Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.386
    Ама од кај ги носат?!
    Ништо не им фали... чудно е.

    Инаку на Luminarc има комплети од 18 парчиња чинии, 1450 денари во Рамстор, со убави шари, мене бар ми се допаѓаат.
     
    На Annath, Sesil, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Фабриките што шијат за разни брендови фелерите ги праќаат во мана. вајда се работи за ситни грешки.
    На мм другар на девојка му мајка го држела Мана..
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.386
    Па не баш.
    Ја знам девојката што ја држи Мана и мажена е.
    Малце глупо е да ја прашам, онака се знаеме од по дешавки.
    Ми се разгори љубопитство. Фармеркиве 200 фунти биле...хмммм...
     
    На Ana Marija 1, Annath, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  4. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Епа нешто разбрал а не доразбрал изгледа. Ете маж колку памти такви ствари.
    Наша среќа што се начекува така некој модел, ама искрено знаат и многу чкљ да извадат понекогаш.
    Тие што ги зедов јас не бекнале до сега. Бели се. Нит да помодрат нит ништо. мерак!
    Во кое Мана начека Масимо?
     
    На Annath, Sesil, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.386
    Тоа кај Усје.
    Секогаш има некој таков партал.
    Кога ја открив пред еден одмор пред години масакар направив од купување.
     
    На Annath, Sesil, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Имам одено и таму, зашто највеќе избор ми има.
    А во НЛ ги сечат етикетите на фелерите, ама апла се гледа што исекле (дека на брзинка):D Кога ги дознав зедов еден фустан 1100 ден, и го гледам минатото лето истиот тој 500 го продаваат. Сега гледав убави панталони како шалварки донеле...^_^
     
    На Annath, Sesil, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Знам да се радувам на туѓа среќа,да плачам на неубаво.Но најчесто не ми било возвратено.На пример со син ми,само ние знаеме колку сме се одрекувале од многу работи,а исто така и децава,но кога коментираат некои пријатели тоа не е така,се нивното потешко врви,се нив повеќе ги боли,се нешто тие се повеќе како семејство и сл.така е и за многу др работи.Ние си знаеме како е дете да не си видиш еве скоро три год,само во бел свет си го пуштил да се снаоѓа,но тоа не било ништо,ќе се снајдел де.И за ред други работи,недај боже нешто добро да ни оди,ете ти мака,Тука веќе и другата тема ете ја,врска или брак со друга вера.Детето не ми е овде,зарем по секоја цена ќе инситирам ,,наша,,да бара.Секако не,најбитно ми е него даму е погодена.Зарем толку е битно од каде е и која вера е,мислам најбитно е човек да е.
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, Chantal и 15 други им се допаѓа ова.
  8. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    :bandit: 1498856637135.jpg
    Бујрум кој е за со долги ракави и дебели чорапи и по некој тост и штрудла;)
    Земете си ќебенце,нема да стасаат:D
     
    На sweet-cherry, Lejla8, Sky-butterfly и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.159
    Допаѓања:
    259.287
    Пол:
    Женски
    ^јас ќе дојдам!
    И мене за Максимус и Мана ме интересираше...ама ете немав инфо како доаѓаат до облеката. Фини парчиња се наоѓаат за супер цени.
    Не ме нервира толку топлово, со комарците сум повеќе на мака :/
    И јас прееска намерно, апла намерно го испрововирав маж ми да се скараме. Сепак му се извинив за минута, понекогаш знам дека некоја реченица е одповеќе и пак ќе ја кажам. Не дека не се контролирам.


    На туѓа среќа никогаш не завидувам, ме тера да сум подобра и јас.
     
    На Lejla8, ph.orhideja, Viktorijaaa5 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.043
    Допаѓања:
    40.388
    Пол:
    Женски
    Доаѓам. Само и една вода да ми наточиш ладна ако има.
     
    На Lejla8, eli25, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    174.269
    Пол:
    Машки
    Па ти се си потрошила, останало само малку од белото :D
    Добар е тој еурокремот, и јас купувам таков понекогаш.

