Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Се вратив дома како покиснато маче.Џабе чадорот кога од сите страни плеска дожд.И да им се ненајдат обрасци М1 и М 2.По сто пати ме враќаат.
    Дрес код кај што работев немаше, носевме униформа и тоа ти е.Нема тука што да има варијации на тема.Штикли не се носеа и обувките беа дел од униформа.
    По институцииве по градов ретко приметувам кој како е облечен.Можеби вниманието ќе ми го привлече интересен накит.И мразам кога ќе приметам дека мириса канцеларија на пот.Тоа ми е недозволиво.Да сум им надредена ќе ги вратам дома на средување.Однесувањето е приказна за себе љубезност мора да постои.
    Кафе пиење е нормално чај , пауза за доручек.Позната ми е сликата на @kukla21 и е многу непријатно да се работи во таква средина.
    Одам да правам торта се надевам нема да ја промашам како минатиот пат.Во недела на мојов машки подмладок му е роденден.17 по ред.
     
    На Teodora*, galapce, elanor и 12 други им се допаѓа ова.
  2. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Романтика испод кишобрана:^)
    Држ навака држ натака од сегде те милува:rain:
    Залепен фриз, мокра до гола кожа8-|
    Епа на здравје туш :rain: велат добар е за косата:)
    Сакааааамммм летоооо :sun: море, плажа, коктелче и црни окалки 8)
    Сунце те милује...:sun:
     
    На Teodora*, Sky-butterfly, anina и 4 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.440
    На сите мои работни позиции со потпишување на договорот за работа се добивало и екстра материјал со дополнителни информации.
    Кодексот на облекување и однесување бил еден од нив.
    Последната позиција имав строг кодекс на облекување.
    Дозволена беше црна, темно сина или темно сива боја. И тоа.
    Панталона или сукња до над колена со класичен крој, нагоре бела кошулаи сако, евентуално џемперче во најголемите жештини.
    Сако нема соблекување ниту во лето, оздола кошула на кратки ракави беше единственото олеснување.
    Не беа дозволени високи потпетици ниту балетанки...најдобро од оние малки штиклички.
    Поради контактот со странки не беше изводливо на работната позиција да јадеш, а за пиење секако со чаша во која ќе си претураш од флашата.
    Имаше простории за одмор ако сакаш да прилегнеш, просторија за јадење и просторија за муабет каде имаше разни аутомати за брза храна и грицки.
    Храната можеше да биде стоплена во кујната каде истотака можеше и да си направиш кафе, чај или да оставиш нешто во фрижидерот.
    Пресоблекувална беше на располагање со шкафови под клуч за оние кои претпочитаат во полежерна облека да дојдат до работното место, па таму да се пресоблечат.
    Интернет беше дозволен само во собите за пауза, компјутерите кои ги користевме беа надоградени само со системи кои ни се потребни за работа. Исто и мобилен беше забранет.
    доколку знаеш дека очекуваш важен повик што би било инцидентно можеш да кажеш и да станеш од работна позиција на 2 минути и да телефонираш па да се вратиш на истата.
    Но тоа инцидентно ис екако со предходна консултација со претпоставениот одкако ќе му објасниш.

    Се на се презадоволна. Мулти култи во секој аспект.

    Вчера две тури шетња удрив...не паметам од кога така не сум окапала од одење.
    Вечерта дури соетив дека се ме боли:(, ама важно денес како нова.
    Туку нарачав детска...ко бог да чува си ја гледам сликата нон стоп. Си викам леле кога ќе ја донесат, па кога ќе ја монтираме, па и дете внатре кога ќе ставиме :rofl:.
    Ептен е слична со спалната, што би рекла мама тепам таа пак таа.]:)


    Туку само собирам бодови од картичките од каде пазарувам. Од едниот салон за мебел собрав 250 еу ваучер, другиот 125, од дм 120...а чув денес и утре ќе има дуплирање на бодовите од една бебешка продавница за 15 пати па ќе и се пуштам.
    Ќе му дојде на 500 еу, 75еу ваучер гратис. Мојов ми вика како сум имала живци да се замарам со вакви работи, а мене кое задоволство ми преставува кога ми се собираат тоа бодчињата чудо е :lol:.
     
