Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Јојјј :sweat: ....и јас носев чокер денес на работа :$:$:$
    Ама немам биро! :!: :D
     
    На Barbie20, Annath, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Мене ми сметаат кг,како не,затоа се откажав од благо,леб,газирано воопшто не ни пиев,демек нешто како диета,активна по дома,скали качи слези,дрва си носам,цепам,демек физичка активност.По последната бременост потешко намалувам,не дека префрлам на сите страни,ама би сакала да принамалам,полесно ми е со помалку.Чокери не сум носела,а и не би.
     
    На Ane-Goki1, Val-Dim, Peco и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.871
    Допаѓања:
    173.449
    Пол:
    Женски
    Треба со закон да се забранат тие чокери на работа:shake:
    Ми делува како некое животинче да седи спроти мене, а јас треба да го повлечам за вратчето за да заврши побрзо работа..
    Без навреда на тие што ги носат, јас вака ги перцепирам:lol:


    Заврна!
    Уште тоа фалеше денес..
    И притисоков стандард..удолу(facepalm)
    А од сабајле јадам солени работи, демек да се нормализирам пред да заврне хаха
    А главата не си ја осеќам..море цела не се осеќам:envy:
     
    На Ane-Goki1, PUPICA, ♡BuBaLe♡ и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Пауза со кафе, скорп цел ден го поминав над биро.
    Кога ве читам за снег, дожд, магли се осеќам ко да живеам во друга држава, овде кај нас права пролет :sun:

    Зависна сум само од дм со него скоро по цел ден сум на фб, по телефон 2-3 пати обавезно :D

    @Dust срц и јас едвај чекав да почниме со средување ама сега гледам не е баш така едноставно ко што мислев :wasntme:
    Најголем проблем ни се плочките, коса ми се ежи од нив, таман одбравме за во купатило, сега треба за во кујната и ходникот, проблемот е што и двајцата не бендисуваат различни модели :D па тој еден предлог, јас друг и.. :drunk:(lalala)
    Се зараздрдорив (facepalm)

    Туку сакав да ги прашам мајките со тинејџерки, кога вашите девојки добија циклус?
    Нашава е 13 год и нема уште, мада у последно време е доста нервозна, невозможна и се жали во болки кај стомакот :?:
    Вака е растелита, здрава е.
     
    На Lejla8, ♡BuBaLe♡, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.890
    Допаѓања:
    163.685
    Aj учлени ја мајка ти на форумов, жити мене.
     
    На Lejla8 и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.871
    Допаѓања:
    173.449
    Пол:
    Женски
    Ех @Umbrella22 јас поминав еднаш низ тоа, плочки, завеси, не таков - ваков кревет, аголна или обична гарнитура, столчиња, маси итн итн итн :):drunk:
    Слатки маки се тие..
    Ќе се решите, после ќе видите дека пак нешто не штима и така во круг:D

    Заглавив во дождливото Ск(facepalm) Од Бит Пазар до Железничка 40мин, што е со хаосов, секој ден скоро сум надвор ама денес е меѓу оние - гужва боли глава|-)
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    145.348
    Интересно е кога бираш. Ама кога ќе почнат да ти се мотат мајсторите дома, па да лажат , е тогаш ама ич не е интересно.

    За плочки до Велес бевме дури. Тука ништо не бендисавме. Па Енмон беше последна станица.

    Претходно бевме во Лерој во Солун, ама многу комплицирано беше пренесувањето и ништо.
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    @Lilit да те замолам ако не сакаш да читаш за тоа што барам совети или се жалам од детево, прескокнувај ме.
    Точно е дека не сум и мајка ама јас буквално ја израснав од менување пелени, бањање, станување навечер по 10 пати, затоа што мајка ми беше со висок притисок и беше во постпородилна депресија па се беше на мене па затоа си земам за право да ја "воспитувам" и да се грижам за неа и да и се развикам па понекогаш и удрам.

    А ако сакаш секојдневни приказни за немање пари, висок шеќер, вртење ум, лелекања и кукања, како никој не ја разбира, како е тешко да се гледаат три деца.. Бла бла бла..ќе ја зачленам мајка ми, не е проблем.
     
    На mal.ecka, mareane, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Јас добив прв пат, на 27. 7. (го запаметив датумот), на распустот помеѓу 5. И 6.то одделение, колку е тоа: 12-13 години :?:
    Не бев дома, туку на село кај баба ми и чичко.
    Ни не знаев што ми се случува, се сеќавам ко вчера да беше дека сакав да се фрлам од прозорец, навистина толку гадно и очајно се осеќав. Ја прашував стрина ми дали сега тоа нон стоп така ќе ми биде. Кутрото дете, те.јас :doh: Трауми!

