Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    8.526
    Ај добро утро!

    @AngelOfArh со леснооооооооооооооо!
    @Umbrella22 и тебе со лесно, дај боже што побрзо да си оздравиш.

    @Bridget нормално ти да дадеш ваков коментар. Баш како што си пишала " Битно си поминале од редот" - алал нека ти е ако така размислуваш. Само тргни од себе како ќе ти биде да добиеш кошула од 1.500 денари а ти е мала или голема и неможеш да ја носиш?
    Муабетот ми беше дека во условиве во кои живееме треба да бидеме практични. А вака ем глумиме лудило, ем г*зот не ни држи. Значи некој дал 1.500 денари за јакниче ( што е премногу) а ќе остане неизносено. Мене ми е жал да стојат работите неизносени а ниту пак имам на кого да ги дадам.
    Инаку за свадба добив даска за сервирање од 800 денари, на која ептен и се радувам и ептен ми е мерак кога ми доаѓаат гости да си ја наредам со јадење. Значи не е се до парите, туку до тоа да се погоди поклонот.
     
    На galapce, Peco, kjukli и 17 други им се допаѓа ова.
  2. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Да ви посакам добар и убав ден...јас отидов во кревет..:hai:
     
    На Peco, mareane, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.082
    Пол:
    Машки
    Добро утро
     
    На Peco, mareane, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    @menelele јас пари НЕ давам.
    Ретко кога, и тоа на снаа ми или јатрва ми ако на пример собираат пари да купат велосипед на малото или нешто покрупно.

    На матурски купувам поклони.

    Кога купувам нешто, тргнувам од себе - дали јас би го купила за мене.
    Не одам по тезги од пазар да купувам па да се срамам од поклонот, одам во дуќани каде што има убави работи.

    На далечни матурски купувам колекција-толетни води,за бричење...некое парфемче...

    На поблиски каде ги знам луѓето и знам што облакаат сакам да купам гардероба.Еве на пример едно од децата тренира фудбал па планирам да му купам нешто од спортска опрема на пример шорц и дрес и штуцни од некои од спортските марки...или добра спортска торбица на пример.

    Тоа што чекам попуст е сосема друго.И за мене и моите купувам така, и воопшто не ми е срам.
    Четири матури по 1500 денари се 6000 денари....плус за секоја матура по едно мало бајадерче или Мерси и букет веќе се 8000.
    Толку можам, толку давам.


    Фискална сметка не ставам, ја чувам кај себе, во случај да сака да си смени, ама не ми се случило до сега.

    Вие каква пракса имате ??


    П.С. Заборавив да напишам...скоро секој месец има по некое роденденче...или на внуци или на некој повозрасен...ако се тресам на секое дали ќе бендисаат богами тешко мене.
    За свадби каде одиме колективно давам 50 евра ...викнете ме:rofl::rofl::rofl:
     
    На Peco, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kjukli и 18 други им се допаѓа ова.
  5. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Dobro utro,posakuvam poubav den od sucmurastovo vreme:|
    @AngelOfArh so lesno:hai:
    I tebe @Umbrella22 so lesno i so ubavi vesti da te ispratat doma:)
    #zdrobenasum:envy:
     
    На friendy, mareane, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Порано толку многу се замарав со поклоните,може дека правевме големи родендени со еден куп луѓе.Во месецот ако се погодеше да има повеќе родендени на кои сме поканети,ми одеше доста солидна сума на пари,кои ако ги трошев на своите деца,ќе беа облечени од глава до пети по последна мода.А на нашите пак од друга страна, добивав поклони кои беа облека и така децава не ми останаа голи и боси:^).Се беше некако на ти го-дај ми го.Се вртеа и поклоните и сумите.:!:Па и фискалните барај ги,оди менувај за број или модел итн.Повеќе работа само си имаш.
    Сега децава ми се поголеми,големи родендени не правиме,си добиваат пари кои и не се така малку,ама тоа се од баби и блиски луѓе,им ги тргам на страна и им ги уплатувам за летовање-камп на кое сами си одат.Нешто им чувам.Јас си ги облакам,не чекам од никој ништо.Фала Богу,скромни се и не бараат многу.Ова важи за машки род,за женски род кога како,ама па и мене ми е мерак кога и таа сака да се дотерува.
    Заклучок,мали ви се децата.Како ќе растат,така и луѓето со кои се каните на родендени ќе се протетчуваат,нема ни децата да сакаат да одат на некои родендени по игротеки.И памет доаѓа,потрошените суми за родендени подобро на себе и своите деца ќе си потрошите.
    А за сметка ич да не ви е срам да си побарате ако сакате нешто да се замени,ко да не може да видите колку пари е нештото.
    Јас и од Солун купени работи сум менувала,а не па од Скопје.
     
