Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Мислам дека нема човек во Кисела Вода што не му се превртуваат црева од тоа Три круши.
    5 клупи ставија, а се понашаат небаре Дизниленд направија :?:
     
    На Peco, Annath, Lady Phoenix и 10 други им се допаѓа ова.
  2. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Само што си дојдов од систематски
    се убивме од чекање, па кај организираат, па уште има и со мој термин, нозе ме заболеа
    и на крај,интернист ми вели каменциња у жолча, ја ваква:(, од кај сеа,уфф се разочарав, па само што легнав, тоа ми го кажа,и одма ми вика на операција да си одиш,чекај бе чоек како ми соопштуваш,дигни ручна малце, во преглед од 2 мин од памет ме извади
    офф и сега морам да си појдам на второ мислење, и да видам што како
    у среда па не се работело,ден на дрво
     
    На DVAANGELA, Annath, Lady Phoenix и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.085
    Пол:
    Машки
    Хаха точно така
     
    На DVAANGELA, Lady Phoenix, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Која иронија ми е Денот на Дрвото.
    Пола Водно го исекоа и го изградија,на секоја зелена површина во градов никна зграда,Скопје се гуши од воздхот, а ваму ќе садат.
    Ама па кој ќе се фали по тв со милиони насадени дрвца?

    Здраво на сите.
    Вие арни?
     
    На JuLleE, Peco, DVAANGELA и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.085
    Пол:
    Машки
    Зошто не направат репортажа за 7 или 8 година колку се фатиле, пораснале од досега засадените дрва
     
    На JuLleE, Tajnaotrovna, DVAANGELA и 12 други им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Ако камчињата се од органско потекло, може да ги „стопиш“ со таблети Rowatinex.
    Информирај се во
    http://elbijor.com.mk/lekovisocvrstaforma
    Станува збор за хербален производ.
    index.jpg
    Мајка ми ги користеше и многу и помогнаа.
    Сепак, поминаа многу години па за да не згрешам нешто, јави се во Елбијор.
     
    На Annath, Lady Phoenix, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    81.763
    Пак импровизации (facepalm)
    Со лак ципела ќе сади дрво.Шо разбираш ти и тие околу тебе од дрва садење?
    Бар штета не правете.
    Платете некој кој знае да го направи тоа
     
    На JuLleE, Peco, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    70.873
    Ден на дрвото ми е најглупава акција што се случува во државава... На едно место кај што сум бидена на садење едно дрвце не е никнато. И која е поентата да садиш дрва негде уџум, ако в град ги сечеш? Во Струга пролетта го средуваа едниот кеј, ниедно дрво не оставија, а ги имаше многу. Наскоро ќе го средуваат и другиот, ќе почнеме и ние да се гушиме
     
    На fallenangel, Annath, Lady Phoenix и 8 други им се допаѓа ова.
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Добар ден :hai:

    По четврти пат стигам до Добар ден... и никако да го довршам постот од Фластерот :@.
    Не знам дали е до промена на средина, на клима, на луѓе или не знам на што, ама Енџела стана неподносливо залепена за мене. Не смеам во друга соба да одам, за напуштање на станот макар за пет минути не станува ни збор.
    Денес сме првпат сами и од сабајле збор по збор пишам, само некои барања и лигавештини и' текнуваат |(.
    Во вц е редовно со мене како инспектор, па и инструкции дава (ми покажува како да напнам, па и посилно да сум напнала ми вика, а она има проблем со столицата, не јас :^) :rofl:).

    Ни филм, ни серија, ни ЅГ, ни фемина, ништо не можам да ѕирнам ;(.
    Чат пат шетаме, повеќе се возиме по подвижни скали и во трамвајЧЕТО (заљубена е во трамвајчето :inlove:), центарот е прекрасно украсен, зградите, дрвјата, ама Енџела се исплаши од многу ѕвезди и сега не смееме да одиме натаму :envy:.

    И така не сум во тек со актуелните теми, па да пишам како поминавме по патот и како минуваме во Немачка :D.

