Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    vitamina, биди ми секогаш позитивна и насмеана:hug:
    Галабо арна си мор и ја се замаауам на моменти:D
    За децава и нивните луди години нема да зборам оти период е ќе помине... а и такви се овие генерации ...
    Сакам да и кажам на do-re-mi,дека и таа како и неколку членки од темава, кои од свои причини ги заштитиле профилите не можам да ги следам и да сакам, а сакам да ви прочитам напишани мисли:)
    На Дилка комшикине сигурно знаат и кога се секса:lol: многу ги има па една ако нешто пропушти од друга не и бега:DЈас си имам еден таков од спротива, ако нешто те интересира само боцни го во слабата точка има се да дознаеш:lol:Му велам има нешто што не знаеш? ми вели тебе во траг не можам да ти влезам многу брзо ми бегаш со колана па не разбирам каде одиш:Dмм секогаш му велел отиде да шетне:D
    anel,кичма раце нозе болат и од промена на време, истите болки можат да ги почувствуваат и млади особи во денешно време.Така да, не си стара криво је време :)
    Aj уште некоја година кога ќе начукаме ко кукурек ќе бидеме:)
    сдк, ќе си го бараме златна златново сонце да не огрее и коски да ни стопли:)

    bittersweet,ќе прокоментирам за уличниве куми, оние кои попатно ти кажуваат кое име си требала да го дадеш на своето дете..На моето првото дете името го даде кумот...
    Тогашно време се породив во Берлин и на испуст бараа да ти заведат име од дете..
    По адет свекор ми и свекрва ми се јавиле и го прашале кумот за име, кумот постар човек малку табиетен да не речам терсене тоа ќе биде. Би како би името ми се допадна така и бидна малиот излезе од болница со тоа име.По некое време се вративме во мкд и свеки ги собра сите роднини и пријатели на гозба и се родило прво внуче.Седнаа јадеа пиеа и слушам теткиве од страна кај свекор ми се шепотат...
    изгледа невестава не сакала на брат ми името да го даде на детето па му го лупнала ова на никого.
    Ко по некое правило мора на дедо чукун дедо да биде, арно ама свекор ми ги слушна и им се врати.
    Ај не туку се шепотите на небу је бог на земји е кум велат нашине, акот не му го јадите не е до снајката друга и беше желбата,, им ги затна устите....

    Да не го должам големо ,навистина на првото дете сакав да му го дадам името од свекор ми затоа што ми беше како втор татко, ама ете атер на кум не прекршивме и друго име му дадовме.
    Е за второто три доктора кажаа дека носам ќерка и си најдов име да е блиску до неговото, арно ама по девет месеци излезе син на мајка па на кумот си му кажав дека за првото име беше од него дадено а за ова дете мајка ќе го дарува со името на дедото и така бидна:)
    Еве го завршив и денешниов пост(facepalm) малку долг ко обично:Dама па морам да се доискажам бре:tmi:
    Уз кафе нешто благо, благи да ми бидете:f::f::f::f:
    [​IMG]
     
    На MacenceEna, anel, kukla21 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.@ozbilnazena се надевам дека си добро и дека и ти посакувам побрзо оздравување.Моите деца јас сама им ги дадов имињата,кумовите сами не прашаа како сакаме така ќе биде.Денес имам ручек од вчера и си одмарам со книгата во раце.Вчегов да ве видам и да ве поздравам(highfive)
     
    На ozbilnazena, Bozica1980, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, јас веке 2 дена сум прикована за кревет, вртоглавица главоболка со еден збор ужас.
    Додека си лежам помегу 2 напади на вртоглавица имам доста време за размислување. Па еве на пример денес размислувам за сексот после 40та, дали нештата се менуваат, дали сексот во подоцнежните години добива некоја друга димензија, дали се намалува интензитетот на односите, има ли промени во желбата за секс кај жената секако и кај мажот... Незнам зошто но имам чувство дека 40та е некој преломен период кај лугето кога од младост преминуваат во позрели години па аналогно на тоа си велам сигурно тоа се одразува и на сексот особено на интензитетот и квалитетот на односите. Ова не значи дека се плашам од стареење туку само ме плшат одредени работо.
    Доколку навистинаима некои драстични промени барем да се потрудам во овој нареден период да зграбам што е можно повеќе на тој план :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Одма да ти дадам одговор, а мислам дека и останатите ,,старки,, ќе се сложат.
    Кексот после 40 е далеку подобар отколку на 20..30...години.
    Толку имам да изјавам.
     
