Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    Ги ,,истропа,, ли камбаните :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Peco, Dust, Lady Phoenix и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ова подвлечено зошто е? Сакаш да кажеш дека со мала буква се пишува?
     
    На Lady Phoenix, Lejla8 и Petar80 им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.111
    Допаѓања:
    275.786
    Пол:
    Женски
    Не туку дека сите ние овде сме дел од тие македонци за кои пишуваме
     
    На Peco, Lady Phoenix, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    Па токму тоа...бидејќи и ние сме дел.
    Самокритика секогаш е добредојдена
     
    На Dust, Lady Phoenix, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.081
    Пол:
    Машки
    Пак се вративте на темата,
     
    На DVAANGELA, Lady Phoenix, Lejla8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Една година и кучето мое го фаќаше крстот:rofl:
    Беше будалетинка,трчаше по птици...шетале со мајками на кеј и се стрчала по некоја птица,таа летнала,мојава лудача по неа и ооооп директ у Вардар:rofl:Беше баш на ден Водици.
    После 3-4 дена беше на инјекции:|

    Јас уште малку дома.Утре не сум дежурна:emo:

    И да не ме мислите,заврши вчера кафаната.Баш убаво ми дојде.
    Денес пауза за фемили тајм,па утре втората закажана женска дружба.Ама,во домашни услови и со деца:DМала промена у план.
     
    На LadyC, Val-Dim, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.081
    Пол:
    Машки
    Хааха `го заниша кандилцето`` ме изнасмеа
     
    На Peco, DVAANGELA, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    Епа кога никој не скока по крстот...
    Плус како најдобри македонци собрани тука, мора да излаеме се што ни тежи:rofl:
     
    На LadyC, Peco, Dust и 10 други им се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    5.619
    Пол:
    Женски
    Ох, леле ние па првиот роденден си го прославивме многу едноставно. Во ресторан ама буквално најблиска фамилија, јас, сопругот, моите, неговите. Тортата мала и едноставна, немаше катови, кукли и играчки, 3Д, и не знам уште што, и таква остана.Декорации во околина-никакви. Баш дете на една година ќе се замара со тоа.
    Роденденот траеше кратко, детето и така го фати сафра по некое време. Ако викнев еден куп луѓе, ќе си заминев јас -мама така порано, ни роденден , ни бутур. Детето си го знам, ќе заплачеше, ќе морав да си заминам, или да се изолирам со него некаде на страна. Така горе-доле и се случува на повеќето родендени. Многу гости, дел од нив ќе си седат до фајронт ако може. На крај ќе заборават зошто дошле, битно јадење и пиење има во изобилие.Вака, немаше непознати фаци, немаше плачки, немаше лигавења над детето, и јас си раатосав како така.
    За трошоците, да не коментирам. И да имав многу повеќе, ставот ми е ист. Не мислам дека дете од година дена разбира дека му е роденден. Ќе гледало слики, да сме живи и здрави дотогаш, ама не мислам дека за тој спомен треба да се потроши мало богатство, посебно кога трошоците во тој период се енормно големи (детето надрастува се живо и диво со брзина на светлината).
    Што се однесува до народот и неговите критериуми за добар живот и добра забава, ќе кажам само едно. Тие што мудруваат многу кој и како треба да прави,нека си гледаат во свое двориште, не во туѓо. Освен тоа, замараат се живо и диво наоколу со нивните си претстојни и минати настани, патувања и не знам што. Ајт таму!
     
    На LadyC, Val-Dim, Dust и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.081
    Пол:
    Машки
    До душа јас би скокнал ама да се фрла некаде во Август месец, сега незнам некако ми е ладничко надвор.
     
    На LadyC, Peco, DVAANGELA и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    136.477
    Пол:
    Женски
    Цел живот ќе ги памтам Британците во Кавос. Мислиш со ланци биле врзувани и наеднаш пуштени 10дена да изживеат на слобода. Навечер по улици ако сакаш со возило да поминеш мораш со најмала брзина да возиш и од време на време дури и мораш да помрдниш некој Британец шо се струполил сред пат од пијанство. Стока. А 90% од летувалците во Кавос се Британци.

    Тој што ќе го фане крстот му даваат телевизор???
     
