Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Јас не прашав за да добијам задоволителен одговор. :)
    Ме интересираше побудата за ваквата реакција од двајцата.
    А инаку, еден мој пријател за една ваква слична случка ( само во кафуле ) заработи парична казна од 800 евра. :fubar:
     
    На galapce и ninja35 им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Добро утро

    @ninja35 ...ти не си во тек со македонскиот синдром -СЕИРЏИСТВО

    И јас сум како тебе-рипам,скокам на неправда, ама гледам дека грешам
    Во последно време и јас се приклучив кон толпата народ кој навива кога дваца се тепаат...не бранам страна веќе.
    Може ,,предиграта,, им е таква, се маваат шамари :D:D

    Одма да се надоврзам кон твоето...
    ...одиме на одмор со уште еден пар...и исто сместени во Струга во куќа...во една соба ние, во друга тие, заедничко ве-це...во никое доба од ноќта одам да мо*ам и од нивната соба се слуша ѓурултија...овој мава, оваа лелека , па се слуша како тропаат низ соба изгледа ја брка па пак ја затепа...
    Експресно мочав и се враќам и го будам мм ,,стани овие очи си извадоа,,...тој сонлив ,,ај не се мешај кај што не ти е местото, утре ќе видиме што било тоа,,
    Утре сабајле варам кафе за сите, очекувам некој модар да излезе у око, ама тие двајца весели, весели, се бакнуваат...
    На само на жената и викам ,,синоќа да не ти требаше помош,,...а она целата :shake::shake::shake:?????....и онака меѓу редови ми кажа дека сексот им е таков..дека сакаат грубости и дека се ШАМАРААТ пред свршување(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)....

    Е од тогаш НЕ се мешам никаде...
     
    На kjukli, ALISA0000, Priroden и 18 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    И јас си имав таков проблем. И ден денес некогаш знам, она по принцип стара навика да си реагирам. Значи мене не ме малтретираа во школо затоа што изгледав вака или онака, или бев многу мирна или плашлива, туку затоа што се пикав кадешто не ми е место. Нели во секое одделение обавезно има еден којшто сите го малтретираат на посебен начин.

    Е јас, најчесто ќе урлав ќе викав и ќе застанев во одбрана на истиот неколку пати и им се свртуваше фокусот кон мене. А, тоа што беше најстрашно, се засилуваше и детето против чиешто малтретирање се бунев, затоа што кутрото мислеше дека така боље ќе се социјализира со останатите. Е, на таквите ново-осилени највеќе им се лутев и ден денес од навика ја тргам главата кога ќе ги видам.

    Значи, со сите останати кога ќе ги видам останал оној нормален цивилизиран однос и си викам здраво, понекогаш се консултираме за нешто, ќе речеш ее детска работа скар-смир, но со таквите (имаше 3 такви случаи) никогаш. Не дека не им простив, ама не сакам веќе ни збор да потрошам на нив затоа што тие ме научија што значи суровост, а не главните мангупчиња во школо.

    Дури со една личност од тие одбив деловна соработка на времето. Ми остана онаа мисла во глава „ако можел тоа да ми го напраи на 10 години, што можам да очекувам децении подоцна?“ Знам, не ми бил многу рационален потегот, но одлуката и онака не беше донесена непристрасно. А, не сум човек којшто пребира кога е работа во прашање.
     
    Последна измена: 14 август 2015
    На kjukli, ozbilnazena, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    Добро утро.

    Темата денес тепање и е*ење. Интересно.
    Само нека проба мм нешто такво. Нека се сели на сибир после. Има да го кастрирам.:devil::devil:
    Туку дај ставете од тие вашите кафиња со поглед на море што се. :coffee::coffee::coffee:
     
    На ALISA0000, ozbilnazena, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  5. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    одам до продавница...кој е за кафе, нека се послужи...
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На fallenangel, Eli23, MacenceEna и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.184
    Пол:
    Женски
    Од мене денес ќе биде кафето на море... уште подобро, нека биде појадок
    [​IMG]

    Јас веќе почнав, ајде повелете!

