Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Кафе и секојдневие на дневен ред.
    Сонови некои толку хај, али баш ок ми дојдоа ко за промена. :D
    Повелете од мене кафе сабајлево. :)
    th-1.jpg th.jpg
     
    На Ano, Peco, Viktorijaaa5 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Добро утро.
    Кафе дупла доза, па на секојдневие.
    Сонови не толку хај, барем се појавија ко за промена.
     
    На simonka93, Lejla8, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Јас вчера земав dream catcher ( луда сум знам) мож од него е, а? :D
    Бтв девојки, кога се исеков со нож пред некој ден, ми рекоа никако бивацин на отворена рана, можело да предизвика пеницилински шок. Дал е така или не еве @joy1 нека каже ако сака, и мене ми беше кажано од лице у воена што работи.
     
    На Sesil, Lejla8, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    У суштина сонот е она што телото ни го посакува, говор на телото нели.Секој може да ја совлада вештината на читањето на сигналите. Изгледа дека најголемиот дел од животниските видови имаат проблеми да изберат партнер кога им доаѓа времето за да се спарат, а потоа и да се справат со врската. За многу други видови ,женката се загрева,тој се пари со неа и се е готово. Кога доаѓа време да си избереме партнер за нас самите,само мал дел од луѓето имаат многу голем успех, а притоа воошто немаат појма како тој процес се одвива.Луѓето се единствениот вид кој што не ги разбира игрите на парење.
     
    На КикиМаус, simonka93, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Wow! :D
    Не би беше сонот у тој контекст, ама јако го опиша ова. :D Браво. :D
     
    На КикиМаус, Lejla8, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    152.557
    Пол:
    Женски
    Дoнрo утрo дoбри луѓе!

    Се нaспaв нoќескa...кoјзнaе мaјкa кaкo пoминaлa сo синкo?!

    Измив кoсa сегa ќе се фенирaм и требa пред рaбoтa дo шкoлo кaј ќеркa ми дa oдaм...клуч зaбoрaвив дa и дaдaм a сaмa ќе биде дoмa пoплaдне...смoтaни oд ссбaјле и двете:)

    Целa нoќ кревa и сеуште дувa и врне..
    и јaс сoнувaв нoќескa..не беше бaш убaв сoнoт...
     
    На Ane-Goki1, Peco, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Кога ќе ги сретнеме луѓето првпат,ние брзо донесуваме заклучоци за тоа дали се пријателски расположени,дали сакат да доминираат и за нивниот потенцијал како сексуален партнер.
    Всушност,ние формираме до 90% од нашето општо мислење за нив во рок од 4 минути.
    А првото нешто што го погледнуваме сигурно не се нивните очи.
    Др. Алберт Шефлен, експерт за говорот на телото, открил дека кога една личност се запознава со друга личност од спротивен пол, подложна е на несвесни психолошки промени. Се забележува висока напнатост на мускулите како подготовка за можна сексуална средба, стомакот се вовлекува,телото зазема поисправена положба и изгледа помладолико Кога се работи за маж, тој ја истура вилицата нанапред и ги надувува градите за да поприми изглед на доминантност
    А жената која што е заинтересирана, ќе ги нагласи своите гради, ќе ја зафрли главата, ќе ја допре косата, ќе ги покаже своите зглобови и со тоа ќе покаже дека може да биде покорена.


