Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.100
    Допаѓања:
    328.696
    Пол:
    Женски
    Јас сум единствена од темата шо не ја користи,можеби до тоа е :rofl:
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  2. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    :sweat::sweat::sweat:
    20170306_162319.jpg
     
    На Viktorijaaa5, DVAANGELA, Peco и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски

    Ако де, и 5000 евра нека се, штом се зајмуваш за свадба, нешто не чини. Не знам дали не си разбрала или така ти чини.
    Јас реков дека не треба да позајмуваш пари или да земаш кредит за да направиш свадба. Зошто да е скромна? Мене не ми е јасен делот, зошто мора свадба да се направи, кога на пример, за тие пари можат да им подарат автомобил на младите. Или да им купат намештај или да им дадат за правење куќа, кредит за стан, некој бизнис да почнат и така натаму.
    Ако имаат пари на страна е едно, ама заем за да наранам едно чудо роднини, не доаѓа во предвид. Да бидеме реални, искрено се радуваат наблиските, родители, браќа, сестри, другари. Останатите се радуваат, ама не дека до толку им е полно срцето ради тоа.

    Јас загледувам и на свадба и на кафе кога ќе излезам.
     
    На Annath, green.eyes, Ane-Goki1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Земање кредит е веќе друга тема, иако кредитите се наменети за што ти душа сака. Ако можеш да враќаш кредит без проблем и сакаш свадба, зошто да не? Младите не остануваат без ништо, добиваат подароци и пари, па со тие пари можат сами кола или мебел да си купат. Ти ми се чини акцентот го стави на тоа -или прави како што треба или не прави ништо оти луѓето загледуваат па као срамота е. Велиш -зошто да е скромна?? А зошто да не е скромна објасни ми. Сори ако погрешно сум разбрала.
     
    На referentka, Umbrella22, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.757
    Пол:
    Женски
    @referentka
    Да такви сме.
    Веќе со месеци се справувам со ова овде или подобро речено се справував.
    Сега сум си на страна нека си вадат очите.
     
    На anssss, Viktorijaaa5, referentka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.100
    Допаѓања:
    328.696
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R чинам зборува за квалитет пред квантитет.Што до некаде е во право.Лугето често место да викнат 40-50 души ,викаат по 300 на свадба,крајниот рачун огромен,а пак незадоволни затоа што омн раб не ги направиле по кејф.Ке изберат ефтина венчаница,евтин бидермаер,некоја безвеза група ке трешти и свири само за да има пари да се нахранат тие 300 души.Народ ко народ нема да му се угоди никогаш а на младенците место да им остане спомен од убава свадба им остануваат нервозите од незадоволството.
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, Rebecca_R и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Значи да се ограничиш на свои 20-30 најблиски, да не поканиш многу други кои иако помалку битни сепак значат нешто во твојот живот, за да тие 20-30 те видат во прескапа венчаница, јадат не знам какво месо, пијат скапи пијалоци и слично, па ти да кажеш дека си имала свадба од соништата? Да, може ако баш ти е дојдено до луксуз и така си замислуваш. Но не да гледаш со потценување на оној кој избрал скромна свадба небитно со колку луѓе, нека бидат и 300. А има и такви со малку гости и пак скромно. Да не веруваш дека на луѓето во карактер може скромност да им е.
     
    На referentka, Sesil, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.100
    Допаѓања:
    328.696
    Пол:
    Женски
    Пре би да се ограначам на 30 души и да ми биде убаво тој ден отколку да се трудам да угодам на 300 души а себеси не.Свадбата е за младите пред се не за комшиите,стрините од Америка,Петко,Рајко...

    Кај нас се претерува со канење на гости.Од тие 300 души младите не познаваат 200
     
    На ♡BuBaLe♡, Rebecca_R, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Како дојдовме до ова за колку гости да дискутираме, колку паметам за друго почна :^)
    Ти прави како сакаш, но не можеш да тврдиш дека ти ќе си поминеш со твоите 30 луѓе поубаво од друга невеста со своите 300. И невестата колку знам на тој ден не се труди никому да угоди. Па и 1000 да се, таа си го тера својот филм, има луѓе задолжени за се'.
     
