Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    1. Едноставно е - ги исфрлам од мојот живот без око да ми трепне. Доколку не можам да ги избегнам средбите со нив, муабетот го сведувам на едно "здраво и чао". Ако прашам "како си" ќе почне муабетот и можеби да отиде во некоја насока, а јас би сакала да останам културна и да не кажам се' што мислам. Сето ова ради мир на други луѓе.

    1.2. Немам такви луѓе во мојот живот.
    Имам малку пријателки но со нив сакам, можам и споделувам успеси и неуспеси, истото го прават и тие. Не чувстувам дека оние личности со кои имам отворен муабет сакаат да се "величаат" себеси. Споделуваат упеси ама оти се горди на себе си, горди се на успехот, сакаат да споделат дека успеале. Но, од друга страна споделуваат и проблеми, па тука е она реалното "никому не му тече мед и млеко". И јас едвај чекам да седнам со нив и да се пофалам за тоа дека сум уплатила на одмор, дека на финансиски план има подобрување, дека не можам да ги симнам 5те килограми и се чувствувам дебело итн. Кога другака ми сподели дека добила виза јас тоа не го гледав како фалење да ме направи љубоморна, туку дека од срце споделува радост.

    Пред некое време прочитав муабет дека бремена жена или жена веднаш после пораѓај објавила дека мајчинството е прекрасно чувство и имала цел да предизвика љубомора. НЕ, едно огромно не. Радост е тоа, секоја личност, особено жена сметам дека има емпатија кон жена која има проблеми со плодност.

    Дотичната мадам е среќна поради својот успех и го споделува со тебе. Ти не би требало да бидеш љубоморна на тоа.
    Дали би сакала некоја друга личност да биде љубоморна што ти ќе правиш свадба или што ќе купиш стан? Дали ти тоа го кажуваш со цел да предизвикаш завист кај некого?


    2. Имам приоритет - да уживам во животот заедно со дечко ми. Да ги гледам родителите среќни. Да сум секогаш тука за брат ми. И работам на тоа. Оуу и те како напорно работам. Здравје само, за останатото ќе се снајдам и ќе направам работите да функционираат.
    Приоритети, зошто толку те нервира тоа што останатите шетаат. Некои стамбеното прашање го имаат решено, наследено, некои ќе живеат под кирија. Имаш и ти опција, на тебе е да одлучиш што ти е приоритет.

    3. Проблемот е во тебе. Не сите имаат врски. Не сите кои имаат врски ги користат.
    И јас кога сум имала можност сум одела по полесниот и пократок пат. Не гледам причина да не користам врски кога системот ни е катастрофа. Кога немам врски си одам сама по подолгиот пат. Губам време и нерви, ама тоа е. Светот функционира така, нема резон да се нервирам за некој што се вработил преку врски. Тоа е исто како да се нервирам што небото е сино.
     
    Последна измена: 30 јуни 2017
    На bittersweet, Gea, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R не си во право х 3 пати.
    1. За мадам- ти немаш доволно информации за да заклучиш дека љубомора. Прво, јас секогаш сум била во СЕ над неа, но никогаш не сум кажала или покажала нешто за да и стане тешко, па макар и да сум сакала да споделам среќа зошто сигурно би ја повредила со нешто. А второ, какво е тоа споделување среќа па заборавиш да прашаш како е другиот-јас ( 2 година да не ти текне да прашаш?).Трето која радост е тоа покрај 20 пара чевли ( купува што ќе види и кај кој и да види), и дошло и до твоите, е што ќе види кај тебе мора сега и она?
    2. Во однос на можностите за станбени и шетање, мене не ме нервира ни 1% ако другите шетаат , толку си ме сфатила, туку што мене ме нспињаат зошто не шетам? ( А јас шетам не дека не, ама ова лето ме чекаат важни приоритети, и секој ден да ми се соли памет е ту мач).
    3. Имам и јас врски, но само еднаш сум сум влегла некаде преку врски, а пак за испит шанси немало!
    Потешко е кога одиш без врски, ама не се жалам зошто созревам, и за 1 мин ќе препознаете разлики помеѓу еден таков и еден ваков на маса.
     
