Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не сум многу по помлади...ама од децата еве некако нај...ова-она ми е Zac Efron (ама со стајлинг шо му е у филмот "The Lucky one") Btw кој не го гледал филмот, топло препорачувам, интересна лимонатка за ветреење на мозок.
     
    На sweet-cherry, Skorpija25, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Не сте вo винклa.
    Сегa и Клуни дa дoјде ќе му речaм aј жити се дoјди вечер :whew:
     
    На Gea, kuc, Lejla8 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    kУј знае колку се изнашминкани и колку им се преработени фотките
    #дасеутешимемалку :D
     
    На Gea, Skorpija25, Lejla8 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Мене овој ми е фаворит
    2938.jpg
    ама и оној последниот на @simonka93 би го делела :)
     
    На sweet-cherry, Skorpija25, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Мажи. Мажи евривер !

    Ај да се редактирам. Киано Ривс и Клуни.
     
    На Gea, Skorpija25, Lejla8 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Што се замарате?
    Па 99 посто од овие мажи да ги сретнете на улица нема ни да ги погледнете сигурно.
    Исто и со жените. Се е до шминка, поза, апаратот/камера итн.
    Ја следам Maria Kang, фитнес мама и она редовно дава вакви реални постови.
    Еве слика: колку само поза значи.
    FB_IMG_1498830379838.jpg
    Боље земете пред огледало пози практикувајте :D

    Не сакам и не знам што за јадење на жешково. Тоа ми е мака. Нит се готви нит бива без јадење.
     
    На sweet-cherry, Skorpija25, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, арни сте? Јас пред малку излегов до продавница и малку фалеше да се онесвестам. Ете толку ми е топло. За промена јадев јогурт со овесни снегулки (2 лажици), сончоглед (1) и семки од тиква(1), мене ми е ептен вкусно и ме заситува. Сега кафе пијам, работам, читам, пак работам, пак читам. :D

    Не сме трудни, тоа ќе го најавам онака помпезно, нема да помине без големо честење. Ова е на работен план. Пишав претходно дека е околу финансии, затоа не напоменав пак. :party: Ама баш е за славење. :sun:

    Види, не е убаво да кажуваш дека на тебе и на жена во поодмината бременост ви е исто. Не ви е. Ти се грижиш само за себе, бремената жена и за плодот во неа. Разликата е огромна.
    Јас сум првата која вели дека уредна бременост не е болест, но на овие температури и здрав човек не може да функционира нормално, а не пак жена која во себе носи живот. Бременост како бременост е блажена состојба, но килограмите плус, отоци, особено отоци во нозе, потешко и поспоро движење се и те како голем проблем за бремена жена. Така да, сус.
    На овие температури не е хумано да работи никој, ниту млади луѓе од 20-30 години, ниту бремени жени, ниту градежни работници, ниту средновечни луѓе кои се борат со хипертензија, шеќер, ниту хронично болни, ниту луѓе над 60 години.

    Дечко ми пак знае дека кога спијам се што кажувам не се важи па не се лути. :rofl: Умеам да прошетам од рид на рид. :worried:

    Едит: сум го заборавила овој дел.
    Бали Бег е еден од поубавите Турци од серииве. Ама жена му е нешто неверојатно, како цртана е. Не можам да и се нагледам на убавината. Толку прирордна и шармантна, вонсериска убавина има.
    Инаку мене Анадолците ми се поубави, они се плави со сини очи, гарант се мешани со Афганистанско племе некое.

    И мене ова би ме навредило и би се налутила. Исто функционирам како и ти. Кога сум поканета некаде јас денот, вечерта, неколку часа, небитно, ги планирам за таму. Луѓе сме, секому може да му се случи да е преморен, да го боли глава, да му е лошо, да има покана за друга прослава, да е на работа доколку работи во смени па не може да се замени, но тоа се исклучоци за кои однапред се кажува. Ама дејт со некоја личност може да се договори и пред роденденот и ден по роденденот.
    Колку и да и е досадно, ќе најде некого да сврти некој муабет, та во прашање се 2-3 саати ајде еве и 4 нека се, за драга личност не ми е проблем да се жртвувам кога знам дека и е битно.
     