    Од Радовиш до Скопје патувавме супер, без глас да и' чујам.
    Единствено ми беше страв да не и' се примочка оти не беше мочкала ИЧ тој ден, ама не сакала, ќе чекала дома да стигнеме (а ние патуваме накај аеродромот :worried:).
    Кога стигнавме на аеродромот отидов да прашам што да правам и во тој момент и' се примочкало и свекрвата го извадила нокширот на СРЕД аеродром да моча принцезата :o (facepalm).
    Да не расправам за погледот на другите, како што вика еден братучед, само да не ве снимал некој да се гледате на Мотика :rofl:.
    Таман заврши, кога вресна луѓе, мамоооо, нане ми сееее, пто го сакааам....
    Плачење како да ја коли некој, а јас во центар пажња :@.
    Во тој момент штом не го изеде ќотекот добра е (и тоа оти ми се вртеше во глава мислата дека Бред Пит го тужат за насилство врз син му :!:, па викам немој и мене да ме затворат ]:)).
    Низ контролите не не' ни гледаа, господичната плаче, сите ја сожалуваат како јас да сум крива оти и' се спие |(.
    Се качивме во авионот и како да е друго дете, расположение на нивоу.
    Цел пат уста не затворив за да не се расцика, имав мали сликовници и и' ги читав на струмички без престан, толку влегов во филм што и патниците зад мене се наместија да ја слушаат приказната :rofl:.
    За чудо не мрдна од своето седиште, а на најубавото седиште (до прозорецот) седеше неговото височество Џери (facepalm) (и тоа врзан за појас :!:).
    Летот помина супер, само се чудам на не/човечноста на луѓето, на сто души кажав дека не знам како ќе се снајдам со 4 торби, и сите со мене истото се чудеа, а никој да се понуди да помогне, а никој немаше багаж (facepalm).
    Од авионот излеговме буквално последни, сите патници што требаше да патуваат за Македонија назад мораа да не' чекаат нас да се исклацкаме за да може тие да влезат во авионот.
    Што ќе ми е свадба да правам, толкаво внимание не сум добила сите 30 години заедно :@.
    Ајде еден вработен на аеродромот не' оправи со лифтот каде да одиме и застанавме на пасошката контрола пак последни нормално.
    Таму запознав едни луѓе од Дебар кои оделе на гости (Господ да ги благослови) на кои јас им помогнав со англискиот јазик да се оправат на контролата, а они на мене со багажот :clap:.
    И на крај, откако си го земав големиот багаж (кој веднаш го најдов оти нели само мојот беше останал :rock:) тргнуваме со луѓето и не знаеме каде да излеземе :drunk:.
    Го прашувам обезбедувањето од 7 души :!: на англиски каде е излезот, а они вакви 8-| 8-| (facepalm).
    И тргнавме ние на погрешна страна нормално и цело обезбедување наеднаш кога се размавта со рацете и покажува на излезот, аа значи знаеле англискиии :rofl:.
    Кога тргнавме накај излезот малку фалеше да ни аплаудираат :clap: 8).
    И излеговме, и пред мене лицето на мм и татко ми... :whew: :inlove: :l:.
    Толкаво олеснување и среќа не сум осетила одамна, како три дена ми беше денот :l:.
    Се изнагушкавме и стигнавме дома, уште една доза гушкање со тете и баба и седевме на крајот до 02.30 часот (а спиеше и' се демек :@).

    Другиот ден излеговме да шетаме, да го учиме возниот ред со трамваите и додека одевме накај станицата мајка ми загледана во Енџела се забоде во бандера :rofl:.
    Мм вика, до клипот како Енџела мочка на сред аеродром треба да се стави клипот како баба и' се забодува во бандера гледајќи во неа :lol:.
    Викам треба под клипот со мочкањето да пише ''поврзани вести'' и да го има клипот со мајка ми :rofl:.
    Се прошетавме, а овие денови само тоа и' правиме :lol:.

    Сакав само да напишам дека сум пријатно изненадена од германскиот народ.
    Ги мислев за многу ладен народ, а наидов на многу културен, топол и срдечен народ.
    На секое возење во трамвај некој мора да ни проговори, да се насмее, да мавне рака на Енџела, да и' дадат бонбончиња...
    Во маалото исто така те поздравуваат иако првпат те гледаат, во маркетите исто...

