Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    276.751
    Пол:
    Женски
    А Џони Логан,ех симпатија ми беше со години...
     
    На PUPICA, Petar80, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    А Селин Дион :)
     
    На Petar80, Annath, Lejla8 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    176.479
    Пол:
    Машки
    :)
     
    На Petar80, Annath, Lejla8 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А Дaниел :rofl:
    Вaкa пеевме - стиглa је сaмa сa Љетa пришлa и реклa хелo

    Бoжееее кoлку бевме мaли.
    Хит вo кoлa ни беше кoгa oдевме нa гoсти :D
     
    На PUPICA, Barbie20, Espadrila и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.126
    Допаѓања:
    40.490
    Пол:
    Женски
    Ова со водава не ми спомнала мајка ми, а за светлина добро решение. Не сакала дирекни сончеви зраци.:lol:
    Комплицирано. Мене лани кога ја забаталиво во реновирањето, 20 цвета ми исфрли. Оваа година жална е. Нешто не и тргна. Додуша зимоска ја зезнав, покрај парно ми остана и не и пријаше толку топлина. Битно жива е па ќе и најдам чаре. Ако не ја мајка ми на рехабилитација ќе ја пратам.
    Инаку тоа за прихрана ние го чувавме растворено, не му смета. И не на секое полевање. Мислам еднаш на две недели само. Ќе мора да одам да купам и јас за да и дадам мотив за цветање

    @M&M не издавај дека сме иста личност со два различни профили :lol:. Уште да ми кажеш дека и трчање му е нова пасија и ептен исто ќе е. А за чувањето кај нас имаше идеа да стоел во ходник закачен на ѕид над плакарчето:?:

    Добро вечер. Ве дочитав и само ќе ве поздравам, одам на спиење. Напоре ден имав, се надевам утре порелаксирано па ќе ве пратам повнимателно во темите.

    Добра ноќ на сите
     
    На Chantal, emkaemka, Petar80 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.800
    Допаѓања:
    61.612
    Здраво девојки :f:
    Вечерва евоцираме Евровизиски спомени?

    Мали :^) :?: :shake:
    Јас бев голема (poolparty) Матурантка, 1986 година :!:
    Мислам дека и порано во темава сум ја напишала „дешавката“ со Даниел на мојата матурска вечер...
    Матура, доживЉај :D Континентал, мај 1986... Рано утро, зора, забавата заврши и сите со сандалите во раце стоиме на паркингот и чекаме превоз до дома. Девојки еден куп, уствари, само девојки :tmi: Ни приога еден „типац“ и прашува како си поминавме, дали сме полнолетни (facepalm)... ииии која сака да го помине утрото со Џули пејачот - Даниел... Во неговата хотелска соба :!:
    Непристоен предлог :lol: :$ (facepalm)
    Ииии замислете ниедна не сакаше да се „запознае“ со тогаш најпопуларниот пејач во ЈУ!!!
    Тоа беа други времиња :!:

    :rofl: Девојко секогаш успеваш да ме насмееш со постовите... Дури и преку екранов ја чувствувам твојата интелигенција :hug:

    Јухуууу... Утре е петок :party:
    Добра ноќ :hug:
     
    На kuc, Barbie20, Chantal и 22 други им се допаѓа ова.
  7. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    21.905
    Додека сме носталгични за одамнешните времиња на Евровизија , еден евровизиски поздрав и од мене , иако сум била мала ама хитовите траеле неколку години потоа

    Се изнасмеав за твитовите вечерва, многу досетлив народ сме , шегобијци :D
     
    На emkaemka, Petar80, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    176.479
    Пол:
    Машки
    Џабе е утре петок, кога задутре е сабота, а јас сум на работа :|


    Ова е вистинска песна. Кога ќе викне пеачот, ми се наежува кожата.


    Добра ноќ
     
    На *Amethyst*, kuc, Barbie20 и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    136.714
    Пол:
    Женски
    Моите евровизиски спомени вака почнуваат. Таа година нас Владо не претставуваше.
     
    На Barbie20, emkaemka, Petar80 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    72.746
    и мене Сеске...
    А ги знам и Холд ми нау и Џули ;)
     
    На Petar80, Annath, Lejla8 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Нема ништо подобро од пари кои ТИ си ги спечалил. Додека си млад, не смееш да дозволиш да си невработен. Секоја работа, макар и слабо платена е подобра од барањето пари за кафе и цигара од родителите, кои веќе ти дале се' што имаат.

    Никогаш нема да разберам како не им е жал на младите луѓе да гледаат како родителите нивни се мачат а они се префрлаат од една во друга соба со образложение дека биле академски граѓани или уште полошо, имале факултет и чекаат работа по струка. Родителите и душата би ја дале за децата, ама како ги држи местото, млади, здрави, прави да гнијат дома во 4 ѕида и да чекаат идеална прилика.

    Се испукав, ама страшно сум иритирана од еден куп млади луѓе кои ги познавам. Познавам ќерки и синови на шофери на камиони кои со месеци спијат во кабина и не доаѓаат дома, жени кои работат во конфекција, по 10 саати над машина, луѓе кои работат во маркети, луѓе кои чистат, луѓе кои се мајстори и градежни работници. Срамота.
     
    На *Amethyst*, Barbie20, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Кафе пијам во двор, сонце има ама ладно е, однесов дете на училиште, другите дома си останаа, да си се гушкаме, да си играме, да си плачеме, денот де интересен да си го направам.:wasntme::lol:

    Ручек не знам што ќе биде, уште се мислам, може некое ризото да направам, на Матео омиленото јадење.

