Форумџика на годината

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    176.033
    Dobro utro i od mene...konecno go svrzav spienjeto...7 h ejjjj...
    Za temata pogore...mrazam energetski vampiri i begam od niv...ok e da se pozali/pofali so zbor -dva ama da slusam prikazni so saati i na sekoe viduvanje...ne mozam.
    Inaku,parite i grevovite na covek ne mozes da mu gi znaes...a uste pomalku da se diskutira za istite.
     
    На Lejla8, kuc, Skorpija25 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Воопшто не сум спиен убаво. Уште од 6.30 се вртев во кревет и после два саата станав и пиев кафе.
    Ручекот веќе го пикнав да се пече. Денес на мени печен компир и меФце.

    Потполно ја разбирам @LivingGlam што сака да каже и низ што поминала. Истото го имаме поминато и ние. Еден период беше во ред, сега пак е исто. Не сум спомнал во темава, мајка ми пред месец дена доби отказ и остана без работа. Парите колку може ги стискаме, ама пусти и тие одат. Едноставно не стига. А тоа дека сит на гладен не верува не за џабе е кажано. И тие што се на некое ниво денес ретко ги разбираат оние што имаат помалку, ама има и такви, фала му на Бога.
    За жалење не се жалам на никого, си ќутам. Знаат само најблиските што е и како е и доволно е. И онака на никого не му е гајле дали ти имаш или не.

    После може да тркнам до лекар да се прегледам, а ич не ми се испаѓа на жешково. Ама морам, друг избор немам.
    Убав ден.
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.001
    Допаѓања:
    276.432
    Јас навистина во животот со моите родители не сум почувствувала вистинска сиромаштија.
    На почеток на бракот знам дека им било тешко, мајка ми не работела, татко ми две работи работел, но тоа е нешто на што јас не се сеќавам, многу мала сум била.

    Од најдалеку што можам да се сетам, никогаш не сме биле сиромашни, не сме биле ни богати.
    Некаква средна класа да речам, иако примањата на моите се далеку над просечната плата.

    Кога со тие примања сме гледале да заштедиме, да се лишиме од нешто, да припазиме на нешто...
    Можам да замислам како преживуваат луѓето со 20 000 или 12 000, цело семејство.


    Од мое лично искуство, на почеток, кога дм почна да работи во својата фирма, навистина мислам дека како пар го допревме дното финансиски. Наши лични приходи имавме, жалосни. Минус.

    Со годините се` почна да се средува. И него добро му оди работата, и јас веќе не работам за 8 000.

    Камо среќа да нема таква сиромаштија и никој да не ја осети, како што ја опиша @LivingGlam
    Не сум осетила и не знам како е, можам само да кажам дека ми е жал и навистина се надевам дека никогаш во животот нема пак да бидеш во таква ситуација.
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  4. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Фала богу сиромашни не сме. Ама што не се стига и што се крати многу и што еден роденден да излезе во месецот ни е многу, тоа е друга приказна.
    Седум луѓе, двајца само имаме примања. Да не беше кредитот, до некаде ќе имавме еднаш месечно да излеземе од дома, ама сега едвај се стигнува за сметки и за јадење.
    А за тргање настрана нема шанси.
    Ама ќе дојдат подобри времиња. Ќе се изгура како така.
    А за жалењето не се жалам на никого дека немам, што фајде од тоа. Дури ни на најблиските. За до душа тие сами гледаат, не мора да им се жалам.
    Ама по кого стигнам да кажувам дека се нема, тоа за мене е нонсенс.
     
    На Lejla8, kuc, Val-Dim и 16 други им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    44.936
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Овде права есен.
    Се разврна , раздува :worried:

    Обично имам убави сеќавања од детството. Се беше во ред ... се додека татко ми не се разболе.
    Првиот пат ... ние во школо со брат ми.. се расчу насекаде ... нечив татко добил удар и директно пренесен во болница. Нашиот татко бил.
    Ние дали сме биле по 9 години
    И така .. почна се да оди надолу.
    Еден по еден удар. Годините си одеа. Со една плата, една пензија. Не стигаше за се. Сме крателе од сѐ. Немаше повеќе одмори. Ко да до одмор ни дошло.хе
    Мајка за сѐ се бореше. Да не извади на прав пат.
    Колку пати сме останувале за викедни дома. Немало за шетање. Тоа е , ќе се навикнеш.

