Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    И да има поголема титула од мене/тебе (а помалку знаење), нечовечкиот однос неможе да го направи поголем во нашите очи
     
    На Skorpija25, kuc, Lejla8 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    92.178
    Пол:
    Женски
    Единствена ли сум што спијам како бебе:D срам ми е да кажам ама и со тенко ќебенце сум замотена насабалје до кај 9 :tmi:Приземје,и плус соби каде што не фаќа сончев зрак.Ни склет ни жешко не осеќам.:wasntme:

    Арно ама обврските од вчера останаа за денес и еве ме со саати се потам како слон и се замислувам дека е недела :D

    Уште сум нервозна од вчера,мразам кога некој мисли дека е центар пажња се се врти околу него а и капак на се не почитува мое време :devil:
     
    На M&M, crazylady, Skorpija25 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Хир ај ем. :D
    Едвај стигнав до лап топ и социјални мрежи. Непланирано излезе да заминеме 5 дена во Грција. Вчера на враќање ми се слоша од жешково па дома останав да си лежам денеска. Среќа имам уште некој ден од одморот.

    Нема ништо посебно да се каже. Секој ден налик на претходниот. Бројам денови до завршетокот на летово, оти страшно неподносливо е.

    Вие арни?
    Нешто ново, некоја нова тема за спукување? :D
     
    На crazylady, kuc, Lejla8 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    279.155
    Пол:
    Женски
    Бев до библиотека и преживев.Успат две станици се видов со братучедките,па и со една тетка.Однесов едно шише сок пола сама си го испив.За дома друго шише си купив.Само газирано ме озвежува а знам дека не треба,ама од нешто мора да се умре...:x
    Понекултурни вработени од тие во библиотека нема,не ме остави раат сама да си одберам книга,буквално ми тупна една в раце и ај пријатно.Ептен ме мрзеше да се расправам,имаше еден куп од другите вработени надвор си пиеја кафе,ќе речат што и е на оваа,ама следен пат големата ќе ја направам.
    Повеќе вработени има од книги,работата претешка им е па и јороглави...:@
    И уште нешто:чаршијата врие од луѓе,ај ова странциве дошле па да се покажат ама стари луѓе пензионери по 70 и згора години седат, пијат кафиња во најжешкото.
     
    На M&M, Skorpija25, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    262.304
    Пол:
    Женски
    @referentka -50% во Лисца. Знам купаќи бараше :)
     
    На kuc, Petar80, Lejla8 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Пред малку гуглав нови книги да си симнам, и една ми вика животот ти помина во читање |(
    А тебе ти помина во оговарање на пола болница, смотло една, сакав да ѝ кажам. (facepalm),

    Околу термини и чекање и администрација, еден пациент ме извади од кожа. Во принцип сум многу смирена, не можат да ме приметат дека вријам.
    Сабајлево имаше гужва, а јас сум сама, па не можев да појадувам. И накај 12, веќе жив човек немаше, земав ѓеврекот во едната рака, со другата работам.
    И доаѓа овој, јас му заверувам документи и сѐ по ред, и почна да ми се дере како не било пауза и не сум смеела сега да јадам :fubar:
    Сакав да почнам да се дерам и јас и да му објаснам дека во мојава работа пауза е релативна работа, може да не јадам до 1, па од 1 до 4 жив човек да нема и да јадам и да пијам и да везам ако сакам, а него ништо не му менуваше ѓеврекот во мојата лева рака.

    Јас сфаќам дека сите сакаме да ја “оправиме“ државава, ама тогаш нека се пожали на моите надредени како ме оставаат сама со себе, ете нека најдат некој бар од 10 ипол до 11, за да можам нели, да одам на пауза која законски ми следува.

    Ама не му одговорив ништо, само му реков вратете се за 20 минути, тогаш ми завршува паузата, во право сте, не треба да јадам и да работам.

    И тој уште толку се испоналути почна да се дере “знаеш ли кој сум јас“ и јас мртва ладна му реков - арно да сте самиот министер, ич не ми е гајле, пауза ми е, пријатно.
    И му отиде на докторот да се жали, и откако овој му објасни (не толку фино колку јас) дека и ние од оваа страна сме луѓе, патем, си седна и си чекаше без проблем 20 минути. Боже сачувај значи.

    За кој враг е тоа “не знаеш кој сум јас“ курчење? Тоа е магичната реченица со која веднаш ќе дознаеш јас која сум :devil: Ако имаш некаков проблем со мене, си постои начин како да се пожалиш. Ама изживување нема да дозволам, па што сака нека биде.

    И мене во 11 ми идеше да ги касам по раце луѓето од што бев гладна, терапијата си ја немав испиено до 12, а најкасно 11 мора да ми испиена, и што сега?

    Околу претпоставени, муабетов на @referentka

    Цел живот имам несреќа да имам полуписмени надредени.
    Ама сериозно.

    И на почетокот ај некако имав голема почит, прво поради тоа што имаат по 30 години стаж, па јас пилиштарец нема да им преправам. Ама, за брзо сфатив дека тоа е своевидна интерхоспитална болест, се вика - барам рчка кај што нема.
    Можда ја има и во другите државни институции, ама во болниците е доста распространета.

