Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Еден од оние денови кои ми се најомразени, заушница.
    Оваа година дека рано а и тетка ми вика дека Св Трифун не се одело на гробишта па за попладнево се спремам за на гробишта.
    Од сабајле печев посни колачи, кифли, лепче им носам во црква на жените, купувам и кафе, сокови носам за во кујната па жените го раздават на кого треба.
    Никогаш нема да разберам од каде тој адет да се јаде на гробишта, да се раздава за душа, за чија душа?, многу мизерна работа ми е тоа седиш на гроб и јадеш.:(
    Туку нема што да се прави, таков е адетот и му се придржувам, ако не носиш ќе те јаде јанза, може стварно нешто има, ако носиш мизерно ти е што седиш на гроб и јадеш, damned if you do, damned if you don`t, работава.
    Ништо посебно не кажав да се истужам малку да ми олесни на душата.
     
    На Teodora*, ozbilnazena, Mama25 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    @bittersweet потполно те разбирам.
    Воопшто не ми се допаѓаат овие адети.
    Некако ептен без врска ми се.
    Пред Година и пол како почина блиска особа, млада, на погребот луѓево си муабетеа рандом муабети, па за првите задушници гледаа што се ставило на гроб, што се донело за раздавање, абе пристотилак.
    Дојди запали свеќа и помоли се за душата на покојниот. Нека ми прости господ, ама ни јадење им треба, ни пиење. Само молитва за душата. Телото го нема.
    И најмизерно ми е кога некој што доаѓа на погребот во ковчегот става чоколада, како демек овој да му ја однел на некој нивен што починал како поздрав.
    Јас ич несакам вакви работи да прават и за мене иќе им кажам од сега. Маж ми вели не си нормална, не се замарај.
    Малку и јас забегувам ама стварно не сакам вакви работи.
     
    На Teodora*, Mama25, elisabeta и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    ;(;(;( Го нема, само ја отворило вратата кога мајка ми била во двор и залутало најверојатно со улични кучиња го немааааааааа:puke:
    Отруена сум и јас и малата, денес пак ќе го бараме, може е низ населба ако не го собрал некој.
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со вас за мислењето со вас за храна по гробишта.Еден од нашите најглупави обичаи.Така е кога секој од нас слободно си интерпретира како да се однесува.И правење непотребен трошок и малтретирање.Дури човек сам не реши да прекине нема да се застане со примена на овој обичај.И јас денес по гробишта.
    @Daleron да си го најдеш кученцето.
    Убав ден дами.
     
    На Teodora*, bittersweet, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    Добро утро,
    еве ме нема па сега ме има ;).
    не одам по гробишта кога треба туку јас кога сакам. давачки и слично строго пакувани, на 40 дена и ако неможам да отидам давам на комшии и на работа, или го правам омиленото јадење на тој што починал.
    така да се се сведува на тоа што ќе речат другите дали некој бил или не бил на гробишта. Почитувај го човекот додека е жив, дај му да јаде, да пие, сакај го, а кога ќе почине чувај го убавиот спомен од него и не го гази тоа што те научил.
    Ајде времево ветува за викенд викаат до 12 степени и сонце и денес е петок утре е викенд јупиииии.
     
