеќам :|
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    :sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun: Еве ви сонце и не се жалете. Стемнето ми е пред очи не од времето.
    Се шалам бе. Штом ќе се разбудам си викам: Нов ден нова на’фка.
    Ха Галаба, сеа ќе чекаме и некој друг гатач после Иван да се појави.
    Абре што ни прави ова комерцијава ни мати ум само да не мислиме на други нешта. Кога ќе гледаш како ти перат мозок дека се е розево па ќе си речеш: Ај мајката може јас не сум во ред види колку е убав светот.
    Едит: За портокаловиот цвет во марулата немам коментар, најверојатно за да биде шаренолико за око:D
    И ова не ви кажав. Не знам да месам ниту леб не пак друго. Повеќе ми се исплаќа да купам отколку да плескам една работа 5-6 пати и пак да не се погоди.
     
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Што убави спомени од детството ми вративте. Покрај баклавата и сокот од џанки сливи, сокот од бозел ми е асоцијација за баба ми и зимските распусти поминати кај неа. Наутро, кога ќе го распалеше огнот во шпоретот на дрва, прво подготвуваше кафе за нејзе и дедо и притоа ќе фрлеше малку шеќер и директно на шпоретот, да гори до карамелизирање. Едно утро, кога со сета моја детска наивност, ја прашав зошто така го расфрла шеќерот, со најшироката насмевка на свет ми одговори: -За да мириса убаво.
    И ден денес кога случајно ќе истурам шеќер на витрото и ќе ми замириса на карамела, се сеќавам на тие студени зимски утра и на собата полна со љубов.
     
    На Barbie20, bittersweet, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.875
    Допаѓања:
    167.075
    едвај се свестив ми се пие кафе ама не ми се пие сама несмеам да испагам од дома забрана имам и така ке си дремам најверојатно денот набушен јас уште повеке набушена од него и тако му то доѓе позззззз
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    137.351
    Мене мама не ми меси. Откако отидоа со татко ми во пензија, луѓе, не се прибрани дома. Де кај брат ми на гости, де во викендица, па и кога се во Македонија само шетаат, де кај пријатели по викендици, де во нивната викендица, а бе зажелев да ги видам.

    И да ви кажам, јас би била пресреќна кога мајка ми би ја гледала баба Рада. Мојава станува во црни зори и за да не му тропа на татко ми низ дома, си отвара гугл. Секој ден си има по една тема што ја чита, најчесто поврзана со здравје. Е после тоа, и татко ми и ние (јас, мм и децата) страдаме. Еден ден читала за овес, па сите моравме да јадеме овес, друг ден за блитва, трет за проќељ, и така, нема крај :D. Ехее, и пирамиди за зрачење, и каков накит треба да се носи за која цел, кој скапоцен камен какво вилјание има, а бе што и да те интересира, мајка ми знае. Морам да му испринтам маичка на татко ми - I don't need to ask google, my wife knows everything.

    А малана моја цела е на мајка ми. се обоожаваат меѓусебно и влијанието е неизбежно. Баш пред некој ден ќерка ми низ дома нешто држи предавања, и мм ми вика - значи цела е на мајка ти :D. Повеќе ми води сметка таа мене, отколку јас неа, па почнав да ја викам мамо :D. И онака мајка ми не сум ја видела 2 месеци, не е тука. Многу ми фалат моите, да ви кажам право.
     
    На Lella, Barbie20, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  9. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Да си кажам или да си молчам :$ Мене маж ми ми месеше. Ама од пред некое време се научив и јас . 11 години живеам сама, нема што не знам од домашни работи да завршам, ама ете никако да земам да месам. Си се научив сега па што убаво ми излегува,да си се пофалам сама. Уште да се научам да не оставам неред по мене и никој посреќен од маж ми :D
     
    На bittersweet, Serafima и green.eyes им се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Јас имам пекач за леб и тој ми меси :) Ептен добра работа...
     
    На green.eyes и galapce им се допаѓа ова.
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Едвај го чекам да ми го купат за младенци.Нема кој го има а да не се пофалил.
    Успат...дур го чекам мм да ручаме,го преполовив ручекот.:wasntme:
     
  12. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Денес после работа ќе дојде син ми за да го научам како да зготви грашок. Многу ми го бендисаа во неделата па сака да научи. Ќе го поканам и момето на гости да проба што сме зготвиле.
    Се имаа запознаено, онака, на концерт, јас со момето, син ми со девојката. Еден куп непоставени прашања ама тоа ти е. Малку е помладичка од мене па незнам како ќе се однесуваат и двајцата. Уствари колку е она постара од него, толку сум јас постар од неа,..... а син ми е на факс, па сеа видете...
    Уфффф...
    Епа грашок...
     