    За градот и населбата веќе пишав дека се совршени, до детал уредени за полесно снаоѓање на луѓето, јас сум просто воодушевена.
    Единствено ни е пречка јазикот и тоа што се' потешко е да се дојде до стан :(, ама не губиме надеж :).

    Енџела одма се зарази со трамвајчето, некогаш се возиме и до други населби за подолго да трае возењето (се осеќам како пензионерите во Скопје со бесплатниот автобуски превоз :^) :x).
    Научи да вика хаљо, гутен морген, данке, чус, кус, бис морген,гуте нахт, шајзе :!:, знае дека нашиот трамвај е број 7 и дека станицата на центарот се вика Кропке, дека сме во Хановер, Германија, да брои до 5 :D...
    Побрзо ќе научи од мене :lol: :inlove: :l:.

    Туку од една страна ме живцира што е врзана до мене, ама од друга како знае да не' насмее...:inlove:.

    Татко ми пред неа рекол, далеко е у пи.ку мајчину и Енџела сфатила дека пи.ку мајчину е ДУЌАН и дека е далеку.
    И доаѓаат дома и почнува да раскажува приказна, ојде мечето у пи.ку мајчину, да си купа нешто и влезело и зајчето у пи.чку мајчину...:^).
    Викам, шо е тава бе мами, вика дуќано се викал така у пи.ку мајчину.
    Викам, кој ти кажа, вика, деде кажа далеко е у пи.ку мајчину :rofl:.
    И сега маркетот спроти нас е Црвена Ружа :!:, а маркетите на центарот се Пи.ку мајчину :rofl:.

    Некни пак падна од креветот на глава :worried:.
    Срцето ми застана на момент, и кога видов не и' е ништо, викам ауу мамии, направи коло напред, дирек на глава и кога се разжлемба до зајдување :lol:.
    Викам, дигна нозе како Аца Лукас :D, и цел саат се смееше на глас оти била Аца Лука (а врска нема што е тоа :lol:).
    Вчера пак се испружи трчајќи и вика, пак направих Аца Лука мамо :rofl:.

    Господ само да ја чува оти ни знае да падне, ни да стане :D.
    Се мести четвороношки и вика, ќе лазам ВЕЌЕ мамо (веќе, на три години :lol: :l:).

    Сношти пак избањата, завиткана во бањарка се правеше принцеза која има концерт и цел саат пееше нешто низ собата, па и оди од еден до друг да ни подаде рака, како ѕвезда да е :rofl:.

    Уште да не цикаше за глупости и да ме оставеше да дишам, и да кака како што треба, совршено ќе беше.
    Сега е супер, додека не почнат да се жалат комшиите од доле :worried:.

    Инаку во петок и' е роденден, треба да видиме за торта, со Папс ќе биде, чисто да се одбележи :inlove: :l:.

    И така, јас се распишав, инаку ќе ми тежеше ако не кажам :lol:,

    Ајде да станувам да мијам чинии со асистентот до мене, сега асистира во пишувањето |(, па да видиме што ќе е за ручек додека да си дојдат работниците :lol:.
    Мм требаше да е слободен и да одиме до Лидл, има евтини детски чизмички, ама го извикаа на работа и сама дома ќе си седам, не ризикувам да се изгубам :!: :lol:.

    Поздрав и честитки до сите кои имаат некаков повод, кога ќе можам ќе ве читам, тотално сум излезена од колосек :(.

    Убав ден и почеток на работната недела :hai: :hai:
     
    Последна измена: 28 ноември 2016
    На galapce, Val-Dim, kuc и 43 други им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    @mami blue обично неорганските се поголеми и се 1-2 камења. Тебе ти рекле камчиња...па ме упатува на тоа дека се органски.

