Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.087
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Lejla8, Skorpija25, mareane и 23 други им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Хооола чикос. |(
    Не ми замерувајте, гледам Млади бунтовници.
    Да, да. Во недостиг на американски серии за гледање решив да се потсетам на младоста и тинејџ деновите и еве изгледав половина сезона.
    Толку спомени ми врати, па тоа е неверојатно.

    Вие арни? Земјотреси не чувствувам, не знам што човек сум а не ме ни плашат.
    Од природни непогоди само вода односно поплави ме плашат, другото не толку.
     
    На sweet-cherry, Lejla8, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.935
    Допаѓања:
    89.929
    Пол:
    Женски
    :o
    :clap::clap::clap::clap:
    Навистина е за аплауз :bow:
     
    На Lejla8, mareane, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.202
    Допаѓања:
    156.857
    Почнала и горната плоча над скопската да се поместува.
    Омфг...
    О.о
    Панично се плашам од земјотрес.
    Дали и дека фамилијарно си го носиме и ми е пренесено од големиот 63 кога едвај жива глава спасиле не знам, ама мене земјотреси увек ми биле пренесувани ко едно од пострашните нешта после војна што може да се случат...
     
    На TeddyGrey, Lejla8, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Штoм вo темaвa се спoмне кaфе
    првo нештo нa штo пoмислувaaт членките е мaфе.
    Кoгa зa тaмпoни, менструaции и сперми се збoрувa,
    ручекoт секoгaш им зaгoрувa.
    Немa темa нa кoјa не рaзгoвaрaaт,
    a пoтoa вo лп се oгoвaрaaт.
    Пoнекoгaш тие зa ситницa се лутaт
    и некoе време вештo ќутaт.
    Oмилени теми им се зa секс,
    и дoдекa дискутирaaт јaдaт кекс.

    Блaгoдaрaм. :bow:

    #струшкивечеринaпoезијaтa
    #живoтoтнaеднaфеминкa
     
    На sweet-cherry, Lolipop23, WORRIED.BT и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.087
    Пол:
    Женски
    Аиии кои успомени човече, па кореографии по дома сме вежбале со другарки, сите песни со сВе текст на шпањолски сме ги знаеле. Паблито ми амор ... :lol:

    [​IMG]
     
    На Lejla8, Skorpija25, mareane и 15 други им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ?
     
    На Lejla8, Tajnaotrovna, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Како Стружанка ти го доделувам златниот венец :D
     
    На elimkd, Peco, Lejla8 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.202
    Допаѓања:
    156.857
    Читав по групите на фб сега.
    Имало денес помали потреси во Косово, незначителни, а прееска еден посилен и на апликациите го дава.
    Она што го слушнав пред една недела баш водеше на ова. Создаваат притисок и енергија на средната плоча помеѓу две плочи кога се движат АКО се работи за хоризонтални земјотреси и кога тогаш мора да се ослободи таа енергија исто така со земјотрес на плочата во средина. И е полесно да се предвиди и со формула од физика да се пресмета каде како и која јачина, зошто има познати детерминанти, можеби не временски, може и ќе биде за неколку години ама има показатели по кои може да се водат.
    Ова не дека јас паметна, врска си немам, ми го кажаа...
    И сакам да не е точно!
     
    На Lejla8, Petra777, LadyC и 7 други им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Aii, que dificil es ser yo! Mia Colucci.:rofl:
    Мене серијава ми одбележа дел од животот. Толку многу работи во пубертет научивме баш од овде.
    Се осеќам пак ко некоја тинејџерка, ме врати во времето. Дечко ми ми мрчи дека била детска и не ми личело да ја гледам ама не ми е гајле, ми враќа спомени.
    Се сеќавате на весникот Време? Па секој ден имаше интервјуа со нив постери, албум со сликички, дури и календар знам дека имав во соба.
    И сите ликови ни беа подеднакво омилени, едвај чекавме да прочитаме нешто за нив.
    Ех, тоа беа времиња.
    Сега ќе засакаш серија, ќе ја симнеш цела и ќе ја изгледаш во најбрз можен рок со се блуперс и интервјуа и веќе за брзо време ја забораваш.

    Ама тогаш беше исчекување, па радости па цедеата кога прв пат им ги купив, едно потресување беше...

    Убави времиња.
     
    На Rirri, sweet-cherry, Lejla8 и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    20.906
    И јас ја гледав и за мене тоа беше убаво време и спомен иако бев поголема.

    Ако некој
    Од земјотрес има страв
    Нека тргне по пат прав
    Јас ќе го пречекам на улица
    Да не го фати ни виулица
    Добро друштво му нудам во мојот дом
    Надевајќи се дека неговиот не станал лом
    Да се смири земјиното тло
    Да не се приреди поголемо зло

    Држете се другачки
    #самозафеминки#самоза+-40
     
    На Ano, Peco, Lejla8 и 25 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.728
    Допаѓања:
    322.847
    Програмчево на мобилниов ми титка кога има земјотрес ниар бај ми.
    Душа немам,ами ОхриЈЏани пак којзнае како им е.