    Добра ти е темата, само јас нема што да кажам на таа тема :)
     
    На Lejla8, Annath, sanjaeva и 6 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Завидувам позитивно..она "блазе си им..".."алал да им е и јас сакам така"..
    Ама пак затоа,плачам и тагувам со други...и тие другите со мене биле кога сум плачела.Искрено соучествувам.

    Таратур јадевме.

    Бидејќи утре е најавен АД (во крстозборите),си викнавме блиски на денска седенка кај нас..како Ифтар ќе ни дојде-седиме и чекаме жешко да пројде..
    Салати и тава,узенце и пивце..

    @Val-Dim по твоја улица шпартав..ги изшнирав сите улички до крај..
     
    На Lejla8, ph.orhideja, Viktorijaaa5 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.058
    Пол:
    Женски
    Целата философија на животот за тема сте ја одбрале. Ќе пишувам. Оти досадно.

    Со користољубиви луѓе, не се справувам. Не дозволувам никој да ме користи, ги игнорирам, евентуално со тек на време се дистанцирам од нив.

    Луѓе кои се опседнати со самите себе, своите чувства и проблеми, без да бидат во состојба да го ислушаат другиот, да се радуваат на неговите успеси и да споделуваат задоволства заеднички со другиот, ги сметам за егоцентрични личности. И такви во мојот живот немам. Со личностите околу мене, споделуваме радости, задоволства и проблеми, заеднички. Се наоѓаме едни на други, се радуваме на успехот на другиот и помагаме околу решавање на проблемите. Не мислам, ниту ми паднало на памет, дека другарките сакаат да ме направат љубоморна или зависна затоа што ми се "пофалиле" со нешто. Туку само сакаат да ја споделат радоста и истата заедно да ја уживаме. Истото и јас го правам.

    Љубоморна не сум, а богами и карактерно па ич, па некој и да се обиде такво нешто да предизвика кај мене, ќе ми биде тотално сеедно. Бев, добро, на бившиот само. :rofl: Тоа порано. Хахахаха.

    Имам приоритети. Тоа ми се децата. На прво место ми се. После се друго. Станбено фала богу решени. Иако пред да бидам малку трудна со првото дете, приоритет ни беше прво стан. Ама се предомисливме. И не згрешивме. Оти ќе си чекавме уште.

    Ќе бидам искрена и ќе кажам дека за секаде каде што можам да фатам врски, да, ги користам. Мислам дека кај нас повеќето така функционираат. Не секогаш ми успева, ама се обидувам. Не знам, дали има таква личност, која има врски, а не ги употребува. Оние луѓе што се за се и сешто постојано со врски, воопшто не ми сметаат, ниту ме нервираат, а уште помалку пак сум љубоморна. Супер што се снашле. Никому не завидувам. Тие немаат никаква врска со мојот живот, ниту јас со нивниот.

    Јас сум задоволна и благодарна со ова што го имам и за ништо не би го менувала.
    Добро, сакам и куќа на море. 8) :lol: Хаххаха.

    Воспитувана сум да ги почитувам сите вери и националности. Но исто така сум воспитувана да немам врска, се подразбира ниту брак со личност од друга вера. Од друга страна, ме учеле да ги ценам и прифаќам таквите бракови и сите различности. Она знаете, се е во ред, се додека не ти е дома. Немам проблем со тоа и не ги коментирам таквите. Многу ми е жал што поради табу, традиции, последици, начинот на кој ќе реагираат другите, семејствата итн. многу големи љубови не можат да го издржат притисокот и се осудени на пропаст. Или можеби не биле толку големи, што знам. Не сум имала прилика да бидам во врска со личност од друга вера, но не сум ни дозволила да се случи таква прилика. Моите деца се уште малечки. Не сум размислувала, но сигурно ќе ги учам да ги прифаќаат и да не ги осудуваат различностите. Знаете она, забранетото е најслатко. :wasntme: Затоа, шо знам, тешка тема е оваа. И неисцрпна, би пишувала до утре. Нејсе, од денешен аспект, односно во денешно време, многу предрасуди треба да бидат надминати. Но ете, не се.

