Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Реков да прекратам и да не пишувам повеќе за темава, но, ете посилно од мене испадна да кажам дека читајки ги постовите на гротото од членките немаат никаква разлика со мојот во однос со Македонија, само не знам зошто мене ми се закачивте да цитирате дека јас навредувам кога низ секој пост е таа поента, кажана, размислена и осмислена.

    Тоа што го пишав за мојата газдарица е еден начин на восхит дека женава си работи иако е милионер, што кај нас не е таков случајот со газдите. Каде е овде таа навреда еве не знам.
    Тоа "долу" многу лошо го имате сватено верувајте. Уште години и години од самите родители и народот околу нас е свикната таа навика за нарекување Македонија "долу" бидејки мене ми била баш "долу" сме оделе надолу, а не дека е навреда и испоценување како што зборувате вие.
    Прв пат со икс синоними и нивно значење се соочувам овде, претходно никој не кажал дека "долу" е навреда туку е само "патото надолу" кога возиме со кола :).
    Народот.. имам дискутирано икс пати со луѓе дека народот околу и во Скопје е поразличен од таму каде што живеам. Луѓето имаат повеќе и не се замараат толку многу со останатите. Дали е така или не е не знам. Но знам дека се покултурни.
    Сметам дека нашите луѓе, ние луѓето радо недостиг на пара се имаме стекнато со вакви некултурни и малограѓански работи, едноставно завидлк и цепедлачење на клупа или коперација.. тоа е парата, да сме биле малку поимотна држава, и сите да земале барем една солидна плата сметам дека менталитетот ќе бил подруг, секој ќе си бил за себе и со свои обврски, настрана од се друго и сите старски сваќања останати од праисторија.

    Никаде не пишав дека Македонија ја мразам, не ја мразам само не ја ни сакам, зошто? Бидејки ништо никогаш не ми пружила и не сум можела никаде да заминам со тој пасош. Луѓето.. имам драги луѓе долу, за седенки, за дружби и за рекреација, моето одење таму било секогаш интересно покрај истите, и не сите биле исти, нормално но гротото се такви а повеќе постатарите луѓе.

    Не е океј да се дразнувате да ми пишувате дека јас вреѓам и да се фаќате буквално за еден збор кога многу други членки како што прочитав го напишаа истото што и јас го пишав.

    Поздрав и убав ден..
     
    На kjukli, papillonP, tina-63 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    @mareane со закаснување среќен роденден на девојчето твое. Здравје среќа успех во животот да ја пратат. Тортата ти е право ремек дело, навистина прекрасно.
     
    На Tajnaotrovna, mareane и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Ај не му ја тупете толку! :wasntme: 8-|
     
    На samovila.red., Peco, PUPICA и 9 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Витамина нема потреба да ги сваќаш работите лично.
    Дискутираме, споделуваме свои ставови и размислувања кои очигледно можат и драстично да се разликуваат.

    Како што некој пиша, и едните и другите се во право, а во однос на терминологија сите различно ја доживуваме.
    Чист пример јас никогаш не би го нарекла мојот работодавец мој газда, но сигурна сум дека ти не го стори тоа во самопонижувачка конотација.
    Исто и со долу. За мене е значењето нешто слично како она опишано од страна на даффи, па затоа јас не го користам, но за тебе има сосема друго значење и ти си го објасни тоа.

    То ја доловив поентата со газдарицата.
    И мојов е сличен, единствено шефовско на него е името на столот за биро, порадо си се шета со протокаловите алиштенца и не му е долност никаква работа.

    Јас пијам машко кафе. Денот е прекрасен, договорот падна.
    Ќе носам фустан, мадам сукња и одиме после во некој ресторан а потоа парк.
     
    На tanja manja, kjukli, kukla21 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Јас пак да Ве прашам : Да не сака некој буковец (љут) :devil::devil:...
    Праќам по Карго експрес ^_^, јас плаќам поштарина :lol:
    Квалитетен, домашен, со домашни с'стојки :rofl:
     
    На Peco, kjukli, papillonP и 23 други им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Останаа во државава убаво ситуираните и оние кои немаат пари и можности за бугарски пасош и заминување во странство. :nod:
    Се измеѓу или е заминато или чека погодна прилика да замине.

    Како бе кај нас газдарица ќе се напупи скали да чисти!? :fubar:
    Не сите, ама претежно голем дел од истите патат од комплекси да работат работа наводно што не им доликува.
    Ако пак го работи тоа, тогаш ццц има пари, а сама чисти.
    Нашиот народ е премногу слободен и затоа има време да се грижи за туѓите проблеми и непроблеми.

    Лесно е да се сака државава кога не живееш во неа.

    @referentka Благодарам, не! Да ме чеша носот цел ден после! Не, не, го имам тоа поминато.:lol:
     
    На Peco, papillonP, Tajnaotrovna и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    81.561
    ДДен!!!
    Ми се спие,ми се плаче
    Нит кафе помага,нит ништо
    Ред бул пиев
    Кај ми се крилјата:?:
    Не ми треба мене ред бул за да летам,доволно е убав збор,убав манир,ситница:clap:
     
    На Peco, ninja35, Tajnaotrovna и 16 други им се допаѓа ова.
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Добро утро дружино.
    Времево конечно почна на мај да заличува.:sun:

    Темава е многу осетлива и може на неа да се дискутира од различни агли.
    Навивам за Македонија кога играме во некој спорт,мило ми е за успесите на поединци кои не претставуваат во светот.Но мислењето за народот македонски не ми е убаво.Ако порано беше да му умре козата на комшијата,сега е да умре комшијата да му ја земам козата.