    Не секој ја имал таа среќа да расте во среќно и хармонично семејство. Ние моравме да се грижиме за тато. Неподвижен. Во кревет. Се до последниот негов здив. Јас ја имав таа судбина да останам сама со него и да го гледам како ги затвора очите за последен пат.

    Тоа е. Живот
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, malerozna и 29 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    70.873
    Во врска со темата...
    Слично како Камелија, сиромаштија да сум без леб не сум осетила. Но, секогаш има едно но...
    При мајка не живеевме домаќински.Буквално беше ко што велеше Ставрески- немаме за леб, а јадеме чоколадо.
    Моите трошеа пари за храна, за која според мене има поевтина замена...И поради тие трошоци за глупости, често имавме кавги и се штедеше на нашето излегување и школување, пошо срамота било гости со кикирики да пречекаш...

    Едно време бевме во ситуација да градиме куќа и преживуваме со плата од 8000 ден неколку месеци, бидејќи мајка ми ја напушти работата поради гордост...Среќа за брзо најде нова и подобра...

    Сега кај мм само тој работи, па пак успеваме да заштедиме и да си приуштиме по нешто...Кога ќе работам и јас ќе е уште подобро се надевам

    Лесно е туѓ есап да правиш
     
    На Lejla8, agios, Ane-Goki1 и 23 други им се допаѓа ова.
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Ме растажи, слична ситуација и мојата, од мала со болен татко, мајка ми и мајка и татко ни беше, одмори јок, се се вртеше околу неговата болест, на родителски се таа, за се таа, храбра жена, никогаш не се пожали, никогаш не се растажи, и до ден денес ни помага, заедно со татко ми(иако е слабо подвижен) ги чуваат децава, се радуваат, среќни се покрај нив, иако за живот сме имале скромен, без луксузирања, ама сме терале, може и други времиња биле па стасувало
    Јас од кога знам за себе работам, уште од прва година средно, хонорарно, и секогаш сум имала за себе, освен слободна карта за во школо, друго и не сум им барала
    фала богу денес и јас и брат ми горе доле сме добро средени и ситуирани, може и подобро нели кој не сака, ама скап живот, поголеми потреби, битно сите сме на број, тоа ми е најважно
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.001
    Допаѓања:
    276.432
    Многу ми е жал за татко ти. И мојот татко имаше мозочен удар, на 40 години, среќа без сериозни последици. Делумно од таму потекнува и мојата анксиозност. Се преплашив дека ќе умре, имав 10 години, со ноќи не спиев од страв...

    За нормален живот се потребни пари. Тоа се подразбира.
    Но, како што рече @simonka93 самите средства не се тие што ја прават хармонијата.
    Сплотеноста на семејството е секако бесценета, со пари не се создава.

    Познавам доволно добро ситуирани, но разидени семејства.
    Секако, тоа не е правило. Но ниту парите не можат да ти дадат семејство.
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    92.617
    Пол:
    Женски
    Секогаш велам да сме здрави и живи само за се друго ќе се снајдеме ќе истуркаме напред колку толку.
    За луксузирање нема само онаа најскромно,поедноставно,основни потреби и онаа што ептен мора.
    Да се надеваме на подобри денови друго ништо.
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, kuc и 17 други им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Многу болни,но за жал реални теми сте отвориле.
    Никој не знае што ни носи животот,но човек издржува секакви удари.Само здравјето да успее да се сочува.Сум си кажала самата себеси,и планини се поместуваат,додека ме држи силата и паметот ќе направам се за никој од моите блиски да не биде гладен.
    Откако се вратив од одмор многу работи ми се случија.Некој таков турбулентен период,цело време горе долу,од чувство на преубава среќа и еуфорија до пад од кој коските ме болат.Па пак станувам и одам понатаму.
    Тоа е животот,се трудам да ги амортизирам ударите колку што можам.Многу трпение треба за се што ни носи денот,а за некои проблеми да се решат треба и време.Знаете како викаат:,,Дајте му време на времето"
    И му го давам.
     
