1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @Daleron на која перница од Дормео мислиш конкретно??Аман оправи ме во животот зашто стварно не знам да се одлучам.
    Родендените се посебна прказна .Се слави дома за децата од улицата некаде во слаткарница кафиќ со друштвото од училиште.Помпезни работи се прават што да ти раскажувам.За разлика од неа син ми не придава значење на тие работи.Лани после славењето ми врти на телефонот дојди да ме земеш,знам дека врнеше дожд.Одам јас да ја земам и на тротоарот стои голема бела мечка.Одвај ја напикав во колата со се машни и чудеса,пораки закачени,Ене ја сега дреме во нејзината соба ,се прашувам како ќе се одржува кога ќе се извалка.Во машина нема шанса да влезе.
     
  2. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    3.497
    Е па кога спиеш по цел ден, вечер ќе играш каладонт:D
    Јас исто некој период не можам ич да спијам навечер, но не сме изморени затоа (ако си на лежење) ама вчера како сум се изморила.....по банки, по продавници, прв пат во цела бременост толку да бидам излезена од дома без дозвола од доктор;) и синојќа си легнав во 22 часот од премор.
    @darcy средила работа за денес пријатен ручек:inlove:, да не се жалам јас два дена не правам, да е жива и здрава мајка ми, живееме блиску и (y).
    Во врска со месењето и јас научив на стари години, ама ако, знам само да тегнам пити и најмерак ми е кога ќерка ми ќе изеде се и ќе побара уште, а мм ќе рече дека мојата пита е поубава од на свекрвица:P
     
    На galapce, green.eyes и lunicka им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Анатомска перница Силвер Ион

    blank__27498175.jpg
    Еве оваа. Скапичка е ама со клуб картичка некој што има е 1.090 денари.
    Родендените ќе поминат туку еве ја и Нова Година на прагот после тоа. Отсега брмчи и за тоа.
    Абре девојчиња што ќе правиш
     
    На tessie и lunicka им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Добар ден женички, што е ова домаќински муабети посабајлечки :P

    Сукано, месено, вртено, што сакате, кажете, еве ме 8) И од мајка и од свекрва научив и уште учам. Се сеќавам дека кога бев дете, да не речам тинејџерка, кога ќе правеше мајка ми нешто, неважно дали благо или солено, секогаш ме викаше барем да гледам, а јас си бев тотално незаинтересирана за готвење, не пак за месење и сукање. Мајка ми и ден денес се крсти кога ќе види како сукам и месам, иако само 4-5 години имам стаж во тоа :D (умре циганката што ме фалеше де :wasntme:). Јас лепче сама си месам, какво ќе ми се присака во моментот, за саат време ми е готово, пекач не ми треба, башка кај ќе го ставам.

    За перници што да кажам, овие од Дормео не ги сакам, не смеат да се перат. Имаме од оние македонскине со Натали што беа на слика, за мерак се. Секој месец по два пати ги перам дури, и се прилагодува висината и големината. За други засега не размислувам.

    Викендов ме чека една свадба, три слави, два родендени и еден именден. Се во два дена. Како ќе постигнам ни сама не знам... башка патот што треба да го тепаме. Осеќам дека поштено ќе се изморам, и коса ми се крева на глава од трошокот, ама ајде, за убаво нека е. Ако не се славиве и свадбиве, нема ни да се видам со драги луѓе :(

    И тоа... јас вака работно ве дружам. Додека не ми дошол некој пациент. А книгата на бирото ми се смее... ух што убаво ми се смее...
     
    На bittersweet, Serafima, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ви завидувам на расположението...јас сум тотално down...:(
     
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Добро утро женички, мамички...
    Сум си поспала утрово, дали од дождот или дежурството не знам.А тежината ми стои.Се уште не сум била во заводот да видам како стои работата.Знам дека помина една недела и тоа е краток период нешто да е решено, со оглед на сложеноста на ситуацијата.
    Имам писмена изјава дека напуштам работа ,и толку, си чекам решение.
    Мислам дека може да одам да си прашам,но ако им требав секако ќе ме најдеа.
    Мислам дека решението ќе го добијам по пошта.Затоа и си чекам.
    ММ замина со список да пазарува.Каков пазарџија е само јас си знам.:emo:(waiting)
    Куќната слава ни е во петок и е посничка, така да нема да ми биде мачно.
    Не фемина најдов полно рецепти и ќе експементирам да видам што ќе испадне.
    Не сум многу вешта во кујната, мислам на декор и се тоа, но за вкусот секогаш сум добивала комплименти.
    Па затоа храната ја споредувам со убавината на жената.Може однадвор ќе биде украсена како свадбарска торта ,а одвнатре да е невкусна.Затоа и не му придавам значење на декорот и внимавам на вкусот.
    И за крај строго се придржувам до нашата традиционална храна.Подобра ни нема.:!:
    Туку да одам да почнам по нешто да спремам.Па ќе ви кажам како испаднало.
     