    Стварно сте философи. :D

    Имаше уште некоја тема?! Не ми текнува. Да, можам уште да пишувам. :rofl:

    Ајде доста ми е. Пратете ме на спиење, оти утре деца во 5 ќе ме разбудат. ;(
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Lejla8 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    174.269
    Пол:
    Машки
    Важно известување:

    Не читам постови подолги од 5-6 реда.

    Потпис Пецо
     
    На green.eyes, Lejla8, Sky-butterfly и 27 други им се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    93.900
    Пол:
    Женски
    Како се испожаливте од топлото,си реков тешко нив,они само мажи ја наполниле темава:P
    Ако,само на љубов нека ве тера:d:,и кока кола де,ако можете да пиете на толку жешко.
    Дека "лепи"не за друго:rofl:

    Облеката на Мана и нејзе сличните,порано имаше неколку низ Ск, е од Турција.Сите тие брендови имаат производствени погони таму,и при селекцијата на класи се детектираат и фелери.Истите се продаваат на кило,одтука и исплатливоста,а царина се плаќа нормална.Фелерите најчесто се искривен раб/шнит,испуштен конец,закривен џеб и сл,и речиси се неприметливи,и за цената што ја спомна Лилит се сосем исплатливи.

    На туѓа среќа мислам дека реално се радувам,поготово кај луѓе што се избориле и биле истрајни на патот до целта.Љубомора осетив лани,кога почнав со обиди за бременост,и во првите неколку месеци сите околу мене остануваа бремени,само јас не.Си викав што ли згрешив,зошто баш јас...ама ми помина брзо,ете фаза било,и верувам не само кај мене:)

    Дајте сеа некоја релакс петочка тема.Да почнеме да ставаме жени(hollest),од Турција па Холивуд и Боливуд.Искрено јас на филмови/серии повеќе убави жени приметувам.Се јави скриената ЛГбТ во мене:?::D
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Lejla8 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.058
    Пол:
    Женски
    Ме скрши. :u: Хахаххаха
     
    На Lejla8, Skorpija25, eli25 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Lianna Anna има човек кој не знае врски да искористи, татко ми. Цели мои 26 години никогаш не повлекол да добијам нешто полесно, да поминам некаде подобро (а можел, имал). Од кога му се качивме со сестра ми на глава пред една година, конечно, за прв пат "прозборе" нешто на некој човек за сестра ми.
    Јас врски немам, знам луѓе што имаат ама ретко се повикувам на нив, ама затоа ова негово однесување ме научи да се борам ептен, и да бидам досадна. По 100 пати ќе идам за нешто, ќе дремам со саати ако треба, од врата на вратам ќе досаѓам и ќе си добијам. А да, секаде кај што имам врска, радо би ја искористила.
     
    На green.eyes, Lejla8, Skorpija25 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Не се спиеееее луѓенцаааа пред 15 мин менував постела ставив една демек сатенска као ладно држи ма нема врска. До сега со мм исправавме криви дрини и пак криви ќе бидат :( .Утре на работа втора смена :( срам да ми е.
    Не љубоморам, не очекувам од никого ништо, не барам не давам
    ( скржава сум :P ) на туѓа среќа се радувам некогаш повеќе одошто на своја. Мразам кога некој ми прави математика со мои пари, време, нерви......и мразам досадни луѓе што по 100 пати прашуваат едно те исто. Вечерва сум во мрчаторска фаза :envy:
     
    На green.eyes, Lejla8, Skorpija25 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.058
    Пол:
    Женски
    Многу е подобро во животот да успееш сама. Не ти направил лошо. Те научил да се бориш и да се потпираш на своите вредности. И јас сама се до вработување. Немав избор. Не знам дали на жалост, или на среќа. Ама ете стигнав до тука до кај што сум, Зборувам за врски по институции, да се заврши некоја работа и слично. Здравство итн. Поздрав.
     