    На Barbie20, Bozica1980, Lejla8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    @vitamina потполно те поддржувам.
    Во твојов случај е до културата на родителите. Штом гледаат дека нешто ти пречи од почит треба да го повлечат детете, а не уште да те убедуваат дека било дете. Особрно што викаш дека дома не се такви.
    Имам такви во околина слични, едвај чекаат да има друг човек кај нив, мајката во тие моменти тии го остава детете и си чисти низ дома, како ти да си дошол за бебиситер, а не на гости. А кога ќе ти дојдат, забораваат дека донеле дете, они си муабетат, а друг треба да им трча по дететето.

    Пресечи и гледај што е најдобро за тебе и твоето дете.
     
    На Barbie20, bittersweet, DVAANGELA и 9 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.100
    Допаѓања:
    328.696
    Пол:
    Женски
    Не ти тврдам јас ништо туку ти кажувам став од моја гледна точка и досегашни искуства.А ти како сакаш мисли си :D
    Лично Јоу свадба немаше оти виде колку е часот кога седнаа сватовите да се договараат околу деталите.Ке ја викнеме Трајанка оваа она (поима немам кои се) ама ти ке изнајмиш венчаница за да поминеме од таа страна поефтино.Мало морген..

    Тоа ти зборувам...значи не им беше битно да имам венчаница како што сакам туку битно беше да се покани фамилијата од 13 ти колено.Македонски менталитет де...И при тоа не зборувам за венчаница од Елена Лука де :^)(немој одма да ми скокаш).Туку несакам фустан кој претходно друга го носел.На мене ке штедеа за да се викне секој здраво што им рекол..

    Ова 101 пат сум го видела и на други свадби
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, Rebecca_R и 12 други им се допаѓа ова.
  12. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Женски
    Што сторивте жени..
    Тоа што за вас е скромно за некој е не е.
    Секој со своите сваќања и желби.
    Но не оправдувам да појдеш некаде и после да ги оговараш.
    Тоа ми е исто како да појдеш некаде на гости и после да оговараш по народот што ти ставиле на маса.
    Не личи .
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, referentka и 21 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.100
    Допаѓања:
    328.696
    Пол:
    Женски
    А што нели скоро и за тоа муабетевме кој каква салама вади за пред гости :D
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, Sesil и 7 други им се допаѓа ова.
  14. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Женски
    Кажав и тогаш,подобро што има отколку да се задолжува за да се покаже пред гостинот а утре да се чуде како ке преживее.
    Плус од тука неколку се изјаснија дека посебната салама им е повкусна од шунка.
    Пак ќе речам,вкусови ...
    Мене и печеница да ми стават кога не ја јадам ѓабе е :D
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, Ѕвездички и 12 други им се допаѓа ова.
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.711
    Е баш кај мене на крај вака беше...Од толку многу што сакав да им заштедам на моите пари во однос на венчаница, китенки,бомбони и триста чуда, дојдовме до ниво да не им правам муабет. Затоа што морало да се викне не знам ете кој. Како невеста од нив ништо не добив, битно на свадба имаше луѓе. (facepalm)
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Прво добар ден! :f:

    Нашетана, напоена, најадена. Се со ред направено.

    Од понеделник ,,тешки,, теми сте свртеле.
    На тема деца јас искрено не знам што да кажам. А и не сакам. Не сум мајка.
    Имаме темпераментни близнаци. Многу се работи со нив. Ама тоа е тоа. Карактер. До 3год освен кај мајка ми и кај баба ми никаде не ги носеа и на отворено нели.
    Си ги знаат децата. Ама да тепале и кршеле - не.
    Едноставно не се скрасуваат на едно место.

