Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    149.778
    Пол:
    Женски
    Нека го раствори прво во легенче со вода па после нека става алиштата. Јас си имам зезнато еден нов џемпер зошто му лупнав омекшивач директно нерастворен.
    Имам видено гола една личност од српска естрада во соблекувална на базен во хотел во бугарија :) . Не беше случајно си се соблече мртва ладна пиштол гола, додуше за тоа служи соблекувална не се сите сељанки ко мене што прават невозможни акробации при пресоблакање на такво место само за да не ми видат некој интимен дел од телото боже сачувај :) .
    Мене гола ако не ги рачунам доктори сестри по болница на раѓање, во основно негде излагајќи од вода со бранови ми се кренал горниот купаќи (у фаза на растење цицки) и налетав директ на едно дете што ме симпатишеше а ја него не :tmi: умрев од сТрам.
    Јас сакам да се преселам во Охрид тоа ни е план со мм здравје пензија ако дочекаме, а имаме голема желба негде во Грчка исто, ама само желба со замисли за бизнис тешко остварливи :) . Скопје се повеќе и повеќе ми е мачно за живеење ако сум цел живот тука не ги можам гужвиве веќе.
     
    На Lejla8, Peco, Sesil и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Да, меѓутоа кога ќе се спомне царски рез, се прави генерализација дека некој го избрал полесниот пат. А верувајте воопшто не е лесен. Се случуваат компликации и во едниот и во другиот случај. Во најдобар случај при раѓање по природен пат, родилката веќе после 3-4 саати од раѓањето е на нозе, додека со царски рез најмлаку 2 дена е во кревет, а дури потоа почнуваат маките до закрепнувањето, бидејќи сепак станува збор за операција. Муабетот ми беше дека и тие што родиле царски и тие што родиле природно се на ист ранг и се мајки, а своето мајчинство си го потврдуваат со пожртвуваноста и љубовта кон своето дете од моментот на раѓањето, па до крајот на својот живот. Има жени кои посвоиле дете, па се поголеми мајки од некои што родиле. Мајчинството не се мери со начинот на кој детето е донесено на свет, туку со љубовта и вниманието кои му ги пружаш на детето додека го раснеш.
     
    На Lejla8, Peco, Sesil и 19 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Јас не се плашам од голотија.
    Летно време некако ми е нормална.Со текот на годините престанав да се вртам по голишави прикази, не ми се ни интересни.
    И јас немам проблем да се соблечам.
    На пример, во бутици кога ми се брза а гардеробите се зафатени, немам проблем да се соблечам по градник за да пробам кошула.

    За село-град...новиот стан што го купивме е надвор од џунглава.Мир и тишина.Река и планина пред мене.Ако и тоа ми здодее, ондак-цурик назад во гужвата.

    Иначе и ние си маштаме за пензионерски денови на море.Ќе си изнајмуваме вила/мезонет во Грција и ќе си пржиме пиперки и ќе се брќкаме во вода цели денови..ќе се гушкаме и ќе се тепаме со бастуни


    П.С. ..да едитирам...ме нервира поделба на мајки и немајки.Ако мислиш дека мајка те прави тоа што природно си го родила детето(а не со царски), тогаш не е лошо психијатар да посетиш.
     
    На sweet-cherry, marama, Lejla8 и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Хелoу.
    Не ми се oди нa oдмoр, ви се верувa? Не лежaм нa сoнце дa се сoнчaм и пaк се врaќaм исoнчaнa oд штo oдaм пo мaлoтo и вo вoдa штo ме фaќa. Ни нa плaнинa ни вo Мк ми се oди, штo ми е кoј ме знaе.

    Мнoгуминa пoрaнo oдбирaa цaрски (без никaквa пoтребa) зa дa не јa трпaт пoрoдилнaтa бoлкa. Кaкo сaкaaт тaкa, сaмo oтпoсле муaбетите кaкo сo цaрски пoтешкo билo oти не мoжеле oд кревет сo денoви дa стaнaт a oние прирoднo штo рaѓaле веднaш нa нoзе биле...не им ги мoжaм. Првo пaничaрки и дрaмa квинс декa oни пoрoдилнa бoлкa не би издржaле, пoсле мaченички oти сo цaрски пoтешкo билo. Тaквите и сo епидурaл пaк дрaмa ќе имaaт пoзaди себе.
     