    Полесно ми е кога пишувам тука, некако ми се оттргнуваат мислите од лошите работи... се надевам дека нема да го преседам денов денеска, во спротивно мислам дека ќе побудалам од грижи :(
     
    На Ariel, WORRIED.BT, fallenangel и 18 други им се допаѓа ова.
  7. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Ај од мене малку блачко, за да ни тргне денов|-)
    Затоа што утрава ми се хаос,:drunk:бррррррр брррррррр, брррррррррр брррррррр секое сабајле веќе три месеци, почнав и ноќе бургии да сањам...аман више!!:envy:

    Ај каснете си блачко да не ве замарам:D:D:D
    jang_kocke.jpg
     
    На ozbilnazena, joy1, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Јас прва лајкувам кога има нешто за јадење. :rofl::rofl: После се жалам многу сум качила во бременост. :sun:
     
    На ozbilnazena, galapce, joy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    :D:D Ако, касни си:*
    после ќе бидеме на групна диета:D:D
    Еве јас ќе те дружам :D:D
     
    На Annath, Abrakadabra, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Јас си пратам тема УН диета. Најизводлива ми изгледа со мени за трет ден: За ручек пица или тестенини, вечера чоколадо. :rofl::pizza::^:
     
    На galapce, danichap, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    142.154
    Од вакви работи не ми се оди на плажа. Тоа е едниствено место во последно време каде морам принудно да бидам неколку саати опкружена со стотина луѓе кои не ги знам и сфаќам дека веќе не треба да одам на плажа. Освен на приватна.

    Секој одмор е тепање на децата, врескање по нив, мажот секогаш ја навредува жена му, децата врескаат, налутени од тепањето од родителите, почнуваат меѓусебе да се тепаат, јадат лубеница со ниет сите пчели да дојдат, некое ќе биде каснато, ке вреска, мажот или жената, ке јадат со отворена уста, ќе шлапкаат... Изгледа подобро ми беше по плажи со млади луѓе, по 17-18.

    Релаксација на плажа само во 6 наутро и 7 навечер.

    Иначе, и јас се грижев за комшиката кога ја тепаше маж и, ама многу го сакала и сеа пак си е со него, малце повеќе ја тепа сега. Оти му роди дете, може, не знам... Ама веќе не се мешам.
     
    На kjukli, WORRIED.BT, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.486
    Пол:
    Женски
    Новово работно место, т.е. новата ситуација во мојот живот многу влијае на моите обврски кон вас мили мои. Ми недостигате ;(

    Да ви кажам право од работата не сум задоволна ич, ко да не е тоа тоа, не знам зошто. Демек струка, демек го работиш тоа што сакаш ама некако не ми е по ќеф. Во меѓувреме барам нова работа ама како ќе биде не знам искрено.

    Ве поздравувам од централното градско подрачје :*
     
    На Ariel, WORRIED.BT, galapce и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Поврорно сама со дечињата,сопругот замина и здравје таму за Нова година ќе се дружиме пак:( но што да се прави,живот.Инаку во врска со темата,и јас сум била сведок на такви случки но секогаш ми е било страв за веднаш нешто да направам(исто и јас комшика)на само ќе ка прашам дали и треба помош,и секогаш е дека веќе нема да ја тепа и Оти и рекол извини ме изнервира ти,но јас те сакам.:^)Ок,кога таа така си сака што можам јас.Ангелче можеби си навикната на еден начин на работа со луѓе што ги познаваш,сега ти е многу скоро да се разочаруваш од работата дај си време:).Убав ден девојчиња,одам да засредам малце,се читаме подоцна(highfive)
     
    На Priroden, galapce, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.184
    Пол:
    Женски
    Ангел, не се секирај... мене ми е ова втора недела на ова работно место... и што знам, добро е, фала Богу. На почетокот ги гледав и потенцирав сите негативности, како да не сакав да го променам претходното работно место. Ама за среќа, се промени и тоа, сега ги гледам позитивните работи. А првото е дека има работа :D фала Богу, денот ми е прилично исполнет. Не велам да не бараш друга работа, и јас не останувам само на ова, ама дај си време, ќе биде. Секој почеток е тежок, ама од некаде мора да се почне, нели? Полошо е да останеш на едно место цел живот, и да дојдеш до момент кога веќе нема да имаш никаква лична сатисфакција од работното место. Затоа се добри промените.