    На Serafima, sanjaeva, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    @Annath баш ти е амбициозен планот! Ама како што викаш, за убаво нека е. Јас само кај брат ми на именден треба да одам, остатокот од времето ништо посебно. Мм ме влечка по продавници за санитарии и за бебиња иако и за едното и за другото е прерано за купување. Ако, бар да не се седи дома цело време.
    @WORRIED.BT :hug:. Ќе помине...
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT Кажи мор да ти олесни.;)
     
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    da ne dosaduvam ... (ne)raspolozenieto mi e od sluckata vo nedelata... i prethodno mi bese los period ama ova me dotolci....ke mi treba mnooogu vreme i ne znam dali ke bidam istata
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT Треба време да помине. Јас долго време се чувствував потиштена.
    Се надевав на полицијата (корумпирана). Ќе помине верувај иако една дамка ќе остане. На крај на криштата подобро што не сте ги начекале дома тие се спремни на се.
     
  11. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ne se nadevam voopsto na policijata...se obvinuvam sebesi sto ne si go zasolniv podobro....
    a mislam deka neposredno pred da se vratime izbegale zosto samo vo spalnata rasturile ne procepkale vo drugite sobi...znam deka e najvazno sto sme zivi ,zdravi...ama krivo mi e....
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Секако дека ти е криво - и за украденото, и за помислата дека некој ти чачкал по интимни работи :(
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @WORRIED.BT На еден човек му дале две кутии, едната бела, другата црна. Црната му рекле да ја отвори кога ќе му е тешко, а белата да ја отвори кога ќе му е убаво. Така поминало време. Му станало тешко, се сетил на кутиите и земал ја отворил црната кутија. Внатре пишувало "ќе помине". После некое време се поарнил му станало добро, ја отворил и белата кутија. Внатре пак пишувало "ќе помине".
    Така да време лечи се, ќе помине. Злато се купува, здравје и живот не.

    Кај нас на викендица пробаа да влезат, ама не им успеа. На малерозниот крадец/ци му се скршила кваката и удирал, удирал, удирал во вратата ја свиткал и се откажал. Инаку вратата е кинеска обична, ништо посебно, ама заврши работа не ја менуваме.:D
     
    На Serafima, sanjaeva, Teodora* и 2 други им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Јас синоќа верно чував стража а штом до касно спиев и за вечер ич да не берите гајле.
    Добар ден на сите иначе:yawn:
    @WORRIED.BT знам дека на она што отишло со него отишле и многу спомени и нема утеха но пробај малку по позитивно да размислуваш(колку ке можеш,ситота ти си знаеш:( ).Да бидеме реални на денешно време и не само од тој аспект туку и од аспект на губење на нешто материјално вредно е многу тешко,кога сите знаеме како се спечалува.Ама нека се збие на материјалното,наместо по домашните.

    Јас тек за доручек размислувам.Пак ке биде јогурт со ленено семе.Морам.Кај имам проблем со одење во вц,па морам и железо да пијам,дабетер.Незнам што ќе се прави.
    За ручек денеска ќе е кокошка со компирчиња,и либето ми е дома денеска,мераци:inlove:
    Пријатен ден Госпожи:f:
     
    На friendy и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Знам дека е многу грдо да ти каже некој во ваква ситуација „само да сте живи и здрави“, ама ако човек размисли подлабоко и се сети какви се нешта имал во минатото, за што сè фрлил пари, колку заработил... на крајот на денот пак мило на душата ќе му направи љубовта која ја има и дава, децата, родителите, пријателите, а никогаш материјалните нешта. Тие доаѓаат и одат, тука се само да ни создаваат повремени проблеми, како тебе сега.

    Само љубовта е битна. Сè друго е минливо и неважно на овој свет. :l:
     
    На Barbie20, Serafima, vinozito1 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    si mislam podolgo vreme dali da si kupam vakva pernica:^) samo mi e strav dane nestanam posle od krevet :|
     
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @zalosna да си купиш. Додека спиев на друга перница постојано имав болки во вратот. Некој погоре спомна дека не се пере. Навлаката се вади се пере, а плус имам одозгора и друга навлака која што почесто ја менувам.Капетане ептен позната личност си и овде те следат „Пазачи“.;)
     
    На zalosna и lunicka им се допаѓа ова.
  18. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    se super toa ama mi e strav dane mi se pogodi epten ..i taka sum mrza na stanuvajne dane si donapravam uste pogolema problem posle..100 pati mu se imam potokmeno da kupam 2 i nikako da zemam..za nikade sum
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Jас кога за прв пат дојдов да го посетам со преспивање мојов и легнав на неговата спална....посакав никогаш веќе да не мрднам.
    Ништо чудно што месец покасно се преселив кај него :rofl:

    Душек, перница, јорган, метален кревет како што одсекогаш посакував....сега ми иде да си легнам пак од што ми е убаво:P

    Колку е само важен удобниот кревет и добриот сон:inlove:
     
    На bittersweet, Serafima, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Една третина од денот ја минуваме во постела,ако креветот не е удобен ни животот не е удобен.
    Затоа јас си купив лежај за спална од чисто дрво и со димензии 2м на 2.20м.
    Малку е терсене за постенина ама за спиење ептен удобен.
    Кога гледав брат ми и снаа ми како се мачат на стандарден лежај кога им се роди малото,уште тогаш си зацртив дека ќе си купам поголем.Малку повеќе ми скратува од просторот во собата ама не се каам.
     
    На bittersweet, Annath и lunicka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.