    На marama, MacenceEna, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    А што ако постои сериозна индикација за царски рез?
    Не е играчка царскиот рез,операција е.И од каде е таа поделба мајки/немајки?
    Мајка е таа што ќе те исчува и изгледа човек да станеш.

    @CameliaMiller ова твоево село е многу убаво.Во ваквите села,мештаните обично живеат во огромни куќи,замоци,на некој од бреговите на швајцарските или северно италијанските езера,се паркираат со бротчиња(читај јахти)или глисери или пак по кривулестите патишта директно во карпа која е направена како гаража.
     
    На Lejla8, Skorpija25, Sesil и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.090
    Допаѓања:
    135.029
    Пред година две три со мм у Грција на плажа... куќичката до хотелчето се продава за 22000 евра.
    На сама плажа. И ние договорени, ке ја купиме ке ја уредиме... па се искомплицира се и ништо. Па ни текна ека сите ќе ни викаат дајте клуч да си поседиме...

    Сега у Центар ги живеам најтешките денови од аспект на домување. Жежок асфалт, коли без прекин, сељаци со мотор и во 4 сабајле, непрекината гужва.
    А кај што градиме у село, има 4ца кои можат пред куќа да ми поминат со кола. Нема галама, само птици. Од град сме 5 минути со кола. Сега имам десетици стотици кафани околу, што кога ги поминав тие години. Се ми е блиску а ништо не ми треба.

    Иначе си се породив природно со епидурал ко песна, многу се плашев од царски. Испаничив кога рекоа дека лошо е завртено бебе, ама докторот го среди и се беше ок. Мајки се оние кои си ги чуваат ок децата, нема врска пораѓајот.
     
    На marama, MacenceEna, Lejla8 и 21 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    149.778
    Пол:
    Женски
    Ај да се оправдам демек зошто сакав вториот царски. За првото сакав спонтано иако сум плашлива и нетолерантна на болка ќе одев со епидурал. Ама кога ќе качиш притисок не се отвараш ни 1см а лабор.резултати вриштат нема сакам нејќам. Затоа за второто реков одма царски, фуфкаџија сум признавам, не се лесни ни болките после тоа ама не се жалам кога дојдов дома си бев активна најнормално.
     
    На Lejla8, Skorpija25, Sesil и 7 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.813
    Знам, швајцарско село е на сликата :)

    Кај нас слабо се живее по селата, многу се раселени и селата умираат.
    Но, еве нешто наше, прекрасно, секако и тука би живеела :)

    Гари
    [​IMG]
    Бабуна, Теово
    [​IMG]

    Галичник
    [​IMG]


    И кога би живеел народ во Мариово... не би изгледало вака напуштено :(
    [​IMG]
     
    На Lejla8, Skorpija25, Sesil и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетот за сончање на плажа :rofl::rofl::rofl: 13705114_844615402336896_1076893740_n.jpg
     
    На sweet-cherry, Ano, marama и 30 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.813
    Не сумњај во мене.
    Јас кога ќе раѓам на вести ќе ме има.

    Пломбирам заб и пола Скопје знае, не па човек од мене да излезе. :emo:
     
    На Lejla8, Skorpija25, Sesil и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Добро утро. И ја се пријавувам во оние кои не се по сончањето. Боја ме фаќа исклучиво додека движам по деца и во вода. Целото друго време го уживам под сенка.

    Се породив природно. Не сакав царски. Со вториот пораѓај имав компликации, фала богу, живи здрави ние и двете. И двата начини имаат своја тежина. Мајчинство никогаш не би мерела така.