    На galapce, Peco, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 15 други им се допаѓа ова.
  7. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    8.526

    Ама јас се согласувам со тебе. Ама што ако на детето му донеле уште 5 торбици? Или 5 Дреса?
    А далеку од тоа дека 1500 денари се малку. Многу се. Ете добивме преубаво фустанче кое уште сега и е мало и неможам да го сменам. И?
    И јас за поблиските им викам што ви треба купете ние ќе ви дадеме пари. Ете сакале тренерки си ги купиле они, ние им даваме пари. На бартучетка ми и беше роденден и дадов 1000 денари. На другака ќерка и е 10 години и дадов 1000 денари и и реков да си купи што сака. Си купила панталони кои ја никогаш не би ги одбрала.
    А за попустот - јас се купувам на попуст - буквално :)
     
    На galapce, Peco, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Јас максимално се трудам да не ја приберам локалнава мачка што има обичај сабајле и навечер да ми мјаука на врата за храна..за вода..да и отворам влезна врата...да влезе и прошета низ станот (на први спрат живеам, во зграда). Пошто, нели..реков - нема веќе животинки да чувам. Знам дека пак ќе приберам некое. Кога и да е. Од дете сум со животни. Би чувала и прасе и коза и коњ и крава и гуски и шатки и сите можни пилиќи...не знам како би чистела после нив:D додуша,но. Отом-потом сум за се.:D Мада, јас не растев со баба и дедо на село...па, немав одмори и сл. на село. Крава во живо, од близу видов на 19 години кога бев на гости (во село,кај пријатели).:D

    За подароци.. никогаш не ставам фискална сметка. Пари давам само на малечки деца,ама..тоа е ситнеж некој за чоколади, смоки..такви работи, пошто ќејф ми е и ќејф им е да имаат пари во џебот и сами да купат нешто. Инаку купувам гардероба, најчесто играчки за малите,зависно тоа што најмногу сакаат. Бирам според тоа што носат луѓето. До сега не сум утнала. Брат ми цел живот јас го дотерувам. :D

    Времево тмурно,ама..поубав ми се чини денов од викендот..иако викендов пукаше сонце.

    @AngelOfArh ..со лесно да врви,мајче. Живо и здраво да си го видиш, што поскоро, што полесно.:hug:
     
    На Peco, Viktorijaaa5, kjukli и 19 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Јас тргнувам од тоа дека од мене сакам да се знае конкретно што има за матур/роденден.
    Или на пример несакам - еве ти 1000 денари, додади си пари па купи си тренерки.
    Или ќе се ,,изластам,, и ќе ги платам или ќе купам нешто спрема славеникот колку ми држи џебот.
    Абе секој раслично си гледа.
    На поклоните што ни ги носат не загледувам, и така со мали деца е два пати облекување.
    Плус тоа (ова за себе си го зборам, не се наоѓајте во муабетов) многу големо почитување е ако ми донсеат поклон, тоа за мене значи дека се потрудиле, мислеле на мене, направиле напор.
    Јас еве несакам -на ти пари, купи си.И да е погрешен поклонот мерак ми прават.
    Сега да се разбереме..кај што одам купувам универзални работи...не купувам прслук или нешто што некој мора да го проба...
    А и си ги знаеме децата што преферираат....
    Барем со тие што се дружиме.
     
    На Peco, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, friendy и 14 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.762
    Добро утро

    @AngelOfArh :f::l:

    Дома сите сме на број. Бебуш седи во креветче, мм работи а јас со кафето и фемина. После имаме термин во матично па да видиме што ќе не огрее во врска со комплетноста на документите и термините на располагање.

    Во врска со поклониве...
    Најчесто купувам за децата од брат ми, со или без повод. Кога идеме со кола седнувам пред камера и прашувам што им треба. Не купувам ради реда, купувам како за своја душа. Патики, чизми, јакни, трењерки, ранци..работи за кои знам дека нема да се направи утка во однос на големина.
    Со или без повод им праќам пари, а без прашање сум купувала и праќала поклони од видот. плејстешени, игри, таблети...каде знам дека нема утка :rofl:.
    Ист ми е принципот и за сите блиски. Секогаш оставам по едно пакетче за тетки и др. блиски кај мајка ми.
    Не е демек да тргнам некого од дневен ред, бидејќи не е воопшто со повод, туку се трудам практични работи.
    Доколку знам некој мака мачи со холестерол на пр. ќе набавам витамини за тоа, креми против стареење на кожа бидејќи знам дека нема да им се дадат пари за тоа, колекција за нега на тело, апаратат за притисок...