    На Teodora*, anina, Mayyya и 4 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.763
    Пол:
    Женски
    Ова со носење разносување за задушница не знам што да кажам, и верувам и не. Ќе ви ја раскажам приказната на баба ми. Додека уште беше при себе тоа. Дедо ми откако почина баба ми кој што правеше чорапи на сите ни купуваше, за сенка на дедо, да му се најдат горе... Е арно ама во село дедо ми имаше еден човек со кој многу се дружеше пред да умре и набргу после дедо умре и тој, некои 6 месеци потоа, а за тоа време баба ми даде може 300 рала чорапи по луѓе, пола пензија за чорапи ја даваше. Откако умре човеков жена му сонува сон, по една недела и баба ми го сонува истиот сон, се шета дедо ми и го среќава човеков бос, со кондури а без чорапи, го прашал кај му се чорапите а овој у рекол дека жена му не му пратила кога тргнувал на пат :?: Дедо ми му рекол да појде со него бидејќи он има многу чорапи и му дал на човеков. Се сретнале после сонов баба ми и жена му и која попрво да го раскаже сонот, излезе дека и двете исти сон сонувале, а на жената и текнало дека не му ставиле на човеков чорапи во сандакот, нити пак некогаш дала чорапи за сенка. И ај да те видам не верувај а? Имам уште една уште појезива приказна исто од баба ми сон сонуван, на гробишта им се појавило куче додека давале за душа, жената чијшто маж бил закопан тука замавнала по кучето и му ја скршила ногата, баба ми само рекла за греота кучето и си заминала кај дедо на гроб. Вечерта го сонувала мажот на женава гладен и куца, и рекол на баба ми дека жена му му ја скршила ногата и дека и е сега лут, ем гладен ем сакат го оставила. Ова вторава ми е ептен језива приказна, ама некако ме тера во потсвеста да мислам дека да има нешто таму горе, или кај и да се наоѓа царството господово. Муабетот ми е, соновите и потсвеста си работат, може и да нема ништо, ама јанза ќе те изеде, поготово ако се работи за некој ептен близок. Но факт е, од умирачката се прават циркуси и церемонии и тоа не чини. Ќе појдам на гробишта, ќе и однесам на баба му на мм цвеќе и нешто за душа, долго време не ни даваа да одиме на гробишта дека тазе земени, ама па душата ти сака, поготово што ја сакавме многу баба му.

    Петочки муабетов ни тргна, мене малце ми се враќа енергијата која ја имав попат загубено. Имајте убав Петок 13ти и Валентај за оние кои слават :*
     
    На Teodora*, ozbilnazena, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    [​IMG]
    Да се надоврзам на мислењето на @vinozito1 ... за нашите институции.
    Пред извесно време добив покана за во Јавно Обвинителство ... да дадам изјава.
    Ај што не знаев каде е :x, туку у кога се обидов на телефон да добијам одговор, не добив. Имено, се уклучува авт.секретарка: Ако го знаете локалот, бирајте.... :envy:...а ако не го знам?
    Како и да е тргнав на слепо. На мапа ми покажува, кај МКЦ. Одам таму, викам ај кај судовите некаде е ... ама не се снаоѓам баш. Во една кола на паркингот стојат полицајци. Се извинувам, каде се наоѓа... И ме упатуваат кај апелација. Арно ама таму не е.
    Случајно прашувам еден човек, така ми дојде како да е адвокат и да мора да знае ... па не знаеше, па прашува друга жена ... и ме упатуваат на права адреса, втората зграда (од новите) пред МНТ.
    Конечно стигам таму, со 1час каснење.
    Две стаклени врати, не избришани од како се поставени.
    Помислувам (бидејќи истите немаа намера да се отворат) пак утнав.
    Кога по 20-30 сек се отвара едната врата.
    Влагам, мал ходник и повторно 2 стаклени врати (плачат за бришење)
    Стојам како ретардирана пред нив... не мрдаат.
    По некои 12-тина секунди погледнувам на десно и гледам застаклен шалтер (не упадлив, веќе знете зошто).
    Многу ми е криво што го налутив Обезбедувачот, со тоа што помислив дека е портир или модерно - инфо шалтер. Не бе, тој е обезбедување и везе нема со ништо, И ОН ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ДОБИВАЛ НА МОБИЛЕН, А МОБИЛЕН НЕ СМЕЕЛ ДА МИ ДАДЕ ...... Вау, ваааау која ѕверка. :emo:
    По некој ден ми се јавија и повторно отидов. Експресно... па знаев каде одам ;)
    Девојчиња мои, да знаете само колку е прљаво (ова ми беше муабетот, ама си викам ај па можда некоја не знае каде се наоѓа па ќе раскажам се). На долниот спрат има широк округол хол и соби за преговори. На чело полукружен ѕид украсен со некои камења, вистинска уметност. Убаво осмислено.
    Греота е толку убав објект така да се запоставува. Море и срамота е....
     