    Гола ме виделе. Умрев од срам. На одмор, после туширање, во хотелска соба која се отвараше со картичка, излегов замотана во пешкир оти ја бев заборавила торбата од плажа пред врата. Во надеж дека никој не ми ја собрал, тотално заборавив дека вратата не се отвара од надвор, освен со картичката, која секако дека беше внатре. Така фино убаво ја затворив, си ја земав торбата и кога се обидов да влезам внатре, ми текна за картичката. Сепак, дотолку бев упорна да отворам, што ми падна пешкирот, додека си ја докажував упорноста. Во моментот, поминуваа дечко и девојка, мајка и татко со две деца. Не сакам да кажувам колку се усрамив и какви погледи добив, што бев како од мајка родена, ама важно торбата на мене. :$ После, срам не срам, морав до рецепција со пешкирот, за да го решам проблемот со вратата. И нормално овој пат, го држев пешкирот како од злато да е. :rofl:

    Јас цел живот живеам во стан. Сакам куќа со двор, на некое мирно место. Да, по можност на планина. На одмор очајно ми се оди. Не можам да дочекам.

    Ајде, повелете на кафе и доручек.
    dcc986335637a49eb12f882c41b64042.jpg
     
    На sweet-cherry, marama, Lejla8 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Воајерите на Водно се рачунаат во луѓе што ме виделе гола? :tmi: :bandit: Е тоа е, на почеток на врска немавме каде, моравме да се снаоѓаме и да бидеме креативни :wasntme: Ама и јас имам видено некои од нив, за жал :envy:

    И јас сум како крофната од сликата на @Gea , таа најбелата. Само поцрвенувам, после тоа пак обелувам. И толку. Не дека нешто посебно сакам да бидам црна, ама малку барем така, линии од купаќите да се познаваат...........ама ништо :( Редовно ме прашуваат „а ти на одмор беше, или....?“ :@ Посебно па додека бевме во врска со мм, дека он не се сунча не поднесува сонце, па под сенка си седевме, уште помалку ме фаќаше сонце, да не кажувам до кај одеа прашањата и коментарите :swear: А исто ми се фаќа, и во најжешкото да се пржам, и под сенка да седам, иста сум, бела. Само еднаш во живот се имам вратено како ќебапче (poolparty) :bug: Ама тогаш Јадран беше невообичаено топол, а тоа е неодолива комбинација за мене, па буквално не излегов од вода 2 недели (poolparty)

    Леле колку ми се оди на одмор :sweat: :o:
     
    На sweet-cherry, marama, Lejla8 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Јас пак и под сенка да седам, ќутук-црна станувам.
    Невидено.

    Да..сум седела на времето (млади луди години) на сонце за да бидам поцрна...ма и бета каротен сум пиела, па ко гламјосав, сама себе не се препознавав.Срамота.
     
    На Lejla8, Peco, JuLleE и 17 други им се допаѓа ова.
  14. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    А идеја за доручек ќе ми даде некој? Само да не се јуфки ако може...
     
    На Lejla8, Skorpija25, N.2106 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.080
    Пол:
    Машки
    Ондак макарони во доматен сос со мелено месо и сиренце
     
    На Lejla8, N.2106, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    - омлет со кашкавал
    - тост
    - мусли/корнфлекс
    - овошна салата
    - препечено лепче со путер, сол и буковец, плус сиренце (ова најмногу ми се јаде... :| ). Последното лепче да биде со путер и мармалад...
     
    Последна измена: 28 јуни 2017
    На marama, Lejla8, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    @Petar80 ова што го кажа звучи убаво ама ако ми го напрајш коа ќе сме комшии. пошо со малиов можам само дур вадам од фрижидер да јадам хахаха
    @LivingGlam бидна тоС:l:
     
    На Lejla8, N.2106, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.080
    Пол:
    Машки
    Зш да не бе ќе ти го направам нема никаков проблем кулинарче сум си
     
    На Lejla8, Bozica1980, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller спреми се за дебелоќа. чуј го комшијава шо зборе.. збогом гладу !
     
    На Lejla8, Bozica1980, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Ама зошто ми ги превртувате зборовите?! Никаде јас не реков дека жена породена царски е немајка... Само се шалев за Бици, дека си има пари и си добива третман на божица...
    Јас само кажав мои причини, зошто не сакам царски... И јас напишав дека и таа која посвојува е мајка, најбитно е каков човек ќе направи од детето...Мене мајка ми природно ме родила 4600 бебе, па пак не е мајка за мене...
     
    На Lejla8, M&M, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.