Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.027
    Допаѓања:
    256.668
    На вториот беше татко му, брат ми, татко ми...
    На третиот само жени и деца. Веќе разбира и се радува на децата и игротеката.
    Значи правеш како што сака детето на некој начин.
    Татковци и мажи дома.
    А може и да биде на роденденот.
     
    На Lejla8, mareane, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Тортата сестра ми ќе ја прави и се останато бидејки за кетеринзи е махер.
    Сесил уште да си ги родиме и спремни сме
     
    На Lejla8, mareane, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    136.483
    Пол:
    Женски
    Се е осмислено уште децата фалат :rofl::rofl: не е многу за смеење ама ај ...
     
    На Peco, Lejla8, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Sesil така некако. Реално гледано на успесите твои, искрено се радуваат твоите родители. Секако дека и најблиската фамилија, браќа, сестри, а да не ги заборавиме бабите и дедовците. Од тука натаму фамилијата се шири, па браќата и сестрите на твоите, и тие се радуваат, ама и тие имаат свои деца, што е многу битно.

    Што се однесува до свадбите, и за таму сметам дека работите се прееееувеличуваат, па дури и изобличени се. Ама не може на таков начин да ти се радува некоја тетка, прва братучедка на мајка ти, која ти била само на повојница и те гледа сега како невеста.
    Практичен човек сум, па давање толкави пари за да нахраниш еден куп луѓе, на кои можеби и воопшто не им е битно дали си се омажила среќно, ми е фрлање на парите.
    Ама од родендените, па се до свадби и матури, малограѓанштина ќе зборува за тоа како "си се покажал".
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, simonka93 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Со смеење ќе родиме деца со плачење и тага ништо не се прави,релакс и оп детенцее☺
     
    На Peco, Ane-Goki1, Lejla8 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    136.483
    Пол:
    Женски
    Ама мораш да пресечеш меѓу блиски и најблски. Ако на мојот роденден идела тетка ми, на моето дете друга му е тетка, и треба таа да дојде, пошто иде на негов роденден, не на мој. Ако дојде мојата тетка и братучеди и мм има тетки и братучеди. Се ако собериме кај ни е крајот.
     
    На Lejla8, PUPICA, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.535
    Допаѓања:
    160.602
    И јас скоро бев на таква прослава.
    Обично не одам да гледам што има на трпеза или да лапам, но овој пат...
    Само ова беше бетер од твоето.
    Немаше скара, немаше ордевери, имаше мачкани лепчиња и мало тањирче кремаста салата со посебна. Не беше ни канапе во прашање, а башка што кашкавалот беше на пола пресечен и беше четвртина од лепчето со печеница парчиња исечени на третини.
    Сите се погледнавме...и срам ни беше да земеме, зошто едно да се земеше изгледаше празно.
    Јас одам од почит, секогаш гледам да удостојам и гостин да ми дојде и јас носам подарок соодветно. Ама сега ми пукна филм. Собираш луѓе, те почитуваат ти дошле и ти овака? Сите шушкаа и коментираа.
    Но играта ја сфативме. Они поодамна коментираа за секого кој колку јадел по гости. Убава подлога нели?
    А да не коментирам што секогаш има коментар и за подароците кога тогаш, а ти не смееш збор да кажеш кога е обратно (и не сум и не ми било битно, но кога правиш споредба навредува, во себе сум си се навредила).
    И така сите си заминавме гладни и кога си заминавме ние двајца молкум, другите заминаа во пекари и сендвичари заебавајќи се.
    Масата остана празна кога почнаа да пијат одеше ред да замезат, не се ни дополни какво е такво е. Домаќините задоволни, ние скиснати. Мене ми беше до душа сеедно едвај чекав да си одам, многу неубава атмосфера беше од прекумерните шушкања.

    Не е дека немаат, не е дека не можат. Ама и да немаш нема да се правиш за се друго дека живееш на висока нога.
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, PUPICA и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    136.483
    Пол:
    Женски
    далеку од тоа дека некој оди некаде ради јадењето, божем да не е таа слава ти гладен ке останеш ама разговорите на тие околу мене седнати увек ме тераат да погледнам некои детаљи коа одам кај нив, некои што ни на крај памет немало да ми паднат ако не сум ги слушала. Една персона увек се фали како тоа колачите за именден ги прави исклучиво со милка чоколадо, дека еднаш у годината е па не сака да се штеди и да ги праи со чоколадо за готвење.Зошто штеди на саламата не знам. Друга персона слаба точка и се покривките и салфетките,упорно коментира дека мора да бидат по боја сложени и дека за една слава годишно можиш сите детали на време да ги осмислиш а не да ставаш шо ке ти текне, зошто штеди на салама исто не знам. Баналност, можеби немаше ни да ми падне во очи, а не да ја коментирам, ама фалбите ме натераа да ги зирнам деталите кај некои ..домаќинки,,.
    Едно е да се дотераш и средиш, друго да помешаш свадба и роденден. Па пунџи, свечени фустани...
     
