Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.979
    Допаѓања:
    135.035
    Пол:
    Женски
    Сеа ми текна нешто, од памтивека. Едни нон стоп не канеа, кога и да се сретнеме, по телефон се јавуваа кај сте, дај бе дојдете. Е ај отидовме. Он си го зема телефонот, на мадамата серија и почна, ние со мајката на дотичниот ,,дури,, 40 минути муабет правевме, за внуците оф корс, кое што јаде, кога заспива, како спие, кое не сака во градинка ... и така. Претходно кај свеки бевме, послето ајде пак. Вика шо се предомисливте, нели одете. Ние и се вративме :angel:
     
    Последна измена: 11 јули 2017
    На green.eyes, Mr. Right, Lejla8 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.852
    Пол:
    Женски
    Аууу не се спие:yawn:
    Ме изедоа бе луѓе|(
    Ќе се иселам од СК под ИТНО!!!

    Јас сум нешто како Сања..
    Ме викаат на многу места, некогаш стварно имам работа, некогаш немам ич желба ама некогаш толку ме мрзи да се спремам и да излезам од мојот домашен рај, не можам да ви опишам..
    Друга мака..
    Јас сум човек што мрази шминки|( ама каде и да отидам, ги гледам жениве скоцкани, нашминкани со 5 слоја пудра и контури и како и да се викаат сите тие шминкачки дрангулии, мислиш на бал тргнале а не на дружење кај другари..
    А јас, фармерчиња, маичка, ББ крем и сјајче... и некогаш се чувствувам како отпадок жими се(facepalm)
    Последен пат во маалско кафанче се собравме, каснев јас од оправдани причини со претходна најава, стигнувам и гледам 5-6 девојки и 7-8 машки, маживе спортски, жениве со пластична фаца и стегнати со мидери во свечени фустанчиња како да ги носат на фенси вечера а не на скара во кафана..
    А јас црни панталони, сина кошула и чевли, и шминка што ни со лупа не се гледаше.. Жениве сите ме прашаа да не сум се вработила некаде кај што не тераат униформи да носиме|(

    Ок ок ..разбрав:D не сум на ваше ниво.. па и пола вечер 20 реченици едвај склопивме со жените, па по 2 саати си станав и заминав.. Да не беа мажите, без муабет ќе останев хаха
    Е затоа не ми се оди...убаво ми е дома на фотеља, не ми го реметите мирот|-)

    А да.. температури и болести не смислувам, некако како бумеранг ми се враќа па настинувам..
    Ама секогаш се вадам на тоа дека имам краен рок за проект и не можам да мрднам од дома...а јас дома се журкам со филмчиња и мезе:D
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.173
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Рано нели? Не, каснам уствари станата сум од 4, јадев ете таква сум некогаш, ждероња, ама не ми се дешава често . :tmi:
    Читав низ др теми, додека се вратив на "нашава " мина саат.
    Пијам кафе некој буден да му правам?
     
    На green.eyes, Skorpija25, vitamina и 20 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Вчера цел ден и цела ноќ со клима:worried:
    Ами денес што се збори дека уште пожешко ќе било?!
    Вера носев блуза од лен на долги ракави:|..денес и турбан да си ставам..како муџахедин:|

    Ај..убав нека ни е денот
     
    На green.eyes, Peco, kukla21 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.673
    Пол:
    Женски
    :yawn: :hai: :yawn:
    Дежурав, да знаев дека сте активни, ќе ве дружев...
    На толку надеж дека малово ќе го одмине вирусот, разочарување. Ноќеска од еден крена тт, и еве, одвај сабајлево спласна. Чувајте се, има гаден вирус, опремете се со пробиотик и антипиретик оти со болки во стомак почнува, и главоболка, а после и тт, 38-39. Никој не е поштеден...
    Околу 9 на лекар, а дотогаш да се јавам на работа дека нема да одам, и да каснам нешто, оти душа немам во мене. Не ми се јаде, ама исцедена сум, во буквална смисла.
    Ми се спие, ми се плаче... Белки ќе успеам да украдам некоја минута да дремнам...
     
    На green.eyes, M&M, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.130
    Допаѓања:
    258.890
    Пол:
    Женски
    Ме боли глава од спиење со клима. Утрово ја изгасивме ама многу беше топло. И сега е, а нема ни 9.
    Ко Кукла станав и прво да се најадам да не ми избега доручекот. Сега сакам едно кафе и денов нека почне.