    Последна измена: 30 јуни 2017
    На kuc, wannaBeMomma, Espadrila и 16 други им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Симонка јас не би се налутила никако, не фаќам кусури што би рекле ние :) дошла те испочитувала, не треба да се замеруваме за ситници, повеќе би се налутила воопшто да не дојде ниту па да се јави :)


    Ахх
    Далеку е Канада;(
    IMG_8714.JPG
     
    На kuc, Lejla8, simonka93 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.159
    Допаѓања:
    259.291
    Пол:
    Женски
    Со вклучена клима, не го враќај аман :worried:
     
    На sweet-cherry, kuc, Lejla8 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Хахахаххахаххаха сама се смеам у канцеларија како будала :D
     
    На kuc, Lejla8, LBC и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    шо ќе вежбам топка е топка како и да ја местиш :D
     
    На sweet-cherry, Gea, Skorpija25 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Не плачи зa oвoј. Не е ни шминкaн.
    :emo:
     
    На Lejla8, LBC, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.796
    Пол:
    Женски
    Да, навистина, сите на сликите шминкани, фотошопирани, тенчени, измазнети, нормално дека знаат на што се палиме ко млади мајмуни :$ а во живо да ги видите :?: добро, има и исклучоци, ама факат све је лако кад си млад :makeup:
    Јас си чувам сликички од мојте симпатии во фолдер онлајн, со муабетиве ме натеравте да ги отворам, да се сетам кого сум симпатишела... сВе спортисти :lol:
     
    На Gea, kuc, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    :rofl:

    Ако, за да бидеш секси топка :!: ;)

    Жешко, не жешко, ставив ориз во рерна :sweat:
    Мислам, внатре не е жешко со клима ама самата помисла на нешто вклучено како рерна, ме препотува.

    Маса/и барам..
    Ај и тука да прашам да не сте виделе некаде ваква маса случајно, ќе погледнам и на предложените места од темана во понеделник, ама за случај да нема таму.
    Фала.
    Столови најдов, маса нигде.
    download.jpg

    Ми се прави муабет со вас, оддамна не сум.
    Ај една собиранка да направиме... например во Аква парк (poolparty)^_^
     
    На Skorpija25, kuc, Espadrila и 16 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Јас и ти заедно сакаш да си го играме, или ќе си го даваме преку една ноќ?:$

    После зашто швркната. Епа ајде де, зашто.
    IMG_20170630_154550.jpg
     
    На sweet-cherry, bittersweet, EuHenIa и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.043
    Допаѓања:
    40.388
    Пол:
    Женски
    А од оние шарените, плажарските да не вадат пак. Сакав да ги купам тие со ананаси. ама додека отидов утредента немаше ни трага ни глас. Само едни модерни со фламинго купив.

    Инаку и самите турци си кажуваат, дека овие убавиве што ги гледаме 90% не се чисти, туку мешани со балканци. Па сеа видете.

    А со маживе стварно не сте фер. Вчера дафи со муабетот за комсиите, сега вие со згодниве мажиња:?:

    Ај добар ден на сите, ќе одам малку да прилегнам.
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Gea и 17 други им се допаѓа ова.
  17. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Ете можда грешам пак ќе речам, ама кога можам ја да одвојам време да ја слушам за проблеми со дечко ѝ и сл, што може ми е досадно да слушам и да ја советувам, може и таа да издржи еден ден и меѓу деца и со непознати...
     
    На bittersweet, Skorpija25, kuc и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Многу степени надвор, сега не кукајте зошто пред две недели се жалевте со иронични статуси од типот јадете си слободно- ова лето нема одмор, есен рана есен и сл, епа сега еве ви лето -летенце - право печенце!
    Многу теми сте наредиле, еве да дадам краток осврт по мое толкување на неколку од истите..

    Во однос на заминување или пристигнување порано/подоцна на прослава, не знам зошто би се лутела на овие години и даље? Свесна сум дека темпово е брзо, работните обврски се тие, фри тајм е тоа што е, деновите се тие, и фала Богу дека може да дојде до поклопување на обврски, поместување и сл... Еве на пример имаш 2 или 3 свадби во ист ден, кај блиски... И што треба, да избереш каде ќе одиш по х - основ?
    Доколку ги почитуваш сите страни, си решил дека заслужиле да ги испочитуваш, си го знаш односот со сите инволвирани, и конечно, одиш на 2те или 3те, ќе направиш некоја комбинација. Секако дека од мене не зависи свадбата, а не сум со чин (кум, старосват, сестра, брат), ќе се потрудам да направам баланс и да присуствувам на двете места по онолку колку можам.
    Од секогаш ми биле овие теми банални и детски, демек касниш не ме почитуваш? Абе ајде, ќе ме ставаш во ситуација да се правдам, без разлика на причините, кои сум сигурна дека се издрлживи...Некои теми се потиснуваат или добиваат одговор со текот на годините, фазите во животот, зрелоста, животните обврски, и затоа лично јас вака ги доживувам.

