Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Сама се заебав тргнав многу рано на работа, стигнав за 10- тина минути дека нема жив човек по улиците, сега си пијам кафе до кола и ќе чекам да дојде 00.00 да почнам со работа.:lol:

    Лелееее таму со пешачките сте лудницааааа:drunk:ми текнува кога бев 7-8 години, таму бевме на одмор и трнав јас да си поминам на пешачки на Партизанска и научена од тука дека колите мораат да застанат, си тргнав да си минувам, среќа еден дедо до мене ме фати за блуза, ме стра наназад инаку ќе ме згазеа.:x:x
    Тука да не застанеш на пешачки ти отиде дозволата, возачите се должни пред пешачко да намалат брзина и да нема никој, пешакот секогаш има предност, затоа е пешачки премин, возачите гледаат дали има пешаци а пешаците си минуваат слободно.:)

    Имам брат, многу сме блиски, дали дека сами растени тука, па после со болеста на мајка ми, смртта, едно време не се одвојувавме еден од друг, слабо пуштавме други во нашиот мал круг.:)
    Знаеме и да се рчнеме ама не ни трае тоа долго, секогаш сме тука еден за друг, децата ни се како едно големо семејство, нема мои, твои, се е тоа наше, па и кога да ги прашаш што се еден на друг не викаат братучеди, си викаат брат, сестра, како хипи комуна сме.:rofl::rofl:
    За себични, разгалени деца мислам до воспитувањето е а нема врска со тоа дале е единец или има повеќе деца во семејството.:doh:
     
    На MacenceEna, Petar80, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Имам многу братучеди и со добар дел од нив сум блиска. Свесни се за фактот дека сум сама.
    Никогаш не ме сврстувале дека сум сама и кога ќе кажам дека немам брат или сестра секогаш се изненадени тие што прв пат се запознаваме. Со братучедите делам и мака и среќа, тука сум за нив за што и да треба, а и они за мене. Балансирам помеѓу сите страни и спуштам топка кога они имаат нетрпеливост помеѓу нив.
    Не сум во ок односи само со оние кои им се поважни имотно правните односи иако при тоа правно и морално немаат основ, а аргументот за тоа е мојот пол и тоа што сум една. Пресебично!

    Инаку имам сега се повеќе познаничка отколку другарка и тоа се чувствува дека е една. Едноставно нема чувство за другите и е тежок манипулатор. За да добие тоа што сака способна е да се заборави од лажење. Исто така и агресивна е, кога бевме мали играјќи народна знаев да си дојдам дома по рацете како мачки да ме гребеле, за да ја џапне топката. Исто така посесивна е, ти немаш слобода во ништо и со никого да си, а неа се и е дозволено. Се омажи и јака му душа на маж и, не знае ни во брак да функционира, го изолираше од се и сите, а овој пустиов се си прифати и шкрипи со заби, ама гз под кирија кога ќе дадеш...

    Индивидуално е, ама се согласувам дека некои единци се екстремно себични. Зависи од воспитувањето и колку биле во допир со остатокот од фамилијата.
     
    На Mr. Right, referentka, Lejla8 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски
    Посесивноста и желбата за манипулирање ги има и кај деца пораснати во повеќедетни семејства. Имав пријателка што беа 3 деца во фамилијата. Она толку себична беше што мислам дека ни со сестрите не сакаше да дели нешто.Додека најмалата сестра манипулант не виден, ќе сврте се во своја полза па не знам што да е. Ќе убедува, ќе превртува зборови ќе лаже ама ќе добие што сака.
     
    На Mr. Right, kuc, referentka и 15 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.235
    Допаѓања:
    70.717
    Од несовесни возачи ќе настрадав со малиов пред некој ден... Таксист на кривина забрзан, не се гледа убаво дали иде кола, во населено место каде макс 20 се вози... Среќа забрзав инаку ќе летневме... А тука се маркетите позиционирани, треба да му текне на лудакот дека може да има и деца,и стари и со велосипеди и секакви...
    Убаво велам јас за таксисти треба психо тест пошо скоро сите се швркнати...
    А за на пешачки исто ретко кој застанува, ептен ако тргнеш... Мм најчесто застанува, ама се случува и да го пресретнат или да му свират...
     
