Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Чујте и почујте татаратааааааааа министерката за внатрешни органи (цревата не ми ги бива нешто, штрајкуваат) се јавува денес.
    Од денес воведов нови реформи и кодекс на облекување. Сите во миниЌи да видиме кој кака гаќа носи и дали има француска фризура.
    За не фризура 30% од плата да си знаете.
    @referentka Премиерката си ја сунча некаде на Халкидики убав помин, не не не лижам газ, јас само онака да упатам еден подздрав. [​IMG]

    Животна средина да се јави под итно ова центаров ни стана Дрисла (дрисканица) и Ве молам ако некој има шатор да ми подари, не го употребувам за други цели, ми треба за по риба кога одам, случајно да не заврне.
    Едит; да не утнав јас нешто со моето дете????????????????
     
    На referentka, Serafima, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    @Daleron , од шатор имам само шаторско крило, али ако сакаш еве ќе те честам една камп-приколка. Е сега има една мана, на трупци е, тркалата биле употребени на времето за некој нов изум на дедо ми, али врши работа.
     
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    62.102
    Девојки, постот на @Gea ме потсети на една случка од пред 20 години кога постариот син имаше 5 години и одеше во градинка!!!
    Се шетаме низ маало, тој со велосипед со помошни тркалца, а јас нели трчкам по него :D... Група девојчиња играат ластик на една улица... Тој застанува, кажува „здраво“ на едно девојче од градинка, ја муабети едно пет минути... Поаѓаме и после кратко време пак застанува и ме прашува „Мамо ке можеш ли ти ти да чуваш две мали деца дома?“ Си помислив дека веќе сака братче или сестриче и му реков ДА!!! Е, добро, рече, тогаш да си ја земеме С... дома, толку многу ја сакам па кога ја видов ми дојде да ја бакнам !!! Незнаев што да одговорам (facepalm)!!! По некое време учителките во градинка ми кажаа дека син ми и С... се бакнувале тајно под клупа :lol:!!! Поминаа две години и децата пак заедно, но сега прво одделение... Син ми веќе имаше друга „љубов“, но С... сеуште го симпатишеше... Со ситни „закачки“ го манифестираше тоа... Но, и неа и помина!!!
    И ден денес на настанов се смееме сите дома, но и С... се сеќава... Денес се само другари...
    Ееее, колку убава и невина е детската љубов (y)!!!

    Demotivacija-Prvi-poljubac-davno-zaboravljen_.jpg
    Девојки, а ние од околу и преку 40... се сеќаваме ли сеуште на првиот бакнеж 8)???​
     
    На kjukli, Serafima, galapce и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Хаххаааахаха на мојов му викам вчера најдов на реклама 5 или пазар 3 не е важно убав дај да го купиме, а тој;Ти луда ли си ма низ центаров распослани какви сакаш ,а ти бараш пари да трошиш.[​IMG]
    @Gea благодарам на понудата, ама ние спиеме на отворено, тооооооооооооооп жени, баш ми е гајле од разни гмизавци.Имаме еден ама не мрзи да го монтираме, сакаме оние како кечиња што се.
    Едит; @Val-Dim појма немам не се сеќавам вчера што јадев, а не на првиот бакнеж.
     
