1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Еј ќе ме читате во темата Љубовни проблеми и совети, абе не ми е јасно зошто трпам ѓон покрај мене, а немаме ништо заедничко. Ниту брак, деца куќа, имот:@
     
    На despina, CrazyOne и tessie им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Прибидејќи жени. :D Одговорот е лесен, објаснувањето - невозможно.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Чоечиња простете на упад, ама Битер жива нека ти е малата и на даничап честитки.
    Јас што ако до 40ка ми има време коа како преку 45 се осеќам? Бели влакна на изволте, енерџи лоу, подочњаци на изволте, како истрошена сум цела а као на второ се убедуваме да одиме со мм... Шта речи а непоречи куку мени....
     
    На imelda, bittersweet и danichap им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @Daleron имам одговор на твоето прашање ама ќе ти го кажам по пп.
    @NoellePage за белите влакна има решение-боја за коса,за подочниците-шминка,за енергијата-смени ја исхраната,ама времето треба да го фатиш сега ако сакаш бебуле.Не за друго обврските полесно ќе ги извршуваш.
    Давам совети а јас не ги почитувам [​IMG]
     
    На NoellePage, imelda, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Добро утро женички [​IMG] .
    Значи денов како ми почна.Прво се успав ,телефонот не ми ѕвонеше,второ затната сум морав да станам,зашто ми се чини ќе се задушев во кревет,трето вчера што ги правев колачите не ми успеале.Мислам...секогаш си ветувам нема да правам нешто неиспробано пред некој повод,ама овој пат бев сигурна дека ќе успеам.Мислам не ми се случило вакво нешто уште од времето кога се обидував филот да го испечам а пандишпанот да го прелијам.И сега мора да излегувам ке купам нешто,дупли трошоци правам.[​IMG]
    Значи мене секој вид на шопинг со децава ми паѓа тешко.Ако со ќерка ми не можам да се убедам со квантитетот , син ми е чувај боже.Оди позади тебе како подвижна бандера и само шепка,превртува очи,досадно му е...секаде би бил само тука не.Да не можеш да му купиш јакна.И не купивме зашто не знае што сака.На крајот купи ми ти и не ме замарај повеќе.Ова замара незнам, некој нов вид на комуникација е изгледа.И двајцата го употребуваат во неограничени количини.
    Вчера бев кај едни пријатели за работа.Отвараат бутик.Дискретно ми кажаа дека преферираат млади пилиња.
    На пат накај дома си велам,добро што сум луда инаку ќе полудам од животов.[​IMG]
     
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Ете испиено кафе, изеден сендвич (домашен интергрален леб - докторката вчера ме искара дека имам качено 3-4 кила повеќе одошто требало до 6ти месец, па ете паузирам од пециво за доручек...), и се прашувам како да се почне со сериозна работа вака петочки.
    А за лудило, ова е вистинска приказна:
    Пријател мој од Битола бил вклучен во снимање на некој филм во Демир-хисарско (не ми текнува кој филм беше). Се погодил член од екипата на ливада кај што ги пуштаат болните од психијатриската болница таму да прошетаат, и му доаѓа болничар да го собере. Овој му вика: "Не, не, јас сум од филмот", а болничарот мртов ладен: "Ако, ако, сите сме ние од филмот, дојди си сега во соба".
    Така, @lunicka , не се секирај, сите сме од филмот :makeup:
     
    На WORRIED.BT, Edie.S, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро.
    Добро ме изнасмеавте со постовите. Тоа не замарај некоја нова мода ќе да е.
    Го слушам милион пати дневно. Е не можам да се помирам со дискриминација на повозрасни.
    Младо пиле, да бе џоа ќе го варат, е*ати улавите.Младоста не продава роба, туку вештината, никако да го разберат тоа ова ГАЗдиве.
    @darcy внимавај на килжата. Јас качив 30 кгр, ама затоа 3 месеци односно до крај на бременост пиев апчиња, оти од дебелината притисокот ми се качи.
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @darcy исфрли го лебот и слаткото од исхраната.Лекарите мислат дека жените со дозволена покачена тежина полесно се породуваат.Знам дека е лесно да се каже,потешко да се спроведе .И јас сум била истата.Мислам за првото не се здебелив многу и бргу ослабнав,ама за второво од првиот ден кога останав бремена почнав да се дебелеам и така си остана.И си продолжувам...што да правам кога немам мерка на јадење.Некогаш можам цел ден да не јадам а некогаш не престанувам да мелам.
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    38.512
    Пол:
    Женски
    Morgen zeni :) mene denot u 6h mi pocna , sega cel den se mislam kako kje go preziveam .
    Jas neznam zoso decava ne si pospivaat ko site deca , ko da kje propustat nesto ..
    :|
    sega idam da pijam kafe ...na ova maglivo vreme ..kafe bez cigara ne e kafe. Zatoa mi e luskus ednas vo denot :inlove:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите

