Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Денеска по втор пат пишувам на тема каде не ми е место ама повторно налетувам на дискусија која ме гаѓа во болна точка.

    @JuLleE, како дете на разведена мајка можам да ти кажам дека луѓето во Мк знаат да бидат страшно сурови и крајно прости и ти ќе мораш да направиш селекција од досега блиски луѓе кој чини а кој е шкарт. Ќе те оговараат, ќе ти го фаќаат сеирот, ќе им бидеш тема за муабет уште долго време. Биди помирена дека дел од другарките ќе престанат да те викаат на дружба зошто ти, како разведена, ќе сакаш да им го превземеш мажот (да не бидеш повеќе „оставена“) *сарказам*. Исто, биди помирена дека многу мажи (особено во брак или долги врски) ќе те контактираат за секс зошто нели, на разведените им треба к*р *сарказам*. И да, повеќето слободни ќе те дискриминираат зошто имаш дете. Тоа е суровата реалност не само во Мк, туку секаде.

    Ама знаеш што? Ќе отрпнеш! Од ова ќе излезеш само појака! Сега ќе видиш кој вистина те сака и кој вреди да го имаш во живот. Другите? Не ти ни требаат! Лесно е да се паметува од страна, тешко е да се помогне со поддршка и со убав збор. Тетките, стринките- батали ги, кој ги е*е! И мајка ми кога се разведувала дел од женските роднини имале што да кажат, ама па по неколку години кога нивните ќерки кога се разведувале мудро си молчеле и гледале во земја.

    Јуле, главата горе!!! Ќе биде подобро, многу подобро од што било!

    (извини што ти пишувам тука ама затворена си за лп а ептен ме погоди тоа денеска што си го напишала)
     
    На *Amethyst*, ph.orhideja, snezan4e и 28 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Јас живеам во куќа во која има градско парно, па немаме ни пелети, ни дрва, ни струја за греење, 12 месеци плаќаме по околу 5 000 денари.
    Нема квадрат во куќата што не е загреан како што треба.

    Во куќава што (ќе) ја правиме, бидејќи на самото место нема можност за градско парно, ќе биде или 2х инвертер клими поврзани со парно (или централно греење/ладење) или “чилер“.
    Чилерот е скапа инвестција, кошта околу 5-6 илјади евра, но најисплатлив е на долг рок.
    Многу малку троши.

    За бојлер и сл. колектори.
     
    На kuc, fallenangel, marama и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    262.064
    Пол:
    Женски
    ^мала дигресија, може инвертер клими со парно да се поврзат? Не бев чула за опцијата.
     
    На Petar80, Rebecca_R, Lejla8 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    И јас не сум сигурна. Архитектот нешто ми објаснуваше, ама.... не се разбирам во тоа.
    Знам само дека не сакавме шпорети на дрва и пелети, па ни предложи неколку други опции. Суштината е да се изведе централно ладење/греење.
    Единствено подно греење би имало во дневна, кое би било поврзано со каминот. Да не иде фира огнот ако веќе го палиме :) :)

    Инаку јас не ни сакам радијатори, ако баш морам... инаку вакви “отвори“ односно канали сакам, се надевам ќе ми биде така.
    Или на подот долу, или пак на самиот ѕид но ниско долу.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На Mr. Right, Rebecca_R, Lejla8 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Инвертер со парно-НЕ.
    Да се ископаат канали низ зидови па да се постави централно ладење/греење ДА.
    Многу скапа инвестиција и убава-стисни дугме, џак на леѓа..
    Ама за жал од искуство, често се расипува а мајстори саглам нема.
    Да знаете која е нервозата кога надвор е -20 а молиш некој да дојде да види каде е проблемот оти дома сите се смрзнати
     
    На kuc, Petar80, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Јас не сум многу упатена, знам за градско парно и за инвертер клими, баш ме закопка за инвертер во комбинација со парно, како и за тоа чудо чилер?
    Што квадратура ќе ја правите куќата? Може си ми спомнала, ама не памтам, 3 недели само со димензии си имам работа]:)
     
    На Petar80, Rebecca_R, Lejla8 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    262.064
    Пол:
    Женски
    Малку ми е неверојатно ама се бива. Парното на дрва би го сменила во парно на пелети но шпоретот ни е нов така да ќе почекам. Секако маж ми ја има обврската во зима па мене многу не ми менува.
    Да се чисти дома треба а јас би да дремам пред компјутер |(
     
    На Ane-Goki1, kuc, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.861
    Допаѓања:
    99.552
    Моја пријателка се вери, па се разделија со вереникот после два месеци. Значи се запознаа само родителите, а она и не живееше стално кај него. Де таму, де дома. Ама она е РАЗВЕДЕНА или поточно ОСТАВЕНА по нашиот народ и одма почнаа бабите да и местат разведени момци со деца. Ова кажува многу за нашиот менталитет.