    Последна измена: 18 јануари 2017
    На Lejla8, mareane, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    Добро утро

    Толку сум уморна навечер што незнам каде одам.
    Заспива дете, заспивам и јас..богами и Рефо го научивме така.

    Сте збореле за детски родендени.
    Во последно време ги ,,следам,, бидејќи ќе правиме роденден во игротека, па собирам искуства.
    Гледам дека родителите многу се вложуваат, па се прашувам дали вреди тоа толку.
    Ора -несакам.
    Пијанки и пеење-несакам.
    Едноставна седенка со вечера и мезе за најблиските.

    И кетеринг има по родендени во игротеки гледам.
    Ако...кој си може, нека си ,,викне,, кетеринг.

    Јас сама ке дробам дома:envy:.

    Предјело - ќе има супа.
    Мезе - пиперки со лук и кисела зелка, туршија, ајвар и цепани пиперки
    Јадење - компир манџа, леќа со суво месо и боранија со зеленчук.

    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Мала шала]:)


    Ордевер, две крем салати (руска и пилешка),пилешки прсти и ќофтенца полнети со кашкавал, разни лиснати со маслинка и кулен, кифлички, мини пици,бадеми за грицкање и нормално - торта :^:.
    То је ТО.
     
    На Val-Dim, Peco, joy1 и 28 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Јас руската само со посебна салама ја правам, така ми е најубава. Ама од поквалитетните посебни :!: :D
     
    На joy1, Lejla8, mareane и 13 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Добро утро :hai:
    Муабетиве ме потсетија на една слична, ама сепак поинаква ситуација. Бев на веридба пред некој месец, беше во едно кафанче, музика, народ све убаво. Храната беше сервирана на даски. Многу салата, мезе, сувомеснато, сиренце се тоа со ред. И од пиење да си одбереш без лимит. Кога дојде на ред таканаречената вечера исто беше послужена на даска, неколку видови месо со помфрит и секако леб. Секој имаше да си земе дури и по две три парчиња па и да истера вечера. Е сега, моментот е кога седиш со необразован глуп народ, па уште даските не ставени на маса, кога се разграбаа брзо брзо, што е можно повеќе во чинија. Сето тоа резултираше за на крај кој последен седнал останал без храна. Не дека немаше, меѓутоа од гостиве како да не виделе :D покрај тоа што вечераа, чиниите им беа полни и за послевечерно мезење со уште многу вино и пиво. Е тука веќе станува збор за народ што дошол да јаде :D Како да не беше доволно нивното глупаво однесување, кога се запнаа оговарање како немало доволно храна, како не било убаво сервирано, како немало за сите, како било малку... Еден срам што ме фати што седев на таа маса, со столчето постојано се повлекував се поназад и поназад ми се одмили што сум дошла. Срам ме фати да не слушнат и домаќините, оти убава атмосфера направена, имаше храна бре доволно, дури и десерт дадоа на крај. Толку ми се одмили прославата ради луѓето, што си заминав прва. А не дека домаќините ми беа нешто мили, напротив блиски роднини сме, но во последниве години не комуницираме баш најдобро. Ама да ти биде криво и да не ти е мил, со сила да прават нешто што не е.
    Е така...еј уште врне снег :rofl: Ај да си поработам, еден куп документи за спремање :sweat:
     
    На aleksandrice, Val-Dim, anel и 19 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    Минатото лето бев во ,,Мурите,, во БГ.
    Алл беше, четири оброци и неограничено пиење.

    Тоа значи дека од будење во 8 до легнување во 20 часот, имаш на секои 3 часа толку многу храна, што ако си нормален човек после првиот удар т.е. првиот ден на тие обилни оброци, наредните денови ќе поченш да прексокнуваш оброци.

    Но...тоа за нормалните.

    Само македонците јадеа четири пати.
    Само тие од швеЦкото сервирано трупаа во чинии.
    Само тие полнеа тањири за во соба да имаат, мислиш цела ноќ ќе јадат.
    Само тие пиеа од 10 сабајле до 10 навечер.
    Само тие се опиваа до степен брејк денс да игра и да се фрла во базен дрепа-пијан.

    Плус...со чинија полна со морски плодови и чаша бело вино одеа да лежат во џакузи :!:

    Гледале децата амерички филмови:lol:
     
    На Val-Dim, papillonP, Ane-Goki1 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.081
    Пол:
    Машки
    Добро утро дечки ве поздравам.
    Убавините на зимава конечно почнаа да се чувствуваат без поларни студови онака како што треба да се почувствува една зима со многу снег убави идили и панорами.
    Убави теми сте отвориле за рускиве салати и посебна или шунка хаха. Сезонска салата баш за зима
     
    На Val-Dim, anel, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  14. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    84.512
    Пол:
    Женски
    Dobar i ubav den na site


    image.jpeg
     
    На Peco, Ane-Goki1, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.338
    Допаѓања:
    141.945
    Ние првите родендени дома ги славевме, со најблиските. Немаше други деца за игротека, не беа родени :D. Во игротека почнавме некаде од 4 години.

