Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Чекај малце. Ти рекле дека си површна што судиш според облека, а сега истите (не знам кои се ама ајде штом велите дека се истите нека бидат истите) велат дека облеката е израз на карактер и култура.
    Ти, од друга страна, тогаш си рекла дека судиш според облека, а сега ти пречи што други судат според облека? :whew:
    Ме збуни. Двојни аршини, убаво си кажа сама.

    Не ја следев таа дискусија тогаш, но веројатно се вртела околу скапа и ефтина гардероба. Поправи ме ако грешам. За голотија беше или за "класа"?

    Како борбата против сексуализација на жените се сведува на истакнување на сите физички атрибути, еве не знам. Просветлете ме.
     
    На Skorpija25, JuLleE, manja666 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Не, мене ми пречи зошто добар дел од членките активни на темава рекоа дека сум јас површна јер судам ради облека, а сега они судат по истиот основ - облека.
    На конкретнава дискусија Камелија држи една страна, сите останати друга. По некоја логика, членките кои тогаш мене ми говореа за површност, сега на истиот површен начин зборат за шорцеви и голи газиња.

    Јас судам по облека, и не го кријам тоа, ниту го кажувам во завиена форма. Пак ќе повторам, облеката кажува многу за личноста, е сега оваа дискусија за млади цури и дискусијата за возрасни мажи, иако во сличен контекст, оди во различен правец.

    Инаку, муабетот беше дека кошула со кратки ракави кај маж мене ми делува сељачки, и стојам позади тоа.
    Штом сум заборавена, еве ми прилика да кажам дека и ВИЕ сте површни, повторно, јер судите според облеката. Кај отиде она "облеката не го прави човека"?
     
    На CameliaMiller и Petra777 им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Некогаш дискусииве се чинат ко.. колку да се каже нешто и колку да е спротивно од тоа на другите.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Viktorijaaa5 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.050
    Пол:
    Женски
    Досадна е темава... |(
    Поинтересно беше за ци*ки.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Viktorijaaa5 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    А бе ќе ве остави човек еден ден само жени на темава и одма мириса на карање бре.
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Viktorijaaa5 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. dunka

    dunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Ај ијас да се изјаснам на темата што ја вртите денес. Имам девојче од 14 години и јас ја носам да напрајме прамени во косата , депилација на усни, веѓи, кратки пантолони... јас сум прва што сака не пак таа ама сепак да се знај граница и до каде претеризам несакам сакам да си личи за годините.
     
    На IvaSand, Lejla8 и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.050
    Пол:
    Женски
    Едни исти врева прават.
    Во секоја манџа, запршка.
    Легнав да си поспијам. Чао :hai:
     
    На Skorpija25, Sesil и Lejla8 им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Петре де кажи нешто како родител мислење за темава, не само сеири тука фаќаш :D
     
    На Skorpija25, green.eyes, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  9. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.078
    Допаѓања:
    154.614
    Пол:
    Женски
    Охрид си е Охрид:sun: 20170721_183132-1.jpg
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Па за цицки зборат цел ден :!:
    ...ама "цицки на изволте" :rofl:
     
    На M&M, Ane-Goki1, Viktorijaaa5 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.383
    Допаѓања:
    262.007
    Пол:
    Женски
    Огледалово у апарманов е магично. Како ми го покажа г*зот у фармерки 8-| уште е голем да се разбереме :!:
    Да бидам у тек со муабетите :lol:
     
    На Dadusicka, Skorpija25, Ane-Goki1 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    11.379
    Пол:
    Женски
    @Bozica1980 кради го огледалото за дома:D Ви ја следам дискусијата и сосема се согласувам со @zhap4e дека често на темава се забележува желбата да се контрира на останатите. Дај сменете тема, секој си го кажа ставот и тоа е. Препорака за некој добар филм, ама лесен да си го пуштам мозоков на пасење, не дека до сега не го правев тоа?
    Мм отиде на фризер, ја зема и малата и си го одморам мозокот додека се вратат.
     
    На Skorpija25, M&M, Sesil и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Не сеири далеку од сеири но велат ако видиш жени дека се докажуваат одминиги не ги препрашувај што како оти во секунда се здружуваат и ти си виновниот иако цел ден тие се расправале. Така да поумно е да си молчам.
    Конкретно мислење немам затоа што од ден на ден моралните вредности се се пониски така да секој со својте сваќања.
    Искрено денес од Сиси и газови човек замастување на вени ќе фати.
     