    Последна измена: 6 февруари 2015
    На Teodora*, Doozy, sesilija и 9 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    @Annath еве и јас да ти потврдам дека се што напиша @toogood е реално бидејќи и кај мене е исто, земјите горе-долу на ист принцип фунционираат.:)
    Кај мене да те видат си дремиш на интернет за време на работа, следи отказ, никој не ти дава плата за да си седиш ти на интернет, може за време на паузата за ручек што сакаш да правиш ама за време на работа, треба да работиш.
    Исто и мобилните си ги оставаме во шкафови, нема приватни муабети за време на работа, имам службен мобилен и тој го користам исклучиво за повикување на доктор за консултации, исто ако си трета смена нема спиење, за спиење следува отказ.
    Нема викање, дерење по пациенти, секој/а си ја работи својата работа и како што пиша и тугуд, благодарам е една од најупотребените зборови.
    Кафе, чај, млеко, шеќер си има во изобилие, чистачки чистат еднаш дневно но и ние треба да чистиме по себе, ставаш садови во машината, бришиш микро, едноставно не оставаш неред по себе.
     
    На Doozy, sesilija, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    279.676
    Пол:
    Женски
    Добар дождлив ден на сите.Мене веќе навистина ми скисна времево.Колективна деперсија ќе не најде ќе постанеме ко англичаните тмурни,ладни .Е за работата ај да пишам некој збор ама се плашам дека се ќе биде во негатива.Работам во државна т.е. сега општинска установа .Дрес код одамна имаме додуша усно ( аможе има и писмено кој видел)искажан кој нормално само дел го почитуваме.кај нас се знае што не треба да се носи:фармерки ,кратки сукњи деколтеа бели проѕирни пантолони... Односот меѓу колегите и од претпоставените е типично балкански.Понекогаш може да си го однесеш и во веце ако си излегол. Кафе едно време варевме на заедничко решо ама скапа е струјата сега штедиме и секој на плинско си вариЧесто и кафето в тил ни го ставаат зависи на која нога е станат шефот Тоа се нервирам кај нас нема дрес код на однесување прво на претпоставените а после меѓу колегите.Првата година кога се вработив кога слушнав како се караа 2 колешки не можев да се начудам дека во вакви установи луѓето се однесуваат исто ко на сред село ама тоа е се навикнав дури се плашам постанувам и јас како мнозинствотоЗнаеш во змијарник мора да си змија за да опстанеш.А во последно време нетрпеливоста е се поголема како резултат на конкуренцијата страв од губење на раб место и сл.
    Кукле цело време те следам и во др.теми чекам да не израдуваш и верувам во тоа.
     
    На Sky-butterfly, danichap, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Прво, здраво на сите. :)

    Што се однесува до работата, не знам дали мене се` некои такви фирми ми се погодувале во коишто владее некоја дисциплина, но јас не памтам правилата да биле многу поразлични од она коешто го опиша битер.

    Значи, генерализација не чини да се прави (не велам дека некој ја прави, само коментирам). Како што е само генерализација дека тие коишто отишле да живеат и работат во странство по дифолт се богати, така исто е генерализација дека штом работиш во Македонија се` е лежерно.

    И во наши фирми постои и те како кодекс на облекување и однесување, ниту јас не паметам да сум правела приватни муабети за време на работно време и во наши фирми постои стимулирање за ефективно работење, реферираш за тоа што си сработил на пример и сл.