    На LadyC, Dust, Ane-Goki1 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    5.619
    Пол:
    Женски
    Баш и јас го добив тој впечаток и тоа во далечните 90ти. Ај не за друго-мортуз пијани уште во 21.00 часот. Побегнав од местото,немав работа таму. Среќа бев сместена во Бенитсес , а Кавос името ми се свиѓаше (како каве, нели?) па ај да видам What's the fuss all about?:rock:
     
    На Dust, Lady Phoenix, Lejla8 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    160.571

    Да се гледа!
     
    На LadyC, Dust, Lady Phoenix и 7 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.206
    Допаѓања:
    106.316
    Пол:
    Женски
    Добар ден друштво!
    За книги не сум кажала, од нив диоптер си имам добиено.
    Ама па ко ќе се задлабочам, читај, филмај, плачи, смеј се... Мераци!
    Па после книга филмот кога сум го гледала - мојот бил поубав и ми се крши 'филм'.
    Друго што да кажам паметно немам.
    Се наоѓам сред бура и гледам дали Бог ќе ја смири бурата или мене ме смирува за да ја издржам.

    Убав ден имајте
     
    На LadyC, Val-Dim, anel и 19 други им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Дечки, ве читав и само мислам дека нема потреба од она еј не сме отишле за да се најадеме ама ова не беше добро она не беше. Ако навистина не ви е битна храната ич нема да ме итересира дали е направена салата со шунка или посебна. Демек шунката па еден квалитет невиден што е. Мене сето сувомеснато ми е едно исто ѓубре.
    Се не се замараме ама на крај сепак се замараме. На колку прослави сум била, ако храната на изглед не е по мој вкус, ке се стрпам саат-два и ке јадам откако ке заврши роденденот, што е толку страшно, секој прави со своите можности, не секоја е домаќинка за да изгледа тоа убаво и на око, тргнувам од себе па не им замерувам и на другите. А и секогаш се водам според она дека никаде не се оди на празен стомак па си јадам од дома. :D

    Ние како народ за се сме такви, не се замараме а всушност се замараме многу повеќе од што треба, па после натпревари се прават а не детски родендени и слично. Баш од ваквите примери да не бидат зборени, оговарани луѓе кредити подигаат само за да им удоволат на гостите.
     
    На LadyC, anel, Lady Phoenix и 11 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    :bandit:
    Што Чутите ?

    На работа немам прозор па немав претстава какво е надвор.
    Сега излегов на кратко и што да видам...:rain:
    Уживанција во боја (до кога, ќе видиме)

    Немаме санка ние.Не ми е проблем да се купи..350 денари се, ама КАДЕ да се чува е проблемот.
    Попладне ќе направам нешто без ,,преседан,,...ке ја седнам малата во едно големо пластично, ќе врзам сиџим и така ке ја возам на снегот:lol:...после вожњата превозното средство ќе биде оставено покрај првиот контеЊер:!:.
    А направата ќе ја сликам и ќе ја Окачам тука...да се насмееме малку, доста ни се сериозни муабети:D

    Да редактирам....Пластичното е за алишта, ама малата го напукнала малку па едвај чекам да се скрши и да го фрлам.
     
    На LadyC, Val-Dim, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.262
    Допаѓања:
    57.074
    Пол:
    Женски
    Вреќа од оние ко најлон материјал, во земјоделство ја користат. Наполнета со сено (ама не премногу, лабаво да биде колку газот да не мрзне), горе врзана со врвка која е оставена голема за да можеш да се држиш на неа. Со ваква санка сме се лизгале по удолници, сто пати подобра и позабавна од купена. :D
     
    На LadyC, Peco, Dust и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    136.477
    Пол:
    Женски
    на вангла со рачки ќе врзуваш сиџим?

    Коа сме кај иновативноста и санкањето, во на баба ми маалото има една удолница, па децата од тоа мало имаа една када земено од некаде и со неа си се спуштаа по 2-3ца внатре. Едно ке ги потурне од горе и овие летаат надоле... радоси. Како не ги сликав..
     
    На Peco, Dust, papillonP и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    160.571
    Ама реално е преубАо надвор.
    Не е ладно ич.
    Со кола и со ланци и со само зимски влече и тоа е само незгодно.
    Вчера во рикверц се слизгавме, среќа застана колава пред да пољуби две паркирани коли.
    Инаку е идила...
     
