Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    @tessie не те даваме, нема зошто да се нервираме, уште помалку да го напуштаме форумот ради некои си наку*чени персони, дедо ми вика:
    Простотилукот нема ден за одмор.:wasntme:

    Ние најубаво да ги игнорираме, тоа највеќе ќе ги погоди бидејќи очигледно сакаат да бидат во центар на вниманието..............кои пациенти.(facepalm)

    Тема имате или..
     
    На Mama25, Annath, anina и 8 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Јас немам идеја,можеби некоја од вас има..
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ќе оговараме вечерва од другите теми.:rofl:
    Ако ни се уфрлат нека ги бришат за инат.[​IMG]
    Ќе биде после кој прв почна ММЕ.
     
    На Annath, anina, Val-Dim и 7 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.440
    :emo:
    Што да кажам а да не се пофалам Теси. Најадена, напоена...па и задоцнет роденденски подарок фанав:rofl:.

    (y)
    Празен им е стомакот, тоа е гарант:rofl:
     
    На Annath, anina, Val-Dim и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Да ви кажам прееска додека го бањав малиот, кога се затресе се, еден земјотрес не потресе, дури и перална се заљуља. Нозете ми се отсекоа. Во делче од секунда фрлив поглед кон синот, тој лежи во када, како да го изнесам, како тако мокар, под кој довратник да го ставам. :worried:
    Помина, се смири, се уште не можев да се опуштам, очекувам пак да не дојде посилно, животот го испревртев во секунда, и сфатив дека е доволна само секунда се да се сруши. Му заблагодарив на Бога на милостта, и за моите најблиски.
    Многу често се забораваме, трошиме се за глупости, а доволна е секунда да се отрезниме.

    Јас ќе ви посакам убава вечер, да си најдам некое филмче со мажето да изгледаме, одамна не сме гледали заедно.
    Ај гушнете ги саканите и една виртуелна гушка од мене :hug:
     
    На Annath, Bozica1980, anina и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Јас не осетив земјотрес во Скопје. До мене е или ????
    Боже мили ни земјотрес не сум осетила (facepalm). Сега прочитав дека во околината на Скопје бил :worried:
     
    На Annath, anina, CrazyOne и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Јас и ти што ќе осетиме земјотрес!:D
    Другите осеќаат кога одиме една покрај друга, бре тешка категорија сме. Теодорке мор сега застанувам на вагата и што да ти кажам(facepalm) од утре и попладне ќе се преселам кај тебе дома, да ме држиш под контрола.:worried:
     
    На Annath, anina, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Кучињата лаат карванот си врви:)
    Си идам, пишувам што мислам, ако ти сметам твој проблем[​IMG]
    Дали сме млади или стари.Не тиче ти се.[​IMG]
    Има тема или ќе слушаме крекање[​IMG]
     
    На Annath, Bozica1980, anina и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Ајде мор не им отварај уста на оние од другана тема :D. Каква тешка категорија, не сум го осетила од центрифугата,машината тресеше :rofl:. Дојди дојди кај мене сукало ќе те направам (hollest)
     
    На Annath, anina, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.440
    Некаде имам прочитано дека 3 одлуки се клучни во сечиј живот.
    1. Изборот на образование.
    2. Изборот на професија.
    3. Изборот на партнер.


    Што мислите на оваа тема, колку овие одлуки влијаат врз понатамошниот развиток на жаивотот.
    Дали и колки е возможно преквалифицирање и втора шанса?

    Јас се сложувам дека одлуките кои сме го направиле биле и те како фактор кој влијаел на понатамошниот развој на целокупниот живот.
    Некогаш и онаа првата, на возраст од само 18 години била одлучувачка за местото каде сме сега.

    И да целосно верувам во втора шанса за сите три, и дека со барем со 2 од три човек може да има исполнет живот и да биде задоволен со себе.
     