    Имаме толку убава земја,со одлична геостратешка позиција во срцето на Европа,плодна почва и не не бива.Зошто е тоа така?Затоа што не се најде никој паметен да не извади од овие го*на.Туку само подлабоко си тонеме.

    Дали моите блиски кои се раштркани по светов се осеќаат како граѓани од втор ред?Не.Дошле до израз нивните квалитети и соодветно на тоа се избориле за своето место под сонцето,додека овде никој не те гледа и признава ако немаш некаков предзнак.

    Не треба да одиме подалеку.Погледнете низ темиве на форумов.Секој е толку паметен да дели мислења,совети,како требало,како било правилно,мешање во туѓи џепови,се стручни лица.За никого поединечно не се однесува(секоја сличност со одредени ликови е случајна),чисто муабет си правиме и си дискутираме.

    Не знам дали ги прочитавте мислењата на @bittersweet одкога е дојдена во Македонија?И таа е македонка,долго време ја читам на форумов,никогаш не плукала по своите корени,но со нејзиното доаѓање овде и патешествијата кои ги минува иако ги пишува со доза на хумор,многу зборува за нас како народ.
     
    На Peco, kjukli, papillonP и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    81.561
    Ајде женчиња помагајте
    Кај да најдам дрвен накит:?:
    Само немојте ebay или слично.
    Нешто по можност дома да ми стигне за 2-3-5 дена
     
    Последна измена: 26 мај 2016
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.783
    Допаѓања:
    145.311
    Мојот нема време да гледа што се случува околу него, не го интресира политика, спорт ич. Прост пример - за пукањето во Куманово дозна дури кога заврши.
    Дали тоа значи дека е граѓанин од прв ред во нашата држава ?

    За дивно чудо и тука не има таквите. И мојот не оди секогаш уфирцан на работа оти е на позиција. Оди во ѓубретарските како што вели Дани, ама неговите црни се.:D
    Работи се што работат обичните работници за сите побрзо да завршат.
     
    На tanja manja, Peco, papillonP и 15 други им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.103
    Допаѓања:
    43.436
    Пол:
    Женски
    Јас сакам. Ама прати и ќебапчиња заедно :wasntme::rofl:

    Ај леле . Гладна ко куче сум . Ама мрзата е појака од мене . Затоа слаба сум ]:)

    Ние денес ќе ручаме негде надвор . Нешо паста,пица ово оно :^)
     
    На Peco, Tajnaotrovna, Esmeralda-MD и 8 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    @danichap точно се тоа што кажа. Навистина темава е дискутабилна и премногу тешка бидејки секој си сваќа на начин на кој што самиот си е научен и му е стекнат врз основ на неговиот живот и патешествија.
    Убаво си пиша.. немам што да додадам туку само ќе те прашам ајде каде е фусранот за денес да го видиме :D?!
    @friendy поентата таа ми беше што ја отслика ти околу газдарицава а не испоценување за нашиот народ. Туку сурова реалност за менталитетот дека и така и вака и онака ќе зборуваат.

    За крај само нешто да ви кажам. Не се фаќајте буквално за секој збор, долу, македончиња итн итн секој збор секој поединец си го сваќа различно и си го толкува со различно значење што не мора да значи дека за секого е навреда или обратно.
    Пред да се суди убаво е да се праша кој како и што мисли.

    Не генерализирам, не плукам и не етикетирам туку сметам дека секој човек, било од која различна нација, религија, раса е способен да работи и да се труди за нешто повеќе било каде, проблемот лежи само во она што не секоја држава може да пружи онолку тежинска награда која што поединецот ја заслужил.
     
    На papillonP, tina-63, Tajnaotrovna и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    261.500
    Пол:
    Женски
    Значи јас од што сум вредна сум буцкаста. :?::rofl:
     
    На kukla21, Tajnaotrovna, Umbrella22 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    81.561
    КАЈ ДА НАЈДАМ ДРВЕН НАКИТ???
    Или да отворам нова тема во стил HELP.ИТНО Е или слично:rofl:
     
    На Peco, ninja35, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.783
    Допаѓања:
    145.311
    Мислам дека @Viktorijaaa5 носи. Па ако види е знае ќе ти помогне.
     
    На Ordinary му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Кај да најдела па оваа:P оди на шопинг сакала не сакала ке најдеш и повеќе од тоа што бараш :wasntme:
     
    На Tajnaotrovna, Esmeralda-MD, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Нашиов народ е моментално несреќен народ. Народ без пари и работа не може да има насмевка на лице. Има, некоја тажна, изнудена и присилна. Се преживува секојдневно. Сите се во некаков грч и не знаат утрото што може да донесе.

    @vitamina Те сфатив од прва.(y)
     
    На samovila.red., Peco, papillonP и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    81.561
    Намерно вака:rofl:
    На прашањето кај сум барала,одговорот е никаде(facepalm)
    Ама еве сега во моментов мозокот сакам да го користам за убави,лефтерни,небитни работи
    Уствари моето присуство тука е баш заради ова
    ЛУФТИРАНЦИЈА
    Факт е дека ако не најдам дрвен накит ќе преживеам:rofl:
     
    На Peco, ninja35, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    А маж деца имаш ли бар тоа кажи си ?! :P:D
    Вака навидум интересен тип си нема што, навистина :)
     
    На Tajnaotrovna и Ordinary им се допаѓа ова.
  20. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    81.561
    Уз муабет ќе си кажам и тоа.Ќе ми се трефне моментот,ќе ми се спојат жичките:D
     
    На danichap, papillonP, kukla21 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.