Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    На овој форум запознав пријателки со кои се слушам скоро секој ден и премногу ми е мило.
    Како што кажа @Petra777 и со неа се најдовме на форумов :hug:
    Исто така имам и на фб девојки со кои уште се немам видено,ама едвај чекам да ги видам си знаат они кои се :hug::hug:
    И искрено од срце се радувам со нив за секоја убава работа што ќе им се случи.
    И повеќето од тука со кои немам никаков контакт ни на фб нити пак се знаеме во живо ги чувствувам како пријателки и се радувам на нивната среќа
     
    На crazylady, marama, Annath и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Чудни денови...
    Вчера непријатен разговор, всушност требаше да биде договор за соработка, а испадна пуштање на отровни стрелки и лечење фрустрации. Синоќа ништо не ми беше јасно и се карав сама себе што не бев поагресивна, туку со својата вообичаена асертивност.Но, денес беше појасно се. Жална таа си велам, мака си имала малата.

    Нов директор, нови почетоци. Директор по мерка. И со веќе минатиот не ми беше лошо, па малку ми е жал, многу работи научив од него. Сите прекори ми биле всушност животни лекции. Партиски човек, но на работа за него имаше само работници и неработници. Инаку многу строг и принципиелен. Многумина плачеле од него. Јас двапати, првпат кога ми кажа дека е задоволен од мојата работа, втор пат кога ми рече дека само јас го почитувам. Мислам, не плачење туку она грутка во грло, солзи во очи. Што знам дали е глупава идеја да му купам книга, да пишам посвета. Страв ми е да не помисли дека нешто се мајтапам.

    Не дека во животот не сум се трудела, образование, вложување во себе, работна дисциплина. Но, можам да кажам дека сум имала и голема среќа. Некако секогаш коцките ми се местеле како што треба, некои врати се отварале во вистинско време, ми се погаѓале претпоставените. Другарка ми вика -до тебе е, тебе се ти се погаѓа зошто таков човек си. Што знам...
     
    На Hipster, marama, Gea и 28 други им се допаѓа ова.
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    148.109
    Пол:
    Женски
    Пред некoј ден мислaм беше пoстaвенo сличнo прaшaње и тoгaш истo се изјaснив
    ...
    Мoже нaивнo aмa верувaм вo виртуелните пријaтелствa...ми знaчи секе мислење,критикa или пoддршкa..
    Имaм нa фб.мнoгу oд членките oвде aмa сo никoјa ме сум имaлa кoмуникaцијa вo негaтивнa смислa...
    @PUPICA нa пр.ми oбезбеди кoнтaкт зa рaбoтa лaни кoгa бев без рaбoтa ...тoa бескрaјнo мнoгу гo ценaм...
    Луѓе штo реaлнo ги пoзнaвaм не гo нaпрaвиле тoa зa мене...
    Искренo ги дoживувaм пoвеќетo oд членoвите сoчувствувaм сo сечијa тaгa и се рaдувaм нa сечијa среќa и спoделенa рaдoст...

    Не знaм кaкo ме дoживувaaт другите ликoви aмa јaс искренo ве сaкaм...#сеизлигaвив#
     
    На mal.ecka, marama, Gea и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Не познавам никој од форумов,но читајки ве,едноставно ке речам,ми помогнавте да опстанам во најтешките денови.Па логично и ве чуствувам како пријателки-ли.Да има денови потешки,со мрчкања,но и денови со смеа.Секој ден сум на форумов,тоа го приметивте,често ми се има случено да помислам каде е таа и таа или тој,без разлика,овие денови ги нема,дали се добро.Едноставно ве осеќам за блиски,сум поделила и добро и лошо.Можеби се случило или ќе се случи некого да навредам не сакајќи и би ми било криво.Зарем и ова не е еден вид на пријателство,па макар и виртуелно.И уште нешто ќе речам,кога на некој од нас навистина му е тешко,веднаш некој барем со збор ке го утеши,на убавото ќе се израдува,е па да имам пријатели :hug:,макар виртуелни,ама мои,барем јас ве чуствувам така.
     
    Последна измена: 4 јули 2017
    На mal.ecka, marama, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Да купиш книга и да пишеш посвета.
    Никој нема да земе за мајтап искрена порака.
    За мене тоа би било пехар.

    Пред извесно време се случи да од неколку фирми со кои соработуваме си отидат луѓе чија работа ја ценам. Ми беше многу важно да им се јавам, да им заблагодарам за соработката што сме ја имале, да им дадам признание на нивните вредности и да им посакам среќа понатака.
     
    На Annath, green.eyes, MacenceEna и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.052
    Допаѓања:
    134.605
    Ехееее мене колку ми помагале жени од тука...
    Со еден збор. Рефка, Пупи, Лилит, ангелофарх, џој, сигурно испуштам некој...
    Луѓе од риал лајф така не помагаат некогаш.
     