    Последна измена: 20 мај 2015
    На Annath, mareane и Val-Dim им се допаѓа ова.
  5. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Ех девојки, ме потсетивте:)
    Првата љубов на син ми во градинка. Девојчето пред сите деца му кажало дека го сака, а тој зел коцка и ја погодил над окото. Па и отекло местото:(. Дома не кажа ништо, нити пак воспитачката тој ден ми кажа. Го носам другиот ден во градинка и воспитачката ми кажува за случката и дека мајката сакала да разговара со мене. Оф леле, реков, жива срамота девојчиња зедовме да тепаме(facepalm). Се јавува мајката и јас се извинувам, а она ми вели ама добро тоа, девојчето најмногу ја погодило што пред сите и рекол не ја сака|( Дооообро:D. Па советување дома дека не смее да се тепа со никој, нити предмети да фрла, а посебно не по девојчиња. И друг пат да не ја срами пред сите, на само да и каже:D. Ама потоa и тој се заљуби во неа. И траеше до второ одделение, девојчето си замина и еве тој уште нема кажано дали има нова љубов:D
    Инаку мене прв пат љубов директно ми изјавија на извиднички камп во петто одд.:). Дотогаш беше се, овој те сака, оној те сака:). На кампување, два дена пред враќање дома, еден дожд кога фати, сите шатори се поплавија, само нашиот остана сув. Па ни сместија во шаторот 3 машки и тоа мојот симпатија( не ми се верува ни наставниците како размислувале тогаш:)). Легнавме еден покрај друг сите наредени, и тој легна покрај мене ми рече те сакам и ме бакна во образ. Цела вечер не заспав:inlove:, од возбуда:lol:. По два дена кампот заврши и толку беше од мојата љубов:D, беше од друг град, ама ми пишуваше уште две години потоа:)
    Нема ништо поискрено од чиста детска емоција.

    Ех, сакам пак да сум дете;(
     
    На kjukli, Serafima, galapce и 16 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ти млада дамо само во твој ресор нареѓење да даваш, така да си знаеш :)
     
    На Annath и Daleron им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    Што ви е бре жени, и на ФБ во една група се раззбореа за први и бивши љубови. Се сеќавам, ко бел ден. Анел и мојот прв бакнеж беше во извиднички камп, со еден Ване од Скопје :drunk:
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    :bow:Благодарам за тоа млада дамо.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Ола секси лејдис.:hai:
    Видов власт и одма ме снема, се впуштив во трошење народни пари........министерска работа.:rofl::rofl:
    Се зезам, се зезам, не трошам пари работам напорно на нови реформи не можам да најдам време за себе.

    @Daleron ќе носам миниЧ ич око не му трепнува па кога ќе се наведнам да ми се видат секси гаЌа........па, па, па, сите состаноци ќе течат глатко и без проблем.(hollest)
    (hollest)

    Мене не мора да ми одземаш 30 % фризура секогаш е средена, горе не толку колку доле.:P
    :rofl::P:P

    Децава се цепажи со љубовта, Матео еднаш сакаше да граба едно девојченце во самопослуга....љубов на прв поглед.:l::l:

    Лелееее јас се сеќавам на првиот бакнеж, ужасен беше, целата ме излигави како оние кучињана боксерите, не ми текна некој да бакнам после една година и више никој друг да бакнам.:*:*
     
    На kjukli, Serafima, galapce и 16 други им се допаѓа ова.
  10. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    Е, жени, штом тргнавме со евоцирање спомени, еве една случка и од мене (малку поразлична, а во исто време и одговор на г-ѓа министерка од внатрешни;) што ме прозва).

    Во основно често не´ носеа на еднодневни излети, некаде во околината на градот. И ден денес не ми е јасна едукативната страна на тие излети, единствено се сеќавам на општата радост од губењето настава, а со малку повеќе среќа и по некој тест. На еден таков излет, некаде во шесто или седмо одделение, како повеќе се празнеа ланч пакетчињата на секое дете, така и малата шумичка се´ повеќе заличуваше на мини депонија. Ниту наставничките реагираа, ниту децата се притресуваа за ѓубрето наоколу. А, јас тогаш веќе искрено верував во онаа „Мисли глобално, делувај локално“ и без многу чудење, извадив две пластични ќеси и почнав да собирам се´ по ред. Единствениот коментар што го добив тој ден, од едно помало девојче (со доста надмен тон), беше: - О, па ние сме си имале и чистачка...:?:

    Ниту тогаш ме фати срам од моите убедувања, ниту сега ми е срам.

    Што сакав да кажам со муабетов? Цело министерство веќе е во акција...:D:D:D Волонтери од вашите министерства има?
     