    Па ќе дојде и ќе ми објаснува за мојата работа (иако мојата надредена нема поим од мојата работа, медицинска сестра е, ни еден ден администрација нема работено) па бара некои работи кои се противзаконски, само тоа таа не го знае некако (на пример, од нас бараше со име и презиме да истакнуваме листа на пациенти, а тоа е строго забрането пошто идентитетот не смее да се открива, имаме изјава потпишано за заштита на лични податоци), па следниот ден ќе дојде да се оправа за нешто друго, третиот за трето... ама сѐ се тоа небитни и глупави работи.

    Додека им ќутев ме малтретираа, ама си ја научив лекцијата и не им ќутам, а за плашење немам па ни зошто да им се плашам, ниту на почетокот не им се плашев, само ги почитував.
    Сега веќе... нема да ме заебаваат.

    Јас доаѓам овде 8 саати да работам и не ме интересира ама баш ништо друго.
    Ни кој со кого јадел, ни кој со кого спиел, ни кој со кого се сакал, ни кој со кого не се сакал, а меѓу сестриве редовно има некоја bitch fight и се очекува нели, сите да бидеме упатени :x

    Малку од моите претпоставени останаа за кои можам искрено да кажам дека си го заслужуваат работното место и знаат да се носат со обврските, а најинтересно е што тоа се тие од кои најмалку очекував да бидат такви.

    Искрено, полесно ми е да одам кај главната на главните (хиерархиски, трета по ред ми е нагоре - главна на цела институција, значи скокам две надредени за да стигнам кај неа), и да се разберам и да решам проблем ако има, со овие подоле може ако сакам само збрка да направам некоја.

    Некогаш се прашувам дали со сила се прават дека не разбираат ништо, или после 30 години стаж просто се навикнале на ХПЛ и глупоштини.
     
    На Ane-Goki1, Skorpija25, kuc и 17 други им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    @M&M е и јaс би избегaлa негде, aмa сaмo вие знaевте, a не викнaвте :doh:
    Бaшкa имaм нoви пижaми oд есмaрa :D

    @bittersweet веќе ми е нaпoрнo дa те визуелизирaм. Јaс мислaм слaбичкa, кревкa :^), a тaa тепaчиште.
    Прaти ми сликa плиз (zilmer)

    Не е нoрмaлнo кoлку е жешкo.
    Дoбaр ден :sun:
     
    На M&M, Skorpija25, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    279.155
    Пол:
    Женски
    Понекогаш не е толку битно и знаењето т.е.писменоста на препоставениот,отколку карактерот ,човечноста....
    До пред некое време имав претпоставен навистина учен ,начитан човек ,си ја знаеше работата ,во почетокот сакаше секому да помогне....Ама со тек на време некако толку карактерно се смени ,толку моќта му удри во глава што стана толку арогантен,полн со себе и неподнослив за сите.Иако до последно сите глумеа стравопочит,ама ден после промената се виде дека никој ни го почитува ништо.Сам си створи толку непријатели,а можеше толку да постигне...Новиот препоставен може е далеку помалку писмен ама сега за сега е поразбирателен за се си ја тера работата,ние порелаксирани пак си ја терам работата дури и подобро...
     
    На Skorpija25, kuc, Yowannty и 18 други им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Живa не сум aкo не зaбoрaвaм...
    @simonka93 не те рaзбрaв... Брaшнo и гипс стaвaм нa кaртoнче нa пр....a вoдa нa стрaнa? Зoштo и вoдa? Вo штo дa стaвaм вoдa? Демек дa пие?
    И дa пукне :doh::rofl:

    Купив aпaрaтчињa oд тoпшoп.
    4! Че-ти-ри!
     
    На M&M, Skorpija25, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    11.379
    Пол:
    Женски
    Ова не е нормално. Дали е од жешково или некој вирус, ама откако се вративме од одмор јас на нозе не можам да стојам, само се влечам од кревет на кревет.
    @monik55 биди силна и не се обвинувај за ништо. Вчера не можев да ти пишам ништо, зашто се потсетив на она што лани ми се случуваше со татко ми...Уште имам трауми од односот на докторот кој по смртта на татко ми се скри и од односот на „рамковните“ сестри кои освен да се дотераат како на писта ништо живо не ги интересираше. Претпоставувам се работи за истата клиника, па ти препорачувам да си побарате мислење од друг доктор.
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На crazylady, Skorpija25, Petar80 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.235
    Допаѓања:
    70.718
    Да да така...Гипсот стврднува со водата и баш ќе пукне...Стави вода во некое плитко пластично...
     
    На Petar80, Lejla8, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, арни? Јас супер, праска, кафето уште го пијам и читам што има. Не ми се спиеше, кога легнав - веднаш заспав и сабајле мајка едвај ме разбуди. Станав испотена, веднаш под туш. Значи соларното е закон, кој нема а има услови, топла препорака е да намести. Вреди за сите пари, јас гарантирам.

