1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Добро де ама ја биваЛО !! Бог да и душа прости.:beer::beer:
    И другите ќе ги биВА!!
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    мојава е 80 годишна ,а и со хигиена слабо стои..така да и да ја биваше ...thank you but NO THANK YOU!!!!:lol::lol:
     
  3. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Еве Далерон, мојата свекрва ја бива. Пити (и солени и благи), кифли, колачи, торти, декорациии, ептен ја бива. Си има два тефтера, еден за солени, вториот за благи рецепти, се' уредно и читко напишано, организирано по категории, а некои рецепти се дополнети дури и со мали скици или шеми. Само прашај за рецепт, имаш тема на разговор за цел ден. Освен Храна и вино и сличните, сега веќе има и омилени веб страни со рецепти и се' нешто ново пробува.
    Затоа пак, мајка ми пре би да чита книги наместо да тегне кори и гугла рецепти. Таква била и ко млада и никогаш не научи да сука, па јас од пусти мерак учев од тетки и баби, а сега и од свекрва ми.
     
    На bittersweet, green.eyes, pilenka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Тоа само онака случајно, не дека имаме нешто против.А си има свекрви надарени.Кога е една каква е таква е.
     
    На Daleron и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @darcy , имам пекач VIVAX (станав да видам каков беше :) ) ама незнам да го користам :x. .. има не него некои 12 варијанти на печење. Да речеме тоа што почетно би користела е BASIC...ама што, колку ставаш, по некој редослед или? (ова за редоследов ми имаше некој кажано дека е важно дали ќе ставиш на пример вода па брашно или обратно)
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    :clap: Браво бре жени. Е така си бива, некој баланс да се постигне. И мојата бивша на бившиот ја биваше ама само за плескање газ и плетење. Додуша и не памтам веќе од таа страна склеротична станав.
     
  7. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Јас само месените работи на бабичка моја Бог да ја прости со сласт ги јадев, ептен ја биваше. Какви само пити правеше... ах не е фер за темава месено што ја начнавме, кај да најдам сега пита?
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Со секој пекач обично одат рецепти во упатството, и редоследот е баш како што во него се наредени. Обично се ставаат прво течностите (вода, млеко, масло) со сол и шеќер, потоа е брашното, и најпосле квасец и останати додатоци (од тип сусам, лен, семки...)
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Најубаво е сам да си зготвиш.[​IMG] Море кого лажам, не е лошо и кога некој ќе ти направи нешто гратис по старински начин, така прсти да излижеш, тух-тух, ама нема. Не знам, дали од што се сама правам откако омажив, па така тешко ми паѓа понекогаш или почесто. Сите од мене бараат и се на мене се чека. Мажи се бре сакаат манџароци, месо, не се залажуваат со пржени јајца или леб и сирење.

    Пекач имам, ете го фаќа прашина, ама престижот.
    Полесно и побрзо ми е на рака да замесам. Некако поубаво го осеќам брашното на рака, бидејќи претежно правам полуцрн леб, додавам овесно брашно, ржано, јачменово и си го правам на лепиња. Повкусен е лебот на рака месен и во рерна печен, отколку од пекач.
     
    На Serafima и kolovoz им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @friendy е сега ме замисли.Навистина е така???Мислам не сум имала можност да пробам леб од пекач,па не ја знам разликата.
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @lunicka не е лош ни од пекач, ама не можеш да експериментираш и се треба да е точно по редослед и грамажа. Ако згрешиш излезе полна тула или отиде во канта.
    Јас додека чекам да стаса тестото во пекачот, мене лебот ми е изеден веќе. И не се исплаќа за големо смејство, малку леб е треба секој ден да печеш по два. Правена ми е математиката поефтино е да си купиш леб. Е сега ако сакаш да знаеш што јадеш тогаш е добро, ама пекачиве ми се добри исклучиво за леб од бело брашно или кога брзам да правам повеќе работи истовремено.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Мислев дека моите деца пораснаа и дека нема веќе трчање по амбуланти, по дежурства.
    Но не било така.Само што се вративме.Подобра е .Ама цел ден окапа од главоболка.
    Не за џабе свекрва ми го вика мм синче, а и обајцата се со побелени коси.Морам да признаам дека ми се смешни:lol:
    За жал мојата мајка одамна си замина од овој свет.Ми недостасува , посебно во овие тешки моменти од мојот живот.Но замина кога ме научи речиси на се.Ме научи дека во животот секако ќе погрешиме.Ако грешките ги земаме здраво за готово и не учиме од нив ,никогаш нема да станеме добри личности.
    Советите од родителите вредат повеќе и од злато.
    За леб, ќе ви кажам дека поубав леб од оној што го правеше мајка ми печен на фурна, немам пробано.
    А суканото на моите девојчиња, и ако малку дебелко е врвен специјалитет за една мајка.
    Не за друго, туку оти сами сработиле се.Јас требаше само да пробам.
    Што да ви кажам освен дека ми се смееја да не ја заменувам Алачки со она МММ, мммммм.М.
    Од утре редот е на мене.Не да не ми се сука, туку правам многу нередот по мене .(facepalm)
    Епа во секое добро има и лошо, и во секое лошо и добро.
    Добра ноќ, одам да се одморам од дежурството.:hai:
     
    На bittersweet, Serafima, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    И после кажете дека не сте остарени.Сите сте си легнале.:^)
    И што да правам сега јас?Да играм каладонт?
     