    За деца највеќе сакам да куувам поклони. НА другарка ми малиот(10год) често знаев да го зедам со мене во град и да одиме на пица, во кино, да го прашам што сака и сум му купувала парчиња во стилот дрес, копачки, или оние играчки од стар ворс на монтирање, за кои не и стасувало нејзе.
    Ем јас исполнета со позитивна енергија од насмевката и благодарноста на едно дете, ем другарката ден за себе.
    Веќе сум во фаза на припреми за поклончиња за децата на другарките од средно, па мислам што би било интересно за деца на таа возраст, се трудам да е погодено.
    Мислам дека до сега не сум била на роденден за дете па да купувам официјален поклон и да ја имам недоумицата помеѓу пари или поклон со фискална.
     
    На galapce, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Bozica1980 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Добро утро,ме немаше некое извесно време.Ме фати некоја јака настинка па малку одмарав.

    Како сте вие денеска?како го поминавте викендот?

    Да се освежиме
    20111214154837thumb.jpg
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Pcelka94, Bozica1980 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Ај да се докажам.За поклони за возрасни.
    На 30-от роденден добив ташна од Мона.Скапа,убава,ама јас не се пронајдов во неа.Ни на крај памет не ми падна да ја барам сметката да ја менувам,зошто тоа би значело навреда за личноста која ми ја подарила.
    Не можам да ја носам,вкус е во прашање.
    Кај некој се опрчил толку пари,уште да загледувам.Без разлика,од многу блиски луѓе е,на кои ако им речев,веднаш ќе ја заменевме.
    На ташната и го најдов чарето.Сестра ми се заљуби во неа и и ја дадов.

    Треба многу внимателно со поклониве.Јас ако сум во недоумица се консултирам со мажот или жената на славеникот,да си прашам што има,да не утнам.
     
    Последна измена: 18 април 2016
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kukla21, kjukli и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.310
    Пол:
    Женски
    Добро утро! :coffee:

    Да се надеваме дека денешниот ден ќе донесе само позитивни вести за @Umbrella22, зашто за @AngelOfArh знаеме дека се и повеќе од позитивни. Ви посакувам да поминете лесно. :sun:

    Животинки обожавам. Не сакам инсекти и влечуги, ама со гуштерот се сакаме од далеку. Имаат моментално мачка моите зашто комшиите немаат осет, па нон-стоп врие глувци откај нив. Откако ја имаат - глушец не виделе моиве дома.

    Претходно сум чувала куче, папагали, риби, зајци, желки, чуда... И јас како жабата село не гледам, па на све се радувам. Вчера на Водно јариња видов, ги изнагалив. :D

    Во ЗОО обожавам да одам и што можам - галам. Последниот пат се здруживме со камилата. Ја изнагалив, па видоа луѓе, па почнаа и тие по мене. :D

    Обожавам да подарувам и сакам да ми подаруваат. За жал ретко ми погодуваат подарок некои што не ми се баш блиски, ама не е важно. Велам барем цвеќе букет да ми донесат, нема да погрешат.

    Кога подарувам обожавам да ги пакувам подароците. Тоа ми е ритуал. :inlove:

    Еве наскоро пак ќе подарувам. А подароците за бебето на братучетка ми кои ги ставив пред извесно време во соодветната тема, конечно стигнаа и многу се бендисани. :inlove:

    И така. Се надевам на добар ден денес. Сакам да работам повеќе и да пратам прва половина од книгата. :)

    Ѕирка сонце. Имајте убава работна недела. :sun:
     
    На Peco, vitamina, kjukli и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    @menelele
    Кoлку гoсти кaните вие пa дa се пoгoдaт 5 јaкни или 5 тoрби? И тoa пoвеќетo кoлку знaм пaри дaвaaт, пa бaш вaквa случaјнoст. И штo ти е чуднo штo сум реклa -си пoминaле нa редoт? Зa блиски прaшувaм, aмa кaј пoдaлечни oдaм сo стaв -биди среќен и oвa штo ти гo купив. Зaтoa штo и јaс oд пoдaлечни не oчекувaм мнoгу, и сo кaфе дa ми дoјде, немa ништo дa речaм.
     