    @darcy
    Јес да процитав дека те посоветуваа да отфрлис благо и леб од исхраната,јас прво би ти кажала да не се грижиш којзнае колку,три килограми и не е којзнае колку лошо но сепак внимавај.
    Избегнувај солени работи,сирење,смоки,колку што можеш солта избегнувај ја.Таа предизвикува повеќе гојазност од се друго.избегнувај да пиеш вода дур јадеш,затоа што водата ја врзува солта за оранизмот и предизвикува гојазност.Во другиот дел од денот задолжително пиј колку што можеш повеќе вода.
    Пријатен ден на сите.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    137.279
    Аууу, какво освежување е темава! :D

    Ајде добро утро жени. Веќе испив две кафиња, така што време е за вишњовача!

    Кога сме кај вишњовачата, по хроно диета до 11.00 часот можеш да јадеш и пиеш што сакаш, а после има ограничувања, така што ако сакаме да сме витки вишњовачата треба да ја пиеме пред 11. За здрави нерви и витка става, по 2-3 чашки вишњовача секое утро! Па нека ме изнервира после некој, ако може :D

    Не знам како ќе биде по 40-тата, имам уште 5-6 години до тогаш, ама жени, како уживам во 30-тите, па просто незгодно ми е!

    Децата уште ми се мали, 8 и 10 години, иако ќерката веќе ја дрма пубертет, па почнаа расправиите и докажувањата. Сепак, уште ми е рано за кецови, уште се занимавам со 3-ки и 4-ки, средување соба и пишување домашни.

    Убајни!
     
    На NoellePage, imelda, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Понуди некој Вишњовача од сабајле?
    Донесете едно литро, неопходна ми е.Ништо........... вчера распаливме, денес како мртви пувала сме.
    Па уште ќе се навредиме кога ќе ни кажат дека сме тетки (она баби ќе го занемарам).:sweat:
     
  13. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    или " не ме напињај "
    и тоа им е као фора сеа
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Кога ќе им кажеш нешто, а нивниот оговор е „КРАЈ“ во замена за „не ме напињај“.
     
    На tessie и tinan им се допаѓа ова.
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @lunicka
    Уште да ставеше на почетна од она како за гласање,да си се преброевме.Или евентуално сега модераторот да додаде.

    Денес нешто повторно не ми се чита па дремам де во кујна де овде меѓу вас.
    Ја сакам есента,баш ваква мирна,без ветар и дождови.(мада алиштата по дома мора да се сушат)ама тишината е непроценлива.
    Одамна вака не сум заседнала по дома,па да имам одвишок време.
    И искрено уживам.
    Не ми недостасуваат сега за сега деновите кога планот за следниот ден е направен уште од вечерта.Не ми недостасува постојаното звонење на телефоните.
    Сконценрирана само на ова во мене и човекот со кој решив да го делам остатокот од животот.
    Живеам период од живот кој не сум никогаш ни го замислила како таков.
    Обично важам за човек кој ги реализира своите планови без разлика колку и да треба да се изнамачам.Но во овој период не е така.Опуштена сум како кукла од партали.
    Ја откажавме својата свадба заради ова во мене.Уште кога дознав дека е во мене постепено почна да ми се менува животот.Почнал,јас дури деновиве се освестив.
    Се надевам дека се ќе биде како што треба.Од дното на душата се надевам.Што е до мене се ќе сторам,само живо и здраво да биде.
    Видов дека без се можам,но ми се чини дека без ова во мене,и раката која ме води низ животот нема да можам.
     