    На pilenka, Teodora* и danichap им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.705
    Допаѓања:
    268.938
    Пол:
    Женски
    Eве и некој усте нелегнат не од младост туку од глупост.Туку за месењево сте се расприкажале ми се пријаде.Јас месам на периоди ,некогаш имам желба и секој 2- 3 дена несто месам а некогаш со недели брашно не фаќам.А децава сакаа па поради нив нешто морам ама да сукам незнам иако мајками сука многу убаво ама во последно се нешто не може, шпоретот не и пече и сл па ја ке мора да науча (засега само тегнато првам).Уф стварно ептен ми се пријаде одам да легнам оти се што има низ кујна ке изедам .
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Добро утро женииии!
    Кој рано рани го заебал петелот. Да ве поздравам само одам да се спремам за на работа.
    Еве ви пракам сонце.:sun::sun::sun:
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!! Наздравје :coffee: на сите.
    Само три дена не бев дома а одвај чекав да се вратам:)
    Home sweet home ;)
    Мора веднаш да се тргнам од компј. ќе каснам на работа :D
    Поздрав
     
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Будна во 1 по полноќ??? Откако останав бремена се нема случено :D Ете 7ми месец почнавме, јас уште не можам да се доспијам.
    За пекачот - веројатно месен (ако човек знае да меси) би бил и повкусен лебот, но тој од пекач ми е многу поубав и поздрав од купечкиот (е да, доаѓа поскап од обичниот бел). Во последно време повеќе експериментирам и правам црни (препорака и од докторката), плус со најразлични семки и многу се добри. Посебно бидејќи го ставам на тајмер, и сабајле кога се будам станот мириса на тазе печен леб... :)
    Ај да не зборам за храна, доручкував, а уште сум гладна.
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Добро утро жени,која спие нека продолжи,која е на работа нека оди во нови работни победи а јас се извлеков од креветов како претепана мачка.Да се пофалам иако е криза моравме да купиме нов душек и навистина кичмата сега не ме боли.Ама ме боли пределот околу рамениците што значи дека треба и да купам нова перница.Инаку спиењето беше една од одликите на моите бремености .Абе бев во состојба како кокошките на една нога да заспијам ,само да склопам око.:DСи патев од низок притисок и ден денес сум таква.
    Далерон каде виде сонце последен пат во градов е видено во саботата.
    Се прашувам што денес за ручек.И да вртам ли на огласот или да не си ја мачам душава веќе.:doh:
    Свадбата се наближува децава не се спремни.Секогаш се чека последен момент.
    Синоќа чистам ореви кога ќерка ми ,ме прашува дали ги чистам за тортата за нејзиниот роденден.Ми вели да си направам торта без разлика дали таа ќе биде тука или не.Госпоѓицата си испланирала да оди за Нови Сад.Се нарогушив ,викам сигурно ќе одиш да ја прошеташ единицата по физика.:D.
    И така ,тече овој живот некако.кога без врска кога со врска,само погледот во огледалото ме потсетува дека не сум истатата од вчера.
     
    На Serafima, Teodora*, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    За ручек денес барем немам проблеми... од Групер зедов ваучер за фамилијарна пица и тоа ќе јадеме. Плус на фризер сум после. се нема време за готвење и онака 8)
    Душекот и перницата многу значат за кичмата, пред да ги сменам мака мачев и јас со кичмата. А криза-некриза, догодина мораме да го реновираме купатилото (facepalm) На плочките веќе се направи мев, прозорот пукнат па лепен, сега почна влага и ѕидот од спалната да се јавува. Со мало бебе само мајстори ќе ми фалат, ќе морам да се отселам кај моите недела-две...
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @lunicka Абре нема сонце затоа ви пратив виртуелно.:sun: И еднаш напишав за болките после 40 години.
    Купи си Дормео перница, навистина е добра (испробано).
    И ние се спремаме за роденден од ланскиот уште. Само и реков дека овој пат 2-3 другарки и каде сака.
    Лани ме зезна ем Мек Доналдс ем тие што не биле дома. 2 пати трошок, ама годинава нема да дозволам.
    Дури и се мислам дали да и сплескам една торта, за комшии де. Може да пројдат со кафе и слатко само.
    И на крај јас сум поубава од вчера.:makeup:(hollest)
     
    На Teodora*, SV1911 и lunicka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.