    На kjukli, Serafima, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    Мојата прва љубов беше во петто одделение.Колку бев затрескана брее,се потресував кога поминував покрај него.Почнуваше револуција,струја да ме дрма.А тој пишуваше секој ден љубовни писма,гарант некој му помагал зашто на таа возраст не можеш да склепаш такви писма.Интересен беше начинот на кој ми ги праќаше.Имавме часови по математика во кабинет едно одделение по друго и седевме на исти места.Доволно беше да го напипам заглавено во клупата.:DИ одавезно слатки пораки со молив напишани кои имаа краток век,зашто мораше да се избрише да не дознае некој.И така, секој ден по едно.И си траеше тоа едно 2 месеца ,се насобраа писма кои не сакав да ги фрлам,туку грижливо си ги скрив во мојата соба.Ама татко ми,ме приметил дека летам во облаци,се впуштил во потрага и ги нашол писмата.И ги покажал на Маман,а таа ме направи од урда подолу.Лелеле,кога ме фати еден срам,како јас сум се осудила да сакам некого.:o.Па едно чувство ме фати како да сум предала некого (всушност тоа беше наметнато од мајка ми).Одма прекинав контакт ,дечкото после прати уште две три писма и толку беше од нашата платонска љубов.
    Првиот бакнеж со првиот дечко.И тоа во прва година средно во ова време некаде.И не бев одушевена зашто очекуав нешто кој знае што.Брзо му заврши мандатот.:rofl:
     
    На kjukli, Serafima, Sky-butterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам се сеќавам:D на првиот бакнеж:*
    Ме бакна во маало играјќи жмурки:) било је то давно, била сам дете.
    Падна првиот бакнеж и на озбилнава патиките до тилот од трчање и дојдоа:D
    Леле ко ќе ми текне колку солзи пролеав во скутот на баба;(;( .
    Јас го сакав Саше а Боби ме бакна пред Саше.
    Три дена не ми зборуваше, лут ми беше зошто ме бакна Боби.
    И ја сум за миниЧ, е сега не до пич:)онако мало изнад колена(hollest)...
    Нели работам со мажи, ни работа ни состанок нема да истераме ако секси гаЌа покажам:wasntme:
    А фризурата:$ горе може да поминам и разбушавена, ама теткица јебеш бре фриз по најнова мода:$

    Одам кај внукава во салон за разубавување на дууу....е и една од жените дошла со свекрвата:D
    Уз пат и било. Ај добар ден жени!„
    Е добар ќе ви биде ко ќе ги дигнете нозете и маца без бркови ќе им каже мјааауууу:D
    Свекрвава де:bandit:


    .
     
    На Serafima, Sky-butterfly, Val-Dim и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Мојот прв бакнеж...разочарување. Бев подготвена за огномет, спектакл, блажено чувство, а добив центрифуга. А колку беше убав...ама поим немаше од бакнување. Далеку од тоа дека јас бев експерт, ама очекував филмски бакнеж. За жал мојот Холивуд се претвори во Боливуд, па една недела измислував глупави причини за да му раскинам.
     
    На kjukli, Serafima, Sky-butterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.235
    Пол:
    Женски
    Се мислев кај да го ставам прашањево и ми текна дека петок после работа одите по кафани :D Предлог за фина кафана со жива музика?
     
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.426
    Допаѓања:
    262.490
    Пол:
    Женски
    Сеа @tinan ќе каже :):party:
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @marama мене ми е многу убаво во Фурна. Ако си од скопје.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.235
    Пол:
    Женски
    Да, од Скопје сум.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Зависи што тип си, ама тука има супер амбиент и обично староградска музика..
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.426
    Допаѓања:
    262.490
    Пол:
    Женски
    На матура сме во петок кај внука на мм. На матурска не сум била од мојата, што да купам....Немам многу време за шетање.
    Глеав по каталозиве на парфимерииве има и сетови и попусти ама да не се брукам. Ај кој е поупатен нека помага.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Пари! колку што си мислела поклон, дај и пари.
    Или купи и има многу убав сребрен накит со сваровски кристали. Има едно дуќанче во чаршија, има и во сити мол, одма пред Ваикики.Ги има и на интернет, до дома да ти донесат, ама морам да проверам како се викаа..Ова ми е многу елегантно и ептен за секоја прилика ако одбереш убава неутрална боја на кристалите.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.