Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Ама јас не се вреѓам.
    Прифатив дека тоа е така и секогаш ќе биде.

    Тоа сакав и да кажам за другите.
    Тие лгбт парадирања ми се бесмислени, не можеш ти некого да натераш да те прифати, некогаш ниту присилно, можеш само да ги разбудиш 'демоните' па да направиш поголем хаос.
    Ок, живееј си таму како сакаш, секој со свој избор и последиците ама тогаш очекувај и против мислења. Тоа секогаш ќе има, исто како што секогаш мене некој ќе ме нарекува конзервативна или затуцана.
    Ако јас сум сигурна во својот избор и живот, тоа воопшто не би требало да ме погодува.

    Ама... ама... сметам дека стандарди мора да постојат.
    Е тука се разликуваме, по стандардите. Тие ни го одредуваат животот, се изградуваме врз основа на нив, го посматраме светот преку личен стандард и нормално е да доаѓаат во сукоб различни стандарди и светогледи.
    Не би требало да е чудно тоа.
    Па дури и да осудиш нешто врз основа на својот стандард.
    Мене ми стана многу чудно она " не осудувај". Па луѓе, мора нешто да се осудува, и тоа спрема личен стандард.
     
    На Skorpija25, Peco, Lejla8 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    И заборавив да кажам дека сум била на слава во гаража. Летно време, многу гости, мала куќа, убаво уредено. Воопшто не сум помислила дека не било во ред, всушност мислам дека повеќето во селото вака славеа. Тоа барем беше порано, сега и помалку гости има, па обично внатре се собираат.
    И јас заглавив во вода викендов за на слава :| ме фати дождот на сред пат, а пред куќа кај луѓево чиниш поплава. Со цел памет и со балетанки (facepalm)
     
    На Skorpija25, Peco, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Тоа е исто како јас да ти кажам -живеј си како сакаш, верувај во што сакаш, но немој да ми збориш за Бог, немој да ми цитираш Библија, немој да ми кажуваш од каде потекнуваат твоите ставови. Читај си дома, разговарај си со твоите во 4 ѕида, ама надвор јас не сакам да видам ниту дел од твоите верувања кои за мене пример се затуцани, ниту мое дете во твоја близина оти можеби некакво влијание ќе имаш врз него, макар и мало, макар и несвесно. Сега ќе кажеш -јас за паради зборам иако во Мк јас за парада не знам, ама ај.
     
    На malerozna, Annath, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Ам и јас сакам таква вода, ама да ги заобиколам момите со раче преку уста :D

    Околу осуди, во едно се согласувам со @Sky-butterfly. Да, треба да осудиме неправда, треба да осудиме насилство, треба да осудиме корумпираност. Да, треба да ги осудиме убијците на Тамара, и оние ситни лоповчиња.

    Но, не треба да осудуваме некого затоа што е различен. Скај е различна од мене, очигледно многу, но немам зошто да ја осудувам ако сама и свесно си го одбрала својот пат.

    Тоа што јас не се согласувам со нејзиниот избор, не значи дека е погрешен. Погрешен е за мене, за неа е исправен. И го има секое право да живее како што сака. А оние кои ја осудуваат, како што вели, дека е затуцана, не се подобри од оние кои осудуваат ЛГБТ.

    Има голема разлика меѓу "мене не ми одговара тој начин на живот" и "ти си ненормален, погрешен..."
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На malerozna, Rirri, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Бриџит а правам ли јас тоа?
    Прокламирам на сите и се дека тоа е исправно (иако е :lol:), наметнувам да ме прифатат?

    И да го правам тоа и да не го правам, немам права да се лутам ако некој ме нарече затуцана.

    А ако треба утре да се 'борам' , застапувам за своите идеали ако ме праша некој, или ако ми се укаже прилика на нешто да влијаам, ќе се борам, исто како што некој друг се бори и треба да очекува контра ставови како што и самата ќе ги очекувам.

    Пс.парадирање допрва ќе дојде и тука, наскоро.
     
    На Skorpija25, Peco, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Ок, можеби ќе дојдат подобри времиња кога религиите во обликот кој сега го имаат ќе исчезнат и можеби одредени делови од книгите ќе се користат само како прирачници за себеспознавање, самопомош :D па ќе имате шанса да видите што вистински значат маргини и неприфаќање, воедно и шанса да се изборите фер. Ама без наметнување:!: Оти осетливи не има :D
     
    На Kitten, Annath, Lejla8 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Абе и ја како не се исконтролирав што пишав. Сеа на сите у лп ќе им се извинам. Браво бе жабо да не беше ти ич немаше да ми текне. :D
     
    На Lejla8 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Не бе па ти. Оти да им се извинуваш. Кој тоа рече? Ја да сум... и би ги тагнала. :D Самите да си кажат, што.. за кого им лежи на душата :D Не ради друго, оти, и претходно вака излегуваше со ау бау кој оговарал по лп:D Повици... арам да им е!!!! :D Сега требаше да ги повикаш и другачките... за у лице да и плеснат на Камелија:D да те поддржат пред сите. Коа веќе ги спомна.
     