    На kukla21, Annath, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.440
    Пред 7 недели со стомакот до заби брзав кон излезот за патници и ја пречекував мама од аеродром.
    Не ми се верува како летна време.
    Денес со бебушот во раце ја испраќавме. Буквално срце ми се кршеше, а нејзе знам сто пати потешко и беше:u:.
    Се надевам зимоска пак ќе дојде, ако не напролет бебуш ќе ја крштеваме кај нас.

    За беља е мојов од утро до вечер на терен...па се чуствувам и јас како галапче сега. Ама свеки ми е тука да не се жалам. Кога ќе иде на посета да ја вртка малата а јас таман низ куќа генералки да си направам.
    Евентуално од многу посети па да почнам и јас катчено за снаи и свекрви да го посетувам :rofl:

    Муабетов од озбилна.
    Ние го ставивме името од бабата на мм. Не само што ми се допадна името туку и од сите дешавки од неговото детство поврзани со нејзе и нејзиниот живот ми се допадна жената.
    Импулсивна, директна, комуникативна, полна со живот. Еднаш се степале со сестра и на 75 год. де :rofl: ама тоа под темпераментна ќе го класифицирам.

    Муабетов од струмка.
    Јас млада сум за да одговорам на прашањето ама мм ќе го прашам. Ама ако каже да, тоа може и до мене да е :P.

    Бебуш се искака...ај да привршувам. Работа ми отвори(mooning)
     
    На MacenceEna, ozbilnazena, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Значи да не се трошам сега беспотребно туку да си пијам кајциум и да чекам да дојдат 40те :) Шала на страна дајбоже да е така затоа што сериозно бев загрижена за сексуалниот живот после 40та.
     
  7. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    Не ме дирајте за имињата на децата. Секакви коментари сум доживеала. Ама најјак од сите дека е многу македонско името. А во цел христијански свет го има, секако нивни варијанти. Е како требаше да го крстам Пламен, Зорба, а?
    Тие што ставаат "модерни" имиња глумеле лудило, тие што ставаат традиционални прости биле. Е на народ никако да му погодиш. Затоа јас измарширав све тоа, па дури не дозволувам ни кратеници, продолжетоци, варијации и слични девијации.
    Да ми се здрави и живи имињата им се најубави. Верувајте човекот го прави името.
    @bittersweet мене многу грандиозно и гордо ми звучи името на синко твој и баш ми се допаѓа.

    Децата спијат, да пробам и јас да дремнам.
     
    На MacenceEna, anel, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Јас морав атер да правам за имињата оти уште кога се разбра дека сум бремена одма се јавија свекрва ми и свекор ми со : ,,,...нека е живо и здраво, да си го крстите како сакате, ние не се мешаме, ама еве на свекор ти името не е лошо...он и куќата ќе ви ја препише,,
    Значи...незнам како да Ви го опишам гневот кој ми се роди и ИНАЕТОТ пред се.
    За малоумна или проста ме смета некој па и куќа да ми препишел.
    Во тој момент ми дојде да речам ,,ни куќа ти сакам ни име ти ставам,, ама нели вуспитувањето не дозволува да се однесувам така па премолчав.
    Децата се крстија со македонски имиња и не ми е криво воопшто...едното на дедото се крсти.
    Несакам модерни и светски имиња кои не ,,лежат,, на македонско презиме...ама несакам ни некој да ми става ултиматум - за да ти дадам куќа крсти на мене.
    И без тоа , јас ќе направев ќеф на свекор и ќе го крстев на него.

    Е...третото дете си го крстив ЈАС како сакам, без никого да консултирам.
     
