Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ииииииииииииииии реизот ни е уште на граница, а ние сите спремни чекаме!
    Нешто грчиштава мрчеле, ах како не им се у*рав во морето по*очано.
    Лелелеле жени одвај чекам дома да си одам ама скоро нема да биде изгледа.:sweat:
     
    На Petar80, lunicka и ninja35 им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Па бањај се бре! :)
     
    На Daleron, Peco и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.301
    Допаѓања:
    278.218
    Пол:
    Женски
    Каде сте денес,слабо ве има.Или сте се задомаќиниле со зимнициве или си го користите продолжениот викенд .Јас пречекав пак ненајавени гости ,се снајдов набрзина со ручек,најдадени напиени си заминааАко куќа отворена не е проблем ама свеки цел ден мрчи ако во нејзина куќа и таа беше гостин Ако се направам такво мрчало и јас на старост ,леле.А бре внуциве не ги трпи а не гости да трпи.И после зошто не сме оделе често оти децата не сакале да одат ...
     
    На bittersweet, tessie, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам,:l:
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер девојчиња,Денес си бев на гости кај моите родители и поштено се изналежав.Денес е посебен ден за нив,40 години од брак:inlove:,нека им се множат годините во здравје,среќа и слога,е тогаш и јас ќе бидам најсреќна.Сите ве поздравувам и ви посакувам пријатна вечер(ова како на телевизија:^))Нема врска,ај да ве почастам за тој повод[​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На bittersweet, tessie, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    62.031
    Добра вечер лепотици :f:
    Денес ми е последен ден од годишниот одмор... Утре со нови сили пак на работа... Уфффф... а, сакав одморот да потрае подолго... Желби, желби... не ни се остваруваат секогаш...
    Е, гледате не сум баш во некое „расположение“, па само ќе Ве поздравам и потсетам...

    slika.jpg
     
    На galapce, Esmeralda-MD, tessie и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.599
    Допаѓања:
    177.635
    Пол:
    Машки
    Добровечер девојки
    Одморот заврши, утре треба да се оди на работа, а мене не ми се оди :)
    Не бев на некое специјално место на одмор, ама барем ја средив куќава, кречење, перење теписи и то.
    Поздрав и пријатна вечер :hug:
     
    На galapce, Annath, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Ја сакам бојата на мојата коса толку колку што го мразам денот недела. Уште од кога бев дете неделата ја доживував како крајот на нештата, исполнет со блага меланхолија, со некаква тапа тага, без динамика, со зголемена замреност по улиците, посебно во зима. Денеска и покрај џагорот на малечките низ дома, јас се трудев да најдам тишина во некој агол од куќата, некако не можев да и се наситам на потребата за осаменост и сон. Лутав по мислите, барав решенија, замислував идеални ситуации, ги знаете оние што реално многу тешко се остваруваат, а се добра замена за броење овци пред спиење.
    Ја сакам бојата на мојата коса, секогаш кога зрак светлина ќе се пробие низ дупчињата на спуштените ролетни во спалната соба, а таа лежи распостелана на белата перница. Некаква чудна убавина има во тие магични утра кои ти дозволуваат долго протегање во постелата и мирисаат на турско кафе послужено со слатко од зелени смокви.
    Ја сакам бојата на мојата коса, кога паѓа врз ликот што стои спроти мене во огледало.Со неа се обоени моите соништа, во неа се потопени моите љубови, од неа се прелеваат и најтешките воздишки, како оваа што ја испуштам сега, во овој момент, во нестрпливо исчекување на утрешниот ден, кој би сакала да го преспијам, а знам дека мора да се случи...И кога ќе заврши, а мора да заврши, ќе се свртам со грбот кон запад, за да отсјајот од зајдисонцето во мојата коса, ја засили бојата на мојата аура...јас сум храбра...јас сум храбра...јас...
     
    На mal.ecka, Bozica1980, galapce и 18 други им се допаѓа ова.
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    11831752_10204882670248673_6442525675339508214_n.jpg
     
    На toogood, Esmeralda-MD, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  10. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    Уште никој не станал....:^)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tessie, <3 pleza4e <3, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Добро утро на сите како сте повелете на кафенце[​IMG]
     
    На Peco, mareane, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Добро утро директно од местото на настанот таканаречено работа.
    (facepalm) До вчера гола шетав по полажите (во купаќи де), а денес на работа.
    Имајте убав ден.
     
    На Peco, mareane, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Добро утро жени!

    Не ми замерувајте што не спремив кафе и појадок, ама сабајле добро е што воопшто станав од кревет. Вчера кога и писнав на евтината струја, на крај пак го имав моментот - среќа што сум утре на работа, ќе се одморам малку :).

