Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.233
    Допаѓања:
    277.395
    Пол:
    Женски
    Денеска рано рано и торти сте правеле и пуканки и се сега така прејадени одмарате?!
    Пред 2 3 дена ми се јави матичната сме морале јас и поголемата ќерка на систематски .Тежина висина крв ..Ќерками 15 год 37 кг ау многу слаба кој знае крвта каква и е ми вели.Дури и јас иако знам дека секогаш и била добра крвта сепак додека стигнаа резултатите некако во грч бев Ама испадна дека се е супер.Едноставно таква е откако е родена ситна слаба не јаде многу ама отсекогаш била здрава ,досега ни инекција ни инфузија нема примено .А јас немам проверено крв којзнае од кога со години Ама ќе почекам до сабота оти не можам да излезам од работа.Битно висина истата ми била не сум пораснала.:DА за тежината не ви кажувам.|(Ми направи Екг откуцаите нормални иако скоро секогаш ми се покачени ми вели од стрес ми било.А лек за тоа немало:|
    Ич не сакам да одам по болници мислам дека дека имам фобија и голема недоверба во здравството.(откако се случи болеста и смртта на татко ми )Одам ептен ако морам ел.катрички тек сега ги активиравме дури и децата не ги носам што можам дома се лекуваме.Ги знам основните лекови за поедноставните болештии ,сам свој лекар демек:mm:
    Еве на @Daleron веднаш и давам совет да си стави прокулин капки и да се мачка со Хлорамфеникол маст за очи И помалку да гледа по моожи:hai:
     
    На Annath, Val-Dim, ozbilnazena и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Кај сте друштво?
    Нема никој вечерва за дружење, ниту рецепти ниту пиченца.
    Ајде јас да почастам, ми се пие смуди од јагоди. Среќа се знам што стрвница сум, па за да не мора мм касно во ноќта да трча по супермаркети, си замрзнав пролетта свежи
    сега веќе не толку свежи
    домашни јаготки. Органско производство.
    Се утепав од фалење. :rofl:
    И плус гледајте колку го штедам мм. :P

    images (8).jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • images (9).jpg
      images (9).jpg
      Големина на фајлот:
      6,8 KB
      Прегледи:
      7
    На Annath, Esmeralda-MD, Val-Dim и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.555
    Допаѓања:
    177.082
    Пол:
    Машки
    Добро утро
    Кафето е готово, повелете :)

    kafe.jpg
     
    На Annath, bittersweet, DVAANGELA и 13 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    За никаде сум.Сакам бре не да сакам,туку и одлепувам од тоа да не се нервирам ,ама не можам.Си велам зошто државава не не пензионира нас кои читај-НЕМАМЕ ШАНСИ да се вработиме?Ми велат прифати било што, а што е тоа било што,не знам веќе колку интервјуа,психички тестови,решавање на задачи во стил примени го првиот Њутнов закон во триаголникот,поминав.И од никаде ни шанса за работа.Знаете да ги имаш овие години и да немаш никакви врски и да немаш некое посебно образување ,нема шанси да се вработиш.Ако е веќе така нека ме пензионираат да ми ги скратат маките и јас да ослободам место на листата за невработени.
    Второ син ми оваа година сака да оди на екскурзија низ Европа.Знате колку се плашам од трошоците?:worried:
    Малава запнала кога ќе стане полнолетна да се тетовира.И веќе знае што и каде.:@
    Синоќа дојде некој пријател на маж ми и така суптилно го изнавреди а овој мојов се церека како зелен.:|
    Му велам мене некој така да ми каже нема да го погледнам во животот.И одговор-слаб ми бил прагот на толеранција.]:)
    Иди бегај бре!
    Не сум располжена ниту да варам кафе,ниту да готвам.
    И така животов само во кујна ми помина.
    А така фино би се ослободила од сите такви досадни обврски.
    Тешко е кога немаш цел и секој ден ти е ист и имаш чувство дека си само слугинка а никогаш кралица што би реко Здравко Чолич.
    Небитно...си се изјадав до бесвест....прескокнете ме слободно...:u:
     
    На Annath, joy1, WORRIED.BT и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.083
    Пол:
    Машки
    Добро утро и од мене додека го чекам синко од градинка да ве читнам малку . Кафенце не сум во состојба да правам ниту да конзумирам подоцна ќе сторам таков себап.
     