    Со мајка ми случајот беше вака:
    На ехо и кажуваат - многубројни ситни камчиња со големина на грашак.
    Закажаа операција за месец дена.
    Во меѓувреме другарка на сестра ми ни кажа за апчињава и ги купивме.
    Операцијата веќе закажана и НЕ ЈА СНИМАА ПРЕД ДА ЈА СТАВАТ ПОД НОЖ (т.е. лапараскопски беше) и извадија 4 камчиња помали од бибер.
    Џабе маки истрга.
     
    На Annath, Lady Phoenix, PUPICA и 5 други им се допаѓа ова.
  11. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Прегледов беше 2 мин ( демек ради реда)оти нели ни е систематски, ама зимаат пари за тоа секако, по приоритетни му се пациентите со мој термин отколку ние
    затоа се беше набрзина,и ме изненади,не очекував,ама ок како и да е
    секако ќе одам на второ мислење, кажувајте ако знаете некој добар интернист, па да се консултирам и со него,полека и натенане, до сега болки не сум осетила
    Не те разбрав,не направи мајкати операција? и помогнаа апчињата??
     
    На Annath, Lady Phoenix, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    На kuc, JuLleE, Tajnaotrovna и 14 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Да бевме нормална држава ии да и направеа преглед и пред операција, немаше да има потреба од истата.
    Ама ова е МКД и операцијата се направи (зошто нема потреб ада те испитуваме пак)


    @promeneta Пи.ку мајчину зајдов од смеење и на глас читав во канцеларија.
    Сите сме оклештени :rofl:
     
    На NewGirl, JuLleE, Barbie20 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Добар ден.

    Купив кондури/чизми за мене од Ваикики, од делот за тинејџери :lol:
    20161128_125327.jpg

    Секое утро штом стане син ми ме прашува дали има снег надвор? Сабајле проверувавме временски прогнози, ама слабо нешто. Утре демек ќе има ама само еден ден, а потоа сончево. :( Сакаме снег!

    Денес за ручек ништо. Не ништо, ама так нешто успатно ќе биде.
    Да земам да прочитам нешто додека спие малата, да пијам кафе, па ќе излегувам по обврски.
    И тоа.
    Убав ден :hai:
     
    На bittersweet, Val-Dim, JuLleE и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.999
    Допаѓања:
    174.518
    Пол:
    Женски
    Ako promeneta ne me nasmee, ke chmaam cel den :rofl:
    Kilometarski postovi ama so merak da gi cita covek8)
     
    На mal.ecka, Barbie20, fallenangel и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.085
    Пол:
    Машки
    Денов ептен тапа, а и темава некако спласната заспав.
     
    На fallenangel, Dust, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.085
    Пол:
    Машки
    Убави ти се кондурите
     
    На fallenangel, Dust, DVAANGELA и 2 други им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.383
    Допаѓања:
    332.686
    Пол:
    Женски
    Дома сум си,ке правам домашни хамбургери.Дајте предлог што да земемем за род за школска од керками.Лани и зедовме зимско капче.
     
    На fallenangel, Dust, Tajnaotrovna и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.718
    Пол:
    Женски
    Брзајќи накај дома се треснав во една жена на која буквално во секунда и текна да ги погледне портокалите во пиљарчето и се вкопа во место. Значи во продавницата блиску до мене се продава овошје и зеленчук, ама бидејќи нема место внатре во дуќанот (и веројатно никој нема да влезе), гајбите се изнесени на цел тротоар. Место за поминување има едвај пола метар. :punch:
    Дали и каде можам јас да го пријавам ова? За лошо паркиран автомобил пајак секогаш може да викнеш, ама бре ова е окупирање на простор кој е сопственост на држава/ општина.
    Не дека до сега не ми пречело, ама оваа случка ми беше капак! (wtf)



    @joy1 собни патики? Има ептен интересни и штосни, а и ќе и се најдат. Јас секогаш бирам практични подароци.
     
    На Dust, sanjaeva, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Се моли @Bozica1980 (бидејќи нејзиното кафе го видов последно) да ме просветли околу овие кафиња со цимет.
    Или некој друг.

    Гледам турско со цимет :^), па сега оно твоето со цимет... посебно е некое или правено?
    И како се прави? :lol:
     
    На Dust, Lady Phoenix, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.