Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Неделa. Ден зa скaрa.
    Кaј @Mr. Right е зaбaвaтa. :)

    20170709_125531.jpg
    Имaјте убaв неделен ден. Јaс дефинитвнo имaм, нaјблиските сoбрaни нa купче. :l:
     
    На green.eyes, Espadrila, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.729
    Дааа, воената плажа е. Секогаш е најмирна, а лично мене ми е омилена :)
    Зш? :)
    Службено дм, а јас на релаксација :)
     
    На green.eyes, Espadrila, Skorpija25 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.004
    Допаѓања:
    133.935
    Дека у сред земјотреси отиде :)
     
    На Lejla8, kuc, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.729
    Па се мислев, ама вода си е вода.
    Само за јадење искачам од вода.
    Вчера сите три земјотреси ги осетив, ама не се исплашив нешто многу.
     
    На green.eyes, Espadrila, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Фала на честитките за роденденот. Еве да се оправдам за вчера зашто гости друштво, а мали ми качи тт, не ве читав во хаос бев. Да ве почастам
    images.jpg mafini_od_cokolade_i-vanile_n.jpg images.jpg mafini_od_cokolade_i-vanile_n.jpg cocktails.jpg
     
    На green.eyes, Mr. Right, Skorpija25 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.666
    Допаѓања:
    148.807
    Пол:
    Женски
    Банана со к.млеко и некое др овошје, синко го бендисува со праски. Имам ставано и јагоди малини ама основата ми е банана к.млеко или павлака.
    @Sesil @monik55 среќен роденден девојчиња, со бројкиве не можам поинаку да ве наречам млади низаедни :) .
    Мозок на пасење во планинава ама се опуштив мислам 1 недела сум тука како ли ќе се вратам утре у нормала. Ме изненадува синково цел викенд со девојче си игра, другарка од школо му е де, ама до пред узвесно време не смееше женско друштво да се спомне, сега ни еднаш не спомна дека му е досадно. А таа па жива среќна што ја игра. Многу се слатки :inlove: .
    Малово спие ама нешто малку немирно па ја си лежам до неа да се наспие, тамам да исчитам милион страници :)
    Маживе ќе праат скара да се најадеме па поручек дома :sweat:
     
    На green.eyes, Mr. Right, Skorpija25 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    А бе тука сум јас.Де дома,де у втората дома,де у третата:D
    Сега сум во таа "селската",измив коса со црево,па ме сушат од сите страни со фенови:tmi::sweat:
    Ве читам цело време,кога имам нет:Dама немам можност да пишувам.Имав некое време,ама тооолку напнавте со икс работи:envy::doh:]:):muscle:
    Неделава што претстои ќе била пеколна(facepalm)

    Среќен роденден на сите женски што слават денеска,славеле вчера,завчера...здравје ви посакувам,па друго се по ред:d::^::*
     
    На green.eyes, Espadrila, Mr. Right и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.194
    Допаѓања:
    156.799
    Од сабајле до сега на шпорет правев џем од кајсии.
    10 тегли.
    Струја кој знае колку.
    Ама не можев да и ги предадам на мајка на топлово да се чвари на ќумбе.
    Вака на три пати.
    Вчера другар ни донесе 12 кг кајсии и ќе скапеа или опција беше да ги изедеме и да станеме портокалови.
    Ми се јавува другарка ми и ми вика, ама зошто здрав не си го правела со агаве сируп?! Екхм... е зоЖДо де?!
    Ај ние будали татко ми една година со хималајска сол го натеравме зелка да прави, ама џем со агаве?! Бубрег да продадам за агавето...

    Мајка ми со основано сомнение - пастеризација. Дали сум пастеризирака да не скиснел, да не мувлосал...
    Денес осомничен сум...
     
    На Mr. Right, Skorpija25, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Јас се пакувам и сакам да се онесвестам од топлото. Појадок, кафе со фамилија и почнав да се спремам. Имам и малку работа, ама ќе стигнам се да завршам. :D
    Барав еден фустан. црн, памучен на тенки прерамки, широк, за патување ми е. Се откажав - го нема. Дојде мајка во соба и со неколку потези го најде. А јас претходно барав на тоа место, ама сериозно. :sweat:

    Фала ти. Само го заборавив сладоледот. Корнет со три топчиња по избор, од оние на шеталиштето. :inlove:

    Јас тоа не јадам, ама на останатите ќе им се допадне - сигурно! Ја ќе најдам некоја друга чорба. :D Фала ти. :hug:

    Ми текна, само никогаш не ни текнало од таму да поминеме.