    На ozbilnazena, Eli23, DVAANGELA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    Добро утро.Јас исто се чуствувам како @lunicka само не во врска за работа туку за се останато во животот.Не да ми е смачено ама од оваа кожа во друга не се може.
     
    На Val-Dim, mareane, Eli23 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.862
    Допаѓања:
    122.842
    Пол:
    Женски
    Утро!! ја опасно се навлеков на новиот албум на Жељко Јоксимовиќ. Не дека нешто сум му фан ама песниве му се леле мајко , а бе една нема утнато! Инаку еве од мене кафе и торта и кроасани и вафли и све по ред пропис.
    [​IMG][​IMG] [​IMG]
     
    На Annath, joy1, ozbilnazena и 10 други им се допаѓа ова.
  8. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Добро утро на сите...кријте се денеска од сонцето, пак е портокалова фаза....седете си дома..:)
     
    На tessie, ozbilnazena, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    добро утро и оод мене. времево ме утепа, да не знае што да облече човек. И јас како Луничка има периоди кога не ми се збори ништо само ми се лежи,ама што да се оправи нели жена сум, мајка сум се од мене зависи па стани рмбај дома рмбај на работа, влечи дете во школо, викај по друго да фати книга а тоа “немам ништо за учење’’ абе да си пукнам од мака и вечер во 9 сат сум како комирана......
     
    На Val-Dim, ozbilnazena, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.391
    Допаѓања:
    142.897
    Добро утро друштво.

    Гледам денес сме во убитачно расположение.
    Ни јас не сум поарна. Ме мачат некои животни одлуки што од корен може да ми го сменат животот, само што никогаш не можеш да бидеш сигурен дали ќе биде подобро или полошо. И ај да те видам пресечи.

    Пред колку избори сме исправени во животот и колку само можел да биде поразличен ако само некогаш кога сме носеле некој одлука сме се одлучиле за другата опција. Затоа што опции секогаш постојат, избор секогаш има.
     
    На Annath, joy1, Val-Dim и 13 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    108.985
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум ви кажала ама се плашам многу од пајаци, најмногу се плашам од пајаци мислам и од тој род влечуги, за мене е се тоа влечуга. И така јас синоќа кај едвај спиев дека во исчекување на денешниот преглед и првото запознавање со нашето гравче си сонив два такви лепотана со нозете кренати кон мене како се бранат од мене, и тоа ни помалку ни повеќе на кревет кај што спијам, брррр.... Имаа едни очи огромни и ме гледаа онака ококорено, ја не ги убив оти нели де пари биле пајаците. И сега барам толкувач на сонови да ми каже дали да уплатам лото неделава.

    Добро утро на сите :*
     
    На ozbilnazena, mareane, anel и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    Да се надоврзам на расположението погоре, денес ниту ми се готви ниту ми се пофаќа нешто.
    Сакам да чмаам цел ден.
    Па еве и едвај се наканив да пишам 2-3 реда исполнети со негатива.
    Убаво ќе си спиев утрово, ама баш кога е најслатко комшијата решава да буши.
    :fubar::envy:
     
    На Esmeralda-MD, DVAANGELA, ozbilnazena и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден на сите.Денес сум посебно среќна,бидејќи му е роденден на мојот постар син.Затоа повелете да ве почестам и да ви посакам убав ден на сите:)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Annath, ALISA0000, Val-Dim и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Нека му е среќен роденденот, само успеси да го пратат.:)
     
    На Petar80, DVAANGELA и Esmeralda-MD им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.140
    Допаѓања:
    221.526
    Пол:
    Женски
    Добро утро...
    Не сум нешто подобра од сите вас... секојдневието убива... молам и за трошка квалитетен сон.
    Психичката нестабилност и негативноста знаат да те доведат до недоглед... самоконтролата е тешка работа.

    Ете секојдневие... чисти, готви, прави, пери и тоа секогаш во круг.
    Се молам за подобри денови, иако знам дека ќе пристигнат сепак е тешко на душава секоја моментална ситуација.

    Пријатен ден на сите вас...и борете се за подобра иднина и подобро утре секогаш.... само со тешка и макотрпна работа се доаѓа до успехот и до целта... тешка е позитивната мисла секогаш кога наидуваме на секојдневие и разочараност но знам дека треба да се собереме и да гледаме напред..

