Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Имаш право;(
     
    На M&M, Lejla8, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Аман веќе. Мајка ми паничи многу.
     
    На Annath, M&M, Lejla8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.935
    Допаѓања:
    89.929
    Пол:
    Женски
    Верувам во пријателства од овде :) Кога поминувам толку време секој ден нормално дека ве чуствувам блиски некој повеќе некој помалку :)
    Кога ќе споделам среќа и тага осеќам дека некој сочуствува со мене,убаво ми е да се радувам на вашите успеси,среќни моменти,па дури и оние лошите кога ќе се споделат со некого е по друго...
    Знам дека повеќето сте тука да дадете совет или да пружите помош ако ми е потребна.
    Да не набројувам поединечно некого ќе заборавам сигурно :)
     
    На crazylady, Ano, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    @Mr. Right вети тема
    ама сега го нема...

    #фатив рима

    @sanjaeva јак и долготраен
     
    На mareane, Annath, green.eyes и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.935
    Допаѓања:
    89.929
    Пол:
    Женски
    Сигурно помфрит пржи
    а се мисли во теретана да 'ржи
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На IronLady, Ano, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.806
    Па не смеам да кажам, одма Петре и другарчињата ќе ме искараат :D
     
    На Annath, Bozica1980, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  7. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    згодно тело тој ќе спрема,
    ама пред гевгеличанката пак има трема :rofl::rofl:
     
    На sweet-cherry, IronLady, marama и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.088
    Пол:
    Женски
    На емоции ли ,,играме,, вечерва? :wasntme:

    Ваљда треба некој емотивен реферат да напишам ама не можам, сори... само на @JuLleE да и се заблагодарам за правната помош пред некое време. Во момент на бес, нервоза, другарка недостапна и пишав и стварно многу ми помогна, не знам тогаш дали и се заблагодарив и јавно ја испофалив ама еве да искористам прилика да и кажам Фала уште еднаш :hug:

    За земјотресите, кај мене едини што се почуствувал тој лани, во Скопје, најјакиот. Јас седам во двор, јадам нешто, комшии почнаа да излегуваат јас се чудам шо е работата, сите галамат а, у, јас гнетам ли гнетам :tmi: Луѓето испаничени мене мува не ме лази :lol:
     
    На marama, Emy867, mareane и 21 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.806
    Абе смееме да пишеме поезија на темава? Онака, уз муабет?
    Неколку дена имам желба да напишам делче едно, а не ми се пишува во специјалната тема, тука сум најчесто :)

    Иначе Рајт нешто џабе вети,
    Мина полноќ , а тој уште не се сети.
    Сонце зајде, еве трета смена,
    Рајт уште џмие, нигде го нема.

    Сесилија пак ескивира,
    Да даде процент или да се уозбили
    - може да бира.

    Мања и Ребека се тапшаат по рамо,
    Ќе им најдам рчка, да ми текне само.

    Лилит сваќа мора да ја сакам,
    Ај шо сваќа, ама со неа и свадби манијачам.

    Симонка тука е најмирна душа
    Ич рчки и кавги нејќе да слуша.



    А за другите шо не ми текна сега,
    Стрпете се де, не ви бегам. :!:
     
    На sweet-cherry, Ano, mareane и 23 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    250.501
    Сесил мило ми е што сум помогнала.
    И на мене ми имат многу помогнато. Членки кои ги почитувам многу и секогаш ќе им бидам благодарна.

    Инаку ме боли глава, вообичаено мора да се жалам нели:D.
     
    На mareane, Annath, Tajnaotrovna и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.202
    Допаѓања:
    156.857
    Леле мајка ми направила бабина торта некоја едвај чекам да се раздени....
    Полна е кршен орев, вишни, шеќерна глазура и чоколадо...
    Ќе си пукнам!!!
     
    На crazylady, lunicka, zhap4e и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    61.421
    Здраво девојчиња :f:
    Да, да девојчиња :f:
    Кога читам колку години имаат некои од Вас сваќам дека не сум веќе девојка :nod:
    Со секој поминат ден сум се поблиску до педесетката :^), ама зборот „девојка“ ми звучи мнооогу убаво...
    Пааа :^)... Не, не се предавам :)
    Имам нова класификација... до -40 сите сте девојчиња, а ние со 40+ сме си девојки 8) (poolparty)

    Денес ми се случија неколку убави работи... Се видов со тато, убаво се изнамуабетивме и решивме некои важни прашања. На работа се реши едно големо недоразбирање, па сега сум среќна...
    А бев и во шопинг... Купив роденденски подароци за една мила 21-годишна девојка - прекрасно летно фустанче за вечерни прошетки и кратки панталончиња со чипкана маичка за дневна шема. Заокружив со мала ташничка со реси... Ми фали уште едно 300 грамско чоколадо и се да спакувам :)