    На lunicka и butterfly4 им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Од сабајле како расштрклеана крава по поле, трча женскава во блискиот парк со кал до колена. Па после се лутам кога ми викаат дека сум будала. За друга работа се испокаравме со мајка ми синоќа, ме дарува жената со сите "комплименти" на кои се досети во моментот, глупача, ненормална, улава, будала, нетаман.

    Наведнав глава како млада невеста и си ќутев така додека се испука жената, едно време помислив да и речам да престане воздух да земе, ама се опаметив на време и преќутев (lalala)

    Така, еден од тие терсене денови ме гњави денеска. Регресија. Никој не ме разбира ;(

    Крај :rofl:
     
    Последна измена: 7 ноември 2014
    На lunicka и Daleron им се допаѓа ова.
  17. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Интересна тема, имав впечаток дека само тинејџерки и студентки пишуваат на форумов. Ние околу (и преку) четириесетите...Знаеме што сакаме, се познаваме себеси добро ама и уште подобро знаеме да ги процениме другите, да утврдиме што тие сакаат од нас. Доволно искуство зад себе и уште многу неиспишани страници пред нас. Убав период, најубав какви што сме и ние сами, нели? 02cb4917850727705b387294d2a5e502.jpg
     
    На lunicka, Daleron и darcy им се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ти од сабајле ама @lunicka сега трча изгледа, се и е ’гз преку глава најверојатно, па ни ја нема домаќинката денес. Не знам што би правела без вас во вакви тмурни денови. Фала ви што ми го разубавувате секој ден.
    Што би рекла ќерка ми: „Види ја луда му се клешти на компјутерот“ или „Бабо џабе збориш не те слуша“.:*
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Петоков ми почна спектакуларно. Во кујна ми падна тегла ајвар, лом се напраи на плочките. Не знаев за што попрво да жалам.

    1) за тазе чистената и уште потазе бербатосаната кујна
    2) за мојот омилен ајвар од којшто беше останата само уште таа тегла, па и тоа повеќе од пола тегла.

    Ништо. На крајот пак јово на ново бришење плочки, собирање стаклото и на пет минути проверувам да не останало стакленце. И така, ги прежалив првите две и среќна сум што се` собрав.

    За секој случај ќе ставам порака „Ве молиме влегувајте во кујна барем по папучи“.

    :D Петок разбираш. Пошо понеделник ми е весел со караокево, ова демек да компензира разбираш.
     
    На lunicka, danichap и Daleron им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Јас го прележав сабајлево:angel:

    Сакам деца и секогаш имам поголема толеранција и разбирање кога станува збор за дете одколку за возрасен но трпениево ми се троши:doh:

    Секое утро (понеделник до недела), од околу 7 работава почело је почело :dance::ninja:(poolparty)(highfive)
    Се се теории врз основа на дешифрирање звуци. Игра фудбал, вози некаков тротитен или кола, фрла елементи од намештајот...
    Другата теорија ми е дека мајката нема воља да се стане од кревет и го остава он да исфрли вишок енергија они додека одспијат, посебно викенд. Оти едно е над глава некој да ти тропа, друга е во соседната соба.
    Девојчето според изјавите на мојов била исто така гласна, ама било ок. (ова он испаѓал пред 07 на работа се враќал 19.00 кога она била уморна па малку од забавата има фатено гарант).

    Е сега машково во полн елемент а јас дома квакната седам. Цело лето ја пишував дипломската, над глава слушав бум, бум, бум. Таман ја предадов дојде другата убава вест и не се исплаќа во овој град да барам работа за неколку месеци.
    Што сакав да кажам уствари.
    Најлошо е кога некој така сонот ќе ми го растури.
    Јас така со лошо спиење навечер и шетам цела ноќ како аждер низ стан, плус од сабајле некој јак звук ти се чини земјотрес од спање кога ќе те издига, и не цел, но пола ден сум како у кома.
    Неколку саати се мачев мачев да ми се варти сонот, жабе беше.

    Куќата додека се изгради може и 2 години да потрае:(
    Мислам дека у меѓувреме сепак ќе се преселиме на друго место. Не јас што се жалам само де, и него му е за викенд мил сонот:bandit:

    АЈ едно лате да ме освести сега.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.