    @Esmeralda-MD ви се приклучувам на денешната среќа, жив и здрав да е синот на мајка само здравје љубов и успеси да го пратат низ живот, да се гордеете со него.

    Поздрав и убав ден.
     
    На joy1, Esmeralda-MD, Val-Dim и 8 други им се допаѓа ова.
  16. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Барем јас бев расположен од сабајле ама изгледа ова вашево расположение е заразно па ме фати и мене некаква меланхолија...:^)
    @Esmeralda-MD нека му е среќен роденденот на малиот...т.е. на големиот (fingers)
     
    На Esmeralda-MD, Eli23 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Вчера ме прати мојот доктор да ми земат крв,...
    Ај зедоа што зедоа ме фати гужва на работа па си отидов да ги зедемам резултатите многу покасно.
    Си ги земам резултативе мои и ја прашувам една со окалки како се ?
    Гледа жена ги поднамести тоа окалките и ми вели, крвна слика добра, малку железо во пад но не многу под нормала нормално за бремена жена. Како златна нормално за бремена жена:^) кој е тука бремена?
    Како кој? па вие! тоа се резултатите ете тука стои вашето име. Дај ваму, читам Озбилна (facepalm)
    И велам види сестро златна мора да е грешка, мојот доктор ме испрати за крвна слика а не да утврдам бременост.Е, ако де ете јас прва ти ја соопштив радосната вест(facepalm)
    Која радосна вест, сега кога ќе се разраѓам со девојчено од син ми таа мев свекрвава мев, еј море еј ]:)
    Жени не можев да се разберам со жената, кај постара па и со тие окалките страв да те фати..
    Си викам а мор и ти што си запнала ко си знаеш не е таква работата,си зедов резултатот и си дојдов дома.
    Налет утре пак ќе одам да видам што е работава.На мм му викам дај ми муштилок да ти кажам нешто ново:D
    На цела мака.Е што ново да знам колкам да биде муштилкот:?:
    Дај што даш бре татко ќе станеш по трет пат:D Што:o
    Е како што, си плукнал се залепило на крај жеља ти се испуни ако не е ќерка ќе биде син:D
    Играм жени, ни недела не помина откако ми замина:tmi:
    Е бре што ти е машки створ, животна желба му беше да му родам ќерка...
    Утрово си отидов ми зедоа поново, ми ги измешале резултатите, денот биле кнап со децата кои се на пракса. Крвна слика добра, милионерка бар во крвни зрнца:)

    Val-Dim,го праќам сестро понекогаш, ама за на пазар дефинитивно не е :)
    Esmeralda-MD,вечно да бидеш среќна:f::f::f:
    Среќен нека му е роденденот на синот:d: :d:
    Нека ви е здрав и жив само радост да ви дари :l:
     
    На Annath, kjukli, Mekuska и 19 други им се допаѓа ова.
  18. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Кога не знаеш да пренесеш расположение, ќе те фати нашето, кој ти е крив:doh:

    @Esmeralda-MD , среќен роденден на синот, се најубаво:^:

    Мене денес гости ми се најавија, а ич не сакам кога сум вака расположена. Ќе ги избркам луѓето со моево расположение кој знае што ќе си помислат:worried:. А не се ни од оние што дигаат расположение. Ајде ќе ги истераме некако:smirk:

    @ozbilnazena таман се потокмив да ти честам:) ај барем крвната слика ти е во ред , кај мене и тоа не е:(
     
    На Annath, Esmeralda-MD, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.233
    Допаѓања:
    277.395
    Пол:
    Женски
    Ааа значи колективна нервоза била ова заразно ни е изгледа.А јас помислив дека со мене само е нешто не в ред.Денес на работа до толку ми прејде што навистина помислив отказ сама да дадам иако кај да е претпоставените сами ќе се погрижат за тоа.Навистина ми е преку глава и од нервозите на работа ,секојдневието дома проблемите со деца со школо А финансиите капак денес треба да земам плата и тоа наместо задоволство ми причинува нервоза од што незнам што каде и кому прво да подмирам(facepalm)
    @lunicka верувај многу така се чувствуваме како и ти само ти си најреална и најискрена тоа да го признаеш.
     
    На Eli23, Petar80, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.083
    Пол:
    Машки
    Среќен нека му е роденденот да е жив и здрав голем да расте
     
    На Esmeralda-MD и DVAANGELA им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.