    Во име на промените - на здравје!
    [​IMG]
     
    На Ariel, galapce, Esmeralda-MD и 13 други им се допаѓа ова.
  15. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    @Cka , таков е нашиот балкански менталитет. Мм ич не сака да оди на одмор на места каде има многу Македонци баш од тие причини. Не дека Србите се нешто многу подобри, а за Грците пак да не правам муабет, мислам бетер и од нас сѐ. Да не се правам јас нешто многу поарна, ама дали дека со едно дете, немало викање, немало карање, јас сум таква, не сакам ни муабетот некој да ми го слуша, а не пак да се глупирам на плажа. И син ми гледам исто се понаша, од вода со мимики ми покажува ако треба топка да му дадам. Последниот продолжен викенд во Грчка го поминавме по плажи за млади и јас со моите 41 год, супер си поминав. Ако ништо друго нема да се плашиш дека пијалокот некој ќе ти го наполни со песок, или кога легнеш да се сончаш некое дете во трчање кон својата лежалка УБАВО ќе те разлади.
    @ninja35 , не случајно реков страв. На она мислев што го рече Теси. Кој ќе ја заштити неа дома. Можеби и не конкретниов случај, ама многу жени живеат таков живот зашто нема кој да им помогне. Имав подалечна роднина на мајка ми на која рано и починале родителите. Маж и алкохоличар ја зеде на сила, зашто немаше кој да и помогне и се закануваше дека ќе ги убие брат ѝ и сестра ѝ. Дете бев ама се сеќавам, немоќни беа сите роднини, ќе го пријават во полиција, ќе го приведат, ќе го пуштат, пак истата тортура. Женава имаше прекрасни свекор и сверква, ама џабе кога сите се тресеа од него. За закани и трчање со нож, без сторено дело во тоа време не можеше да скапе во затвор. И за ќотек не знам дали некогаш одлежа повеќе од месец дена. Велеше "Не се плашам јас за мене, што сака нека ми прави, се плашам за другите околу мене, не знаете колку е луд, се може да стори" . Толку беше луд што и сопственото дете си го вовлече во алкохолизам, криминал, на крај му загина во престрелка. Пред две години умре од цироза, сега таа жена вели "јас не знам како се живее во живот без страв, да уживаш во друштво на сопствените внучиња".
    Некои жени се и приморани во јавност да глумат среќен живот, убав брак, баш од таа причина, што нема кој да им помогне. Помошта што ја нуди државата не е доволна за да толку лесно ги напуштат таквите дебили.
    @Annath , што и да те мачи, мисли позитивно, се надевам се ќе заврши како што треба.
     
    Последна измена: 14 август 2015
    На kjukli, galapce, Esmeralda-MD и 8 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    E, на ова мислев и ја. Насмевка и поза за слика во стил на девојчињана од Toddlers and Tiaras, истрауматизирани од искомплексирани мајки: смејсеилиќетездробам насмевка. Детено кубено, шминкано, со вештачки заби, горено по солариуми, прскано, ептен му е до смеење.
    [​IMG]

    E тоа е. Некои од малтретираниве жени немаат дозвола ни да изгледаат тажно освен кога се на само. Ор елс. Тоа е. Жално но вистинито.

    Туку, @Annath, ти посакувам трпение и среќа. Ќе видиш, ќе помине, сè минува, па и тоа.
     
    На kjukli, galapce, Esmeralda-MD и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.184
    Пол:
    Женски
    @anel и јас од се срце се надевам на позитивен исход... ме мачи тоа што нема начин да помогнам, освен финансиски :( тоа ќе го сторам... ама некогаш ни парите не помагаат :(
     