    На тел.не сакам да зборувам затоа што моите разговори се секогаш долги. Тоа би значило дека морам саат-два непрекидно да го минам на телефонот, а тоа ми е луксуз.

    Кога бев породена со првото, дома со него, а фати и зимно време, секој ден буквално зборував со една друга мајка, со исто тако мало бебе, и таа дома. Зависне бевме една од друга, секој ден долгометражни муабети.
    Многу ми значеја, а и на неа, споделување за бебиња, секојдневието, предизвиците.

    Потоа децата пораснат и времето се проретчуваше, таа сега и не е во Македонија, ама секогаш едно убаво, носталгично чувство ми буди сеќавањето на тој период.
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, ines.h и 14 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.327
    Допаѓања:
    259.568
    @Umbrella22 убаво е што се грижеш за сестра ти, ама ти не си и мајка. Не си никому таму.
    Почни да се грижеш за себе. Имаш кревко здравје. Чувај се.
    А мајка ти, вака прави оти има кој да изиграва домаќинка и мајка во куќава.
     
    На referentka, simonka93, Lejla8 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.890
    Допаѓања:
    163.685
    Па сакам да ти кажам, зошто тебе ќе ти олесниме со три реда муабети.
    Ако ти го сфати ко напад на тебе, друга е работата, не си ме сфатила воопшто.
    Само едно ќе ти кажам - таму никој нема да ти рече, дете, фати, искочи, фати си го патот, заљуби се, биди среќна, омажи се, радувај се. Им одговараш ова да го правиш, колку и да те сакаат, ти им ја носиш цела одговорност, се се ломи на тебе, па потоа тебе ти е тешко. Се дур ти си родителот таму, за она што им одговара нели, а за тоа што не им одговара, они се.

    Фаќај си патот, сестра ти е и ја сакаш, ама и ти си дете (сите сме деца на своите родители макар и со 60 години), и почни да бидеш дете за твое арно, Мене не ми пречи кога ќе пишеш тука дека не ти е денот, ама знам зошто не ти е денот, неделата, месеците, зошто ти си мајка веќе на родената сестра, а тоа не е редоследот, начинот, исправното. Сакај си ја, ама не е тоа твоја работа. Тебе кој ти беше родител?
    Не е себично и не е лошо да се свртиш кон правата твоја улога.

    Сакаш лути ми се, сакаш не, ама знаеш како ќе ти биде на крај?
    Додека вие се расправате за плочките кои се само изговор, времето ќе ти летне.
    Сестра ти ќе порасне и ќе се омажи, брат ти исто така, а ти... уште ќе се караш за плочките за дечко ти и ќе дојде ред да ја чуваш мајка ти, зошто е веќе стара. Почни да си гледаш за себе, дека си млада девојка со желби, соништа и потреби.
    Почни да си гледаш своја работа, да видиш како ќе се освести. Нема начин да избега од тоа. Верувај ми и пробај барем една недела и пиши ми.

    Многу мајки се со шеќер, висок притисок (мајка ми е со висок притисок), постпородилни депресии (ова е нормалност не е нешто страшно, секогаш било така, ама било срамота да се збори), само вие односно ти многу и верувате у филмот синдром на жртва, па лесно и ве мота како сака. Може звучи грубо и директно, ама така е, а ова е толку често... да не сфати човек како при сета љубов што во еден родител може да се збере, постои и ваков момент. Нема врска со тоа дека не те/ве сака, туку едноставно ете...

    Зар само она е со висок притисок и шеќер па да се откажува од животот? Ете веќе сестра ти не е бебе, веќе е девојка, време е мајка ти да си ја земе улогата во свои раце и да престане со жалопојките. Тоа е состојба на ум, линија на помал отпор и во добар дел - мрза. Пари? На сите ни фалат пари. Знаеш мене колку пари ми фалат во моментов? Па и за што уште... И сега фатам да речам, поарно да ме нема? Леле тешко е? Имам само 28 години и ете вака е. И што сега? Така е сега, утре ќе се смени. Здрави колку се може и живи,се заработува. НО НЕ, тука е проблемот ПОТРЕБАТА да се биде жртва и сирот јас, за да бидам поштеден и оставен на мира, ама и да ве држам на штрек да ми се тресете и да ми давате внимание.
    Абе во таква ситуација, плочки какви сака нека залепи бре, не ми е гајле какви се, ако сака и нека се половни, се пакувам и си одам кај него да живеам. Ќе трпам глупости, до плочките ми дошло.

    Добив на 16 години инаку. Ако е физички активна многу, нормално е подоцна да дојде.
     