    На MacenceEna, Esmeralda-MD, <3 pleza4e <3 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до имиња на децата треба да бидеме многу внимателни, затоа што не се тоа пар чорапи па ако не му чинат ќе ги смени. Кога бираме име за дете прво треба да се ставиме себе во ситуација да го носиме тоа име дали би ни се допаднало или не. Второ нешто на што треба да внимаваме да не одиме по секоја цена на тоа да биде различно од другите или да не биде како името на детето на некој комшија и слични глупости. Значи бројот на имиња кои одговараат за ова поднебје е лимитира и треба да го избереме она за кое сметаме дека би ни било најпријатно да ни се обраќаат.
    Со отврањето на границите и можноста за патување потребно е да се обрне внимание и на тоа да името биде допадливо и во други средини и култури да не биде ептен наше, од типот на Струмка, Божана, Парасќева...
    Со еден збор кажано треба да бираме има кое ќе биде светско а наше.
    @referentka Значи си споила угодно со корисно т.е за името си постигнала висока цена, куќа не е мала работа.
    Ова е добра поука за помладите ако веќе правите ќеиф на старите барем пробајте кожата да си ја продадете што поскапо да не биде ептен за џабе.
     
    Последна измена: 20 август 2015
    На MacenceEna, galapce, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Јас сум пртив тоа да се става име како свекор и свекрва
    Утре и јас ете ќе станам свекрва ама никогаш нема да барам од снаите да ме стават мене
    Незнам како им е убаво на старите кога знаат дека против воља на младите е ставено нивно име.
    Секогаш кога бев млада си мечтаев дека некогаш кога ќе имам деца ќе се викаат X и Y ...дека ќе живеам среќно и во хармонија...
    Бев наивна и добра (и глупа изгледа)
    За на крај да ми се урне цел свет.

    Затоа во вториот живот не мечтаам туку делувам и не препуштам ништо ,,на случајот,,
    Животот ќе ми биде како јас ќе си го режирам.
    Детето ќе се вика како ЈАС сакам.
    Ке јадам МЕНЕ (т.е. НАС) што ни е воља.
    Ќе спијам до кога ми се спие и ќе шетам додека не остарам.
    Децата и ТОЈ се главни актери во мојот живот а другите НЕ се битни...

    И да видете чудо, егоизмот (во прво лице множина) супер функционира..

    Кај некои работи нема компромис.
     
    На MacenceEna, Esmeralda-MD, <3 pleza4e <3 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Да ви се замешан у штипки.
    Кога почна да ги дрма пубертет вашите деца?
    Син ми на 12 год се однесува :swear:,не ми се ни збори како.Прерано ли почна?Многу е зелен и покажува некаков револт кон се и сешто.И час се лигави,час се сили колкав маж бил.
    Јас не се сеќавам дека сум била таква,а и маж ми не се сеќава.
    Дајте кажете нешто повеќе тие кои сте прошле низ ова.
    Тек е почеток,ќерка ми освен некои телесни знаци уште нема бубачки.
    Поздрав и ве читам редовно кога можам...:)
     
    На MacenceEna, Esmeralda-MD, anel и 3 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    101.893
    Пол:
    Женски
    Нема крај на моите маки компјутерски.Никако да ја оправам кантана стара.Нема нет на него,ги прашував и чичковцине од операторот не ме оправија.Па и немам некој познат кој се бави со овие работи.Значи ете ќе пукнам.
    Ќерето не е приберено дома се уште,ако не ја ишишам ќелава да не се викам луничка.
    Денес поминувајќи на пазар видов праз,ми се пријаде пржен со мевце.Значи тоа е за ручек.
    Да одговорам на @Strumka22 , да сега кексот на овие години е подобар.
    За имињата да прокоментирам,за син ми кумовите го дадоа името и ми се допадна.
    А за ќерка ми беше повлечи-потегни.Имаа обичај името да го испишуваат на капче со златни букви :^).И за ќерка ми име што тогаш не беше популарно а сега секое второ девојче го има,со4 букви.Е името не можев да го сварам тогаш,се јавив на кумата и кажав дека не ми се допаѓа, да даде друго име.Значи не беше избор од повеќе туку едно единствено.Бре не попушта женава никако.Ама инает јас си ставив име како што мене ми се допаѓа,и на крштевката прашале дали сме се премислиле.Реков не и од тогаш односите затегнати.Се до овие години кога дали сфатија дека мене името не ми се допаѓало или не е некој проблем ако не стават име кои тие го замислиле,не знам.
    Можеби и јас тогаш млада и брза па не требаше да го менувам.:o
    Кум навистина е кум ,ама па сега кога не ми се допаѓа име,а мое дете..:nod:
     