    На Lejla8, eli25, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    @Lilit и јас знам дека Мана ја држи млада девојка која скоро се омажи, а претпоставвуам дека облекиве ги набавуваат од аутлети со овие марки со некои грешки, па ги средуваат....
    Друго објаснување немам...

    Конкретно за љубоморава, не знам дали произлезе од мојот пост или од некој друг, све исто, немав прилика да напишам поубаво прееска.
    Во животот не сум осетила завист или љубомора кон некој, не се рамнам со никој, не понижувам никој (баш напротив како малечка се борев за сите да се еднакво прифатено, што сфатив дека не секој заслужува да застанеш позади него), си го гледам својот филм и двор...
    Баш напротив, многу ми се непродуктивни и досадни средби во кои 95% ќе го решавам туѓото гајле, па неколку години веќе таквите средби и луѓе ги сведувам на минимум.
    До скоро бев идиотка и купував ситници со многу мерак и љубов, се трудев за секој, си земав за тешко ако некој ми замери,но сфатив дека и тоа е многу за некои луѓе, па го затегнав обрачот, и се поставив како со мене така и јас...
    Секогаш се радувам и славам туѓи успеси, искрено од срце, навистина не знам какво е чувството да љубомориш, да си себичен...
    Она што ми се јавува кај одредени луѓе се прашања за нивните размислувања и однесување, но тоа е различно од завист по било кој основ.

    Ќе дадам пример, апропо муабетот со @Rebecca_R и мадам.
    Таа девојка ја гледав и гледам како своја блиска, се што сум можела сум и давала несебично, од срце. Сум одела пешки да ја средам, да и однесам свашта, па дури што работите ми биле или вратени полурасипани, или сама пак ќе сум одела да си ги земам после 2-3 месеца.
    Никогаш, ама никогаш не сум се пофалила еј види нови чизми, еј види ова, еј види она, а сум имала цел живот можност за тоа, но таквите материјални работи сум ги изземала од нашиот однос за да не ја повредам.
    Денес таа работи, заработува одлични пари, заборави на своите најблиски кои ја школуваа/облекоа/хранеа, цел успех сама си го препишува, си купува само за себе работи кои ќе ги види кај познат и непознат, се што ќе види сака да го купи иако не знае дали и треба, но едноставно си лечи фрустрации и наместо да оди на некое убаво место да прошета, да си купи автомобил, да заштети за стан или слично, сета плата и оди на гардероба и храна по ресторани.
    Јас и сега и се радувам и ја поддржувам да ужива зошто секој човек заслужува, но акцентот ми беше дека излезе од границите на човечки вредности...Не смееш да не се интересираш како ти е блискиот пријател, да не најдеш секунда простор во период од 2 години за да го прашаш како е, туку само да се јавиш за да се пофалиш каде си ручал, или да праќаш слика што си купил...
    Во една прилика дојде кај мене и ми донесе блуза која ја купила на невидено, и ми ја фрли како еве ти ја ако ти чини, што не е коректен пристап...Или пак честа пракса и е да исмејува луѓе, што мене апсолутно ме налути! Прво она истите работи ги прави како тие кои ги исмејува, а второ многу ме нервира кога човек се исмејува со некој послаб од себе си.
    Тоа Ребека не е завист, туку се погрешни сфаќања и погрешни морални вредности.

    А во однос на луѓето кои користат врски, не дека љубоморам, зошто оваа личност верувајте си има многу проблеми со комуникација, снаоѓање, било за дружба или работа, едноставно не може сама да фукнционира ако не и се наредени работите од страна на нејзините.
    Не и љубоморам ни во фаца кога ќе ми каже еј кога си глупа учи, или кога со потсмев ќе каже нешто во кое стигнала преку некој, или што секој збор и е врска и преку ред, нее, не ми пречи, секој со свој ксмет и ѕвезда.
    Ај нема да кажам за што има фатено врска, има да скокнете сите... Па да ве прашав после дали љубоморите или само ќе речевте врв на глупост!
     
    Последна измена: 1 јули 2017
    На Lejla8, Skorpija25, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.