    Последна измена: 6 февруари 2017
    На MacenceEna, referentka, afrodita26 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    А зошто е толку лошо што Чадорче се грижи за сестра и?
    И дефинитивно постојат родители кои секогаш се жртви и се свртени кон себе и самосожалувањето и тоа не значи дека така треба да ги оставиме помалите братот/сестрата сега, после толку години?

    Колку деца од дисфункционални семејства, алкохоличари, зависници, што и да било, си превземат одговорноста еден за друг да се грижат, постарото за помалото најчесто?
    И тоа е во ред, не гледам што е лошо во тоа. Не секогаш родители се она што треба да бидат. Не секогаш тие се позрели од децата, за жал.
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.890
    Допаѓања:
    163.685
    Зошто најважно - не е среќна и самата има здравствени проблеми?
    Јас не зборувам за СИТЕ деца во таква ситуација и семејства, не генерализирам, зборувам за оваа конкретна ситуација која не е толку лоша за да е вака. Мајка и упорно ја манипулира, а она не е среќна, има и она здравствени проблеми, а е така млада, се клука со таблети и често е тажна.
    Не мислам дека треба да е толку одговорна.
    Има двајца живи родители, убаво ја знам приказната од што пишувала, внимантелно ја читам секогаш и не зборувам од ракав.
    Она се осеќа заглавено, осудено и не може да се помрдне зошто мисли дека ако се мрдне, се ќе се распадне. Затоа бираат плочки 6 месеци, а не дека плочките не чинат. Од плочкара во Италија ќе ги донесеа пешки најидеалните у свет, ама не е тоа муабетот.

    Ако лошо ја советувам што и посочувам да си се сврти сама према себе дур не е касно, еве ќе престанам да пишувам. Колку што однесувањето на мајка и не значи дека не е ја сака, толку и нејзиното вртење кон себе не значи дека помалку ќе ги сака она нив, но е далеку подобро за неа лично. Она се жртвува себе си, ако мислите дека е ок тоа да го прави, ок... јас не мислам така. Со нејзиното здравје они треба неа у раце да ја чуваат ко капка роса, ама добро.
     
    Последна измена: 6 февруари 2017
    На referentka, afrodita26, simonka93 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.125
    Допаѓања:
    328.967
    Пол:
    Женски
    Откако почина мајка ми,татко ми неколку месеци изиграваше жртвено јагне.Намерно напишав така бидејки јас самата го познавам најмногу и знам дека повеќе сакаше ние него да го жалиме (жив) отколку мајка ми која почина.

    Нонстоп играше на карта уцена,на карта сожалување.Не беше способен ниту една работа сам да ја среди.Дури и погребот ние го средивме он велеше јас незнам

    Па не маткаше да го носиме по лекари,џоа умира.А он од здрав поздрав.Не Систина,не државна не Филип 2 ...секаде не прошета за да на крај ни речат дека он манипулира со вас

    Ставивме рецка и јас и сестра ми.Доста беше финансирање,ом отказ даде сам од работа а ваму ми кукаше немал пари за сметки.Престанавме да обракаме пажња буквално на него

    Резултат..9 месеци по смртта на мајка ми он чисти сам,си готви,наога занимации,финансиски се среди,се дружи,не кука веќе за ништо,и видно е расположен.

    Сакам да кажам на чадорка..некогаш некаде ке мораш да пресечеш.Засекогаш..
     
    На Ane-Goki1, referentka, afrodita26 и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.890
    Допаѓања:
    163.685
    Taка е Џој, зошто на крај стануваш ти жртва и тоа реална жртва.
    А лесно се навикнуваат на такви тинтрања. И работи кои ги можеле, се прават дека не ги можат и не им правиш услуга. Па и почнуваат да си веруваат на глумењата, се соживуваат со причите.
    Не мора да правиш ништо драматично, ни па да збориш, едноставно... ако готвам од денес само за себе ќе си правам ручек, мојата чинија ќе ја мијам, моите работи ќе си ги терам. Ќе се јадам во себе можеби, ама знам дека на долг рок ќе МОРА да се промени тоа. На приговори нема да реагирам, нема да се карам и на сите ќе им викам, многу ве сакам и ќе се смешкам, па нека сфатат што е муабетот.
     
    На referentka, simonka93, Lejla8 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.125
    Допаѓања:
    328.967
    Пол:
    Женски
    Еднаш отидов со децата.Дур седевме се смееше ко луд,играпе со децата.Е ама реков ке си одам(време беше)..луге мои секундарно ги преврте очите и клапна |(.Почна да лелека..лошо ми е,умирам бла бла

    Ај викнав хитна помош
    Иде докторот ,го прегледа ме тргна настрана и вика ништо не му е.