    На Mr. Right, referentka, Lejla8 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Гледам сте ми ја погодиле темата. :D

    Сестра имам, брат имам. Љубов ми се најголема. :inlove: Растевме заедно, се градевме заедно и заедно излеговме на прав пат. Секогаш со љубов, разбирање и меѓусебна поддршка. Брат ми, трето дете е и е најмал. Доста помал од мене. Го чував и гледав од бебе, а и самата бев дете. И него и сестра ми, додека моите работеа и трета смена. Кога потпорасна, долго време ме викаше мама. :rofl: Никогаш не сме биле себични, егоцентрични, љубоморни итн. Оти брат ми беше долго очекуваното машко дете, беше мазен и пазен, многу повеќе од нас. Ние, никогаш не бевме љубоморни. Напротив, го правевме истото.

    Годините поминуваа, а ние растевме во љубов. Го изгубивме татко ми на жалост. А тоа не направи поблиски, појаки, поиздржливи, иако со голема и вечна болка во срцето. Многу и помагавме на мајка ми, работевме и студиравме. Живеевме со баба, свекрвица на мајка, која повеќе одмагаше за разлика од помагање. Тоа е. Живот е. И ден денес е така, секој од нас е тука за другиот во било кое време. Немам подобри другари во мојот живот од нив.

    Многу се распишував. Шо да ви праам, на срце ми е темава. ;)

    Имам во опкружување и единци. Кај нив, има голема разлика од оние кои што се по две или повеќе деца. Но не кај сите. Така да, мислам дека повеќе игра улога воспитувањето, карактерот или не знам, нешто друго. Оти еве, јас имам две деца и постарата е многу, значи многу себична. Ја учам и џабе. Да може од уста ќе ти земе, а не дај боже да ти даде нешто што е нејзино. Лошото од се тоа е, што и помалата учи од неа. (facepalm) Страшно.

    Инаку, ги учам да се самостални. Многу се мали да ги пуштам сами по улица. Но ги учам и им објаснувам како треба. На жалост, често гледаат спротивни примери од она што јас им го кажувам. Коли брзаат на црвено, деца и родители со деца трчаат на црвено. :x :worried:

    Во продавница ги пуштам, но јас сум пред продавница и се под контрола, а тие поим немаат. Постарата сама се симнува пред зграда, или во гаража до кола да земе нешто ако сме заборавиле. И пресреќна е за тоа.

    А кога сме кај мачките, јас и онака обожавам животни, ама мачките ми се слабост.

    И така се убив од пишување јас овде. Уште адреса на живеење да ви кажам. :rofl: Хахахаха.
     
    На Abeja, Mr. Right, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.214
    Допаѓања:
    124.928
    Натаму со наше такси, наваму со Рива. Наше такси без клима, се качуваше по тротоари ме истреска и му реков да пази , ме гледа со толкав стомак. Истиот правец Рива -со клима, повеќе ми наплатија 30 ден ама фин дечкото убаво возеше. Се зеза вика сите брзаат некаде ама ти во друго стање и да брзаш пополека ќе те возам. Браво за дечкото :clap: Ич не сакам таксиња. Ми фали времето на факултет кога си се возев со автобус. Ама немаше пензионерски денови и супер. Ова ретко да се погоди таксист. Онојпат на 5 мин застанува еден да се расправа со др.возачи, демек он у право да научеле правила! И после мене ми се праи паметен. Ич не сакам муабет со таксист ниту со фризерка :wasntme:
     
    На Mr. Right, Peco, kuc и 11 други им се допаѓа ова.
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Леле истото и кај нас, 5 години се разлика, ама многу е себична, скржава, љубоморна
    А малата па душа, пр. вчера во слаткара, пијат различен сок, големава не и дава од нејзиното да проба, малово и вика дадо сакаш???
    Се плашам да не биде вака и кога ќе пораснат, а зборам и јас, совети, примери кажувам, кој знае како ќе биде
     
    На Abeja, Mr. Right, Peco и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Сите сaкaме рaбoти штo ги немaме, брaт или сестрa штo ги немaш, брaт или сестрa сo кoи ќе се слoжувaш пoдoбрo, пoдoбри рoдители, рoднини... Не сaкaм ниту јaс, ниту мoе дете дa се oпседнувa сo рaбoти штo ги немa или не мoже дa ги имa. Тoa е штo е, deal with it.
     