    На slavica999, Serafima, NoellePage и 5 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Жени и по некое маженце...:hai:
    Како фино ме разбуди сабајле керка ми со број од другарка и ,пошто она како и обично нема ни да титка и вика оттаму-Донеси ми га блок ,забравила сам гаааааааа...и така се договоривме да излезам и јас иако на памет не ми беше излегување,и го носам блокот,кога таму проблем не може да излезе.Тоа посебни брави катанци камери наставале во гимназијата како да е од интерес од национален карактер.И уште ми вели ти шпартај по продавници и во 10 и 30 дојди пак(тогаш имале втор голем одмор).Абе...:@...се налутив влегов во гимназијата ми земаа податоци како во полиција дури и целта на влегувањето морање да се каже.Е добро,нели се е добро кога така ќе заврши,па уште и кога ќе ти се пофали дека добила 5.Мислам многу е важно по ликовно да имаш петка.
    Блазен си ви на вас кои си имате вредни мајки и свекрви (иако е тоа друга тема).Мајка ми се ден си шпарта натаму наваму,свекрва ми е пак мрза голема.И така и двете се обесени на мене,иако мајка ми знае да сука многу убаво а свекрва ми нема поим за тие работи.
    Татко ми бог да го прости беше човек за се.Знаеше се да направи.Во кујна од неговите јадења прсти да изедеш ,мајстор приучник ама се што има куќава тој има створено и направено,плус интелигентен и чесен.Многу ми недостасува ,ми беше и мајка и татко
    ( и старател)
    .;(
    Инаку да помине свадбава,(ако ми верувате од свадби преку глава ми е.На два месеца имам по една.И се кај блиски роднини).Да почнам да собирам пари и јас сакам да си купам пекач.И сецкото ми се расипа..и уште многу работи ми фалат.:^)
    @tinan се ќе биде добро.И многу сакам кога ќе чујам дека татко си го учи синот.Браво така треба.(fingers)
     
    На bittersweet, Annath, NoellePage и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Не знам дали ќе го искористам пекачот затоа уште не сум си купила, а инаку ги имам сите електрични апарати по дома што постојат, а пола од нив не користам. Свекрва ми меси, ама нејзините месеници не ми се допаѓаат баш, но сепак за да не ја навредам ги јадам иако поретко. Маж ми си е навикнат на нејзината храна и месеници и повеќе за негов мерак ги прави.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Животна желба на мама е да дојде кај мене на гости да ми чистела и готвела, јас оти у категорија мачна ставена:rofl:.

    Инаку девојки вистина со студирањето. Првиот факултет само студент бев па ти се чини цела планина на грб ја носев кога одев и се враќав од факултет. Со вториот ем на два странски јазици, ем скратено или полно работно време работев паралелно со студиите, плус куќа...мака не видов толку.
    Дали живците веќе потрошени, па опуштено опуштено(poolparty)
     
    На bittersweet, Annath, NoellePage и 3 други им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Јас му ветив на сопругот дека кога ќе дојде мајка ми на гости, ќе научам да правам кифлички, пити и други месени работи. Ахам, научив :tmi: Колку и да има работа околу малиот, не можам да кажам дека немавме време, зашто 6 недели беше тука мајка ми. Ама....ете толку сум ажурна околу своето добро, зашто ептен си сакам месени работи :fubar: Епа чорба сега. Да е жив и здрав скајп, ќе се снаоѓаме некако :D

    Инаку овде баш залади, веќе забрзано се украсува градот за Божиќните и Новогодишните празници. Многу ја сакам предновогодишната атмосфера во други градови, едвај чекам да видам центарот како ќе изгледа ^_^ Ако имаме среќа викендов и ако е умен малиот, ќе провериме до каде е работата :D
     
    На bittersweet, Annath и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви што има кој да ви меси:)
    Мене мама ми замина а свекрва ни за лек. Отиде сиротата на оној свет:(
    Сармата свиткана, Грета Гарбо направена, чукнав една чашка ликер со кокос за живели :D
    Нешто покасно ќе го седнам задников во кола и ќе им ја дувнам кај дада.
    Толку, колку да не биде без ич:) Пријатна вечер дами :f:
     
    На bittersweet и green.eyes им се допаѓа ова.
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    во глобала мама ми меси се што е за пред луге:D.свекрва ми да е жива за ништо не ја бива:(..а јас правам поедноставни нешта и се што е со точни мери,иако при месењето не може баш да се точни мерките вода -брашно.сега баш и немам време со ова малечково ама ке биде,ке порасне ...од ич гледам почнав кога е буден да успеам да направам по нешто благичко покрај ручекот.....ако се заигра може да се функционира ама сеуште е мал па не му се задржува долго вниманието...
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Аман бре жени!! Од толку многу што ве има на ниедна свекрвата не ја бива!?
    Шо мајки ќе беа тие, а не знаат да месат!?:lol:
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Мојата ја биваше мор:)седи криво збори право. :d:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.