    На Annath, anina, Val-Dim и 5 други им се допаѓа ова.
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Учев и не работам за тоа што учев :)
    Професија (во областа на автомобилизмот)
    Партнерот го избрав сама и сама одев против цела моја фамилија.
    Мислеа дека сум млада и ја правам најголемата грешка.
    Од нивната грешката остана само нивниот грев што ми бранеа да го сакам човекот кој остави се зад себе само за една жена:) долга приказна.
    Истиот човек во добро и зло е 25 години до истата жена.
    Никаде нема совршенство, го карам, ма ги бркам, и од дома ги бркам кога ќе ми скурчи:$Одете бре прошетајте...
    Но, по некое правило ми се враќаат моите три мажи кои знаат да ми дигнат притисок а и да ми постелат патека од рози...
     
    На JuLleE, Annath, Bozica1980 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Дани сите 3 одлуки се специфични,можат да се испреплетуваат,надоградуваат или да немаат допирна точка.
    Изборот на образованието е важно,за изборот на професијата за надоградување но не е и најважен за изборот на професија.Често пати некој се школува за една професија а запловува во сосема друга во зависнот од дадената можност во моментот.
    Професијата исто така е променлива категорија,особено нели на запад кога до 40 годину се работи една па одеднаш се склопуваат некои други коцкички и се започнува со друга професија која одсекогаш била тајна желба.
    А партнерот,тоа е најлесно променлива категорија барем во денешно време.
    Некогаш одлуката од 18 е таа која го дава печатот на цел живот а некогаш претставува само погрешна насока.
    Се согласувам со тебе дека човек секогаш треба да има втора шанса (во Македонијава тоа потешко оди).Е сега ако ова се однесува на партнерот може и да треба да има втора шанса,иако сум скептична,не знам што толку драстично би се променило за да некој добие втора шанса.
    А за тоа дали ке биде човек задоволен со 2 од понудените ,зависи и од поединецот нели.Некој неможе да замисли семејство,некој кариера,некој мисли дека не може ни без едното или другото.Но генерално,да може да биде задоволен со две исполнети солуции.
     
    На Elena69221, mareane, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Може јас прва.:!::lol:
    Не сум прва.;(;(;(

    Да си кажам како дојдов до првата одлука, изборот на образование.
    Кај мене сите се поврзани некако со медицината, татко ми беше доктор, сега е професор на медицински факултет, мајка ми беше медицинска сестра, братот ми е хирург(тогаш кога се одлучував за образованието студираше), така да знаев дека сакам нешто поврзано со медицината ама не сакав да учам за да бидам докторица:lol:.
    Одлуката ми падна на медицинска сестра, кога отидов да се запишувам на колеџ (2 години високо образование) видов дека имаат потреба од бабици, земав се што ми беше потребно, вечерта се размислив дали би можела да работам како бабица и се одлучив дека е тоа, тоа што сакам да бидам кога ќе пораснам.:lol:

    Одлуката за образованието ми е тесно поврзано со професијата, сега кога не чувам деца дома, веќе 14 години работев како бабица, никогаш не сум пожалила за одлуката што ја донесов, мислам дека ја работам една од најблагородните работи на светот.
    Исто сум благодарна на татко ми кој ме остави сама да си донесам одлука за образованието, кој не ми вршеше притисок да се запишам на факултет, ми беше секогаш подршка, со тоа сега сум задоволна со професијата и работата.
    Eднаш некаде прочитав и тука мислам дека имам напишано, совршено ми го опишува задоволството со професијата, работата:
    If you find a job you love to do, you will never work a day in your life.
    Ако ја најдеш работата која ја обожаваш, нема никогаш да работиш ден во животот.

    Слободен превод.:lol::lol:

    Партнерот си го најдов на работа, уште еден хирург:Pтака да првите две одлуки ме донеле до парнерот, секоја коцка полека, полека се местеле и ме донеле до октоподот мој, ваљда ако сум тргнела во некој друг правец со образованието немало да се запознам со сопругот и немало сега сите тука да ве давам со кхм, кхм.:P:rofl::rofl::rofl:

    Заборавив да кажам дека сум задоволна со сите три одлуки, од сите сум среќна и задоволна.
     