    Последна измена: 1 август 2017
    На green.eyes, Lejla8, Ane-Goki1 и 28 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    137.971
    Пол:
    Женски
    Не мислам така според она што го гледам околу мене. ЗНачи зборам за луѓе од МОЕ ОПКРУЖУВАЊЕ, кои ги гледам кај работат, колку земаат и трошат.
    Одам на свадба, во кафана, на било која прослава кај што има жива музика. Пари се лепат ко да извираат од џеб. И после муабетот е ,,лелееее колку се истрошивме за една свадба, какви времиња дојдоа да ти е мило да не те поканат некаде,, Или ,,човек едно излегување не може да си дозволи,, а он главен у кафаната части кој го сретне.
    Цигарите се 80ден. И нема пад на потрошувачката на цигари. Само една кутија дневно, месечно се околу 2400ден што и не е малце ако ги издвојуваш од плата од 12000ден. Тие пари се една сметка за струја на пример.
    Гужвата во сообраќајот не е од немаштилак. Па секој сам е во кола, со никој не дели патни трошкови до работа на пример. Колата без гориво не оди.

    Не велам дека има луѓе кои не живеат на раб на егзистенција ама ако малце повеќе се потрудат не верувам дека нема да се кренат од дното. ММ секогаш вика работа има ама тешко да се најде некој да ја работи. Блиски роднини едвај сврзуваа крај со крај, само жената работеше мажот не вработен. Отиди во една фирма, за 2 дена се откажа, во друга, во трета. Цитирам ,,некој со осмо одделение мене шеф не може да ми биде,, Мислиш он кој знае кое звање го има па шефот е неписмен. Седи дома и трпи си за леб, друга опција нема. Не сум за потчинување на никој од никого ама секаде има хиерархија и се знае кој дава команди. Ако си работиш ко шо треба никој не те чепка. Ај признајте колку од членовите тука имаат споделно за бонуси и награди на работно место. Значи не е се така црно.

    Секогаш прво преиспитување сам на себе па сам ќе видиш по кого да плукаш. Тргни од кај е сето тоа незадоволство, од кај се грешките, што биднало што си на тоа дереџе кај што си. Не викам дека во нашата држава ружи цветаат, дека ништо не функционира со врски и дека е еднакво се за сите, ама па и дека е така црно не е. На кој не му одговара има излез и од овде


    Ти работиш? Зошто не?
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, Val-Dim и 10 други им се допаѓа ова.
  12. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    73.123
    Пол:
    Женски
    Ехеее кај мајка ми и татко ми како принцеза сум живеела. Сме имале доволно за да можам да си го дозволам она што ми било потребно без луксузи. Ама сме биле воспитани деца и никогаш не сме имале повеќе од нашите врсници ниту пак сме барале. Секоја година сме оделе на одмор дали во Охрид или на море не било важно. До мои 20 год сум одела на одмор со моите зошто не ми давале да одам на два одмора, а не дека немале. Сум завршила државен факултет, без партиципација, работам од мои 20 години без прекин.
    Сега се трудам да го одржам тоа ниво и во бракот и до сега ми успева. Имаме доволно не премногу. Фала му на Бога не сум била во ситуација да трпиме и се надевам дека нема да бидам. Тоа се постигнува само со домаќинско работење.
     
    На Lejla8, kuc, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    102.308
    Пол:
    Женски
    Oooo сирoмaштијa...без леб не сум oстaнaлa aмa сo леб и пaтлиџaн дa.Пa тoa ти е.Знaм декa никoгaш немaлo луксузирaње зa хрaнa зa oблекa и oдмoри не ни збoрувaм.Еднo време ми скиснa oд неквaлитетнa кинескa усмрденa гaрдерoбa.Знaчи переш и переш и переш мирисoт е тукa.Зa мебел oд музеј дa на збoрувaм...
    Тoчнo е декa живoтoт ми е тркaлo,сум билa гoре пa дoлу сегa сум нa срединa...кaкo ќе зaврти пoнaтaму ќе видaм...
    Сум се жaлелa декa немaм aмa тoa биле 2редa муaбет,зaштo ми билo тешкo нa душaвa.И тoлку.Нaјмнoгу мрaзaм сoжaлувaње и не сaкaм милoстинa.Имa вo мене некoјa глупa гoрдoст,ебем гa...
     