    Ми се вратија дечиштата од одмор, ми дојде душата на место. Последните две недели веќе ќе почнев да касам од што ми фалеа.

    Ај да се вратам на работните обврски, доста се заебавам.

    Имајте убав ден!
     
    На Val-Dim, Peco, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Добро утро жени!

    Не ми замерувајте што не спремив кафе и појадок, ама сабајле добро е што воопшто станав од кревет. Вчера кога и писнав на евтината струја, на крај пак го имав моментот - среќа што сум утре на работа, ќе се одморам малку :).

    Ми се вратија дечиштата од одмор, ми дојде душата на место. Последните две недели веќе ќе почнев да касам од што ми фалеа.

    Ај да се вратам на работните обврски, доста се заебавам.

    Имајте убав ден!
     
    На Peco, lunicka, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите :)

    И јас се извинувам што нема кафе и појадок, рачунам дека сите веќе сме завршиле со тоа :) Малку пуштам мозок на пасење, длабоко дишам, мали спие, малку тишина имам дома :o :) Ми треба трпение за неделава и периодов што следи, моментално сме во процес на купување стан, ограничени сме со време......се надевам се ќе се заврши во рок, иначе ќе се искомплицираат некои работи :sweat: Ајде понеделнички нека тргне работата како што треба. :angel:

    Убава работна недела на сите :* :hug:
     
    На galapce, Val-Dim, Peco и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене (ќе пишев добро утро, ама видов дека поминало пладне) 8)
    Продолжен празничен викенд, се извинувам што не пишав ништо... уште еднаш, од срце ви благодарам на сите за убавите желби и честитките, да ви се враќа се најубаво!
    Битерке, нека му е среќен роденденот на Константин (именцево го имам предвид за второ дете, ама не ми се сложува баш со презимето, ама здравје). Жив и здрав да е, голем да расте! Не сакал да биде голем, а овој мојов ако му речеш мал е, одма носот го крева, голем бил (facepalm) :rofl: деца!
    Честита годишнина @WORRIED.BT, да ви се множат години со љубов и среќа!

    Што да се пофалам, викендов пола дома, со гости (слава на свекорот), пола во Србија, испраќаме наши луѓе во Германија на печалба... тежок овој живот балкански, секој втор замина оттука :(

    Не можам да се спастрам никако деновиве, растурени сме упм... и на крај, дома ќе ми се мотаат мајстори додека сме на одмор |( и кога ќе се вратиме здравје, место тие три дена што ќе ми останат да одмарам, јас ќе треба да чистам... а толку сакав да си средам све пред одмор, ама јбг, маживе не слушаат кога треба... арно велев да почниме со работа во јуни, да средиме се со време, оти нели не секогаш излегува според планот... ама ете... само да се заврши се додека е уште топло, не е битно кога.
    И така... ми се спие, ми се плаче... ни кафе не ми помага....
     
    На galapce, WORRIED.BT, Val-Dim и 14 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    И јас да се јавам на темава!
    Не сме баш активни нешто деновиве, но ќе има и подобри денови :) ....верувам во тоа.
    Нит јас сум баш нешто расположена, нит па нешто ми оде од рака во последно време. Завршивме со зимниците и бавчите, со летото и одморот, морето плажите и сето тоа летинисување.
    Ни храброст ни борба нит сила остана во мене.
    Еве конечно дојде и последниот ден од летово одморот или како да се каже од утре почнува нов месец нов ден преполн со интересни и потешки обврски, температурите ќе ни се намалат и ќе се почне со бурна година и нов почеток.
    Единствено ова ме прави среќна, и месец минус до отчукувањето на мојата животна желба и сон.
    Бидете ми поздравени секогаш позитовни и енергични, живејте онака како што вам ви одговара и уживајте во тоа што ве исполнува.
    Убав ден!
     
    На galapce, Val-Dim, Peco и 10 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.891
    Допаѓања:
    110.077
    Пол:
    Женски
    Сите на број еј, се вратија по работни места :D
     
    На Peco, mareane, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден девојки,и јас да се пријавам тука.@Vitamina,само храбро,се ќе си дојде на место и ќе биде добро.Ние сме жени и можеме се да направиме,не потклекнувај,секое добро.Огромен поздрав и до сите други женски,нов ден нови победи.Се читаме подоцна:)
     
    На green.eyes, mareane, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    Не се радувај предвреме, за една недела јас ќе избегам :D 8)
     
    На Bozica1980, Peco и vitamina им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.