    Уште да може и платите и стандардот да бидат исти. :D

    Друг муабет. Прееска нешто гледам на фб и од десна страна некогаш има предлози за групи во коишто се додадени твои пријатели. И групава беше за размена на сликички од Животинско Царство и долу имаш информации обично таа и таа и неколку други пријателки се придружија во групата. И јас си читам онака во себе „Таа и таа and three other mothers joined“. Логичар сум бре и кога спијам. :rofl:
     
    Последна измена: 6 февруари 2015
    На Teodora*, anel, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.293
    Допаѓања:
    111.785
    Пол:
    Женски
    Пред 12 години на овој ден ја изгубив најважната личност во мојот живот, го изгубив дедо ми. Затоа денес сакам да го посветам моето битисување на него, на стариот подгрбавен човек со секогаш беспрекорно испеглан костум, црната густа коса и дебелите и длабоки бори на лицето потемнето од сонцето кое на југ секогаш пече најсилно. Дедо мил, таму кај што си горе да знаеш дека никогаш не те заборавив, секогаш ми стоиш во срцето и кога ќе посакам да кажам некому нешто прво помислувам на тебе, но знам, ти се знаеш и ти се гледаш од горе. За мене ти си оној кој ме држи да не паднам по патов кој го одам, како со невидливи конци да го обележуваш моето патување. Почивај во мир деде, но знај дека сум лута што замина пред да видиш толку многу работи кои твоето Ангелче ги направи, да го видиш успехот кој го постигнав благодарение на тебе и твојата подршка, лута сум што не стоеше позади мене додека одев кон отецот кој го благослови тој ден, како што ти велеше најубавиот ден во твојот живот, денот кога сум се родила, стана и ден кога јас и тој станавме едно, но ти не беше таму да му кажеш на отецот колку е важен тој ден. Не беше со мене кога ја земав онаа дрвена кутија со парче хартија кои го означија моето зачекорување во светот на озбилните работи, во светот на возрасните и светот на сериозните проблеми. Не, грешам, беше, но длабоко во моето срце, не до мене, таму каде што ти беше местото. Дождов денешен само ги покрива солзите кои ги пуштив сеќавајќи се на тебе. Во твоја чест вчера го направив твоето омилено јадење, во твоја чест денес ќе се напијам едно густо црно кафе и ќе се потсетам на сите убави мигови, да не ги заборавам, затоа што моите деца сакам да знаат дека нивната мајка го имала најпрекрасниот дедо на цел свет. И ги жалам моите неродени деца дедичко најмил, тие нема да имаат дедо каков што имав јас.

    Почивај во мир војниче, почивај во мир генерале, почивај во мир селанецу добар!
     
    На JuLleE, artemidis, Teodora* и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Ах, колку знаат гастербајтериве да претераат во понижувањето на сопствената земња и народ.
    Излегува дека овде малтене сите спијат на работни места, сурфаат на интернет и земаат плата за бадијала.
    Нормално е дека они таму ќе р`мбат затоа што работат на такви места, сигурно нема да ги стават на некое место каде има интерес од домородното население, каде е по опуштено и можат покрај работата да се забавуваат. Што е најчудно интернетот го сметаат за луксуз баш луге кои се во земњите кои се залагаат за тоа да и нај обичен голтар, нај сиромашниот човек да има пристап до интернет во секое време и до слободен пристап до информации..
    Многу ме нервира кога некој ќе ги генерализира работите и во еден кош ќе не стави сите како безработници, како луге кои не е*ат жива сила, каде нема никакви правила и организација, уште малку ѓе излезе дека сме дивјаци сите до еден.
    Се согласуваш со некој погоре што рече дека не сите наши гастербајтери се богати, јас би рекол 90 посто не се богати и живеат скромно, но кога ќе дојдат тука се трудат да подигнат на ниво бидејки овде е се далеку поефтино и со 100 евра можат да бидат главни во кафана, а таму ни во сендвичара нема да можат да отидат со тие пари.
    Кога некој ќе каже дека таму зема 2000 евра нас ни се чини многу, ама ога ќе видиш колкави се центе ќе ти се сврти во глава.
    Секако дека таму платите се далеку поголеми тоа не е спорно, но неможе да го исклучиме фактот дека не е исто со децении да живееш во солидни економски услови и да бидеш во земња која уште не е излезена од хаосот и постојаните закани дали ќе не биде или не.
    Што е нај смењшно, таквите фирми кои нашиве ѓи фалат и се крстат во нив кога ќе дојдат тука наместо да ја покажат грижата за работниците како што се фалат нашиве гастербајтери таму, тие гледаат максимално да ги искористат вработените за мочани 10000 денари во најдобар случај.
    Што заклучуваме од ова? Заклучуваме дека се работи само за конкуренција а не до култура и слично. Таму има помала невработеност и тој мора да му понуди поголема плата и подобри услови на работникот за да го задржи, а овде има уште 10 кои би работеле на твоето место за уште помала плата.
    Исто така не се согласувам дека кај нас нема дрес код. Има и се повеќе се практикува, не само во администрација или поголемите фирми туку се почесто и во помалите фирми, јавен превоз.....
    За крај, ќе искористам нешто што стално го кажуваат странците, вие имате нешто што го нема кај нас.
    Да, ние имаме душа, знаеме да се скараме, но знаеме и да се грижиме за комшијата како да ни е најблизок род, а таму каде што вие драги мои живеете можете слободно да цркнете да се засмрдите, комшијата нема ни да ве види, да не ви ја нарушува приватноста нели?
     