    Со мм конечно се видовме, пиевме кока кола, пуштивме машини неколку, сега сме мирни бајчиња и двајцата.:P:rofl:

    Два дена бев слободна, ме ставиле викенди да работам, ќе правам муабет со главниот, не сакам бре викенди да работам.:@

    Евровизија не гледам, ништо немам појма околу тоа, знам дека последниве години и ние учествуваме, зошто и тоа појма немам, може дека на крајот на светот сме па се чувствуваме изолирани па ај и ние на учествуваме.:wasntme::devil:
    За Мк еднаш кажав дека најдобро да ги пратат К-15, Дуо Трио со онаа песната со месење кифли ли беше, такви песни и глупости поминуваат на Евровизија, не бараат квалитетни песни, квалитетни изведувачи туку глупости поминуваат.

    Трета смена нема, сите спиете, ај ќе се фатам за некоја работа.:lol::lol:
     
    На kuc, sweet-cherry, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.549
    Допаѓања:
    139.813
    АКо ти се свиѓа педер, онда си безнадежен случај :) Уствари, не, платонска љубов бе!

    Витамина, ако соголиш душа може ладно да ти биде така непокриена, затоа душа не се соголува. Освен ако не сакаш да си ја настинеш. Душата, мислам.

    Маж ми ми пиша ОК. Сигурно си помислил дека ќе ми помине. Ама еве уште сум лезбејка.

    Мнгу често кога мислите дека некоја ништо не прави освен маж и дете, да знаете дека ништо не знаете.

    Дете стана во 5 и бара нам нам. Изеде пола кашичка и заспа. Јас дежурам.
     
    На samovila.red., Ano, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Добро утро
    Времето ќе било вакво,такво,сончево..до 30 степени..оно-никакво.]:)
    И онака фармерки во петок облекувам за на работа,нели-кежуали фрајдеј што би рекле Европјани(facepalm)..

    Ај..будете се полека..викендот почнува:).

    Имајте убав ден(fingers)
     
    На Ano, kuc, Peco и 27 други им се допаѓа ова.
  15. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    21.905
    И јас од сабајле ( 4:30) се прашувам што е со времево, демек топло требаше да е.До душа за од утре пишува ама ова ладно бааги.

    Добро утро.Какво и да е, викенд е :o: па ајде станувајте , додека е топол бурекот во пекарите да си каснете за доручек.:mm:
     
    На kuc, Peco, vitamina и 20 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.133
    Допаѓања:
    124.475
    Ма и родителите се криви. Познавам такви- мое дете со факултет за 200 евра нема да работи било што. Тоа е веќе друга дискусија платите и општо ситуацијата во државава . @referentka да не работиме во иста фирма? И кај нас петок сите сме во фармерки па и директор :D
     
    На Ano, kuc, Rebecca_R и 15 други им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    83-та :!:
    На мисла ме стави :rofl:
    Враќав во мозоков тоа гласчето на сестра ми и никако не ми се совпаѓаше со годината која ја наведе :lol:

    Добро утро :rain:
    Што е со времево? Вака ли ќе биде цело лето? Прекланско дежа ву :x
     
    На Val-Dim, kuc, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.936
    Допаѓања:
    153.061
    Пол:
    Женски
    @ska може се израдувал и очекува некој ден да го изненадиш :) да го пречекаш дома со уште една девојка
    @Ano ете тука ни се разминаа мажите не е по трчањето ич. Инаку ми збореше за некој пријател што си го чувал точакот во салон закачен на зид како слика и мн му се свиѓало тоа. Извини ако има салон од 100м2 ама нашава дневна има еден зид над гарнитура кај што спиеш ти ако сакаш да те убие твоето најголемо задоволство бујрум :) . Во секој случај тоа не му го дозволувам да извини.
    А зошто никој не ја спомна Тајчи :) како беше песната сум заборавила.
    @Rebecca_R и јас мн пати сум размислувала за ова. Значи не е природно да се седи дома и да се бара пари од мама тато од извесна возраст. Знам дека тешко се наоѓа работа ама има некој што молат бога да не најдат. И нормално не мора одма да биде на струка, има кафичи, дуќано, чување деца ... се е тоа едно големо искуство а не понижување на дипломите што ги стекнале. Уште од средно и помагав на тетками кога имаше бутик, на братучетка ми во дуќан, брат ми од средно по кафичи работеше и тоа си беше за џепарац не плата да речеш. И после средно подработував ваму-таму ок оставив една работа за да довршам испити ама морав итн да не се фалам ама барем гледав колку толку дома да олеснам финансиски бидејќи ионака не стоевме баш најдобро на тој план тој период.
    Сега признавам дека имам желба да оставам работа и да си чувам деца ама тоа не се рачуна за неработење нели :^) . Само немам храброст таков чекор да направам баш поради децава.
    Ај да не филозофирам по сабајле да се фатам за работа :)
     
    На kuc, Peco, Rebecca_R и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.281
    Допаѓања:
    260.893
    Пол:
    Женски
    Реков јас ќе врне, ама ми се пореметија плановите па ништо од шетањето. Изодев утринава ]:)
    Топло кафе, црно и горко.

    @Cka да каже која е пеачката :wasntme:
     
    На kuc, WORRIED.BT, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.083
    Пол:
    Машки
    Добро утро, кафе ме пречека на биро ама веќе се оладило одам да си направам друго. Времево нека оди у ПМ веќе стана неподносливо досадно. Имајте убав ден пред викенд
     
    На kuc, Peco, Mr. Right и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.