    Игротеките се згодна работа, ама се претерува со гости. И за себе зборувам, на последниот роденден хаос беше, цела свадба. Плус на толку гости многу пари одат. Ама ајде, како сите, така и ние. Пак е некој повод да се видиш со пријатели. И децата големи се веќе, кај и да е ќе почнат сами да се организираат.
     
    На Peco, Lejla8, Sesil и 10 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Кафе, цигара, фемина и прекрасен поглед.:wasntme:

    IMG_20170116_205733-1836x2448.jpg

    Околу детските родендени, само на Лети првиот роденден и го правевме во ресторан затоа што само што излегов од болница и не бев во можност дома да и спремам.
    Другите родендени се сите дома прославувани, со тематика која ја сакаат децата, имало и кенди бар за децата, храна и пиење за возрасните, се било онака опуштено, ништо претерано и сите надвор во двор досега се правени.
    Правев и банер со среќен роденден, чоколатца се што ми текнало во моментот, се со мерак за детето, не за да се покажувам или докажувам.:)
    Народ имало, само на мм најблиските се 20 луѓе, моите 10, кум, другарки/ другари, по некој комшија и се собрале 50-60 луѓе.:)

    Претеризам може е за нас ама една завчера кај снаа ми имаше порачка за првиот роденден на синот од околу $10.000, чоколадца 500, кукис 500, капкејкс, кејкпопс, макарунс, кенди бар, торта на 6 спрата.......си има и си дава.:wasntme:
     
    На Val-Dim, anel, MacenceEna и 24 други им се допаѓа ова.
  17. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    :hai::hai::hai:добар ден, тука сум да не ме мислите:?:
    Поубава зима до сега немало,:) милина покрај прозор да седиш и гледаш како паѓаат снегулки:inlove:


    Јас роденден правам на малишан во игротека, и нарачувам кетеринг, нормален за во игротека, што се спремаа, ордевери, пици пастрмајлии.... не со меса и чуда:!:.
    За голем синко го одбележуваме дома,:) бидејќе е голем и само најблиските а богами голема фамилија, плус кумот и кумашинот ги каниме и кога ке видиш 25 души......
    Ден пред роденденот синко си носи другарчиња во пицерија и за него два дена славам роденден:tmi:,ама ако, не се жалам, тие денови ми се нај убави во годината и не мие тешко:), кетеринг не нарачувам туку домашно спремам од крем салати, кифли, ордевери и само скара зимаме, а оваа година од дедо му доби прасе печено:inlove:, па немаше скари.....Торта секогаш нарачувам од плавата Канела, испробани:nod: 15години и не ги мењам за ниедна друга слаткара(y)
    Друго незнам што да кажам....

    Поздрав друштво:hai::hai::hai:
     
    На Val-Dim, anel, Lejla8 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.790
    Допаѓања:
    173.157
    Пол:
    Женски
    |(
    Рефка начнала една за мене болна балканска тема(facepalm)
    Имам спомнато тука за првиот алл инклузив во Банско, е сега ќе спомнам за последниот пат..
    Слично на првиот пат, Македонците земаа небројани чаши вино, ги претураа во шишиња и ги носеа во соба...секој ден по неколку шишиња по човек..
    Си се стуткавме ние на еден тросед во барот и си ќутевме. Срам ни беше збор да изустиеме, да не не познаат дека сме и ние македонци:rofl:

    Бев на прв роденден есента, 113 гости ми се чини ми рече жената:x свадба невидена:| салати, даски, топло предјадење, главно јадење, десерт, ситни колачи... Боже чувај ме..
    А јас викам кога ќе дојде ден за свадба, сакам јас и маж ми покрај море на некое тропско место, со коктелот во рака, бел летен фустан и венче од цвеќе...Јас и тој да си направиме свадба а не 400 души:rofl: колку поинаква перцепција на животот имам(facepalm):D
     
    На Val-Dim, Peco, Adi888 и 21 други им се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Здравоо!
    Мм од ноќеска уште гледа тенис само вика и се гризе нит јадел нит пиел,дефинитивно е отиден со паметот.
    @bittersweet Земи го кај тебе и спасиме овие денови :whew:
     
    На Lejla8, Sesil, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Кој како има така нека прави, она што мене не ми е вкусно е копирање по секоја цена, не само за родендени исто мислам и за свадби и навики секојдневни како излегување на одредени места, носење одредени марки на облека и слично. Зошто срам од тоа кој си, што си, и колку имаш? Или мислењето дека ако направиш како другите не заостануваш од нив. Пак ќе си истиот, па зошто да не се прави во рамки на свои можности? И од каде таа идеја дека "луксузно" и грандиозно е далеку подобро од домашно, релаксирано и поинтимно, па без разлика кој колку финансии има? Трендови, разбирам, не секој може да одолее. Само сум гледала и сеуште гледам околу мене незадоволни луѓе кои и хармонијата дома си ја рушат и во долгови се ставаат и вечито со финансиски проблеми се оти главните настани мора да се на висока нога. Една вечер и магијата ќе заврши, што потоа?
     
    На Val-Dim, MacenceEna, papillonP и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.