    На Teodora*, sanjaeva и Daleron им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Аууу - ангел ме расплаче.. Сигурно бил исклучителен човек!
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    @Bah чисто информативно, основната плата ми е 1.500 долари неделно, додај на тоа 30% плус за втора смена, плус дежурство, ноќна смена итн никогаш не ми била испод 1.800-2.000.;)

    Тоа министерот сега не најде сестри кај што пушаат и доктори кај што спијат, напуштиле работно место предвремено или тоа ние гастербајтерите|( го измислуваме, кај мене ни во круг на болницата е забрането да се пуши веќе 10 години а не внатре во болницата.

    Зошто батка да цркнеме?
    Толку ни љубомориш?
    За да засмрдиме треба да бидеме сами а и подобро да засмрдиш него ли да даваш отчет за се и сешто на комшијата, патем јас си имам бабичка во комшии секој ден ја ѕирнувам, нема да ја оставам да засмрди.:wasntme::lol:
     
    На tessie, anina, sanjaeva и 9 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.293
    Допаѓања:
    111.785
    Пол:
    Женски
    Кукле не да беше, и повеќе од тоа, затоа ми е криво што моите деца нема да имаат таков редо, нит татко ми нит татко му на мм не се такви луѓе кои би загинале за своите внуци.
     
    На danichap и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Проблемот е што во западните земњи таа работа си ја вршат директорите, началници на оделенија... додека кај нас тоа се користи за кревање рејтинг, но се надевам и тие детски болести ќе ги надминеме. Таму нема санкции? Секако има и тоа многу по драстични и од нив не се прави политичка пропаганда туку се сведува на ниво на техничка работа, си направил прекршок, си добил казна и тоа е тоа, нема да те има на централни вести како најголем злосторник затоа што си запалил цигара. Но демократијата се учи а тоа е долг процес.
    Што се однесува до твојата плата апсолутно не ме интересира, јас реков дека платите се повисоки, но за да се знае вистинската вредност на платата треба да се знаат и други параметри како што се, цена на основни продукти, леб, млеко, ќирија, струја, бензин, телефон, гас, .....
    Ај те молам следниот пат демонстрирај ни малку од тој западен демокрацки дух каде ќе се почитува мислењето на другиот и ќе се разговара со аргументи без навреди.Не заради мене, туку да не ја брукаш твојата нова татковина.
    Што се однесува до последниот пост на Теси, точно е дека не треба да се генерализира, но ако треба да направиме генерализација далеку похумано општество сме ние балканците од западов каде поима немаат ниту кој му е комшија ниту од каде е и што е.
    Што се однесува до изреките тоа говори дека сме мудар народ, имаме изреки од секој вид, само треба да одбереш дали сакаш да не преставиш во позитвно или негативно светло.
    Секако дека и во дамнешни времиња имало луге кои до пола ден се празеле себе а од пола сите околу себе и смислувале вакви изреки, но без негативци не е ниту едно општество па ни нашево, во секое жито има и каменчња нели?
    За да човек ја види добронамерноста на другиот треба прво тој да биде со таква мисла, џабе е мојата добронамерност ако ти ме дочекуваш со гард и во грч плашејки се дека ќе ти наштетам.
    Го спомна форумов, јас мислам дека лугето овде се прекрасно, но сакаат малку така да се прават попаметни и поагресивни кога се работи за јавна комуникација, инаку онака се навистина прекрасни луге кои сосема нормално комуницираат.
     