    На LadyC, Dust, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  20. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Добар ден :hai:

    Повеќе пати се спремам да пишам, дури и концепт правам, ама на крајот се случува Енџела и ништо од концептот и пишувањето :D.

    Денес темите гледам за позитивноста, детски родендени по 2932842 пат, за Македонците и нивното однесување на одмор :?:, за фрлањето по крстот...

    За книгите, обожавам да читам, ама еднаш беше и таа тема и баш пишав, читам за да се одморам, не да се заморам, па филозофии не сакам ни во книги, ни во реалниот живот.
    Дотолку не сакам филозофии што и тука скокнав некои постови со филозофии колку не сакаме филозофии :rofl:.

    За детските родендени, за првиот роденден на Енџела имавме околу 70 гости (славевме и крштевка, па се собраа повеќе, иако пак бевме најблиските, роднини до прво колено, другарките и другарите, и кумовите).
    Имавме торта на спратови, декорација, бевме дотерани во рамките на можностите и тоа е.
    Не се задолживме за роденденот, ни пак јадевме леб и ајвер цела година потоа.
    Вториот роденден беше во игротека со жени и деца, плус мм обавезно (татко ми беше во Германија тогаш).
    Третиот роденден го славевме заедно во Германија (освен свекрвата која е во Македонија).
    Како ни налагаат околностите и можностите, така сме славеле.

    Ама тука за секоја тема толку се оди до крајности што стварно човек да не знае некогаш дали да пише или не на одредена тема.
    Не велам дека нема такви и што се задолжуваат, ама тука се исмеваат сите што слават родендени, демек бебето нема да се сеќава, а ќе се сеќава на брендираната облека и обувки, а уште не проодено, па од една страна зошто се троши повеќе пари, а од друга зошто посебна салама...
    Да не расправам по другите теми кога ќе видам дека секој втор ден нокти и фризури се прават, секакви специјалитети за јадење, па роденденот или свадбата е проблем, ама нели веќе секој го прави тоа, па сега нова мода е кој колку поскромен може да биде.

    Кога читам сега како се однесувале Македонците по одмори (не знам, не сум била на одмор), одма ми текна кога ја нападнавте @vitamina за МакедонЧЕТО, и муабетот беше, какви сме, такви сме, наши сме си.
    А во секој втор пост читам за роднините, комшиите, колешките, фризерката, учителката... во негативен контекст.
    А нели баш тие поединци го прават Македонецот. Тие и тие што ги опишувате по одмори што одат.
    Контрадикторни сте ми :?:.

    За фрлањето по крстот немам коментар, не знам да пливам :x.

    Инаку јас сум добра, по цел ден со Енџела, раздигам, мијам чинии, готвам... Домачица на нивоУ :lol:.

    Некни бевме да се пријавиме на новата адреса и Енџела уста не затвори за Том и Џери пред жената што не' пријавуваше :lol:. Жената чука на компјутерот, а Енџела, ајде Џери, саа ќе пишат дека си у Германија, тетката пише на листо Џери оти имаш РЕСА (адреса), ја ти го креветчето Џери (една кутиичка за печати)...
    Во еден момент жената му вика на мм на германски, изгледа не зборува само кога спие :D.

    Туку се сеќавате кога пишав дека на Енџела само корак дели је од ќотек :D?
    Епа, бидна и тАј корак, сега редовно си јаде по газенцето тртлесто 8) :inlove:.

    Морам прво да ја пофалам дека почна сама да станува од рамна подлога, фатена за кревет или за мене :party: :rock: :l:.
    Ќе се тресне на земјата (не знае да седне убаво сама :lol:) и вика, мамо сопнах се од камен (си прави приказна :D) и ај да станам саа, прво станувам на колена, па се фаќам за тебе мамо, па така се вртам мамо, и станах :bow:. И после истото го расправа на сите по ред и почнува со, Знааш ли... или Да знааш... како учителка е :lol:.

