Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Нaпaдни јa кутијaтa сo лaжицa. :D
     
    На Annath, Lejla8, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Јадам сладолед три пати годишно.
    Дајте ми Милка Орео, тоа е за мене.
     
    На Annath, Lejla8, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    А бе 2-3 дена било кај е интересно и ќе преживееш. Ама таа ,,лепота,, да е толку пријатна за живеење немало да се раселуваат луѓето. Јас пре би да газам по жежок асфалт него ли по некое зарамнето патче и да скокам каки или да одбирам камчиња за лом да не се сторам од калта
     
    На Sunshine_1979, Lejla8, Peco и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Селa ич не сaкaм, ниту пaк oдaм. Викaaт здрaв вoздух, a нa секoј чекoр имa гoмнa oд крaви и други живoтни. Кaј е здрaвиoт вoздух тукa? Или мирзби oд штaли. Луѓетo се дерaт oд еден крaј нa друг, урлaaт. Кaј е тукa мирнoтo местo?
    Стo гoдини не сум бил вo селo ниту пaк плaнирaм.
     
    На Lejla8, kuc, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Наспана станав во 11 а си легнав со децата во 8 (facepalm)и кога сум слободна не можам убаво да се наспијам, сега се знае редот, гаража брррррр, кафе, цигара и фемина.:lol:

    Не паметам некогаш да сме оделе на плажа во најжешкото, тука последниве 20 и кусур години е јака кампањата за рак на кожата така да во екот на најжешкото ретко да има човек по плажите, одиме после 17 часот, темнеам без да се печам на сонцето, природно сум бела ама лесно темнеам, не горам, додуша не сум седнала на плажа во најжешкото намачкана со маргарин :o тогаш сигурна сум ќе сум се направела како рак изгорена.:rofl::rofl:

    За јадење трошиме нормална сума на пари, доста работи ни носи свекорот, негово производство, нешто купуваме од негови познати, нешто од супермаркети, пазар ама гледаме да имаме отприлика мени за една недела и според тоа се пазари, не сакам да фрлам храна.
    Цени гледам, пазарам кај ми е поефтино, не дека имам некоја посебна потреба да штедам ама разликите во цената на некои производи не е баш занемарлива па зошто да фрлам пари ако не морам, сметката обавезно ја проверувам, секогаш знам колку сум потрошила, икономиста во прошлиот живот.:lol:

    @PUPICA ме изнасмеа со комшиката, леле со колку такви душобрижници сум си имала работа, зошто не работиш, демек три деца не се работа, сега кога почнав да работам, сигурно ме оставил докторот (така и треба кога зема помлад:rofl:) сите пари ги земал и морам да работам инаку децава гладни ќе ми шетале, уште хуманитарен концерт да организираат за помош за самохраната мајка со три гладни и боси деца.(facepalm):rofl:

    Ги слушам преска децата си прават муабет, онака си ги гледам и си викам лелеееееее од мене излегоа човечињава, колкицки беа а сега седнале и си муабетат:lol:Матео збори по на некој скопски дијалект, Конта со прилепски дијалект а Лети како од источна Македонија да е, кај ги слушаат дијалективе немам појма, битно говорат македонски, дијалектот не е битен.:rofl::rofl:
     
    На sweet-cherry, Ano, MacenceEna и 32 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Луѓето се раселуваат зошто немаат приходи :)
    Едно е како е во селата, а друго е како може да биде.
    Во Бродец, Скопска Црна Гора, скоро до секој двор има асфалтиран пат.
    А јас сеееееекогашшш ќе одберам мир, тишина, крекање на жапчиња, штурчиња, пред градска врева :)
    Уствари ние тоа што го бараме не е баш село во права смисла на зборот, повеќе е приградско живеење, ем урбано, ем не баш блиску комшиите (големи дворови) итн.
    На плацов што го купивме со дм ќе добијам таков приградски живот само без домашни животни бидејќи сепак морам да работам. На високо е, цело Скопје се гледа, ама е релативно поизолирано (освен од најблиските комшии) и е мир и тишина.
    Живот ми значи тоа.
     
    На Sunshine_1979, Annath, Lejla8 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Инаку Сесилијо има асфалт во Жировница. И интернет.
     
    На Annath, Lejla8, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    А бе има во многу села, не се сите планински и одсечени. Лани бев во Сланско, пределот убав, стварно убав, секоја куќичка покрај рекичката, фактички селото е по должината на рекичка. Па во близина Пешна, ова главна атракција им е и секој гостин таму го водат. Па извори со кисела и солена вода. Па малце потаму Белица, стварно многу убав предел со куќи ко од македонски народни приказни, не смеат да се уриваат, кој сака може да ги реставрира само. Ама ти притреба ли аптека, вози со километри. Ти притреба ли маркет најблискиот е во Македонски Брод. За доктор во најдобар случај до Брод треба да одиш, или не дај боже Прилеп или Кичево да фаќаш. Што знам више ми одговара се да ми е на 2мин, па и сред ноќ да ми треба нешто на пиџами да излезам да купам.
     
    На Sunshine_1979, Annath, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.089
    Допаѓања:
    134.975
    Зависи од село до село. Има градови кои немаат уште канализација, а се викаат градови, и има села кои се со се опремени. Барем јас имам струја и вода и асфалтиран пат.Интернет. Разликата е што нема толку луѓе, повеќе мир, нема згради. нема никој да ми тропа на глава, да ми смрди цел стан на гомната од веце на комшијата, да ми пржи под мене комшиката пинџур на тераса, да ми галами под џам пијан тинејџер. И најмалце, комшиите кога ќе се тепаат ке бидат подалеку и нема да ме будат, како во последниве три стана каде редовно комјиите си ги рендаат жените пред спиење и за добро утро, а еден ја фрли по скали пред мојата врата.Вака, дома си тепаат, 50 - 100 метри подалеку, можат и кожите да си ги дерат.