    Верувам во напорна работа и малку среќа. Ама кога и да видам ѕвезда како паѓа јас си замислувам желба. Детето во мене сака да верува дека желбите се исполнуваат. :)

    Јеии, еве те. Ти реков ќе те барам кога ќе те нема. :D
     
    На kuc, Lejla8, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Токму тоа ми беше муабетот. Со сила неможе да се наметне.
    Имам две дирекни претпоставени - шефица и заменик шефица. Шефицата можеби некои работи ги знае малку помалку зошто ја донесоа до друг сектор, ама нејзиниот човеки однос и желба да ги разбере и научи некои работи не ми дозволиле да ја одбијам и да не и излезам во пресрет. Другава што се прави дека знае повеќе од мене и се обидува да се наметне фино лепо си добива по нос секоја можна прилика. И тоа не намерно - не сум човек што сака да мести, ама ете некако коцките се наредени и секогаш сама себеси си се насанкува во непријатни ситуации. Дури и кога ме прашува за нешто не ги добива сите факти, затоа што е дрска и не прашува човечно, односно не ни поставува прашање, туку дава констатации за кои демек бара потврда, а секогаш се погрешниот одговор на прашањето.
    Епа не ќе може така. Кога може генералниот да дојде и човечки да ме праша за помош, ќе се научи и она.:devil:
     
    На kuc, Lejla8, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Во принцип јас сум вистински представник на мојот хороскопски знак,сакам да одморам и дремам.
    Ама,се си има ред,ми здосадува и тоа.Сабајлево потонав во сопствената пот што фатив нешто по дома,да усисам,пребришам прашина,да средам алишта.
    А не сакам кога сум непродуктвина во ниеден поглед.Барем да излезев со пријателките на кафе,вака сите испозатворени дома...
    upload_2017-8-7_16-21-12.gif
     
    На Skorpija25, kuc, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  15. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    лелееее ова некако многу садистички начин :( . Јес да е глувче ама....
     
    На Lejla8, Mr. Right, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.215
    Допаѓања:
    124.931
    @monik55 ах бе девојче престани да се обвинуваш. Свекор ми лани се оперираше од карцином на дебело. Му кажавме што е откако излезе од болница. Знаеше дека се полипи. Да знаеше дека е карцином истата ситуација ко татко ти ќе беше.
     
    На Skorpija25, monik55, Lejla8 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.146
    На мене глувците ми се ноќна мора. Значи најстрашна. Толку ги мразам и се плашам, што дури и од змија немам толкав страв.
    Кај моите кај што живеев овде, околу нас зеленило, во близина рид, и глувци колку ти сака душа.
    И само отров не спасуваше.
    Еднаш не дадов отров да ставеме па кога се размножија:x. Главната на лепак никако не сакаше да се фати. Сега кога се вративме, сестра ми однела жена за чистење и ете ги два мртви глушеца:worried:. Посинеле дури:puke:.
    Кармата е карма, на местото кај што работев ете ги глувците :worried:. Од кантата за отпадоци излегуваа]:).
    Сега сум во стан на 5-ти спрат, се надевам нема да ги има.

    @sanjaeva да не ја должам, купи си отров, ги има локуми во кесички како за чај. Се ставаат со ракавици и пинцета ама да не допреш со рака за да не осетат дека човек фаќал.
    И ќе го снема. Во спротивно, ќе се размножат.
    Ќе докторирам на тема глувци, сега се ежам кога читам.
     
    На M&M, crazylady, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.235
    Допаѓања:
    70.718
    не дека буквално ќе пукне со експлозија, ама се подувале од тоа...
    Кај нас еднаш од стапица си го земаше јадењето без да се фати, на стаклото со лепак воопшто не се доближуваше и само така се фати
     
    На EuHenIa, Lejla8, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Мене ми е жал за глувчињата :(

    По двор ни претрчуваат, ама ни мачкава ни кучево не ги бркаат, а дома ни немаат влезено. Блиску до шума живеам, нормално е :) и верверички, желки, ежиња имаме.

    Него, ежицата што ни живее по дворов и комшиските дворови, се породила :) ежлиња мали видов вчера.

    Малиов плишко не ги регистрира, а големиов од далеку ги лае.
    А тој па таткото еж, наместо да избега се склопчува од страв, плишко лае, тој не мрда и веројатно така ќе си седат дур едниот не умре од глад.

    Па стави градинарски ракавици, фати еже, пушти го позади кај дворот на комшијата (од три страни имам комшии со дворови залепени, кај овој комшија никој не живее, само еднаш годишно доаѓаат. Татко ми само трева им коси, ама се' си имаат во двор :) желкички, пилиња гнезда прават, мама ежица таму е породена, а и сигурно некоја мама глувчица има, чим мали глувчулиња од таму претрчуваат. :) )
     
    На M&M, Sesil, kuc и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    178.181
    Пол:
    Машки
    Слабичка е @bittersweet со големи цицки :D

    Ај добар ден :)
     
    На M&M, kuc, Petar80 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.