    На Teodora*, ozbilnazena, lunicka и 11 други им се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Jaс си помислив дека упагам во нарко дувло :tmi:уште шприцови и игли фалеа . додуша за наркомани ни не знам ама со оглед на услугата којзнае.:!:Мора да се превземе нешто,зошто утре таму ке работат наши потомци.Затоа јас се спремам да го изразам моето незадоволство во некоја кутија.Се надевам дека само поплаката ќе дојде во вистинските раце и ќе се освести некој дека навистина сме за жалење.
    Така ни и треба.Кога се правиме дека не гледаме,слушаме, дека напредуваме...абе во се први.Која гужва е кога нешто е без пари, а за доброволна работа не може да стане ни збор.
    Не знам навистина ,ако јас сум вработена таму како книговодител нема да ми биде ништо да земам да заметам некој ден.Па леботот го јадам од таму.Со кој памет(lalala)
    Државна институција е одраз на граѓаните што живеат и работат во неа.На нивната општа култура,степен на образование,начин на живење.

    Задушница и обичаите и мене ми се језиви.Се обидувам да ги почитувам барем малку.
    Важно е човек да не се одели од својата вера и религија, зошто така би бил изгубен.
    Затоа се трудам колку можам ,колку знам.
    Денов сончев само за чистење.:)
     
    Последна измена: 13 февруари 2015
    На Teodora*, ozbilnazena, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    62.111
    CVECE-KORPA.jpg
    [​IMG]Цвеќе, убаво, нежно, прекрасно... Го сакаме сите, го одгледуваме, подаруваме, примаме за подарок... Како деца со љубов го баравме и беревме по полјанките, правевме венчиња, му киневме ливчиња - ме сака, не ме сака... Како возрасни го имаме во дворовите, на терасите, дома... За секоја пригода сакаме да има цвеќиња околу нас!!! Но, дали и колку го знаеме значењето на цеќињата??? Дали знаете дека секој цвет носи некоја своја тајна порака??? Секако дека секоја од нас го знае значењето на барем неколку цветови...
    Пред неколку дена ја дочитав книгата „Тајниот јазик на цвеќињата“ и се воодушевив од тоа како може некој со само еден цвет да прати порака на љубов, искушение, тага, омраза... И секако научив кој цвет за која пригода одговара... Еве дел од „тајниот“ јазик на цвеќињата...
    Бршлен - верност, бегонија - внимавај, качунка - младешка радост, кокиче - утеха и надеж, јаглика - детство, јасмин - љубезност, јоргован - први љубовни чувства, каранфил (турски) - кавалерство, катанфил (жолт) - презир, каранфил (црвен) - срцето ми се кине, каранфил (бел) - прекрасно и мило, кала - скромност, камелија - мојата судбина е во твои раце, крин портокалов- кокетирање, лале - скромна изјава, лотос - чистота, момина солза - враќање на среќата, лаванда - недоверба, нарцис бел - почетоци, невен - жалост, орхидеја - префинета убавина, папрат - искреност, перуника - порака, роза розева - грациозност, роза жолта - неверство, роза црвена - љубов, рузмарин - спомени, темјанушка - мисли на мене, хризантема - вистина... :f: :f: :f:
    Поздрав до сите, имајте убав сончев ден...
     
    Последна измена: 13 февруари 2015
    На Teodora*, ozbilnazena, lunicka и 13 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.440
    Му кажувам на мојов за Значењето на Св. Трифун кај нас.

    Ама за пиење секако не ме бивало, а ни од Св. Валентин аир се немало|(.

    Цвеќето ќе овенело, пари сум имала што сум сакала да си купам...па ете ќе ме однесел пак во наш ресторан ќебапчиња да ми купи]:).
    Барем ќе ми се фанеле за га*от. Така некој аир од празнициве. :rofl:
     
    На Teodora*, ozbilnazena, anina и 14 други им се допаѓа ова.
  11. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Добар ден девојки, веќе е пладне а јас второто кафе го тегнам.

    Убав е денот @vinozito1 , ама баш за чистење?^_^

    IMG_220883101666680.jpeg

    Не ми се чисти, ми се шета:D

    Адетите по цркви, гробишта сеуште моите ги прават, а јас кога можам одам, палам свеќа.