    На stetoskop, Lejla8, Ane-Goki1 и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Ова лето не работев. Имав заостанати испити и заостанат материјал. Не е дека не сум или не сакам да работам. И кога сум работел и штедел наместо на одмор, кола или облека ги давав дома.
     
    На stetoskop, Lejla8, Ane-Goki1 и 17 други им се допаѓа ова.
  15. fila

    fila Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    5.518
    Пол:
    Женски
    Темава ми врати многу сеќавања.
    Како деца секогаш добро сме стоеле финансиски не сме имале премногу, ама за скромен нормален живот да. Одмори , шетања , школување ништо не ни било ускратено. Одкако пораснавме завршивме школо па и кола ни купија да може да се шетаме со сестриве. Се беше добро додека се омажив ама после тоа таков период преживеав што не би сакала никогаш да се повтори.
    Живеевме во една соба ние во другата соба свекорот, свекрвата и деверот тесно немаше каде да се свртиме и така теравме една година и ја почнавме куќата да ја правиме и за кратко време ја направивме и се преселивме , ама само мм работеше , една палата два кредита па и мало бебе кое си има свои потреби е тој период ми беше најтежок. Ме држеше во живот само мислата дека раатот со ниедни пари на светот не се плаќа па затоа мора да издржиме. Овој период траеше сигурно 2 години се додека јас не се вработив и после тоа полека полека се извлековме од кризата фала му на Господ сега добро е не сме богати ама имаме за нормален и скромен живот.

    Џабе не е кажано дека животот е тркало еднаш си горе другпат си доле мора да помине и тоа и тоа за да ги видиш и двете страни на животот.
     
    На stetoskop, Lejla8, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.303
    Допаѓања:
    57.371
    Пол:
    Женски
    Остај дечко, не ти треба да се оправдуваш пред никого. Ти си знаеш како ти е. Секако дека нема да седиш ко труп по цел ден додека гледаш родител да се мачи да обезбеди јадење на маса. Ама не може никој да знае како ти е, тоа е. Уште и ќе ти направат пресметки со месечните семејни примања, дека може да поминеш сосем солидно. Пошто секогаш е лесно да се пресметуваат туѓи пари. Да излезеш на едно кафе, низ нос ќе ти го извадат како некогаш си се жалел а види, кафич! Ресторан сакаш? Алооо, чергата!

    Убаво рече @Annath, ситиот на гладниот не верува. Многу, многу мудрост има во тие зборови. По којзнае кој пат се докажува и во муабетов.

    Не е дека нема расипници, ама аман, не правете дека секој што нема и се пожалил е расипник па така му треба.
     
    На stetoskop, Lejla8, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  17. nina123

    nina123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Во врска со темата.. имам добри примања не се жалам. Порано трошев многу и останував без пари. А сега штедам, но пак се трошат. А зошто? Неможам глава да кренам од свадби, родендени, крштевки...ама за убаво да е. Од дома ми велат ти ако ги поканиш сите кај што одиш, ко ќе се мажиш треба на фудбалско игралиште да е свадбата хаххахаа.
    Инаку ни сум била богата, ниту пак сега сум. Битно е да има човек за еден нормален,живот колку толку. И да не е себичен и лаком да најде среќа во тоа што го има.
    Има луѓе пак што се мачат цел живот работаат, но никако да завртат некој денар.
    Секој сам си знае. На никој не можи да му влезиш во кожа.
    Треба да има човек среќа некогаш, да се спојат коцките.
     
    На stetoskop, Lejla8, Ane-Goki1 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.001
    Допаѓања:
    276.432

    Сесилке, до некаде си во право, затоа што и јас така мислам.
    Утре да немам чаре, ровови ќе копам, нема да шетам со гел на нокти. Ниту една работа не ми е испод чест, сум работела и како келнерка и како чистачка со факултет, додека моите надредени често биле пуфљаци полуписмени. Па и сега, работам со средно, не со факултет, а моите надредени во некоја мера имаат сомнително средно образование.
    Ама или ќе се фатам за орото и ќе играм, ќе гризнам уста кога морам, или ќе седам и ќе очајувам зошто е толку нефер нашиов систем.