    На Skorpija25 и Lejla8 им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.566
    Пол:
    Женски
    upload_2017-6-30_18-8-40.gif
    42 степени,не бе,не е ич топло...
     
    На sweet-cherry, Gea, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  4. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Машки
    Аватарот ти е многу убав денес ;)
     
    На Gea, Lejla8 и lunicka им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    1. Јас кога споделувам среќа со драги личности, исто и тие со мене, без разлика колкав успех сум постигнала или тие постигнале - не се чувствуваме повредени, потценети и не ни е тешко. Едноставно се радувам на нивен успех. А биле и моите другарки над мене, сум била и јас над нив, па тоа не сме го сфатиле трагично. Пример, другарка моја дипломираше во рок, таа радост ја сподели со мене, честеше, бевме во кафана игравме и пеевме. Јас сеуште немам дипломирано. Треба да ми е тешко? Истата таа другарка почнува сега да работи, јас веќе неколку години работам. Треба неа да и е тешко?

    Тогаш зошто воопшто си излегла на кафе со мадам? Јас со небитни личности не одам на кафе и не губам време. По она што го напиша таа ти е се, но не и личност со која треба да пиеш кафе.

    2. Ти си дозволила да ти солат памет. Знаеш мене кој ми соли памет? Само родителите. Кога сме во прашање јас и дечко ми, и неговите и моите не советуваат т.е. ни солат памет ама за наше добро. Поискусни се па се дрзнуваат да ни посочат со што можеме да се соочиме во животот.
    Се осмелиле и други да кажат нешто, но муабетот не завршил пријателски.

    3. Епа тогаш зошто е проблем што другите ги користат врските?


    Зависта е многу лоша работа. Ослободи се од неа.
     
    На bittersweet, azelea, Lejla8 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Хахаха завист кон што?? Не те сфаќам...
    Не ме разбираш и не е важно, нека останат само прашањата, а секој личен став не може да се дискутира и генерализира.
     
    На Lejla8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.566
    Пол:
    Женски
    Аватарот ми е убав веќе еден месец ....:)
     
    На Skorpija25, Peco, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  8. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Машки
    Кај сум гледал јас овој месец...
    ;)
     
    На Lejla8, elimkd и sanjaeva им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Можда ќе треба следен месец ипол да го минам некаде со сибирски температури... За мозоков да ми е функционален. Овака не ќе ја биде работата. :sweat:
     
    На sweet-cherry, Ana Marija 1, Skorpija25 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.079
    Допаѓања:
    134.819
    Телото на трудницата е друго. Срцето пумпа многу посилно почесто и поголема количина крв. Ид жештината отекува цела па не може да ги носи ни патиките. Нема рамнотежа како другите и ако и се заврти може да падне на стомак и да го повреди бебето. Трудницата побрзо дехидрира. Затоа кога ќе слушнам трудна е не е болна не можам да не помислам дека жената е во друга состојба и тоа треба да се почитува.

    И јас одев до последен ден на работа ама оти се чувстував убаво. Ако беше 55 степени на сонце ко денеска не идам. Трудница не смее да се избрка од работа.
     
    На bittersweet, Skorpija25, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    20170630_190437.jpg
     
    На EuHenIa, PUPICA, Peco и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Си можела да ме цитираш. ;)

    Јас коментирам според она што го напиша ти. Доколку има нешто повеќе, јас тоа не можам да го знам.

    Но, штом те тангираат небитни работи, има некоја добра причина и позадина. Ослободи се од токсичните луѓе околу тебе и полесно ќе дишеш.
     
    На Lejla8, green.eyes, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Па реално немаше ниту еден коментар, така да изгледа лоша тема одбрав ко за во петок :D
    добра вечер на сите.
    дете заспа, јас ќе правам нешто за вечера па може ќе се почастиме со едно мафе со мм подоцна.
    :?:
     
    На Skorpija25, Bozica1980, Peco и 7 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    @Rubiii никој не може да знае во каков однос си со дотичната личност.