    Последна измена: 6 февруари 2015
    На Teodora* и Daleron им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Нема генерализации, само тоа сакав да го кажам. И ваму и таму не` има секакви. Поднебјето не те прави автоматски подобар и похуман. Како што имаше една мисла во една книга скоро што ја прочитав „Не се сите Германци лоши, ниту пак се сите Евреи жртви.“ Не можеме против генерализацијата да одиме со друга генерализација.
     
    На anina, Teodora*, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    @Bah ако не те интересира платата немаше да лупаш произволни бројки кои немаат врска со реалноста.

    Млеко кравјо органско 3 литра - 2.75
    Леб - 1.10
    Месо органско јунешко 1 кг- 11.50
    Банани 1кг - 99 центи
    Манго 3 за долар
    Компир благ 3кг - 3 долари итн итн.

    Бензин супер 98 1 литар - 99 центи (помалку од 42 денари за литар)
    Плин за три месеци сметката последна (5 члено семејство) 55.85 долари
    Струја за три месеци, сега дека централното ладење е постојано уклучено 243.00
    Вода за три месеци 32.50
    Телефон/интернет 35 долари месечно
    Мобилен телефон, планот ми е на 30 долари, со тоа добивам ајфон бесплатен, 600 минути кон сите мрежи и 200 минути надвор од Австралија.
    Кириите мислам дека се околу 1200-1500 месечно за куќа со три спални соби, во просек кучите се околу 150кв па нагоре.
    Рата за кредитот на куќата ми беше 400 долари неделно, сега немам рати исплатена ми е.

    Инаку за тоа кој колку е хуман, пишувава пред некое време дедо ми паднал, му се слошило, шеќерот му се качил, никој не го погледнал, лежел така додека си дошол при себе да го викне вујко ми да го земе, хуманост на нивоУ.
    Тука ако ништо друго ќе ти викнат брза помош пред да си продолжат по патот.
     
    На tessie, anina, sanjaeva и 9 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Ги глеам ценине и само онака тужно си трепкам. :rofl:
    За спасување и хуманост исто така не можам да генерализирам, затоа што искуствата ми се најразлични (имав еден малерашки период :D ), но знам дека и тука ми спасиле живот и една странкиња при повреда се обиде да ми помогне без да прашам, самата ми викна.

    Едноставно, како што рече и Бах, животот ни` дава состојки со секаков вкус, какво јадење ќе направиме од нив, зависи од нас.
     
    Последна измена: 6 февруари 2015
    На Teodora*, anel, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Јас ќе влетам во темата, со цел да прокоментирам нешто.

    @Bah ако веќе генерализираме за нас, Балканците од една, и "западњаците" од друга страна, за тоа каков народ сме, јас би те прашала: Дали е подобар нашиот "хуман комшилук" или незаинтересираните на запад?

    Комшивката ти фаќа белешки: кога излегуваш, што носиш, колку долго остануваш надвор, со кого се враќаш, дали си купил нешто и од каде ти се парите, дали си партиски обоен, како си дошол до работната позиција на која си и ред други прашања и подпрашања како материјал за оговарање со останатите комшивки чиј прозорец не е баш најдобро позициониран во однос на твојата куќа, па нема пристап до тебе. Но, увид во "доверливите" белешки за твојата активност и те како има.