    На Lolipop23, Annath, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Секогаш ќе биде некоја осетлива група.
    Еве пример зошто сум поттикната денес за темава.
    Нели вчера прва операција, за некој ден пример парада ќе има (во најава е, па како Србите попустија што станало за тука. Се за таа проклета еу ), новата влада дава јавна поддршка на лгбт групацијата.
    Ама 'утре', како што најавуваат, кога ќе воведат сексуално образование во школите, да објаснат како тоа е во ред машко и машко да бидат заедно (ова незванично, како претпоставка се уште, не се знае што точно ќе биде, а ќе биде НЕШТО, а дај Боже да не биде ништо) итекако ќе ми пречи.
    Нечие право ќе го угрози моето право! И забога мора ли преку деца?

    Ама тоа е. Јас ако можам и каде можам ќе се бунам, борам, ако не вреди тоа е. Ама не е сеедно некој друг да ти го воспитува детето во овие области, се преку некој превез на ' сеопшто добро', ' општа толеранција' , 'живееме во мир со сите ' итн.
    Исто како на времето што не било добро да не учат во школо дека настанавме од мајмун, или после некоја година беше веронаука во школите, па секогаш некој е против нели.

    Едно се тешам, како што јас учев дека еволуирав од мајмун, а сега така не верувам, така ваљда нема да влијае на децата ми дека маж и маж е ок.
    :worried: :D
     
    На Lejla8, Jas! и simonka93 им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Ауу препукување, еве сум. :wasntme:
    Мене не ми се верува што прочитав во темва. Навидум се модерни жени, еманципирани со широки видици кон светот. Доволно е една тема да се начне за да исплива на површина дека не сте толку модерни како што се прикажувате и дека сте пооооолни, преполни со предрасуди за се околу вас.

    Ниту ми смета педер, ниту лезбејка, трансџендер, стрејт пар, драма квинови, роми што просат, атеисти, верници. Ниту сум нешто од ова.(ок де само стрејт сум).
    Што значи сите овие други би требало да ги хејтам. Најинтересно ми е кога ќе каже некој не ми сметаа ама...и тука следат купишта причини зошто всушност им сметаат.
    На ваша жалост, живееме во такво време што дали ви се допаѓа или не вашите деца ке бидат сведоци и ќе гледаат геј парови по улици затоа што можеби не на оваа тема ама општо народот полека почнува да го прифаќа ова, конзервативност на страна.
    Така да подобро молчете си оти не знаете што ве чека, може детето ке ви е геј, може внучето и за сите оние што ги нарекувате болни и ненормални, искрено ви го посакувам истото затоа што не знаете колку пак боли нечие дете здраво право да нарекувате болно, неизлечиво.
    Срамота! прво земете прочитајте нешто за хомосексуалност па потоа зборете оти навистина е срамно уште да се верува дека демонот влегол во нив, или дека тоа е нешто што треба да се лечи. Јас би си молчела да сум на ваше место и не би да се брукам.

    Јас може сум полна со негатива, ама вие сте полни со предрасуди. Се нешто ви смета, и геј и роми и просење а никако ама никако не ви се мешаат во животот.
    Македонски синдром, тоа е.
     
    На malerozna, Kitten, Lolipop23 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    17.780
    Пол:
    Женски
    Може другита не те сфаќаТ али ја те сфаќам, особено со то ненормалното. :*
    И да, зашто се брише од тука, рефке то ти нема логика, ако на пример бришеш муабетов за педери а оставаш муабети за секс, а и за секс има друга тема ако е за тоа, или др. пр. некој споделува тука рецепт и тој ли ќе се брише.
    Затоа постои темава, си праиме муабет за се и сешто и само небото ни е граница, се додека некој не цитира некого со реплика у стилу пизда ти материна, и то.

    А за ова со педериве скај, сите тие модерно либерални свесни се дека тоа не е нормално и дека никогаш не би со таков, ама сега е ИН да се контраш на социјални мрежи и да си борец за уништување на човештвото, под мото-гајле ми е кој со кој се ебе, е да го видам татко им да му донесат маж оперисан у жена дома и да му кажат тато ова ми е женската у поранешен живот(читај пред Систина) била малце маж, има од ќотек да љети на кров и еден месец да не може на газо да седне. Туку ај, батали.

    Ој куку нон кафе ќе праам а ја само кабелот го стаив у штек а решото не го уклучив. Битно си чекам.
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, wannaBeMomma и 5 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    @Abeja ништо нема избришано, освен емотикони и вулгарни зборови.

    Секој сам си редактира и си брише постови, не ни вади ,,ифтири,, џабе :)
     
    На M&M, ♡BuBaLe♡, wannaBeMomma и 11 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Како бе порекнувате наука? Со која позадина? Ако имате научен труд де споделете, да видиме?
    Што знаете за хомосексуалност освен "бљак"?

    Некој цел живот ќе го помине во истражување, ќе објавува научни трудови, за некој да чита меѓу редови или ич ништо да не чита, па уште да му вика "ти ништо не знаеш".