    За денешните теми...
    Јас сум родена во најубавиот период од годината... Целиот град блешти од сијалички и украси, еуфорија се чита од секое лице... Дедо Мразовци еден куп низ град, музика и веселби на секој чекор...
    Убаво е да си пред новогодишно дете :tmi:

    Каква сум на одмор... Последниве години сум госпожа, одмарам :D
    Децата пораснаа па нема по кого да трчам, сонцето е прејако за мојата кожа, па цело време на плажа го поминувам на лежалка под чадор со книга во рака... А и СУДОКУ многу си ги сакам!!! Во вода одам кога ке ми стане претопло, праќам дете по сладолед, друго дете по сок и кафе, а мм е задолжен за повремено нанесување на крем со висок фактор 8)

    За друштвото од +/- 40... Мнооогу пати сум напишала во темава, сите ве сметам за другарки :hug:
    Лично не познавам ниедна од Вас, но за секоја имам формирано сликО :inlove:
    Од муабетите знам дека 3-4 сте ми сосетки, па кога шетам по маало се трудам да Ве препознаам...
    Муабетот на темава е прекрасна дружба исполнет со секакви моменти...исполнет со живот :)
    Искрено ми недостасуваат @ozbilnazena @danichap @galapce @ALISA0000 @promeneta ... а и @lunicka сакам да ја читам почесто...

    @simonka93 честита годишница... Имајте многу љубов и разбирање :f:
    @marama среќен роденден мила :hug:
    @CameliaMiller талент за поезија :bow::clap:
    @Lilit спомна торта со ореви и вишни 8-|... Сакам рецепт :)
    @sanjaeva и мене пиши ме на списокот „читачи на +/- 40“
    Од 8078 страници имам непрочитани околу 500. Можеби и помалку... затоа се си знам :tmi:

    Почна трета смена (waiting)
    Здраво друштво :f:
     
    Последна измена: 5 јули 2017
    На sweet-cherry, Ano, lunicka и 30 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ај си викам долгови кон државата да подмирам.
    Се модернизирале град Скопје, па може и онлајн да се плати.
    Арно ама 162 ден. провизија.
    Значи не се нормални.
    Што би рекла @Doozy - да повториме: 162 денари!

    Ај што куќава ми е еднаш во една, еднаш во друга општина, ај што подрумот не ми бил подрум дека бил убаво наместен како да ќе живее некој таму, ај што плаќам како да е на Беверли Хилс, ама провизија 162 денари...е не.
     
    На lunicka, Lejla8, marama и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Може една ваква? Чола ми е еден и единствен. На сите концерти кои ги има одржано кај нас сум била, музиката негова е мелем за душа. Ова е музиката која и јас и дечко ми ја слушаме онака со мерак. :inlove:

    @CameliaMiller ме стаила во рима, се почувствував битно. 8)
     
    На Lejla8, marama, Lianna Anna и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    173.769
    Пол:
    Машки
    Повеќе имам прочитано. :)
    Откако се придружив во темава, редовно ја читам. Само првите 300 страни не ми се прочитани.
     
    На Lejla8, mareane, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.806
    Замислете јас да сакам да прочитам се'...
    7500 страни 8-|
     
    На Lejla8, Lianna Anna, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.088
    Пол:
    Женски
    Денеска се надминав себеси со досадни муабети... уште се чудам мм како ме трпи дома коа почнувам такви теми, па уште и дискутира со мене. Јас да бев или ќе сменев тема или ќе урлав |(|(
    А бе некогаш сум бог да чува, да ме грабне и да ме отепа човек. :headbang:
     
    На Lejla8, marama, mareane и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.202
    Допаѓања:
    156.857
    Лепотица...спремна.
    Печен шамп било тоа горе...
    Се мислам у име на роденденот на Марама да ја здрвам уште сега...
    20170705_013412.jpg
     
    На bittersweet, Ano, lunicka и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    На Lejla8, Annath, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    20.906
    Маж ми отиде да заспие бебе
    А за 5мин. тој рчи под ќебе
    Бебе дојде кај мајка
    Сакала да и читам бајка.
    Јас пак од тука приказни редам
    Кога можам редовно ве следам
    Кој со среќа кој со тага
    Секоја некому му е драга
    Кога песни кога ора
    Кога Хпл фора...
    Кога филм кога спорт
    Кога тежина и зорт
    За арно за лошо
    +-40 е тука
    И срцето радосно чука.
    :wasntme::wasntme::wasntme::wasntme::wasntme::D:D:D8)8)8)


    Аплауз ќе ве молам.
    Фала пријатно
    :D:(:(
     
    На sweet-cherry, Ano, Cka и 36 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.