    Добро утро.
    Денес на дневен ред познатата "куча-посо,посо-куча".
    Кога ќе влезам во ваква шема се ми е рамно.Никакви дешавки,освен што Госпоѓица Рефче ни ја затна шољата во веце со играчка,па се живо размонтиравме за да се извади..во спротивно ќе се удавевме во сопствените фек....:puke:..алии:puke:
    По тој повод настана несакано вербално препукување КОЈ дозволи таа да ја фрли коцката во шоља а заврши до тоа кој ламбата не ја гаси во тоалетот|(.
    И ај сеа...
    100% од оралното вербално општење ни е за дете:|

    На времето кога бев дете,кога моите купуваа стан,кога ќе побарав пари за нешто,мајка ми се во "метро стаза" рачунаше:D.
    Дај за фармерки-што???.со твоите фармерки две метра стаза ќе купам за во претсобје:o
    :D:D
    Дојде и кај мене тоа..
    Со еден викенд некаде можам перална утре да си купам:).

    Ајде..будете се..:yawn:.Денот почна да се тркала:)
     
    На sweet-cherry, Ane-Goki1, Rebecca_R и 32 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    148.972
    Пол:
    Женски
    @Espadrila i @Mr. Right :bow::clap:
    @Lilit немој ПЛС иоанака почнав само на тоа да мислам :worried: .
    Сакав викендов Охрид да фатиме ама многу ми е страв. Мм ме убедува, вчера збореа од сеизмолошка на тв вика гледаш ништо страшно нема ама многу ми е шубе. И најмногу од она чувствоно језиво кога ќе здрма, плус синко ми е плашливко и паничар ми е жал да не се распамети иако лани не реагирапе до толку најверојатно затоашто не му беше јасно што се случува, викаше *јас прв пат во живот гледам земјотрес*.
    Што викате да се оди или не:^):worried:?
    Ај добро утро:)
     
    На Rebecca_R, Peco, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.937
    Допаѓања:
    123.510
    Ова што значи? Следни сме ние? Септември ќе се повтори :worried:
     
    На Lejla8, Mr. Right и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А што без везе се крева паника?! Кој предвидел земјотрес во светов? Па ај ние ќе предвидиме? Какви катастрофи ќе се превенираа да имаше можност да се предвидат земјотреси.

    И најјак феномен - дали е дожд, поплава, земјотрес, било која тематика одма еден куп експерти никнуваат. Сите ги учат инстантно главните термини и "баратат" со нив. Плочи, земја, движење, па каде оделе, циклони, крај на светот..

    Ниту читам вакви работи, а ниту верувам. И во понеделникот требаше некои јаки дождови да има, па освен што залади ништо немаше. Едно време го утнаа, не земјотрес ќе погоделе.

    Македонија. Земја на експертите.
    #ЕднашМајкаВаквиДецаРаѓа
     
    На Ano, Peco, Dadusicka и 31 други им се допаѓа ова.
  16. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    15.615
    Добро утро,Рефи ме изнасмеа од сабајле:D,и онака ми е се упм деновиве.Се пронајдов и јас во ситуацијава,со мм секој пат расправиите ни се околу детево,пред да се роди немавме вакви вербални испади иако заедно бевме 9 години,ама сега омг:doh:,само за неа се караме,еден оди во една насока,друг во друга ама во глобала истото го мислиме:)

    Не пишувам во последно време тука ,ама и општо на форумов,ич не ми останува време,а и дома гледам што помалку да користам телефон пред малата,дека го бара сака сликите да ги гледа или Почиња (поточиња):D.
    Инаку изминатава година ме мава страшен ПМС,мислам дека цело време сум во пмс,само пет ден во месецот сум во арните,имам страшни главоболки,мигрени и многу сум нервозна,а не бев таква,дури сакам од сопствената кожа да си излезам:(.Кажете некој спас оти ќе полудам;(
     
    На bittersweet, Rebecca_R, Lejla8 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Станата сум од 5.15, се разбудив и неможев да презаспијам,а свежичко, пријатно си беше за спиење
    Со земјотресиве и јас сум потресена, за месец дена сме у Охрид, уште од сега се плашам за ова што се задеси
    И се надевам дека конечно ќе престане
    Рефке, на тема бутање у шоља, пред некој ден со пријателка правиме муабет колку вториве деца ни се по немирни и брливи, па меѓу дешавките од ќерка и беше и тоа дека им бутнала топче у wc шољата ,ама за разлика од кај вас, они завршиле со говна:devil:
     
    На bittersweet, Rebecca_R, Lejla8 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.806
    [​IMG] tenor.gif

    Морнинг.
    Ме боли глава.:envy:
     
    На Arthur, Ane-Goki1, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.741
    Допаѓања:
    172.853
    Пол:
    Женски
    Добро утро:yawn:


    Пак јас како марсовец:wasntme:
    Имаме некој во министерство за образование? Мало инфо ми треба... плс:bow:


    Синоќа сум спиела како бебенце:inlove:
    Земјотресиве ме плашат.
    И ред др.работи..
    Ама живот..
     
    На bittersweet, Rebecca_R, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Добро утро убави луѓе. Честитки до сите за се убаво, @marama среќен, најсреќен душо! Од убави работи да не можеш да здивнеш :d::^:
    Трча мајка по мајка си, баба ми не е добра, трчам јас по неа да не и се качи притисокот... тоа е кругот :doh: Па само ѕверам во телефонот. 80 години... како што сме тргнале, ќе дочекаме ли ние 80ка на торта :worried:
    Ми се вртат неубави работи во глава, ми се враќаат некои болни спомени. И уште шефот овде што не знае што сака попрво да му сработам (facepalm) Загрижена сум и за брат ми, сакам да го видам. Некако... безвезе
    А сакав нешто убаво да пишам, и кога почнав ми се заредија мислите :tmi:
     
    На Ane-Goki1, bittersweet, Ano и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.