    Ќе се преиспитам наназад кој другар/ка ми дигнал температура да ја склопам големата слика :lol: јас тешко се разболувам (fingers)
    Анатх побрзо оздравување на дечките :muscle:
     
    На green.eyes, Peco, kukla21 и 27 други им се допаѓа ова.
  7. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    ДоброУтро
    Да ти се погоди зет како мед, абе зет рода, магаре стока, исто му доаѓало. Пушач на цигари сум, ама од љубов кон сестра ми денес и утре нема да пушам. А и сакав да кажам, јас никогаш немав колеги а камоли колешки на работа. Ете накрпив 8 год стаж. Пијам кафе на работа со последното цигарче, ќе почнам мед да сркам.
     
    На Dadusicka, LadyC, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.938
    Допаѓања:
    267.683
    Mo( u )rning :coffee:(wtf)

    Ич не ми е денот, ама ич.

    Ни ноќта не ми беше, жешко, мачно, се будев на пола саат.

    Сакам есен, сакам дожд, сакам палтенце да облечам. :rain:
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Abeja и 22 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Ми заврши одморот . И да ви кажам таму поарно ми беше.
    И климата поарна и денот организиран и чистат по тебе.:D
    Втор тешко дека ќе има.

    Станав ама сакам пак да си прилегнам. Ми се лежи. :D

    Само што стигнавме ме преселија кај мајка. Маж замина на пат. А и тие се на одмор. Па се дружиме со сестра ми сами. Упс и кучето ранобудник е тука. :yawn:

    Вие гледам арни. Малку тивки. Ама оправдано, почна сезона на одмори.

    Честитки на сите кои имаат за честитање и благодарам за честитките. Да се враќа на сите само убавини.:)
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Abeja и 32 други им се допаѓа ова.
  10. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Значи пеколно е:sweat::@
     
    На Peco, CameliaMiller, vitamina и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    20.886
    Јас те разбирам потполно особено што имам слична ситуација. А башка јас имам деца на речиси иста возраст ко на нашиов другарски пар. Али јас не можам тоа да го издржам а не некој шо не е со деца. И стално не канат како на гости, као жената на дружба со децата у парк, у игротека, у кафич, по дома. А јас- не можам. напорна ми е за слушање. Си мислам дека можда и стварно женава дома не е изназборена воопшто, па кога ќе се најде у друштво не престанува да збори- за децата. Сега вака, па такво и такво за јадење за големото, такво и такво за малото, па вака и вака му е редот на ова, па вака и вака редот на другото...напорно е навистина. И јас на мм му викам ако некој - освен тебе, вака реметам со муабет да ме предупредиш.Муабетот и е бесконечен.на почетокот се обидував да имам конверзација со неа, да бидам фина, да споделам искуство. Ама љуби монолог на тема најмајка и мајчинство... и така.

    Летово чинам е едно од пожешките...Како ќе се трае не знам. И утрата се топли уште од 8 саат. А денес на работа колега ќе части скара....на жешково....а ние као демек не сакаме :lol::lol::lol::?::?::?:
    Убав ден.
     
    На green.eyes, Abeja, Lolipop23 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Јас па спиев нокеска, иако беше тешко и жешко
    Почнавме со жалби за заладување и палта а ?:D, немојте, нека потрае вака, лето не видовме, од сметкиве за струја ми е преку глава зимно време:rofl:
    Уште месец дена имам јас до одмор, има да си верглам на работа, ама па никако неможам да го земам порано, па во август да одам на работа ми е исто ко да не сум била на одмор, ко беше дете помало дури септември си го земав, милина, ем нема гужви ,ем не е јако сонцето ,ем цените супер
    Вчера си опнав 1000 ден, блокатор на кола, за 15 мин дошле, грешка на мм, недоразбирање и така, имав одвишок па зошто да ми стојат:devil:
     
    На green.eyes, Peco, Dadusicka и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене!
    Значи не сум единствена ... Сношти во 9ипол бев во кревет, ма неее бре!
    Станав во 10ипол, нервоза ме фати, да не речам лудило. Ауууу :sweat:
    Сите можни пози за спиење ги пробав... :sweat:
    На крај на балкон, цигара и назад. Битно покриена до уши спијам па и 100c да е. :D
    Има вака будали како мене?
    Ајде кој е за :coffee: (не е чај ,кафе е):D
     
    На green.eyes, Abeja, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    :hai:
    Пијам прво кафе за денес и земав ве исчитав.
    Многу убави вести од сабајле прочитав и многу ми е мило :hug:
    Денес денов ќе ми помине по дома во одмарање,а ако успеам да се наканам да станам може и ќе сработам нешто :D
    Фала ти многу @Val-Dim утре ќе се вратам здравје да почастам како што е редот.
    Таман ќе биде официјално :D
    Вчера мислам дека ми беше една од најтоплите ноќи ова лето.
    Спиев како бебе до сабајлево,ама дури заспав мислам ваква бев :sweat::sweat:
    Имајте убав ден :f:
     