    Инаку за утрешниот празник ние прво св.Трифун го славиме, со друштво во кафанче, а потоа ако сме во состојба и св.Валентин ке го прославиме.:lol::lol::lol::inlove:
    Ќе добијам и некој поклон де, само што ретко тоа е изненадување. :lol: Порано го оставав маж ми да ме изненади, ама скоро секогаш непријатно ме изненадувал, :(, или со долна облека(два броја поголема), или парфем што не можам да го поднесам, а мислејќи дека ќе ми угоди знаејќи ја мојата најголема љубов и книги ми носел. Сакам книги, ама " Кој ќе плаче кога ќе те нема", за таков повод? :o Ама маж е де, не му се замерува:D, само се научи да прашува, фала богу, па сега помалку утки прави.:lol::lol::lol:

    Имајте убав ден
     
    На sanjaeva, Teodora*, ozbilnazena и 9 други им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    ^
    Сега ме замисли навистина ако некој еве знае симболика на цвеќиња, а јас врска немам, дај од овие жолтите, и испадне работа наместо среќен роденден јас викам те мразам :o

    Мене час маж ми ќе ме носи на вечера и театар. Утре дека имало гужва а јас дива подивеана и не можам да трпам народ :wasntme:
    Лозјето, еден ластар имам во двор и не дава грозје, ама за адет го кројам секоја година, ако не врне, ако врне виното потурам директно во уста :drunk:
     
    На Teodora*, ozbilnazena, anina и 11 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.423
    Допаѓања:
    279.654
    Пол:
    Женски
    Е многу празници бре утре и Св трифун и Валенрајн И Задушница утре се паднаПа и на работа поместивме едно славење за утре е ај сега ај сега стасај секаде да појдиш и да одбележиш.Би сакала на гробница да појадам кај татако ми ама не можам оти тогаш и на работа сум оти кај нас и кога се слави е задолжително.А за останатите празници ќе се напиеме некое винце а може и колачи ќе одмрзнам;)
     
    На Annath, imelda и Val-Dim им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.358
    Пол:
    Женски
    Хелоу девојки... не ми замерувајте, не ми се пишува некако... ама ветувам, наскоро ќе бидам поведра и ќе ми се врати оптимизмот. Монотонија и депресија ме мава, и покрај сонцево. Ама ете, пролет ќе дојде наскоро и ќе се дише полесно.
    Имајте убав и исполнет викенд!
     
    На Teodora*, ozbilnazena, anina и 7 други им се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Му реков на мојот Попај
    Нема кхм,кхм,кхм:tmi: оти си лош.]:)Така му и треба кога не разбира фемински:talk:
    и човекот :wasntme: |-)
     
    На sanjaeva, Bozica1980, anina и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    ;(;(;(;(;(;(
    SDC17463.JPG
     
    На sanjaeva, Teodora*, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.763
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам му купив на маж ми поклон за Валентајн, уствари за Трифун е, да не лажам....

    [​IMG]

    Е така утре вечер ќе се напиеме, ќе направам убава вечера и ќе запалам свеќи, ќе исчистам убаво, ќе биде се како што треба. Само да не му текне за промена он мене да ме носи некаде па да биде за џабе планови. Не знам дали сум ви кажала ама во последно време маж ми е многу романтично расположен, дури ми рече и дека бил многу вљубен во мене. Е сеа или има шваљерка па ме мота или ова слабеењево навистина се исплати. И јас дефинитивно излегов од оној мрачен депресивен период, сега сум задоволна и полна енергија, дури и сексипил зрачи од мене, повторно по забелешка од мм :D Е така, ви текнува дека пред 2 години се жалев дека е циција? Е така мажето мое, се смени за неговата женичка, на арно на убо :D
     
    На ozbilnazena, anina, Val-Dim и 17 други им се допаѓа ова.
  18. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    Еве за Чао нешто малку, оти цел викенд ќе ме нема.
    не славам Валентин, Трифун обавезно ама вообичаено со другарите одиме на пијанка, малку скокнуваме некоја година зависи кој кога бил во блажена состојба ама годинава ептен сме се настрвиле :P
    не барам подароци не очекувам подароци. фала богу му текнува во најобичен ден со нешто да ме изненади така да освен за нова година или божиќ другите датуми ни се секој ден.уживајте во убавиот викенд и ајде нека биде топло и со сонце.
     
    На Teodora*, Annath, anina и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Добар ден дами,

    Ве нема нешто да ве читкам денес?! Изгледа се спремате за утре, а? :lol:
    Ние за ништо не се подготвуваме. Ќе си се релаксираме по дома, па малку на гости и толку.