    Но од друга страна, постојат во државава угнетувачи во вистинска смисла на зборот, пријатели со инспекции, детективи, полицајци - па кому ќе се обратиш за мобинг?
    Сепак на форумов не сум начекала, барем во темава, некој од оние на дното, од оние без образование, без искуство, без некакви способности.
    Да, не би требало да бидат директори, ама не треба ни робови да бидат затоа што не се образовани или немаат не знам какви квалификации.

    @Mr. Right мислам дека е редовен студент, не може легално да работи.
     
    На stetoskop, Lejla8, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.001
    Допаѓања:
    276.432
    Ливинг, имам еден чичко.
    Не потекнува од сиромашно семејство.
    Од средна накај висока класа, да речеме.

    Неговите му помогнаа да почне свој бизнис. И почна.
    Имаше - многу. Егзотични патувања, опасни коли... знаеш како оди.

    Меѓувремено, реши дека ќе дозбогати со илегални активности.
    Лихвари ја земаа куќата на татко му, наследена од таткото на татко му.
    Татко му и мајка му на 80 години отидоа под кирија да живеат. Среќа па со пензија, каква таква.
    Жена му, дека жена на газда, не работеше никогаш, па откако овој заврши во затвор, а лихварите се` му земаа, и таа падна на терет, со двете деца, на старите.

    А тој - чичкото, кај и да е треба да излезе од затвор. Каде ќе оди?
    Аздис е тоа. Такви - можеби не во оваа крајност - сите познаваме.
    Тој е расипник, па и кога не се бавеше со криминал беше расипник.
    Казината му беа втор дом.
    Кафаните исто.

    А нормален човек, колку и да нема, нормално е да појде и на одмор, и во ресторан.
    Јас свесно се лишив од тие работи за друга цел.
    Но, не е во ред да се кажува дека “толкава е чергата“ па е страшно ако појдеш на одмор.
    Не е човечки тоа да се рече.

    Инаку, имам другар. Душа човек.
    Ама расипник е :)

    Секогаш работи, ама за дома пари не носи.
    Храна дома не готват, Седмица им е одредиштето за ручек, секој ден. Две кутии цигари. Обавезно сок.
    И после се нервираме кога ќе рече за детето немам.

    Ама искрено, јас и дм со поплатени работи од неговата, па сметаме дека ни е скапо денес за еден оброк да потрошиме 500 денари за нас двајца, додај на тоа по една кутија цигари двајцата, веќе се 700.
    Епа не може сам на себе се` да си удоволиш, а детето дома со фиш фингери да го храниш и да пекаш дека нема... за мене е тој расипник затоа што прво за себе си гледа, па ако има за жена му и детето.
     
    На stetoskop, Lejla8, Ane-Goki1 и 14 други им се допаѓа ова.
  20. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Темава е доста сложена. Ги има секакви, и такви што навистина немаат до такви што имаат а викаат ддка немаат.
    Моите порано беа средна класа, па после висока но никогаш немаше луксузирање. На одмор сме оделе, по ресторани многуу ама многу ретко, тоа за мајка ми се фрлени пари. Она и до ден денес си готви дома, многу ретко купува и чоколади, грицки и такви работи.
    Јас и мм сме друга приказна. Фала му на Господ имаме ама и трошиме некогаш на глупости од типот чоколади, чипсови, ресторани, кафичи.
    Порано друго беше, сега е потрошувачко општество, се ни е на дофат и ќе си речеш поарно ќе купам него да правам исто се фаќа ама не е така. Од домашно нема подобро и јас периодов се трудам повеќе да готвам дома.
    Сакам да имам стан голем и да си купам убав сервис за ручавање и за кафе, да си посадам цвеќиња на тераса, во спалната да имам маса за шминкање со огледало...ама ќе биде и тоа набрзо, се молам и знам дека ќе се случи.
     
    На stetoskop, Lejla8, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.