    Инаку @monik55 среќен роденден и се најубаво! :^: :^: :^:
     
    На green.eyes, Mr. Right, monik55 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Среќен Роденден на двете славенички! Да сте живи и здрави. :^::party::hug:
    Дупли родендени , шо убаво. :)
     
    На Mr. Right, CameliaMiller, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    По повод џемот од кајсии.
    јас во принцип џем не љубам ама ѕверов мој секој ден јаде лепче и матче :). Се возам во автобус пред некое време и спроти мене седат две постари госпоѓи ( баби ) и лафат за овошје. Кога се фатија за џем од кајсии па ваков па таков па со ова со она јас :drunk: лиги до колена. И излагам од автобус автоматски вртам кај мајка итно да го прати татко ми во подрум да ископа некоја тегла џем од кајсии. И ископа :)сме седнале со ќерче маф го направивме
     
    На green.eyes, Espadrila, Skorpija25 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.131
    Допаѓања:
    258.901
    Пол:
    Женски
    Џем со агаве е ко ајвар со маслиново, за буржоазија :)
    Јас им правев од сливи без шеќер со ѓумбир ама нешто мрчеа последен пат па ќе размислам дал ќе добијат годинава :)
    Го бива попустот во Капитол, не ми се седи дома...
     
    На green.eyes, bittersweet, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.194
    Допаѓања:
    156.799
    Абе мене ми донесоа тегличка ајвар со маслинов и органски, купечки. Ме бендиса, ама скупа работа, реално и пак му доџе исто со обичниот кога ќе помине термичка обработка.
    Мајка ми прави тура со маслинов и тура со обичен, би рекла чепатлаци и не е лош, ама купениов боље ми се виде, ама ајвар е ајвар брате...убав е топол.

    Дојдете кришки ќе ви мачкам, на путер. Му одолевам, само за вкус го пробав, ама би се натепала до врв.
     
    На Lolipop23, Skorpija25, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.852
    Пол:
    Женски
    Денов турни ме да кинисам:whew:
    Ме турнаа и пак џабе:rofl:
    @Sesil @monik55 среќен роденден:party:големи да растете:wasntme:

    Испеглано, испрано, миризливо е се..богами и јас. За туш плачам хаха
    Агаве.. уат д фак ис агаве8-|:envy::rofl:
    Одам да се скријам, не припаѓам во темиве:bandit:
    Па ајвар со маслиново? Стварно? И јас ќе се стремам кон буржоазија...:doh: а не можам еден ајвар со маслиново да скоцкам:D
    Како не, не го сакам па јас. Имам 3 канти од 10л во подрум, ми го праќаат од Грција моите кога одам. Ама што знам...
    Неделава што иде не е почната а јас се молам да заврши... е не можам веќе..
    Позитивна работа е што на крај на месецов патувам пак, па гајле ми е за се друго.. требаше Москва ама ќе излезе западна европа. Па и назад може во милиот Франкфурт...да си ги видам друшките од екс работното место :)
    Американецот нема да биде таму..
    А сепак, толку е небитен:inlove:

    Си направив шопска со мн беровско сирење, си ставив домашна ракија и кулирам на фотеља..
    Вечер на вечера, ме мрзи да се спремам|(


    :hai:
     
    На green.eyes, V.odolija, Glasna и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    89.800
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене,да шкртнам нешто :)
    Топење на +40 ,топло ептен бе :sweat: знаете џабе ви кажувам :|ќе се издржи,кај мајка сум тоа е најважно :sun:

    @Sesil @monik55 да сте живи и здрави,само убавини да ве следат :hug:
     
    На green.eyes, Mr. Right, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Сите бегаат на плажа, ние в планина ]:) Демек бегаме од земјотресите
    По ум од мажи не се оди, дете збесна,па бесот негов мене ме префати :drunk:
    Конечно се вративме :whew:
     
    На green.eyes, Mr. Right, M&M и 14 други им се допаѓа ова.
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.303
    Допаѓања:
    147.560
    Пол:
    Женски
    Лежaм вo зaтемнетa спaлнa и се кaндисувaм дa стaнaм дa се депилирaм...им ветивме нa дечките нaбaзен пoплaдневo дa ги нoсиме и ене ги збеснaa...a јaс ручaв и не мoжaм дa мрдaм a тaткo им грчи нa гoлемo вo дневнa...
     
    На green.eyes, Mr. Right, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За новата пивница во центар зборам. Таа е на кожувчанка.
     
    На CameliaMiller и Lejla8 им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Одамна ме нема во темава, кога ќе имам време ќе исчитам.
    Денес не ми е денот, ме боли главата и ми се гади. Преска мерам притисок, кога тоа 140/90, за некој како мене со низок притисок овие бројки се шок.
    Маливе заспаа а јас немам сила да си направам ладна вода со лук, краставица и оцет, за да смалам притисок.
    А и компот од тазе сливи требаше да им сварам :(

    Ми фали одмор, море, затоа и притисокот се крева :D
     
    На V.odolija, Espadrila, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Добар ден
    Успеав да ве исчитам :sweat:
    Гледам доста имало деновиве за частење за убави поводи.
    Најсреќен нека е девојки @monik55 @Sesil само убавини да ве следат
    Честитки за работното место @dunika
    Не верувам некој дека се сеќава,ама ви реков да ми пуштите среќа дека ќе ми треба.
    Епа работата излезе баш како што треба :D
    Ама нема да ве почастам денес,за да не ви се фати многу :lol::lol:
    Па кога ќе биде официјално за некој ден ќе почастам
    Имајте убав ден :f:
     
    На green.eyes, V.odolija, Espadrila и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.