Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.200
    Допаѓања:
    148.386
    Пол:
    Женски
    Еве го. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На kikin, Lejla8, kuc и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.150
    Допаѓања:
    259.168
    Пол:
    Женски
    Ако имаме деца немаме лоботомија, теми на муабет најчесто зависат од соговорникот.
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.890
    Допаѓања:
    272.301
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna среќен роденден,се најубаво!
    Лошо спиев,станав нерасположена,испив две кафиња досега и то...
    Јас Синопен си чувам на шкавчето до спална,а нешто сред ноќ ме зачеша веднаш се мачкам....
     
    На green.eyes, Lejla8, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво:D
    Да ве поздравам од новото работно место
    Сега за темева сум таман 8) Многу колеги имам сега од тука ;)
     
    На green.eyes, Ano, kikin и 28 други им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.092
    Пол:
    Женски
    Да работите ко шо би требало може и ќе немате време за трач муабети, кој дали ќе се мажел.или не
     
    На green.eyes, Emy867, kikin и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.989
    Допаѓања:
    135.253
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna Среќен роденден, сите желби реалност.

    Зар помага ова? А мириса ли лошо? Слично, во жолта опаковка купив на еден одмор, последна опција ми беше, веќе се беше пробано, ама еден одвратен мирис, ужас.
     
    На Lejla8, Petar80, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.200
    Допаѓања:
    148.386
    Пол:
    Женски
    Нема мирис, ова е за убоди и сл. Мене ме касна комарец и мн ме чешаше, земав намачкав, како ролонче е и одма ми смири а мислам дека за 1 ден и ми го снема убодот. :)
     
    На Lejla8, Petar80, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Конечно се откачив од работните задачи, е сега може порелаксирано. Нешто сум си расположена денеска да филозофирам, па ќе се обидам да направам краток осврт по сите точки од статијата што ја сподели @Petar80 и да ги продискутирам.
    Точно е дека за разлика од некогаш, денес браковите имаат пократок рок на траење, можеби поради причината што се навикнавме работите кога ќе се покварат да не ги поправаме туку да ги замениме со нови. Меѓутоа за мене бракот не е кинеска играчка, туку една света институција во која многу свесно и со сопствена воља имам влезено и се додека постои љубов, почит, компромис и разбирање, се дотогаш ќе се борам тој брак да доживее прослава за златна, па и дијамантска годишнина. ( Да не се сфатиме погрешно, значи бракот со постојани кавги, семејни насилства, психички малтретирања и сл. не го поддржувам и не оправдувам дека во такви ситуации по секоја цена треба да се задржи бракот заради децата. Во тој случај, според мене, подобро е децата да живеат во разведен брак, отколку да живеат во заедница во која секојдневно би биле присутни на сцени, кавги, трауматизирања и да живеат во страв)
    По првата точка, не разбирам што подразбира авторот под поимот традиционален брак. За мене секој брак е традиционален, се додека некој од партнерите не почне да фаќа кривини или да живее подвоен живот (иако и во „традиционалните“ бракови постоела оваа појава, кога ноќе прескокнувале огради љубовниците да се сретнат, само тогаш за овие работи помалку се зборувало и срамот бил поголем).
    За сексот воопшто не се сложувам дека станува здодевен. Се додека работи фантазијата и се додека сексот се доживува како задоволство, а не обврска, истиот може да биде извонреден.(добро де, повеќе е до фантазијата :rofl:)
    Констатацијата во третата точка од статијата ми звучи многу глупо и не знам дали да ја коментитрам. Телото старее, тоа е факт, со текот на времето се деформира, кај некого од здравствени причини, кај некого од проблеми, кај некого од генетската предиспозиција. Не може тело што родило да изгледа исто како и тело на тинејџерка. Колку и да е приближно, на него се забележува траг дека донело нов живот на светот, без разлика дали тоа ќе е стрија или лузна од царски рез. И напротив, тоа би требало да им биде потсетник на мажите зошто нивната жена е посебна, а не да ја мешаат во толпата со останатите. Што је лепо и богу је драго, убаво ми е да видам згоден маж, дури ми се случило и да искоментирам со сопругот дека дечкото/ девојката што во моментот поминал/ла на плажа е згоден/а, ама тоа не значи дека неговото/нејзинито тело или фаца треба да ми го разниша бракот. На крај краева, очите не ни биле врзани кога сме го бирале партнерот и точно е дека физичката привлечност е важна во првиот момент, ама подоцна духовното си го прави своето. Барем кај мене. Не ми треба трофеј, кој кога ќе го ставиш во друштво, не знае три реченици да склопи или два пати се смее на виц, еднаш кога сите се смејат и по вторпат кога го сфатил.
    Околу финансиската нестабилност, делумно се сложувам. Поголемиот број кавги можат да бидат предизвикани заради недостаток на финансии. Особено кога е крајот на месецот, а јас се вратам дома со парталчиња на кои не сум можела да им одолеам и кога ќе влезам од врата, ги џиткам кесите во спална, за да избегнам кавга или ако мисијата на криење не ми е успешна првин од негова страна следува ваков поглед :^), а потоа и прашањето: Пак ли си купи нешто за 200-300 денари? :rofl:
    Не знам колку вие сте зависни од технологијата и телефоните, јас сум онлајн кога се релаксирам сама или сум нашла слободно време на работа. Се вклучувам и кога сите спијат, а мене не ми се спие, чисто ради релаксација и да си го пополнам времето. Мојот сопруг не го интересираат социјалните мрежи, тој нема профил на фб, единствено го отвара сајтот „Мотика“ и што користи Вајбер. Во негово присуство ретко се играм со телефонот, бидејќи најубавите работи ми се случуваат кога сум офлајн :rofl:
    За тоа дека сите сме нарцисоидни исто не би се сложила. Точно е дека се сакам себе си, меѓутоа не секогаш ги ставам моите потреби и желби во прв план. Ако го сакам партнерот, битно ми е и неговите чувства да бидат подеднакво важни како што се моите.
    Да се редефинира идејата за брак? Во која насока...? Не знам што сакал авторот да каже.
    Последната точка ми е глупост невидена. Според логиката на авторот, значи јас треба да сум љубоморна на сите што живеат подобро од мене и што си дозволиле на одмор да одат на Тенерифе, Шпанија или некоја дестинација што јас уште некое време ќе ги гледам само на Google Earth или во емисиите на Берта Додевска? И тоа би требало да ме фрустрира и да ми го доведе бракот до суд? Мислам...шта реќи, а не заплакати.
    Тешка глупост ми е текстот, жално е што порталите ради читаност ангажираат некои квази или самонаречени психолози кои мислат дека пишуваат хороскоп, па генерализираат до бескрај. Бракот многу зависи од средината во која си израснал, начинот на кој си воспитуван и очекувањата што ги имаш од партнерот. Браковите во кои двајцата партнери се свесно влезени и пред се со многу љубов, не пукаат тек така. Пострашно е за оние бракови кои се склопени реда ради или двајцата не знаат ништо еден за друг, меѓутоа имале секс за една вечер, па она останала трудна или се мувале, не сакал да ја изведе во јавност, ама „заборавил да го извади навреме“. Мада и од ова правило има исклучок.
    Многу напишав, кој има нерви нека ме чита, не очекувам дека сите ќе се сложите со моето мислење, но поентата ми е дека за некоја волку комплексна тема не се дава образложение од две реченици и статија во која до толку се генерализира.
     