    Западњациве ги бие глас дека се ладни, незаинтересирани, дека не ни знаат дека имаат комшии. Битен е моментот дека овој впечаток е општо прифатен и здобиен од филмовите и некој печалбар кој не е навикнат да не е центар на внимание кога излегува на работа.


    Мене лично, сеедно би ми било доколку соседката едноставно ми посака убав ден, наместо уште од самото излегување додека сум поспана, да ми постави повеќе прашања одошто инспектор при истрага. А не дека тооолку се секира за мене. :)

    Во ниту еден случај не можам да вбројам еден народ во хуман, а друг во спротивната категорија- нехуман. Се работи за поединци.
    Се сомневам дека совесна личност, која има нешто човечко и хумано во себе ќе одбие помош, доколку соседот тропне на врата и побара чаша вода, без разлика во кој дел од светот живее.
     
    На imelda, anina, Teodora* и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Апсолутно не се согласувам со тебе, ако тргнема така без генерализација и по твоево со апсолутна релативизација на се ќе излезе дека сме исти со Германија и воопшто земњите од ЕУ. Таму има бездомници и тука има, таму има богати и таму има...
    Секаде и во секој сегмент кога се прави некаква споредба мора да се направи генерализација за да се направи споредба, но за да се споредува мора да се земат повеќе параметри.
    Поднебјето и те како има влијание и се отсликува во секој од нас. Неможе да се направи споредба помегу еден Кинез, Јапонец, Американец... со еден човек кој доага од Балканот. Едноставно имаме различен темперамент, различно ги перципираме работите и на крајот на краиштата различно реагираме на одредени ситуации.
    Си слушнала да се убие Македонец, Србин.... заради притисок на работа или да поднесе министер оставка заради доцнење на воз? Секако дека не. Така да луге се луге, но секој народ како група си има своја специфика.
    @bittersweet па според ова твојата плата само на кирија не ти стига.
    Овде за тие пари само за кирија што ги даваш ќе си отплатиш сопствен стан и ќе биде твој, а не цел живот да плаќаш и пак ништо да не оставиш на децата. За тие пари тами 1 овде ќе купиш 2,5 леба Вода за 3 месеци овде за лична хигиена без полевање на бавча ќе те чини 10 евра, Струја просечно 1500 денари месечно или 25 евра, мобилен 10 евра месечно.... Да не набројувам. Секако дека таму стандардот е повисок но и цените се далеку повисоки од нашиве. Овде со 600-700 евра плата ќе живееш повеќе од нормално, а таму нема да можеш ни кирија да платиш.
    П.С Битер патем да те информирам дека доларот кај нас е 53 денари, така да 1 литар бензин кај вас е 50 денари а не 42 како што ти спомна.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Погрешно си прочитал, битер пиша неделна, а не месечна плата.
    За другото, твое мислење е што не се согласуваш, јас си стојам на тоа дека суштината е една, а поднебјето може да влијае повеќе на манифестацијата на истата.
     
    На sanjaeva, lunicka, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Bratucedami na vakvite ceni vika aaauuuu ic neubavo ona :D ne od nesto de oti skapo :D

    Inaku zdravo na site :)
    Glavata me pukna,a bre da puknese ne ke me bolese oklu :| dali od toa sto nespiev nojkive dobro ili od toa sto treba da mi dojde edna stara tetka :| lom sum...
    Plus toa misli vo makedonija:( majka i tatko sami doma dvajcata,dobri se se fala na gospod :) zdravi i zivi i veseli si se ama pak mnogu mi falat :( sestrami demek vo edna drzava sme ama pak daleku 1/2pati godisno da se vidis :| mi falat, i tie so polavi so se umot kaj niv :| umot doma kaj nas......mm so nekoi plaanovi pa kako ke bide dali ke bide.........
    Toa e covek so misli inaku nebiva :)

    Bidete pozdraveni i ubav den :) pocnav da saram nekako so glavata O:) :D
     
    На Teodora*, anina, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    I mislese avstraliski dolar koj e 42 :)
     
    На lunicka, bittersweet, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.