    На MacenceEna, Esmeralda-MD, <3 pleza4e <3 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Кексот после 40-та е подобар од кога и да било. Знаеш што сакаш, посамоуверен си, немаш предрасуди или срам, се на се до коска е добар.
    Името на ќерето сама си го одбрав како што сакав, а кумот само се сложи.
    Никогаш не сум сакала имиња по баби и по дедовци, а посебно ако имињата се во стилот на Перса, Стојна, Стојмир, Трпе и омиленото Параскева.:D
     
    На Esmeralda-MD, <3 pleza4e <3, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.068
    Допаѓања:
    128.356
    Пол:
    Женски
    А бре колку сака нека е модерно името јас не крштевам дете по никого и тачка. Ако сакаа свекрива ми идна ( ова свекрива не е типфлер) нека си направи уште едно и нека си го кристи Мала Кроки.. Јас сум го носела, син и му се посреќило да направи едно од 100 покушаја и сега на неа или на свекор да крштевам. Иди бре.
     
    На MacenceEna, Eli23, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    и јас да се замешам за имињата...синко има име кое уште пред да останам трудна заедно со мм и кумот го договоривме...ова беше во стилот - ќе биде машко и ќе се вика .....немаше име за женско..
    иии после 4 години од тогаш така и испадна..се роди принцот и си го доби името кое ние и кумот го сакавме:)
    кај мене е традиција да се стави името од свекорот или свекрвата значи по дифолт...
    дури имаше и комични ситуации демек како се вика детето ? ја прашале мајка ми.....па така и така рекла...
    ааа значи на дедо му:!:(facepalm) не..епа на кој е крстено? па на никој и сите вакви:o

    рефке да не имаш ти нешто кав*даречко или тиквешко а? :?: натаму ми мааш со некои лаф муабети8-|
     
    На MacenceEna, Esmeralda-MD, <3 pleza4e <3 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Де преложете имиња кои ,,најмногу,, ги обожувате
    Јас еве покрај Параскева (која до скоро ја изговарав ПРАСКАрева :lol::lol::lol:), многу ги сакам-
    -Лимонка (ова е има за свекрва со лемон-табиет)
    -Велика
    -Роберт
    -Жаклина (љубави мојаааа,Жаклинаааа животе моооојјј)
    -Стојна
    -Живка

    не ми текнува дуго

    Де Вас да ве чујам ???????????
     
    На tessie и Eli23 им се допаѓа ова.
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    @ph.orhideja Или е пубертет или е разгаленост. Незнам зошто лугето сметаат дека во пубертетот децата треба да лудуваат и прават разни глупости. Според мене пубертетот може да помине и мирно без преголеми трауми и кај родителите и кај децата.
    Но основен проблем е тоа што родителите сакаат нивните деца што побргу да пораснат па им допуштаат секакви глупости да прават. Е, откога ќе ги сменат улогите кога децата ќе ја преземат власта дома тоа го нарекуваат пубертет, не драги мои тоа се вика разгаленост. Кога кучето ќе го шета сопственикот а не обратно не значи дека кучето е паметно туку дека сопственикот му допушта многу, да не употребувам погуб збор.
    Според мене не треба да им се допушта премногу на децата правдајќи го тоа со пубертет. Прашајте ги вашите баби дали во нивно време имало пубертет или морало да се почитува хиерархијата и да се знае кој е родител а кој дете. Само сега психолозите измислија разни глупости само за да им земат пари на лугето. Земете една прачка наречена ластегарка па да видите како пубертетот може да се смири за секунда.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.068
    Допаѓања:
    128.356
    Пол:
    Женски
    Мене една ме убедуваше дека се викам како баба ми ( на татко ми мајка му ). Вика ааа ви ја знам фамилијата ти си ... викам не сум таа. Е како е си.. па не се вика така баба ти .. а бе викам така се вика ама јас не се викам.
     
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    За дијалекти сум доктор.
    Нека не Ве чуди утре сабајле по струмички ако Ви се обратам.
    Иначе Цацко Конопишки ми е идол
     
    На <3 pleza4e <3, Annath, ALISA0000 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.047
    Пол:
    Женски
    За струмички и гевгелиски мене речник ми треба :rofl:
    Па кога ќе се турат у кавга и стават на fast forward, оди разбери ги ?!:lol:
     
    На AngelOfArh, Esmeralda-MD, <3 pleza4e <3 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.