    На Abeja, dunika, Peco и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    И мене многу ме плаши ова за понатаму. Не знам веќе ни како да постапам. Во животов мој немам сретнато вакво себично мало човече. :wasntme: :rofl: И љубоморно плус. (facepalm) Можеби е период. Бар се надевам. Реално па и нема на кого да е себична. Ама ете ја, мислиш не е моја. :rofl:
     
    На Mr. Right, kuc, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    ЛУДА работа, цела недела кукам колку сум здебелена и пак по цел ден мелам нешто! Од утрово јадев ѓеврек со паштета, па солено стапче (вегетка) па дупло парче колач со вишни збогатено со џем од дренки и сега изгрицкав ќеса сончоглед, а во меѓувреме кајсии, петровчиња... и сега се мислам дома што да ручам, пилешкото стои одмрзнато, рецепт од @Ginger^ не добив (ме изигнорира срцката), па ќе му смислувам нешто набрзака оти нели, гладна сум :D
    Големата ќерка воопшто не е себична, дури наивно е добродушна, во состојба е и залчето од уста да го даде! Кога одеше во градинка, воспитувачката и држеше часови по себичност оти и неа ја нервирала со нејзината наивност и споделување на се свое! Споделувањето одеше до таму што еднаш и купив прекрасно блузиче со hello kitty апликација целата со сребрени циркончиња, но кога си дојде дома половина од светките ги немаше оти другарките и барале по едно цирконче и она на сите искубала по едно од блузата(facepalm)(facepalm)(facepalm)!
    Битола, Ресен, Охрид јавете се, добри ли сте? Се надевам не ве стресе премногу земјотресот:(
     
    На dunika, Mr. Right, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.364
    Пол:
    Женски
    Не да стресе:worried: во куќава наша повеќе фамилии живееме сите се затрчаа дома Еленче дали ни се уплаши:D оти најмала сум во цела фамилија (а далеку сум од мала):D
     
    На Mr. Right, Lejla8, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Добар ден.:)

    Многу ми е мака што ја пропуштив свадбата на мачките на @Lilit @CameliaMiller. Имам многу мачки ќе ги пратев сите на веселба, ќе си беше свадба ко што личи со кум, девер, старосват и со деца ќе ги сторевме.:lol:
    Сакам животни посебно мачиња ми се лек за душава.:inlove:

    Немам ниту брат ниту сестра, не сум себична, тоа што е за делење го делам, ако треба на некого ќе помогнам ама ако видам дека некој ме користи, ме злоупотребува ништо не гледа,:!: злобна сум си признавам:$ не ме воспитале така ама тежок карактер имам, кај мене важи секому по заслуга.:|:handshake:

    Денов си го поминав по кафесување и затоа задоцнив со спремање на ручекот.:|
     
    На Tajnaotrovna, Mr. Right, Peco и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Абе ко ќе ти текне дека родители стареат, а ти си сам во тоа макар и во убав дом да ги пратиш или дека во одредена точка во животот ќе останеш наполно сам во чувството и состојбата, не е баш сеедно. Не ги боли помалку тие што се повеќе деца, но поддршката взаемна е значајна, заеднички го минуваш.
    Поинаку е.
    И значи.
    И да не се согласуваш со сиблингсот сепак е друго.
     
    На Abeja, Ana Marija 1, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    279.146
    Пол:
    Женски
    Имам брат седум години помал.Не сме воопшто блиски,потполно различни карактери...
    Мислев дека е така зашто сме различен пол и голема разлика.И затоа сакав деца од ист пол и сакав девојчиња искрено поради неговото однесување .
    Тоа што сакав и добив имам две ќерки,ама има едно АМА.Постарата како помала не беше себична но сега е,само за себе и за никој друг не ја интересира,некако и не се блиски како што очекував...Покажува многу однесувања со кое ме потсетува на брат ми.Се надевам дека е период...
     
    На Tajnaotrovna, Mr. Right, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug: право во суштината :hug::hug::hug:
     
    На Ana Marija 1, Mr. Right, Peco и 4 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    @bittersweet и тука мораме да намалуваме пред пешачки, со закон се' е тоа убаво уредено, ама, кај нас знаеш како е - нит појаси се ставаат, претекнуваат од десна страна, кацига за мотор не ти треба, деца седат кај мајки во раце или на седиште, зошто не сакале бе во специјалното за нив да седат, сите тротоари се паркинзи немаш каде сама да одиш а тек ако имаш бебешка количка или ако си инвалид... Да не набројувам, крива си е полицијата. Да си лепи казни како што треба, да видиш како сите ќе застануваат на пешачки.
     