    Скоро 15 години по кирии низ Скопјево, еднаш не дочекав да живеам мирно, а живеев од ГГ до Лисиче, низ Центар и Карпош и Кисела вода и некаде сигурно заборавам... Загадено бескрајно во зима, жешко на асфалт во лето. Кога направив математика дали сакам во село во 200 квадрати куќа и двор од 500 за да трча дете, и истите пари за 60-70 кв стан во Центар или Карпош, решив да живеам удобно со нозе во тревата додека пијам кафе а дете си ужива на лулашка. И нормално, подалеку од смрдеата на колите. Цела зима и лето сме дома со прочистувач на воздух од страв од бронхите кај бебе.

    Наоколу нема свињи, има закон за тоа, ни кокошки, ама има садено зеленчук, до мене има тетка со сертификат за органско, имаат аутистично дете дома и мораат се за него садено домашно, па и си продава од вишокот. Така си заработува. Пред да имаме дете со мм викавме, стан некој со тераса за сеир, ама сега сфативме дека сакаме цела парцела да ја оградиме со високи дрвја и да ставиме базен и никој да не иде.

    Често викам баба ми да беше жива ке си пукнеше од мака зошто сите генерации наназад биле граѓани, битна фамилија со долга лоза, а вника и 7ма генерација на истото име, оди во село. Нејсе, умре, нема да знае :)

    До следниот петок, за 8 дена ме чекаат 2 прекрасни вести. Треба да се случат.
     
    На Ano, Milobebence, MacenceEna и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Секое место од кај што не може да се стигне до центар пеш - мене не ми одговара. Втора причина зошто не би живеела на село, без разлика колку е урбанизирано е тишината, која мене ми пречи. Сакам луѓе, сакам раздвиженост, сакам галама. Со задоволство би живеела и во центар, не само во Скопје, туку било која Европска метропола, мислам на оние зградите на плоштад што се.

    Викенд на село да, но не ми е приоритет, па да речам "сакам да побегнам некаде на село кај што се е мирно и тивко". Порадо би шетнала до некој манастир, водопади или нешто во тој стил.
     
    На Lejla8, Petar80, simonka93 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Пoтпишувaм.
    Истo мислиме.
     
    На SexiLy, Lejla8, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Па затоа реков дека е проблемот во нашите села и во никаквото вложување во истите, се' е само Скопје, па Скопје, Дојран е град па нема дежурна аптека. Ој си до Богданци или Гевгелија. Жими бензинската ноќе им работи.

    Во САД живеев во градченце, ништо немаше. Храна, облека, се е на еден клик оддалечено.

    А мене не ми е проблем да возам ич, ако е нешто далечкичко :)

    Стилови на живеење :)

    @Rebecca_R читајќи ти го постов ме фати стрес :rofl: до толку сум пензионер. Уште како ембрион се пензионирав.

    @Cka тоа е тоа. Трева под боси нозе и кафенце :)
     
    На Annath, Lejla8, Skorpija25 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.089
    Допаѓања:
    134.975
    Кога ќе имате деца ќе сакате мир. Оти дебили цела ноќ брмчат со мотори кои ние не ги слушаме ама бебе срипува и 2 саати се преуспиваме.

    Ко мома и јас сакав сакав центар за да ми биде блиску по кафичите и навечер за прибирање ама веќе не
     
    На Annath, Lejla8, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Јас би живеела на село и знам дека би била најсреќна:sun: мало бавчуле со јаготки, малини, пиперче...нишалка, уште ако има и езерце лелее;(
     
    На sweet-cherry, Annath, Lejla8 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Машки
    село не е само за тинејџер , со годините човек си го цени мирот :)
     
    На Annath, Lejla8, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. WishMaster

    WishMaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Silence is golden...
    Јас па не можам без мир и време за мене у кое си се ресетирам... :)
     
    На Annath, Lejla8, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Пријателе од аватарот твој срцево ќе ми испука:worried::tmi::D
     
    На Annath, Lejla8, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Како стареам за мир патам.

    Иначе за храната..знаете дека готвам дома во недела за цела недела.Немам кој да ми пристави во 17ч кога ќе дојдам гладна како куче.
    Ама еве дома готвеното се исплати.
    Бидејќи сме на плати и немаме дополнителен приход (лозје,тутун,френки..) мораме да тераме со тие пари.
    Ако сакаш викенд,ќе си скратиш на ќебапи во кафана и на игротека (пример)..ќе си скратиш на доручеци на работа,ќе јадеш од дома сендвич..
    Ама тоа ни е сфатено како такво и не се буниме.
    Бевме на одмор-да.
    Сакаш пак?!
    Повели..скрати си од фризер,кафана и да не набројувам куп ситни ама огромни задоволства и пак ќе отидеш.

    Тоа е..
    И јаре и паре Н Е М А.

    Море имам уште 4 дена слободни од прекувремено.Гледам,цепам,мора да одам некаде.
    Ако сте виделе поголем одморџија од мене-еве на..
    Имам и најдено,ама сега ќе одам на "мирољибив"разговор...не од што јас сакам,за детето е убаво:|
     
    На Ano, Sunshine_1979, M&M и 28 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Абе луѓе, со муабетиве старо-нови членови, ми зафалеа неколку луѓе, оти не пишуваат? :(
    На пример Далерон 100 години ја немам сретнато, Бубалкава не' не дружи некако, и други има така...
     
    На Annath, Lejla8, Skorpija25 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. WishMaster

    WishMaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Нема таква работа... Можно ли е такво нешто? :lol:
     
    На Annath, Lejla8, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.