    Кога сме кај задушниците, да ви кажам искрено го делам потполно вашето мислење. Од носење храна по гробишата се направија цели свадби (facepalm). Особено еден парастос каде бевме пред извесно време, мислам дека никогаш нема да го извадам од глава. Абе кебиња, јоргани, чевли... не знам ти што, цели бовчи како за на свадба се раздаваа за душа. Страшно! Разбирам болка, разбирам загуба и секое едно нешто, ама ова, ова нема никакво објаснување. А за Духовденската задушница, да не зборуваме. На гроб се одело со јадење, да јаделе мртвите. Тешко нив со нас! Им се плаче на тој ден им се кука сигурно што не гледаат од горе. Па цели прасиња и јагниња печени на фурна им ги носат. Кога ќе ги распостелат по тоа гробовите, мислиш шведска маса, некоја коктел забава се прави :tmi:. Значи колку е големо нашето не знаење!
    Колку за информација, раздавањето за душа навистина настанало во раните векови, ама настанало со друга цел.
    Имено некоја монахиња пред да се замонаши направила некој голем грев. Цел живот го оплакувала тоа и никогаш не пронашла макар и мало смирение на душата, дека Бог и простил. Сите други сестри од манастирот и го викале спротивното, но таа била многу тажна заради тој свој грев. Живеела вистински свет живот и дури се удостоила за Бог да и го каже и денот на нејзината смрт. А тоа е само еден знак дека Бог и простил, иако таа се чувствувала сосем спротивно. Затоа пред својата смрт им кажала на сестрите за кога се упокои и го предаде својот дух на Бог, тие да дадат милостина во нејзино име. Па после погребот или пак за 40иот ден да ги соберат сите сиромашни од околината и да им поготват ручек. Со овој мал гест самата монахиња сакала да се даде на сиромашните во нејзино име храна, мислостина, а со тоа да се направи едно добро дело во нејзино име и по нејзината земна смрт.
    Суштината на овие редови е дека ние денес сосем погрешно ги толкуваме сите нешта. Да, треба да раздаваме за душа, но не меѓу себе, туку на сиромашните. И додека сите ги напаѓаат сиромашните Роми кои шетаат по гробовите и бараат малку храна, самите луѓе не сфаќаат дека баш тоа што тие би го вкусиле тоа во очите на Бог е мило и убаво. Да се нахрани една сиромашна душа, значи и едно големо добро дело за починатиот што тоа навистина ќе му биде од полза него.


    Истото е и за самите помени на гробиштата, за опелото во црквата што се прави пред да се положи телото во земјата. Сите гледаме и слушаме како пеел отецот, па дали добро испеал и ред други нешта, а не сфаќаме зошто фактички сме таму. Не сфаќаме дека тоа наше присуство таму значи многу. И ако сите тие 50-100 луѓе кои се присутни на тој чин кажат само една искрена молитва во себе, Бог би и простил на таа душа исто толку, па и двојно повеќе гревови. Затоа и сите одиме на тие чинови, да се молиме заедно сите, еднодушно за покој на таа душа.
    Но ете... Пак ќе речам кај нас се’ обратно се прави.

    Затоа ако сте во можност давајте милостина на сиромашните. Направете и мал гест, да не се лутат и да бидат повредени другите, но подобро нив дадете им што е можно поскромно, додека на сиромашните дадете им двојно повеќе.

    Ние конкретно и така правиме. Одиме на гробишта за задушниците, правиме 2-3 малечки пакетчиња од леб, сиренце, маслинка,,, што било за да дадеме на неколи околни гробови и толку. Додека дома, во соседството имаме вистински сиромашо семејство, па се’ преостанато и многу повеќе се трудиме да му даваме нив, ама вистински да се даде за душа.
    Поентата на милостината е што со тоа сиромашниот човек и потајно се моли за душата на починатиот и уште повеќе пак за живиот кој дал милостина тоа би значело еден голем благослов :).

    Извинете што ве измалтретирав со објаснувањава :$ .
    Ви посакувам убав викенд.
    И помалку со :beer::d:, да не ви се заврти во глава:drunk: :wasntme:.
    Мала шала ;).
     
    На sanjaeva, Teodora*, Bozica1980 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Абе ние паметни сме во Македонија си даваме за душа натиго дајмиго ,а во англија и другите држави кои исто така се христијани тие нели не се паметни како нас да даваат за душа,еј бре македонски народ што не ке измисли да се прави .Три дена му носат ,шест недели па и кебина за душа да не му било ладно ,простотилуци не видени ,ексик [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.