    На Adi888, JuLleE, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Немам коментар се сум утнала во животов, па пак не се сметам за губитник. Добив многу повеќе други работи од што изгубив.
    Образованието ми беше по сопствена желба, ама во овие години само 1,5 месец по струка.
    Професии имав многу низ животот, само една неостварена која што не верувам дека ќе се оствари.
    Партнерите тотален промашај и немам намера да менувам нешто.
    Затоа пак сум убава и згодна Баба и донекаде среќна, да бе среќна сум, а зошто да не.
    [​IMG]
     
    На JuLleE, tinan, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.586
    Допаѓања:
    175.224
    Еве ме луничке...жива болна сум.....
    Плешките ме болат,одвај се избањав....во грлото како вулкан да имам....
    Главата тежи.....
    И прстите болат,ама ај ...да те испочитувам,еве пишувам,,....поздрав...одам да ве почитам малку....
     
    На Annath, Bozica1980, Teodora* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека изборот на образованието,професијата и партнерот имаат влијание на натамошниот тек на нашиот живот. Секоја одлука има влијание, но можеби овие се клучни избори. Само не сум сигурна дали и покрај тоа што ќе успееме да го оствариме тоа што го сакаме ќе бидеме исполнети и среќни. Избрав да студирам економски науки,дипломирав и дури после 10 години успеав да најдам соодветно работно место. Во тие 10 години постојано размислував дека подобро ќе беше да завршам средно и веднаш да се вработам. Е сега после 10 години излезе дека не бил џабе факултетот,ама до тогаш :@. Во државава може да си избереш образование,ама на кое работно место ќе работиш (професија) многу тешко. Сакав да работам како финансов инспектор,ама шансите за тоа беа минимални. Се откажав,а сега си ја засакав работата. При толкава невработеност муабетов би ми бил преку леб погача барам.

    Изборот на партнер ми беше ок, си функциониравме нормално,ама ете божја волја.....
    Никогаш не е доцна за преквалификација, доусовршување и втора шанса, само треба да се има можност, храброст и желба.
    Не сум згрешила во ниту еден избор, од трите имам две,едното додека сум жива ќе фали, ама сепак сум среќна затоа што сум го имала и имам плод од тоа за кој вреди да се живее :inlove:
     
    На JuLleE, Annath, sesilija и 16 други им се допаѓа ова.
  17. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    3144735qdhi754v.jpg
     
    На Teodora*, Annath, Daleron и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    62.111
    Три клучни одлуки во животот - образование, професија, партнер...
    Да (y), тоа се основните одлуки кои ни го одредуваат животот!!! Доколку сме „утнале“ некоја од овие одлуки, секако имаме ВТОРА шанса, не е крај на светот 8)...
    Јас сум од „среќниците“ што се им се „погодило“ :)!!! Образованието си го избрав сама и имав среќа да работам „во струка“... Дури имав среќа и да се усовршам во сите области од мојата професија (y). Се што е карактеристично за мојата професија, во различни периоди од мојот работен стаж - го работев... Ехххх, си знам се!!![​IMG] Третата клучна одлика - партнерот си го избрав сама и веќе 26 години ми е „партнер“ во се - во добро и лошо[​IMG] !!!
    Ах, среќа, среќа, среќа....
     
    На Teodora*, Annath, ozbilnazena и 8 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    279.667
    Пол:
    Женски
    Образованието го избрав случајно односно кај беше можно без пријатели да се запишешДодека студирав и после мислев дека никогаш нема да се вработам по струката(поради многу кадар) Но ете работам баш по струката и си ја сакам работата но несигурноста за задржување на работното место и постојаните реформи ми ја одмилеја професијата.Партнерот го избрав многу млада но никогаш не се покајав.Овие три работи се навистина важни но и без некое од нив може да се биде задоволен а и обратно.
     
    На Annath, ozbilnazena, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    62.111
    Уфф, штета што утре е понеделник - сакав да се дружиме во „трета смена“ :D 8)

    . 3603968.jpg
     
    На Teodora*, Annath, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.