    Жена за чистење имав минатата недела, среди се освен плакарите. Планирам да ја викнам пак кога целосно ќе заврши грејната сезона.
    Беше маж ми иницијатор и вели оти била добра инвестиција. :D

    Пак тема свадба. Прво не кошта 20 000е и нај голем луксуз да си приуштиш. Не знам од каде вадите вакви бројки. А и да е така секој прави како сака. Не ги бара парите од нас па да им судиме.
    Кој како сака нека прави се додека ужива во тоа, а не за да се натпреварува со другите.
    Оти сега тоа е на мода. Секое чудо за три дена.
    Ќе ве зборат ден ,два , три и толку.
    После тоа што следува е многу по битно.
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, Rebecca_R и 17 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Тогаш грешката е во вашите родители.

    Кај нас поимот свадба значеше ден за нас двајцата. Нашите желби беа над сите други.
    Списокот беше лично наш. Фустанот и оделото наша желба, на никој друг.Немаше луѓе кои не ги познаваме. И пак бевме околу 300. Ама толку сме си.
    Големи фамилии од двете страни. Плус пријатели кои ни значат.
    Единствени непознати за мене беа колегите на татко ми оти ретко ги гледам. Ама тие 10луѓе не ми менуваа ништо.
     
    На ♡BuBaLe♡, Viktorijaaa5, Rebecca_R и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Ние свадбата сами си ја плаќавме и сами планиравме колку што ни е долга чергата.
    Со самото ова немаше мешање од никого.
    Нашите имаа лимит на гости, па сами си планираа кој луќе им се приоритетни и немаш лутење.
    Дури и ние си се имавме ограничено до каде ќе одиме со канење гости. Можевме и ние да правиме свадба со 300, ама побитно ни беше најблиските да се присутни и да се осеќаат убаво. Искрено јас незнам како прават толкави свадби од проста причина што во 5 саати колку што трае свадбата мене ми беше мака на 150 гости што неможев да им обрнам внимание (зошто сите ми бе блиски), а тек со 300 сигурно параноја ќе ме фатеше.

    Факт е дека секој има различни приоритети и различно планира. Само неможам да сфатам претерано задолжување за да се покаже пред народ. Секое чудо за два дена. Имав пријателки што правеа трошоци за специјални китења на сала, маси и сл. а не разбирам зошто. Јас искрено не сум ни приметила дали некој имал нешто специјално на маса каде седат 10 души и се е преполнето со чаши и чинии. Побитно ми било музиката да е добра и журката да е добра.
     
    На ♡BuBaLe♡, bittersweet, Rebecca_R и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.775
    Да ми е овој памет, свадба би правела со 100 души од двете страни. А не со 300 ко што правевме зашто испоканивме, а имаше празни пликоа непотпишани. А свекор ми и свекрва ми не ги платија порциите, туку маж ми и си канеа некои си таму небитни. Ама ете мм не сакаше да се расправа со нив и прифати канење на некои што не ги ги познава. Море, да ми е овој памет ќе си ги заштедев за друго нешто тие пари, а не да појам колеги и роднини на свекорот и свекрвата, а не платија и притоа ми се прават дека они ја направиле свадбата. (facepalm)
     
    На Rebecca_R, sanjaeva, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.349
    Допаѓања:
    261.666
    Пол:
    Женски
    Јас сум ко @Ano, години и свадби подоцна сфатив колку може човек да се потресува за свадба. Имав најубава свадба ;) секој за својата би кажал. Гости 100, ниедно семејство ништо не се задолжи. При толку голем избор на фустани, менија, музики, секој може да си најде нешто соодветно.

    Потспремив за празников, утре да купам нешто за мајка и свекрва и готова сум. Гладна ко коњ, мажов ме нервира. Се лишува од пороци во храната ама е напорен ужасно!
     
    Последна измена: 6 март 2017
    На Viktorijaaa5, bittersweet, ph.orhideja и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.