    На Esmeralda-MD, vitamina, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    порано имав девојка што пред мене била во врска со некаков криминалец, насилник што редовно ја малтретирал додека биле во врска некаде околу три години....
    многу ми беше чудно од почеток, додека уште не знаев за него, когаќе ја прашав за било што, ќе ми одговореше :
    - како сакаш ти, како ќе кажеш ти...
    до толку што дури и ми одеше на нерви, па дури и префрлав дека не е можно се да и е сеедно и да нема свое мислење или желба за било што.
    плус беше како хронично уплашена а населбата, одредени кафичи, дискотеки, клубови каде одел и нејзиниот поранешен дечко, ги избегнувавме како пожар да има таму.
    дури мораше еднаш да си одиме од концерт на Саем, затоа што го виде таму. :envy:
    иако се сметам за добар психолог и сугестивен човек, цела година не успеав да и ја вратам самодовербата или да и го отргнам стравот од него.
    Лани дознав дека после мене имала врска од три години по што раскинала со дечкото и се земала со тој претходниот...тепачот...:punch:
     
    На fallenangel, vitamina, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис.:hai::hai::hai:

    Некокаш нема врска самодовербата или стравот кога си во врска со психопат, барем кај мене немаше тоа врска, јас си бев и уште сум мазена, пазена од дома, самодовербата никогаш не ми била мала, страв немав од дотичниот.
    Јас едноставно не ги сфаќав сериозно сите тие закани, забранување, ми беше прва сериозна врска, планиравме брак, семејство, младост-лудост. Од почеток беше страшно шармантен, секоја желба ми ја исполнуваше, се трудеше 110% за да ме придобие, после полека, полека почна со мали забрани, тој си бранеше јас си се смеев, не го сфаќав сериозно, никој никогаш ништо не ми бранел, што сега овој ќе ми брани, со тоа само си ја влошував ситуацијата, стануваше по нервозен, агресивен во забраните не физички.Кога останав бремена полуде, цело време ме пратеше, беше убеден дека не е негово иако ми беше прв љубовник, тој колку повеќе ме обвинуваше, јас толку повеќе почнав да се повлекувам од него. Кога се решив дека повеќе не сакам да бидам со него кога еден ден заглавив во сообраќај и дојдов кај него 15 минути покасно, ми ја проверуваше километражата на колата и се решив готово до тука можам да издржам е тогаш тој реши дека дека не треба да живеам.
    Јас вечно ќе им бидам благодарна на комшиите кој повикале полиција кога слушнаа дека нешто се случува, да не дојдеше полицијата во тој момент сигурна сум дека ќе ме убиеше, уште една клоца во глава и толку ќе беше од мене, пред тој момент никогаш рака не кренал на мене тогаш крена не бев ни спремна за да се одбранам или избегам.
    Тој заврши во затвор 5 години и забрана да ми се доближи а јас во болница со бројни повреди и изгубено бебе, ме клоцаше во стомак за да го убиел тоа проклето копиле.
    Ете во странство сите викаат дека луѓето си ја гледаат само својата работа ама кога ќе видат/слушнат дека некој некого малтертира може нема да се умешаат ама барем ќе викнат полиција.
    Кога бев во Мк слушнал од некаде и ми дојде на врата као демек да ја завршел работата, таму па го докачија братучедите мои, му удрија еден убав ќотек и си се врати тука со опашката меѓу нозете, уште еднаш ми дојде кога му заврши забраната да ми се доближи тогаш па сопругот не знам ни ден денес што му рекол ама овој маж скоро 40 годишен се измоча во гаќи и си доби уште една забрана од 10 години.
    Мене не ми се јасни какви се тие родители кои мижаат пред вакви работи кои им случуваат на ќерката, татко ми кога ме виде во болница беше скршен човек, му побеле косата тие пола саат додека стигнал во болница да види и да се увери дека сум жива, да не беше психово во затвор, татко ми ќе беше за неговото убиство.
    Неговите уште ме ословуваат со онаа курвата ради која заглави нивното синче во затвор, ради онаа курвата животот си го упропастил.(facepalm)

    Туууу ама сум се распишала, ај утре ќе се вратам на убави позитивни работи, ми беше поентата дека не е секогаш тоа од интерес, страв итн, можеби ако не видов како изгледа дното немаше да го ценам и уживам во тоа сега што го имам со сопругот.
     
    На kjukli, Gea, ALISA0000 и 31 други им се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.363
    Допаѓања:
    261.816
    Пол:
    Женски
    Трипати се наежив и препотив дур те дочитав Битер. Храбра жена си ти!
    Уживај во животот, сите тоа го заслужуваме.
     
    На kjukli, Gea, galapce и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.