    И вака има правено уште два пати..
    На крај сватив дека сакаше само мене грижа на совест да ми набие што одам дома а него го оставам сам
     
    На Ane-Goki1, referentka, Kitten и 16 други им се допаѓа ова.
  17. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Чадорче,се сложувам со Лилит.
    Прво сестрати нее мала,ако ти си се грижела за неа од бебе тогаш значи на нејзини години си била.Голема е нее зависна од никој во смисол на грижа.Исто и за мајкати, не сум ви дома и нз низ што поминувате.Сакам да се средиш,но некогаш кога те читам мислам дека некогаш и реагираш -безпотребно бунтовно.Еве и мене некогаш додека бев кај мајками ми идеше да бегам од дома па посебно ако имавме работа некоја и мислев ќе се омажам ќе се спасам.Ама од кај мајка поубаво нема.Др што не можам да те сватам некогаш ете имате каде да живеете до дечкото значи реновирате размислувате за озбилно да речам а ти не одиш често кај него па тешко ти е ти фали па сакаш од државава да заминеш.Ако сте решени еден за др и покрај сите пречки абе една соба ќе ја оспособам и ќе живеам ама барем знам среќно.
    Немој грешно да ме сватиш.Возрасна личност си и независна.Ако не ти одговара некаде не си принудена да седиш.
    Пс: извинување за печатни грешки нов ми е тел тешко интерпукцискиве знаци ги наоѓам и се снаоѓам.
     
    На Ane-Goki1, referentka, Lejla8 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Ја се обидувам да се здебелам ама тешко,172 см со едвај 58 кг очајно ми требаат уште 5-6 кг.Гледав ЦД од свадба на сестра ми висока штикла,долг тесен фустан ја само коските на мене страшно гадна сум била не можам да се гледам.
    Што беше за главоболка кафе со лимон:?:не ми се пијат таблети,си викам доволна е ашвагандата ама не поминува:Dзнам дека ми е од умор и малтретирање по бусовите ама не ми се легнува уште сега,ќе се разбудам на полноќ и пак уништена и ноќта и утрешниот ден.
     
    На referentka, Lejla8, ALISA0000 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    И јас ја читам Чадорче и нејзината приказна, и ја имам замислено во главата.
    Не е ова од вчера, па сега да може да ја остави и сестра и, која вероватно се ослонува на неа повеќе од на мајка им.
    Едноставно не сметам дека е лошо ако се грижи за помалата сестра. Ако мајка и не и се грижи, не е едноставно сега само така да ја остави, а и не треба. Здравјето ќе и се подобри ли?
    Дали мајка и ќе стане наеднаш друга особа?
    Секако Чадорче не треба да не се опседнува, ама таа е благослов за својата помала сестра, кој ќе и се најде на сестрата тогаш ако не таа?

    Веднаш ми доаѓа слика пред очите, за една моја вујна. Вечито незадоволна, само се жали, самосожалување, изигрување жртви, болести еден куп, една на друга се калеми, девојчето имаше нон стоп грижа на совест поради нешто, на мајка и всушност требаа некој да ја води, а не таа децата.
    И таа е таква, не станала таква оддеднаш, таква била, била во слична состојба и кога ги родила децата, со таква мајка децата пораснале, и секогаш сестрата се грижела за помалиот брат и, зошто женава едноставно не е способна, толку е во некоја емотивна, ментално закоравена состојба, каде нема веќе излаз (сакам да кажам дека не сакам да ја споредувам мајка и на Чадорче со вујна ми, бидејќи сепак таа најдобро познава состојбата во семејството и)
    И самата таа (вујна ми) имала лошото детство порано, голем фактор имаат и тие духовните влијанија кај неа, ама сликата е таа. Ако не добијат соодветна грижа од таму каде што треба, се вртат кон оние од каде можат.

    Чадорче имаше и други проблеми освен бирање плочки... всушност среќна сум што дојдела сега во фаза на бирање плочки, ако се осврнеме на нејзиното патешествије.

    Извини Чадорче што се нафаќам овака ко да ти ја анализирам состојбата, те.живот.
    Моето беше само дека не е ништо лошо во тоа што се грижи, без разлика што не и е мајка, најблиска и е вероватно во животот.
     
    На Ane-Goki1, Lejla8, ALISA0000 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Абе во ред е да се грижи, ама имам впечаток дека сопствениот живот си го запоставува поради други. Колку и да ги сакаш, еднаш мораш да престанеш да им правиш ќефови. Така си се навикнати, знаат дека има кој да им ги заврши работите. Затоа со прст не мрдаат. Ее лесно е кога се е на друг, а ти си уживаш и не се замараш ни физички ни психички.
    Кога таа ќе си го среди својот живот и кога ќе ужива во него ако не сега?
     
    На Ane-Goki1, Annath, simonka93 и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.