    На sweet-cherry, green.eyes, kikin и 19 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Не се секирај ти за тоа дали работиме или не.
     
    На Lejla8, CameliaMiller, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.092
    Пол:
    Женски
    Хе , ич не се секирам верувај
    Не знам дали ти или може па и некој друг се најде навреден ...ама не гледам ни зошто.
    Ако работиш ефективно ќе немаш време да се ставиш на фемина, да трачариш ... да пиете кафиња со колешки и да разглабате кое дете мочало , дали ќе си се мажела и зошто Не :rofl:

    Кажете си само , Ќути има и бетер , има некој кој стварно работи ... си ја наредила ај ти
     
    На Lejla8, Val-Dim, Ane-Goki1 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Дај боже исто и ти како мене да си ја наредиш.
     
    На Lejla8, CameliaMiller, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.971
    Пол:
    Женски
    Јас па сакам кога ќе ми дрндаат за децата..
    Ама моето работно место не е со луѓе, па кога ќе се најдам во таква "цивилизација", мерак ми е да слушнам такви муабети..
    Цивилизација пишав, бидејќи фотељава ми е надвор од цивилизација:lol:

    Кој сака да збори за деца, нека ми се јави...доброволно слушам ;)
    Иако вака бездетна немам многу познавање да солам памет.. а според некои форумски критериуми немам ни право хаха

    @Lianna Anna среќен роденден :*
     
    На green.eyes, EuHenIa, WORRIED.BT и 18 други им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    93.886
    Пол:
    Женски
    Женски:hug::hug::hug:,илјада пати фала на советите-многу ми значи секој упатен збор:).Ја прифатив работата,потпишав,но нема да си го запоставам и личниот живот,само некој месец пауза и ке си се вратам на обидите,што и да се случи не сум во живото-загрозувачка ситуација,фала му на Бога.