    Интересна дискусија сте развиле на тема станбено прашање, и ме поттикнавте да размислувам за мојата ситуација.
    Се е со свои мани и предности, не би да се повторувам на темава зошто сите аргументи веќе сте ги исцрпиле и темава е поодмината, само ќе нагласам дека домот не го создава и прави локацијата или квадратурата, туку топлината и хармонијата од луѓето кои секојдневно го оставаат и создаваат.

    Тука ќе прекинам со мојата дооолга анализа и коментар на темите, веројатно е сувишно да коментирам на нешто после 10 дена....
    Би ги шкртнала и прашањата кои ми вртат во глава овие денови...

    1.Како се справувате со луѓе кои се користољубиви??
    1.2. Како се справувате со луѓе кои зборат само за себе, своите проблеми, своите чувства?
    Сте се дружеле премногу, сте делеле секојдневие, и наеднаш дотичниот мисли условно речено дека нема повеќе корист од вас и ве исфрла од својот живот? Евентуално ќе се појави за да се пофали за некој успех???
    Релативна работата е пријателството (има разлики од пријателство до пријателство, не би да навлагам во таа тема), конкретно зборам за пријателство во денешново изместено време со изгубени вредности, но да си ваков тип треба да си ѓон без чувство за осет, луѓе и сл...
    Или пак за овие под 1.2 кои сметаат дека цел свет ротира околу нив, само нив ги следи заговор во светот, кои веројатно се чувстуваат најбитни и побитни од мене?
    Зела мадам ми збори за нејзината работа, врска, планови за шетања, посети на ресторани и кафичи, купувања облека како утре да нема, и што е поентата од таа средба? Да ми стане потешко дека далеку сум од тоа се, а вредам 100 пати повеќе од дотичната?

    2.Како ги определувате приоритетите , секако доколку ги имате?
    Мене ми се досадни оние со муабети за едно те исто, најчесто ми берат гајле за ова, за она - типична македонска работа, како да јас не сакам тоа и тоа?
    Не сестро, сакам, секој млад сака да шета или да купи ова и ова, но јас си имам во моментов други приоритети, се потам за нив, сонувам за нив....

    3.Како со оние луѓе кои се навикнати се во животот да стекнат преку врски?
    Завршич средно/факултет/возачка со врски, седнал од прв ден во асално столче со врски, оди до продавница со врски, да не зборам за вршење работа по институција, абе и под камен ако треба ќе се извади врска!
    Излегувам проблематична, спора, неамбициозна, се кај мене не чини демек :D

    Се изнапишав, сумирани впечатоци од само овие неколку дена...
    Ако ви фати око, баш ме интересираат туѓи мислења.
    Частам кајсии, лубеница, вода со лимон,а клима не зошто тоа е вон моите мерки за штедење(poolparty)
     
    На Gea, Lejla8, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    @simonka93 , и сега што? Ќе растуриш другарство? Ќе и кажеш дека те навредила? Ако имаш нешто на ум, направи го ако не ич не си ја мачи душичката! Некогаш и несакајќи се случуваат грешки, пропусти...не вреди јад на душа за такви ситници, сигурно толку не ти фалела во тек на прославата ниту пак со заминувањето ти го расипала роденденот! Памти па врати!
    Ние прв роденден прославивме без кумовите! Ден пред роденденот кумата ми пиша фб порака дека и течел носот, не ни се јави да честита роденден, та ако на неа не и било добро има две полнолетни деца и арен сопруг на нив што им беше - изгледа к ги болеше за нашиот роденден!
    Ама нејсе и без нив се провеселивме и помина роденденот!
     
    На bittersweet, Gea, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    174.283
    Пол:
    Машки
    Без коментар :)

    Каков јадеш? Кафеав или бел? :D
     
    На kuc, Lejla8, mareane и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.