    На Val-Dim, green.eyes, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  15. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    83.940
    Пол:
    Женски
    image.jpeg
    За сите има за разлаување ....не сум салам да врзи човек 8 сати спиена цело лето ...чекам дргарка на кафе па на работа ќе се оди ..
    Вие арни читам ви жежи па што вика мама утре е Петровден да не сакаш да студи :nod: утре некое слатко ќе чести некој ...
    @Annath побрзо оздравување на дечките значи како ми е страв од вирус некој преку пет маала да има фатено и нас ќе не фати ко од мочка сме правени ,а од грип гајле немаме
    Убав ден пеколен ќе да е !!!
     
    На green.eyes, Peco, Dadusicka и 21 други им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    Добро утро
    Од жешково и јас и бебуш кома до сега :yawn:

    Сега се сетив уствари дека иако постојано сме заедно со еден пар, и ни се најблиски, ќе треба да почнам да смислувам изговори...
    Секаде нѐ викаат, кафе,дома, госпоѓата на телефон си седи...Немаат деца, јас за моево не зборувам, освен ако ме праша нешто... Упорно се обидувам да напраам муабет со неа, во врска со сѐ останато, ама повратно добивам само краток одговор и то е то...Често се прашувам дали е до мене, дека не сум интересна...

    Побрзо да помине вирусот @Annath :hug:
    Имајте убав ден :D
     
    На green.eyes, M&M, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Добро утро☺
    Се прибрав во 4 станав сега,мајка ми ме разбуди и јас викам спие она убави ли се пешкирите ви де допсѓаат ли сакаш ли уште еден:whew:
    Ноќеска се дружев со старите колеги од претходното место и ми се исполни желбата го начекав стариот директор и му направив еден моабет ама морав многу ми тежеше.
    Јас сум вака уште од кревет
     
    На Ники., green.eyes, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.938
    Допаѓања:
    267.683
    Ич не сакам лето, не се жалам кога е ладно :)
    Колку сака нека студи, полесно преживувам него на горештини. Нема зима што ќе ме исплаши, ама летото ме убива.
    Лето признавам само на плажа, во Скопје е измачување.
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Abeja и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.023
    Пол:
    Женски
    Добро утро драги девојки и по некој дечко. Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Дупло убавини и радости да ви се враќаат, на сите, без исклучок. :sun: :f: :hug:

    Вчера заглавив, оти 30-ти јубилеј. :) Сега ме убива главоболка. Второ кафе пијам, во надеж дека ќе поминам без аналгин. |(

    Ја прочитав само последната страница, не знам што била темата, ама претпоставувам оти ќе ја погодам. ;)

    Едно време се најдов во ситуација дека сум опседната со децава. Кај и да одев, луѓе, од уста не ги вадев. Од друга страна па, добивав прашања само за нив.

    Е кога забелажав дека и со мм го правам истото, кога сме сами, (facepalm)сфатив дека е време за промени.
    Да живее прогресот. :rofl:

    Фала богу што со фб сум скарана во однос слики од деца и муабети за истото. Тоа така од почеток. :whew:Мои се бе, љубоморно ги чувам. :rofl:

    Иначе, блиска сум единствено со мое друштво. Колеги и колешки ми се единствено тоа. Се подразбира кафе, пијачка, излегување, но со соодветна дистанца. Единствен најдобар другар ми е сопругот, нему можам буквално се да му кажам.

    Супер е, оти некад не ме ни слуша, па знам дека на никој нема да пренесе. :rofl: Еднашка му раскажував нешто и го гледам по некое време заспал. (facepalm) Ок, деца имам, нормално дека знам приспивни приказни. :rofl: Ама, фала за монолог. :rofl: Јас душа важно си испразнив. :)

    Поздрав цурици. Имајте убав ден.
     
    На sweet-cherry, green.eyes, Abeja и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Ете знаев дека нешто пропуштив :x
    Најсреќен нека е @Lianna Anna со мало закаснување и само убавини да те пратат :f:
    Со лесно да помине вирусот на малото @Annath
    Честитки Бубале за новото работно место
    Што е до колеги колешки не сум имала,ама кога би имала не би зборела со нив на лични теми.
    Во врска со проблеми и такви работи сум затворен тип и секогаш си држам за себе,а не па на колешки да кажувам :shake:
    Кога не ми се оди некаде смислувам изговор или пак си кажувам зошто не одам.
    Обично причината е што ме мрзи да се извлечам од дома или не ми е денот 8)
     
    Последна измена: 11 јули 2017
    На green.eyes, kuc, Peco и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.