    На samovila.red., mareane, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  15. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    8.526
    Славевме крштевка и прв роденден и добивме 5 јакни, кои може да се носат наредниве 6 месеци. И викавме луѓе со кои навистина се дружиме. И блиски ни се сите. А подалечни незнам кои ги сметате?
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    @Lady Phoenix ..ако не сте биле кај Илија во с. Побожје, да му ги видите животинките..чудото кокошки:D и куќата - печурка... појдете му. Мислам дека сé уште е кај него така да, прима гости... ем, тазе јајца можете да си купите.:mm: Истерајте си екскурзија некогаш.
     
    На Peco, mareane, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Купувам според човекот на кој се носи поклонот.

    Ако знам што конкретно им треба, тогаш земам поклон без размислување. Пример свекрва ми знам дека сакаше некои удобни кондури, ама тоа што го зацртав го немаше никаде. А знам дека е и луда по цвеќињата и со тоа никако нема да погрешам.
    Малите знам што сакаат, нив без многу мислење им купувам и се среќни и задоволни. Имам една кумашинка од мм , сум и купувала се и сешто. А знам и дека има се, буквално се. А ептен ми е мерак да и подарувам. Па оваа година одлучив да и дадаме пари.
    И реков на мајка и да и купи тоа што нјзе и треба, она најдобро знае.
    Знам дека пред да тргне на школо мајка и имаше купено тон нова гардероба, ранци и сите можни чудни, па што и да купев, ќе беше дупло.
    Кај на мм другарите деците носиме пари, тоа е колективен договор кој си го почитуваме, исто и за свадбите. Си имаме одредена сума и за тоа и за тоа.

    Мм викендов и на момачка во соседството, ми најави уште пред две недели. Мисли изгледа дека сум од оние луди жени што прават проблеми. :rofl:
    Ми вели ќе одморам викендов од работа, а јас па се израдував дека е слободен , па веднаш планирам. После се сетив што е работата.
    Искрено воопшто не се потресувам , само ги мислам живи ли се ,здрави ли се. :drunk:
     
    На Peco, vitamina, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 14 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Мислиш дека пари требало да ти дадат па да купиш ?
    Ова те прашувам, собирам искуство...можеби луѓево сакаат да им тупнам 1000 и да ми е гајле што ќе прават со неа...
    Додуши така е и најлесно...нема глава да ме боли
    Ама јас пак уживам во купување подароци
     
    На mareane, Lady Phoenix, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Први вести од мене, најверојатно останувам до Петок :(
    П.С ако имам нет, ќе пишам какви се другите резултати.
     
    На galapce, mareane, Lady Phoenix и 9 други им се допаѓа ова.
  20. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Го пијам кафето и ве читкам. Покасно излегувам и не знам ни кога ќе се вратам, обврски еден куп.
    Околу подароците не се потресувам многу. Додека беа децава мали, внуците, а и од друштвото ни се на иста возрадт ми беше мерак да шетам и барам подарок. Сум бирала нешто соодветно, што знам дека детето ќе го сака или пак во договор со родителот што му треба. Блиска се чувствувам да прашам и ме прашувале. И после поводот прашувам секогаш дали е добра големина или дали му се допаѓа, па им давам фискална да си сменат. Она што ми е дадено од блиски никогаш немало утка, но од подалечни да, само што или ќе го дадам некаде или ќе го спакувам за Црвен Крст.
    Сега веќе ни на син ми не можам да му погодам ако не проба, па не се осудувам да купам за друг. Веќе се големи, си имаат свој стил на облекување, па да не се мачиме сите, кој со шетање, кој со заменување им давам пари. Зошто ако нешто сака да замени некој, којзнае дали ќе најде нешто што му се допадне баш таму од каде сум го купила.
    И за други поводи, стан, слава, роденден на возрасни се договараме, па нема утка.
    Моите и на мм родителите, секогаш ни даваат пари, па син ми има повеќе пари на сметка од мене:D. И не, не сметам дека некој мора да знае кој што му донесол. Ете знае од кого му се парите на сметка:D
    Додека беше мал се радуваше само на играчки, дури еден роденден кога претежно гардероба му донесоа, детето разочарано дури и налутено велеше никој убав подарок не му донесол:D
     
    На galapce, Peco, vitamina и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.