    О знаат, и тоа многу подобро од вас знаат. Среќа па светов напредува токму поради нив и законите се прилагодуваат на научните сознанија, во ваши раце уште измеќарки на мажите ќе бевме.
     
    На malerozna, Kitten, Rirri и 7 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    И мене ми смета државата и религијата што се поистоветуваат, што сите треба бидеме или христијани или муслимани, оти другите групи се настрани, хулигани, антихристи или што ти знам. Искрено би ми сметало повеќе детето да ми е навлезено длабоко во религија отколку да биде хомосексуалец. Според мене религијата повеќе штета може да направи, деградација на жена, верски конфликти, војни и чуда. Ол фор д грејтр гуд. Како што има муслимани фанатици, така има и христијани. Како што едниве се намножија во последниве години, така истото може да се случи и со другите. Повеќе би сакала општество без вакви стеги, кои за цел можеби треба да имаат некои правила за себепочитување, сакање, добар живот и добри односи, а всушност спротивното најчесто го поттикнуваат.
    Но, се се тоа мои размислувања :wasntme:
     
    На Kitten, Rirri, M&M и 12 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.521
    Допаѓања:
    260.790
    Чекајте сега, едно е да секако посакуваш детето твое да има семејство, да кажеме јас имам син и сакам нели снаа, ама пак сосема друго е да ви смета за ова да се зборува и учи. Зошто да е табу тема кога во светот веќе е најнормално и овие луѓе да склучуваат бракови, посвојуваат деца и сл. Вие може да не прифаќате и да не сакате детето да ви стане геј, ама многу подобро е да бидат информирани на училиште, отколку од порно филмови. Мислете дека вакавото сексуално образование ќе ги направи геј? Не можеме да се затвориме овде во државата и сите да учеме дека треба да сме стрејт, нормални.
    Ми нема логика. Не може да се вратиме назад во минатото и да игнорираме се што носи светот. Впрочем и тогаш постоеле гејови, така?
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На malerozna, Jas!, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Точно.
    И ние не учевме на школо, па еве знаеме и запознаени сме со истото. Само што учевме на полошиот начин. Од мали знаевме дека некој кога нарекува некој друг педер треба да е навредливо. Вака барем децата ќе се образуваат на школо и ќе знаат дека постои и таква определба која што не треба да се исмејува и да е навредлива.
    Треба да сфатите дека колку и да се трудите нема да ги заштитите децата од ова, секако еден ден самите ќе се соочат со истото и ќе бидат сведоци. Е сега, ваш избор е дали детето ќе го учите на омраза спрема овие луѓе или на прифаќање.
    Мене врв на се ми е кога некој ќе каже болни биле и ненормални а притоа не отворил една статија или книга за да прочита нешто околу тоа.
    Извини Јуле што се надоврзав и за ова во твојот пост, те цитирав ради првиот дел од мојот пост.
     
    На Lolipop23, Jas!, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    137.512
    Пол:
    Женски
    Околу ЛГБТ ги прифатиле или не тоа е, такви се, ништо не може да се смени. Не се за исмејување, ни една болест не е. Ако замислеме дека каде - каде има потешки болести па и не е толку страшно. Поарно геј нека биде него ли рак да има, колку и грубо да звучи споредбата.

    Гаража, куќа и употреба на куќата више него гаражата... не знам зошто некој се труди да инвестира во тоооолкава куќа со сите удобности и на крај да седи и пречекува гости во гаража, за куќата да не се оштете. Па таа куќа нели се праи да ти служи она тебе не ти неа? :?:
     
    На Kitten, Jas!, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Сесилке, сѐ е ова океј, освен што хомосексуалноста, сепак, не е болест.
    Одамна е исфрлена од тоа лисчето на СЗО за болести :)
     
    На sweet-cherry, Annath, Lejla8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Религијата не ја поништува наука, ама не ја става пред Бог.
    Ствар е во перцепција.

    Тоа јас како родител треба да одлучам што да го воспитам.
    Моето дете не е робот некој да му наметнува нештата, државата нема право, јас како родител се сметам за единствено одговорна за овие прашања, вклучувајќи ја и религијата.
    Затоа што овие работи се ствар на сопствен избор или убедување.

    Моето дете нема да биде под стаклено звоно, ниту изолирано, нема табу теми, ама ќе го насочуваат негови родители, а не улица, филмови, интернет или други луѓе.
     
    На Jas!, ph.orhideja, sanjaeva и 4 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Види, тоа е индивидуална перцепција. Реков, среќа, па законите и правилата се прилагодуваат на науката, а не на религијата.

    Во однос на детето, јас би се согласила пак со тебе. И јас не сакам да ми го учат детето на нешто во што јас не верувам. Но сум свесна дека во школо ќе оди со твоето дете, кое ќе биде учено дека настанало од Адам и Ева. Јас моето дете нема да го учам така.

    Финтата е нашите деца да се дружат, или барем почитуваат, а не да се мразат или со камења да се гаѓаат. Моето да биде доволно доблесно да му честита празник на твоето, да го одбрани ако му велат дека е затуцано, а твоето да го одбрани моето, ако е геј, од такви дебили кои со камења би го гаѓале.
     
    На Kitten, Rirri, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.