    @Sesil @monik55 @Lianna Anna Среќен роденден на сите,нека Ви биде ова година за паметење,ама само по убаво:^::l:

    За да опстои еден брак,треба жената да е Македонка или во најлош случај балканка,и да истрпи и преќути свашта,за жал моментално светот се темели на сосем други вредности,па последователно сме сведоци на целиот хаос што се случува во сите односи,на само брачните....
     
    На green.eyes, WORRIED.BT, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.092
    Пол:
    Женски
    Уф не фала ама не е секој створен за тоа
    Јас си на наредив по мое . Работава е створена за мене, со мерак одам на работа . Си ги работам часовите . Исполнета си одам дома . нема муабети со ојле дојле ..кој шо како ....итн
     
    На mal.ecka, Lejla8, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  15. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.059
    Пол:
    Женски
    Честитки женска се најубаво на новото работно место...
    @Lianna Anna Најсреќен да е сите желби реалност :^:
    Колку бев вредна од по сабајле се исчистив туку имам и за пеглање ама ме мрзи вечер ќе пеглам ,сега си мавнав еден туш и ќе си одмарам...И јас сакам деца што зборуваат дали дека и јас сум зборлеста ама богами и ќерка ми е 100 на сат ела запри ја кога ќе почни ...
    @referentka намачкај се со бела течна пудра одма ги смирува и вечер бапни си еден лоратадин да не те чешаат јас така си правам туку за чудо оваа година ни еден комарец ме нема каснато :nod:
    Ај убав ден па ќе правам кафе кој е за !!!!
     
    На green.eyes, WORRIED.BT, Lejla8 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Надвор во двор со ќебенце, гледам во полната месечина:Dкафе, цигара и фемина.:)

    Деновиве, ноќиве де за мене:lol:многу работа, си доаѓам дома исцрпена, едвај чекам кревет да фатам, не се сеќавам кога сум била толку уморна од работа.
    Вчера седев надвор за време на паузата, запалив цигара и така сум заспала надвор на 2 степена со цигара во едната и телефонот во другата рака.(facepalm):lol:
    Видела колешката ме нема да се вратам од паузата го пратила "дечко ми" да ме бара пошто тел не сум слушнала, ме најде, едвај ме разбуди како во кома бев.:x(facepalm)

    Се наспав денес, ги зема татко ми децата, цели 6 часа сврзав сон.:rock::rofl:

    Не ми е јасно за што треба да збориме ние мајките?
    Треба за теоријата за релативитет да разглабаме, глобалното затоплување......:wasntme:
    Што подразбирате под лигавење за децата, по тоа што го пишувате секој муабет за децата е лигавење,?
    Разглабање на долго и широко за кучиња, мачиња е симпатично, срцки тие а некоја мајка спомне дете аууууу досадна, нема живот, лигавење, напорен и е животот, секакви дијагнози.|(|(
    Нема ништо на светот што може да ми биде поважно од децата, ако нешто ми е тогаш нешто не е во ред со мене, муабет за децата е од истата причина, зошто ми се најбитни, нема скриена позадина, не ми е напорен животот едноставно сакам да ја поделам радоста што ми ја приредуваат секојдневно, некому ако му сметам може и да не ме слуша.:lol:

    Да одам да се спремам за работа, уште два ноќа и викенд...јеј.|(:rofl:

    Знаев дека нешто заборавам @Lianna Anna Среќен роденден.:party::party:
     
    Последна измена: 10 јули 2017
    На green.eyes, Ano, EuHenIa и 27 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    @kuc фала ти за течната пудра, и така ја имам дома, само што ја ,,испратив,, сипаницата:) па ми остана.
    Браво за идеава.
     
    На WORRIED.BT, Lejla8, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna среќен роденден, само радости и убавини да те следат.
    ♡BuBaLe♡ честитки за новото вработување. Со здравје да си ја трошиш платата и уште поголем успех и напредок во струката ти посакувам.
     
    На Lejla8, kuc, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Друштво, здраво...јас како падобранец улетувам на секои стотина мислења колку нешто да прашам но ветувам дека од следната недела ќе ве дружам редовно! Ај хелпнете ми, утре до Солун планираме да свратиме па освен Космос и Икеа, каде би можеле да тераме неколку саати шетња и нискобуџетен шопинг?
     
    На WORRIED.BT, Lejla8 и kuc им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.008
    Допаѓања:
    268.265
    Па фала Богу дека мојот живот, проблеми итн. Ми се многу поважни од свекрвата, мажот, мајката, сестрата, детето, кучето на колешката |(
    Ако можам нешто конкретно да помогнам, тоа се кажува со две реченици, ама на работа не е нормално да си муабетиш за приватни проблеми.
    А башка колешка е, не е другарка.
    Има разлика.
     
    На WORRIED.BT, Lejla8, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.