    На Tajnaotrovna, Mr. Right, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Јас сум супер, путер и мармалад со интегрален леб, кафе пијам и читам што има. Од вчера кивам а поим немам што ми е. Не ме боли грло, ниту сум настината, некоја алергија е сигурно.

    На темата фамилија, знаете дека се би дала за нив. Брат ми е помал од мене, тинејџер ама почна да созрева, не ми лета паметот како лани, да речеме. Разбрано дете е, не прави проблеми, си има жолти минути ама му прогледуваме низ прсти. Тој не е себичен, а јас сум себична, ама тоа не важи кога се моите, брат ми и дечко ми во прашање.
    Блиски сме со него, знае да ми каже што го мачи, сака да ми кажува како си поминал на кафе, во чаршија, како со девојките, прашува што да облече, баш ме гледа ко голема сестра и речиси секогаш бара совет од мене. Иако имаме различен карактер, блиски сме, веројатно бидејќи така сме воспитани, фамилијата пред се. Никогаш не не делеле, но никогаш и не сме добиле идеална половина. Секој добива според потребите и можностите во моментот, ама од тоа никогаш не сме направиле драма, веројатно бидејќи така родителите ни објасниле. Израснати сме со објаснување дека секој ќе добие што му треба и не смее да има нетрпеливост и завист меѓу некој со кого имаш иста крв кога се во прашање материјални работи, љубов не е тема на дискусија, и двајцата сме галени и мазени.
    Познавам многу личности кои се единци и можам да кажам дека тоа зависи од карактерот и пред се, од воспитувањето. Познавам и браќа/сестри кои се љубоморни едни на други и не умеат да најдат заеднички јазик.


    Ние не дискутираме за таа жена, туку за тебе. Не може мене никој, ништо да ми тутне, ниту една кугла со риба, а не пак домашен миленик кој бара внимание.
    Ти си таа која одлучила мачката да ја однесе не-знам-каде, па неодговорноста е твоја. Доколку не си спремна да водиш грижа за домашен миленик, воопшто не го шрифаќај, as simple as that.
    И ете, еднаш сте направиле грешка, па како тоа да не е доволно, сте го прифатиле и кучето. Немаш оправдување за тоа што си го направила, не е човечки.
    Јас можам да разберам дека некои личности не сакаат животни, ама не ни прифаќаат да водат грижа за нив. На пример, јас никогаш не би можела да чувам крзнено животно дома. Прво поради влакната од кои кивам, второ поради хигиената која ја сфаќам премногу сериозно и трето поради обврските кои јас не би можела да ги завршам. Вдомивме куче, го чуваме во двор, но таму има пристојни услови, куќичка, големо место за трчање, секој ден се играме со него, брат ми го шета итн.
     
    На Mr. Right, kuc, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Не рекoв декa немa негaтивнoсти, сaмo дa не се oпседнувaме сo тoa предвреме oти не знaеме кaкo ќе излезе нa крaј. Прикaзни рaзни имa, oпции нa кoи не ти текнaлo декa пoстoјaт, ситуaции непредвидливи...пa и дoстa време имa единецoт дa се припрaви зa рaзни ситуaции знaејќи декa е сaм и декa немa другo. Не oстaнaл преку нoќ сaм пa дa е зaтекнaт -еј сaм сум, немaм брaт/сестрa, штo сегa? Вaљдa нaвикнaти се и психички спремни, кoлку штo се мoже зa секaкви ситуaции.
     
    На Annath, Lejla8, simonka93 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    154.723
    Пол:
    Женски
    Рива поскапо од Наше??? Наше немаат попуст башка еднаш како ме имаат изгорено невр мор. За релација што со овие со попуст ми земаат најмноху 230 идиотот од наше 360 еднаш ми зема со болно дете во кола немав енергија да се расправам. Уште ми искоментира ааа ние немаме попуст, а и без попуст не требаше шовеќе од 250 да ми земе немаше ич гужва
     
    Последна измена: 20 јуни 2017
    На Annath, Sesil и eli25 им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Не знам како да се чувствувам. Во исто време 5 блиски, преблиски другарки ми се бремени.
    Денес една влезе во 9ти, една ми се јави да ми каже син дека ќе има, а една имала спонтан вчера вечерта.
    И среќна и тажна и се' сум во едно.
     
    На Tajnaotrovna, Mr. Right, kuc и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.