    (Препишувам што сум прочитал, но во суштина ова е тоа зашто жените кога сакат асален тип да фатат со давање знаци играат лотарија и привлекуваат социопати, психопати и остали говеда.) :D
     
    Последна измена: 19 април 2017
    На КикиМаус, ninja35, mareane и 7 други им се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Колку да! Ако некој нормално се "пали" на тело не на умствен дел. Браво! :)
     
    На Lejla8, Petar80, N.2106 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Учам да станам и јас читач на знаци, пази се :D
     
    На Lejla8, Petar80, N.2106 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Мене успеал само маж ми да ме "прочита" . :) :emo: 8)
     
    На Ane-Goki1, green.eyes, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Тука замешува прсти и религијата која забранува мешање во туѓ брак, како заштита на семејството од животинските ни инстинкти.Додека ние се соочуваме со романтични околности за кои нашите предци воопшто и не знаеле. Денес ние можеме да се сретнеме со нови партнери преку агенциите кои делуваат преку интернет, да одиме на брзи состаноци, да го подобриме својот физички изглед со козметички или хируршки зафати, како и да се мажиме и жениме по повеќе пати. И покрај сите овие избори кои денес ги имаме, и сите места на кои можеме да пронајдеме љубов, светот е зафатен со епидемија на самци! Се предвидува дека до 2020 дури 25% од сите жени во Западниот свет постојано ќе бидат сами. Стапката на разводи во најголемиот дел од светот изнесува околу 50%. Јасно е дека додворувањето и љубовта остануваат најмалку прифатени апсекти во однесувањето на луѓето, а нашето потфрлање во разбирањето и читањето на говорот на телото лежи во срцето на проблемот.
     
    На ninja35, Lejla8, LadyC и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ;( затоа јас сама, немам што да нагласам :rofl:
    Добро утро жени и мажи :coffee:
    Се чудам утрово какво време дојде, или какви сме станале. Ова државава толку не сјеба во мозокот, веќе ништо не ни е чудно, све е испревртено. Херој ни е човек што ограбува банка, а жена што тепа маж е јака женска. :| Семејно насилство е озбилна ствар, некако грубо ми е кога ќе видам дискриминација само затоа што злоставуваниот е од машкиот пол. Ама да не пишувам многу по темава, ќе треба да го барам после мислењево по цел форум :D
    Ајде имајте убав ден, денес само на едно око гледам, ама со малце повеќе дроги може до кај 12саат ќе прогледам и на другото :|
     
    На Ano, Peco, Val-Dim и 23 други им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Добро утро!
    Капути и чизми си облековте?
    Погледов низ прозор ме демотивира да се извлечам од кревет.
    Сонувам секоја вечер, односно, факт е дека сите сонуваме, но не сите се сеќаваат. Јас најчесто се сеќавам. Овој од ноќеска ме врати во детството :inlove:
    Денес чајчиња и овошје и зеленчук на мени. Минативе денови претерав.
    Интересни факти навел @Aleksandar1212
    @LadyC што ќе ти ловец на сни срцке?
     
    На Peco, Val-Dim, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    175.689
    Пол:
    Женски
    Добро утро ЛеПо друштво. Извесно време ве пратам, т.е ве "мањачам ", па решив да пробам да ви се укЉучам у друштво, се разбира ако ме примите. Таман сум за оваа групичка. Рамно 40 имам. Тазе мажена, т.е скоро 2 год:). Не работам, ги трошам парите на мажулето :D. Деца немам, ама " вредно" раДим на случајот. За почеток мислам доволно кажав за себе.
    Сега, как што е редот да почастам кафица
     

    Прикачени фајлови:

    • 130418029.jpg
      130418029.jpg
      Големина на фајлот:
      37 KB
      Прегледи:
      1
    • organic-03.jpg
      organic-03.jpg
      Големина на фајлот:
      74,6 KB
      Прегледи:
      2
    На Ano, Peco, Cka и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.929
    Допаѓања:
    203.189
    Пол:
    Женски
    Прво добро утро да си кажам, како што е ред.

    Не, со хидроген само на почеток, после не, во спротивно раната ќе крвари и нема да зарасне. Хидрогенот го омекнува површинскиот слој и не дозволува да се направи краста. Нема потреба од чистење секојдневно, особено ако раната е отворена. Ако е затворена, мора да се чисти кога се прави преврска. Така што, ако ставаш фластер за свадбата, кога ќе го извадиш, ако не е сува, ќе мора малку да ја исчистиш, јод ќе биде доволен. Ама ако користиш Бивацин, поточно, се продава сега како Банеоцин (прашок е), до сабота гранулационото ткиво т.е крастата ќе се формира.