    Другото ново е што од 01.01 почна да заспива без млеко со пуштена струја :@.
    Се исплаши од огнометот на Нова година и сега мака мачиме со заспивање :(.
    По два саати и раскажувам приказни што ќе ми паднат на памет, па една приказна беше за школките и нивните бисери, па вчера гледаше документарец за како се добиваат бисерите (facepalm).
    И сношти вика, мамо ќе ти купам убав ѓердан од бисери, да бидеш убава мама :inlove: :l:, и панталони и патики ќе ти купам, да бидеш модерна :?: :rofl:.

    Инаку она е девојка на Пто, вика Пто ми е дечко, јас сум девојката, и кога ќе ја прашам што правите, вика, се бацуваме :o :rofl:.
    Сношти татко ми ја намачка со неговата колонска вода на заебанција, и Енџела вика, саа мирисам на дечко :rofl:.

    Ново во вокабуларот и' е БЕ, и штом излезам од собата одма следува, ела БЕ, дојди тука БЕ, мамо БЕ...
    Викам, ти овца си или коза со тава Бе Бе (facepalm) :D.

    Туку, си играле со сестра ми и некаде забутале едно мало маче што си игра со него, па ја излажав дека тете го однела мачето на работа :lol:.
    И сега два дена расправа со плачлив глас, сичко ми открадеа мамо :(, немам ни куче, ни маче мамо :(, тета сичко однесела на работта мамо, ќе скинам лиФо (листот) и ќе фрљам веснико мамо :(. и погледнува една тегла со туршија и вика, и ќе скапам теглата мамо :(...
    Викам, зашо бе мами, вика, оти сичко ми откраде таа АПАШ тета :rofl:.
    Викам, а ти шо си, вика КРИМИНАЛЕЦ :D.
    Крвта не е вода :rofl:.
    Ако нешто не и' се допаѓа вика, бљак не ми се аресе :puke: (од тете е и тоа :D).

    На мене една недела ми иде и никако да ми дојде, подуена сум како балон :(.
    Мм вика мош некое Германче ќе излезе, некој Ханс, Дирк...:rofl:.
    Па ми текна дека имаше тема за имињата, ама ја пропуштив нормално, па сега да се искажам :D.
    Најјако име што сум го чула било ОКВАРДЗ :o :rofl:.
    Оквардз имал поголема сестра која многу ја сакала песната Пусти, пусти моду и сакала братчето да и' се вика ЗДРАВКО, ама нели Турци и го крстиле наопаку од Здравко, Оквардз :rofl:.

    Јас моето име не си го сакам, а сум крстена по желба на дедо ми, односно по неговата мајка која умрела кога бил 8 години ( а и другата прабаба исто се викала).
    И пратете логика на дедо ми...
    Еден млад комшија Мите почина во пожар додека жена му беше бремена и ќеркичката во негова чест ја крстија Митеја.
    И дедо ми ме прашува како се вика девојчето, викам Митеја во чест на татко и'.
    И он, глупости, демек татко и' ќе стане и ќе виде дека ја крстиле по него :o.
    И јас, а мајка ти стана ли после 50 години да виде дека јас се викам како неа (facepalm)?

    Туку кога сум до подуеноста, еден виц вчера ме насмеа:
    Колку кила си?
    50 кила и кусур.
    Колку кусур?
    40 кила :rofl:.

    Аа, и да се пофалам дека полека почнавме да го опремуваме станот, па купивме гарнитура и кујна за почеток :clap:.
    И сега излезе дека креветот (во форма на П е) е преголем за собата (facepalm).
    Го собира, ама нема да има место за трпезариска маса :(.
    И мм, па ќе извадеме еден дел да биде како Г и таман ќе е :o.
    Татко ми пак отиде уште подалеку и вика, може и другиот дел да се извади покомотно да е :o :o.
    Си викам, па ај и третио дел да го извадеме и не мора кревет да има (facepalm).


    И така, да станам, да одиме до Реве со Енџела да купиме пици и да биде ручекот :lol:.

    За крај поздрав до сите, посебно до @Viktorijaaa5 (доволно ли е долг постот :D :*), до @sanjaeva :* (на која и' одговорив за станот во порака, да не мисли некој ја игнорирам неа или прашањето :!:), до @vitamina и мешето :*, до @galapce :*...и до сите други кои пишуваат и не пишуваат :* :*.

    Еден музички поздрав до сите, моето откритие кое е на рипит 3 дена по ред :inlove: :

     
    На Umbrella22, bittersweet, Val-Dim и 31 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.