    На Ane-Goki1, green.eyes, Sky-butterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека муабетов е напорен, и воопшто не е караница. Дискусија е, а ова е форум и тоа правиме тука. Мене баш ми е интересно. Напор повеќе од јутјуб клипчиња. :devil:

    @Rebecca_R, се сетив на тоа и не ми јасно како го исповрзавте. Ај, добро, се сложив мислам и тогаш дека кошула со кратки ракави е демоде. Ама што ти кажува тоа за мажот? Дека не му е гајле за мода, туку гледа да му е удобно. Еве и татко ми носи, па нема што да го правдам. Таков си е човекот - баш му е гајле дали ќе биде модерен. И кога ќе му кажам дека нешто не оди, ме слуша и се преоблекува. :D
    Тука станува збор за мода и вкус. Кошула со кратки ракави не можеш да наречеш морален невкус.
    Да, ти кажува за карактерна особина, ама не го дефинира човекот. Тинејџерки со ваков стил ко овој што го дискутиравме, баш се дефинираат себеси преку тоа. Прават да бидат перцепирани ко секси згодници и не многу повеќе од тоа.
    Слободна со своето тело, добра работа е тоа. Ама муабетот почна за тинејџерки, практично деца, и одговорноста на нивните родители. Да, родителот има одговорност да воведе некои основни насоки. Јас би вовела, за вас не знам. Не ко пишани правила што смее и не смее, туку преку давање на знаење дека покажување на слобода преку голотија не е океј и дека се деградира себеси.

    И да, да судиш човек по кошула со кратки ракави е поповршно од тоа да ја осудиш сексуализацијата што тинејџерките сами себе си ја прават и ненормалните стандарди што ги поставуваат. Ако веќе рангираме. :)
     
    На M&M, Mishela, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Сите мажи не знаат што е "не"?
    Немој така Пецо :)
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Имам уште некоја страна да дочитам ама сакав само да пишам на темата додека не ми истекла паузата.:)

    @Silver.E што ја потикна дискусијата ми текнува почна една хајка против @Gea (извини што те спомнувам ама ми остана настанот во сеќавање) од кога стави слика од ќерката во мода за клинци, почна исто да морализира како не и личело на девојчето да шета во шорц, таа тогаш чинам беше за прво или второ одделение, значи детенце и баш беше во пристоен шорц, бермуди. Мене ми остана така во сеќавање тоа како воопшто и дојде мисла во глава да сексуализира детенце, мислам поодвратно нешто немам прочитано тука на форумот, верувам дека и Геа беше погодена од начинот на која беше нападната како родител што "дозволува" таја да се облекува ќерката бидејќи долго време после тоа ја немаше да пишува на форумот.
    Мене мислењата односно константните напади кон овие, оние од дотичната порано ми веа снешни, после напишаното за детенцето ми се крајна мизерија, изопаченост итн, впрочем секој што има такво мислење за детенце, го гледа како сексуален објект без обзир како е облечено е за лечење.

    А статистиката вели дека најголем број на жените се силувани од близок така да факторот покриен газ баш и нема некоја смисла.
     
    На Gea, mira.mira, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Не е битно што кажува, јас јасно нагласив дека сметам дека облеката го дефинира човекот и многу кажува за личноста. Тогаш муабетот беше дека моето размислување е плитко и површно.
    Сега, во овој муабет веќе не е површно да се говори за тоа дека гол газ изгледа непристојно и зборува за неодговорноста на родителот? Значи фразата се користи по потреба? Јас не сум воспитана така. Ама, ете, некои се, а тоа се двојни аршини.

    Значи не може во еден контекст облеката да не го дефинира човекот а во друг да го дефинира. Мене тоа ми пречеше, затоа и реагирав.

    Проблемот е во перцепцијата на голотијата на денешново општество. За некого е непристојно за некого е сосема океј. Девојката носи тоа што смета дека треба носи, родителот одобрил, па ајде да не бидеме површни па веднаш да заклучиме дека девојката сака да провоцира со облека. Да ве потсетам, ова се однесува на сите оние кои ми рековте дека облеката не го дефинира човекот.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    Ај добра вечер.
    Реклами уз серијата , па да ви пишам.
    За стилови не би дискутирала, секој со своето ама едно запамтете-Everybody judge! Колку и да сме либерални и све то, пак некад за нешто барем во себе ќе осудиме.
    За туѓ не зборам, за мојот ќе кажам. Скромен, прибран, некогаш класика некогаш кежуал но не памтам во 29 години да сум носела длабоко деколте или прекратка сукња за мојот вкус. Но тоа сум јас нели.

    Што ќе се збори у трета кажете , доволно е цел ден тоа па тоа :wasntme:
     
    На Skorpija25, Ane-Goki1, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.888
    Допаѓања:
    173.470
    Пол:
    Женски
    Како можете да ставите на вага кошули со кратки ракави и шорцеви со пола газ надвор?8-|
    Жени(facepalm)
     
    На M&M, Skorpija25, Mishela и 17 други им се допаѓа ова.
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Си го дознав лекот за смирување на нервите,од денес ќе трчам по 1 саат и после сум мирна:)
    Сега туш и на ладно пиво8)
    20170721_210605.png
     
    На Skorpija25, molikaMk, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.