    На рана од нож не се става ништо такво, бидејќи е длабока, со чисти краеви и потешко пристапна за инфицирање ако е добро исчистена за разлика од одрана кожа која е широка, со неправилни рабови и различна дебелина на оштетено ткиво, па прашок како Бивацин многу помага. Башка што не е логично да даде пеницилински шок, кога тој антибиотик не е пеницилин, ниту спаѓа во таа група. Реакција може да има, ако постои алергија на неомицин или бацитрацин, ама тоа е ризик со секој лек без разлика на која група припаѓа.

    Ај доста е со медицина за денес :whew:

    И јас сонував ноќеска, глупости, а не оти памтам нешто. Нејсе, и мали не ми спие убаво, заби се во прашање... бар да пробијат побрзо да не го мачи непцето.

    Убав ден!
     
    На Peco, Val-Dim, Ane-Goki1 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.364
    Допаѓања:
    261.823
    Пол:
    Женски
    @Aleksandar1212 убаво пишал, најчесто несвесно ги правиме гестовите. Со тек на време и со посочување од страна сум се фатила сама дека тоа го правам а и го гледам кај други парови. Скоро без исклучок е тој говорот на телото.

    Добро утро. Јадев, да не ме мислите. И кафе ќе ставам, кој сака нек се пријави.
    Треба да се зачисти а ме мрзи, требаше на шетање ама времево е само за филмови во кревет.
    Друго паметно немам што да кажам :emo:
     
    На Peco, Viktorijaaa5, Val-Dim и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Да Бивацин не се става на отворена рана, туку откако ќе се луфтира раната слободно, после некое време кога ќе фати коричка одозгора.
    Добро утро на сите. Кафе испиено. Време тмурно, беба расплакано, јас ненаспиена а расположена...од што не знам. За арно нека е.
    Ако се нафатиш со тумачење на сонови, па и хороскоп во умереност е ок, дури и занимливо, ама ама ако баш се опседнеш може да одиш во некоја крајност од која нема да излезеш...сите знаци и на јаве ќе ги препишуваш на тие симболики од профил по хороскопски знаци, како и пилето кое пример, запеало или не пред една недела у сон :D, мада има по нештичко од ова, али пак ќе кажам- умерено.
    Си фантазирам за летен одмор. Се уфурив у агенциите , пратам понуди, букинг, сакам да резервирам од сега, ама имам една пречка која најверојатно би ме закочила до среде јули, а не се знае , па не можам да фиксирам дата. Така да, ќе остане пак во 5 за 12.
    Имајте убав ден.
     
    На Peco, ninja35, V.odolija и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Добро утро, гледам утрово темава почнала убаво тс читам де. И на мене некој сончиња ми се провртеа низ глава. Утрово дупло турско со три лажички кафе за расонување по ваков даун на времево.
     
    На Peco, Ane-Goki1, ninja35 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Како зборувате за рани, крварења, преврски,домашна прва помош...јас сум за такви нешта коркач.
    Раната од првиот царски не можев ни на огледало да ја погледнам два месеци :tmi:
    Син ми ми падна во двор, а беше едвај две години, гледам капки крв и големата ја оставив на комшивката, стопирав на првиот минувач и на брза помош одма.
    Како ми се смееја таму :rofl:
     
    На Ano, Peco, Val-Dim и 18 други им се допаѓа ова.
  20. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    Се надевам депресија нема да ме удри од времиштево.Кафе си сварив и ве читам вас.
    Околу темава сонови.Секој сонува а ретко кој ги памти соновите.Јас понекогаш сонувам толку реален сон што кога се будам се размислувам дали е сон или вистина.
     
    На Ano, Peco, Val-Dim и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.