    На фб имам околу 1 000 пријатели, сите ги познавам лично.
    Ете од причина што можат да ме искористат како врска (иако секому помагам, го знаела или не го знаела) за некои од нив знам за нивниот проблем со плодност.
    Иако не ми се блиски, тоа се пријатели од основно, средно, факултет... Итн.

    Мојата најдобра другарка е бремена, и по 1-2 месеци дејтање со партнерот остана бремена. Двајцата сакаа што поскоро семејство, ете им успеа, јас бев многу резервирана, но не сум јас таа што треба да одлучи другарка ми кога и со кого ќе раѓа деца.

    Од дента кога дознав, душава ми порасна дупло :) плачев од среќа, мислам дека јас да бев бремената немаше така да се возбудам. Не можам ни да си ги опишам чувствата, не можам да ја опишам среќата :) Другаркава си ја сакам како родена сестра.

    Од тој ден имаме мн. Слики објавено со мешко нејзин. Среќни сме и објавуваме.

    Дур не се затераа вакви муабети на форумов, не ми ни падна на памет дека некој би помислил дека сакаме намерно да го повредиме. Затоа што не е така. Затоа што се радуваме, не се ситиме.

    Во ист период кога почна на другарка ми да и се познава мешкото, друга, не до толку блиска другарка, го загуби бебето во 7ми месец. Јас не дознав одма, после некој ден.
    Дента откако го изгубила бебето ние ставивме слика од плажа. Не знаевме се' уште.
    Ама и да знаевме, зар мислиш дека намерно е тоа, со цел да се ситиме?

    Тоа е како да кажеш дека бремена сум, труднички муабети, 1-2-3 тромесечие итн. Се полни со жени кои сакаат некого да повредат.

    Не е така. Јас разбирам дека им е тешко на тие луѓе.
    Ама заборавате дека секој води свои битки.
    Ете, можеби некоја нема дете, но има нозе. Некој е неподвижен. Дали е нехумана и лоша ако стави слика како се искачува некаде?

    Можеби конкретниот случај е таков, но целата дискусија тогаш се сведе на бесчувствителните бремени жени.

    Не се бесчувствителни. Само се среќни.
    И тоа е нормално.
     
    На sweet-cherry, wannaBeMomma, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Денес преживеавме.
    Уште утре.
    Луѓе,лошо ми влијае топлово,на нервна база сум.
    Му се развикав на Рефо,срам ми е да кажам зошто.
    И пак човекот кафе ми сФари,пак со мирно муабет прави.
    Јас да сум,да ми се развика а да не сум крива,ќе фучам цел ден.
    Бреј,мора да се опраам,нечини вака како мало дете да се однесувам.

    Живи ли сВе??
     
    На bittersweet, WORRIED.BT, Sesil и 22 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.566
    Пол:
    Женски
    Вo Џoн Вејн мoжеби...:D
     
    На M&M и Lejla8 им се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Едвaј. :whew:

    Ми влезе еднa нoќнa пеперуткa вo сoбa. Oтвoрив ширум прoзoр бoжем сaмa дa излезе.

    Пaк ќе јaдaм. :talk:
     
    На Skorpija25, Gea, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  18. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    сигурно го препишал тоа на пмс. џокер ни е тоа во ракав. ќе заборај до утре , не се потресуј до толку за еднаш де. јас мојов некогаш го рендам по три пати на ден....ко на пр у пмс ..
     
    На kuc, Petar80, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Живи сме ама стопени... :sweat: Немаме вода за туширање :worried:
     
    На Skorpija25, Sesil, Tajnaotrovna и 9 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    Во последно време сум кретен.И не е оправдување ни пмс ни жешково.Трошам енергија и мисли на личност која не ми е ни блиска ни битна.Ама штом помислам на неа се полнам со некоја негатива која после ми влијае на целокупниот ден.
     
    На Skorpija25, Sesil, referentka и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.