    На crazylady, mal.ecka, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.898
    Допаѓања:
    272.446
    Пол:
    Женски
    Значи сепак само јас сум дивјак.
    Иако ве чувствувам блиски ама немам храброст да побарам помош,нити прва да стапам во контакт.
    Таква сум и во реалноста:тие кои не ме знаат поблиску ме мислат и за арогантана,самобедисана.Сега еден тазе пример:вечерва поминувам пред зграда ,жени неколку стално си седат и седнав малку и јас.Сите искоментираа леле што ти текна ,бре ќе заврне...Искрено во 6 г.во станов два три пати по 10 мин седнувам со нив...
     
    На lunicka, mal.ecka, Annath и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека дека си дивјак,еве доволно е и тоа што сме присутни тука,а за тоа ми требаше долго време да соберам храброст,но друштво живнав со вас тука,па така и тебе те чуствувам за пријателка која иако не ја знам лично но ми е драга.
     
    На Annath, green.eyes, eli25 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.683
    Некои да, некои не :)
    Од овој форум немам некои не знам какви пријателства, ама од др. Имам :)
     
    На Annath, green.eyes, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Еее немој да спомуваш од др.
    Тоа ми е како децата од другото маало да ти се подобри другарчиња и ме асоцира на тепачка :rofl:

    @mareane @Lejla8 срциња сте :)
     
    На Ane-Goki1, Emy867, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Овде имам споделено и што треба и што не треба...Повеќе сте ми како фамилија, некогаш дури мислам дека ако не кажам нешто тука, како да не сум го доживеала...
    Се радувам со сите, сочувствувам...
    Искрено имам trust issues и бев многу повлечена, тука се отворив и сфатив дека вредам како личност со самото тоа што некој од вас го цени моето мислење, помислува на мене, а не ме ни знае...
    И секогаш ова :hug: мече кога ќе го видам упатено од некој од вас кон мене, знам дека имам некој на кој што можам да се ослонам :l:
     
    На sweet-cherry, Ane-Goki1, marama и 24 други им се допаѓа ова.
  12. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Сама дома со малово дете, ова врапчево нешто чудно ми цивка од време на време. Обично спие ова време. А сега не. Мирно е не рипа ништо не прави само што свири ( цивка) ама не гласно како што обично вика. Незнам што му е а почна шубе да ми иде.
    #самадома
    #мисеспие
    #стравмие
     
    На Annath, kuc, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Во вашата фирма како што читам се следат современите текови и се сфаќа значењето на градењето на тимски дух. Кај нас во државното многу малку се работи на тоа и односите се некако постерилни и ограничени на работните процеси. Затоа сум малку во дилема.
    Ти благодарам за поддршката на идејата. По некоја случајност знам кој жанр на книги го сака. И најлесно ми е книга со посвета, затоа што тоа што го чувствувам, полесно ми е да го пренесам така.
     
    На lunicka, Annath, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски

    Неееее ;( ;( ;( врати се, форумот нема да е ист без тебе #тапшањепорамо.



    Еве ме на трета смена. За одмор испазарено се, останаа некои ситници. (poolparty)
     
    На Annath, green.eyes, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    @marama среќен роденден :^: :party: се надевам си поминуваш уште поубаво од што изгледаше;)
    @simonka93 да ви се множат годините и како што викаат, господ муабет да ви дава.

    Како што веќе имам кажано на форумов ме донесе маката. И зато саеуште искрено се радувам и тагувам со членките во темите за бременост.
    Во оваа тема влегов случајно од радозналоста, ама едноставно ми стана дел од секојдневието. Се нервирам кога нема да можам да ве читам, ама надпкнадувам и пречитувам се што било напишано. Има членки кои искрено ми оставиле многу позитивен впечаток, и од кои би побарала помош ако ме наведе маката, а и на би им понудила помош во маката.

    Ве гушкам и среќна сум што ве запознавам се повеќе секој ден. :hug:
     
    На marama, mareane, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Пак здрма кај нас и тоа долго :worried:
     
    На mareane, Annath, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Навистина стрпливо читаш се.
    Ти, @green.eyes , @Annath , @Ane-Goki1 и неколку (малку) други.

    Се дивам на вашата стрпливост.
    Јас читам 1-2 страни и од радозналост што е последно актуелно летам на последната страна.
    Некогаш од што брзам немам време ни доказ да ви кликнам дека сте прочитани.
     
    На Ano, mal.ecka, marama и 14 други им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јако беше? Да им вртам на моиве или да не кревам паника?
     
    На Annath, M&M, Lejla8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    3.9 ;( и тоа два веднаш еден по друг;(
     
    На Annath, LadyC, Lejla8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    4.1 * го сменаа на апликацијата
     
    На Annath, LadyC, Lejla8 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.