    Истото се случи со сестрата на другарка. Беа регистрирани четири години без деца. Се разведоа, девојчето тогаш кажуваше дека роднините одма почнале да и местат момци од околните села, оти е разведена и којзнае дали некој ќе ја сака таква. Си најде ерген, во раце ја носи.

    Луѓето наши се прости, можеби таа/тој некој разведен после ќе живее живот каков што никој не би можел да замисли, а до тогаш ќе те замараат како знаат и умеат. И не секогаш тоа можеш да го избегнеш.

    За одење во странство... не е тоа бегање. Едноставно ако имаш прилика одиш без да се вртиш назад. Имам и таков пример. Се разведе жената, какви не муабети и изведоа тука. Пасошот во рака и надвор! Сега е премажена, си го гледа и своето дете а си чекаат и заедничко. Тука нема живот каков и да си. Нема живот во секоја смисла, не само во смисла на разведен или неразведен.
     
    На snezan4e, Ane-Goki1, kuc и 20 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Затоа за резерва има каминче :)
    Нерв ме фаќа од ова пали гаси клима, па башка радијатори... убиќу се.
    Башка климата во дневна, дур олади спланите, во дневна фрижидер...
    Некако непрактично ми 1 клима на 100м2, во една соба.

    А колку мразам да чистам радијатори... и не може НИКАКО новиве со решетки да се исчистат внатре (освен ако не го демонтираш па да го миеш во када...) тоа е друга приказна. Старите, гусаните, пошто немаат отвори некако и ќе ги избришеш... ама овие со решетка.... :envy:
     
    На Ane-Goki1, kuc, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.936
    Допаѓања:
    203.220
    Пол:
    Женски
    Со прашко со екстра долга рачка... Само така ги чистам, нема друго чаре...
     
    На Bozica1980, Lejla8 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Не знам дали е до мене, ама колку и да го чистам, пак “црно“ ми се гледа внатре.
     
    На Bozica1980, Rubiii и Lejla8 им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.936
    Допаѓања:
    203.220
    Пол:
    Женски
    Не може целосно да се исчисти, за жал. Со прашково колку толку, барем да немаш расадник од пајажини и прашина внатре.
     
    На Bozica1980, Lejla8 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Па и јас така, со долга рачка ама тенок прашко, за да се напика по тоа кривините... а пошто кај мене барем отпосле е ставано парното, не кога е градена куќата (кога е градена не ни имало парно...) и цевките се на ѕид од надвор... лудило ме фаќа, иди па исчисти.
    Мислам трауми имам и затоа не сакам радијатори... ќе видиме на крај што ќе биде.

    А зимно време кога го чистиш и од надвор, е тоа е таа мака... ти ставаш средство, тоа инстантно се суши пошто е топол радијаторот :) :)
    Со брзина на светлината бришење :D

    Јас почнав со влажни марамици да бришам, полесно ми е, вака испрскај средство, тоа се залепило....
     
    На Sesil, Bozica1980, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    43.699
    Пол:
    Женски
    Нејадена цел ден, испазарив се за ручек. И на крај јајце на око и компир направив. Се напукав, сеа неможам да се движам. Притисок ми падна, ми се спие ми се плаче..
     
    На bittersweet, CameliaMiller, Sesil и 7 други им се допаѓа ова.
  15. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.363
    Допаѓања:
    278.916
    Пол:
    Женски
    Навистина штета што сеуште живееме во општество полно со предрасуди.
    И како идат новите генерации наместо со сите сили да се борат да ги надминат тие предрасуди,напротив тие се поголеми носители на предрасудите отколку нивните баби...

    Јас сум секогаш за стан,по можност поголем...И евентуално некое мало викендиче некаде...
     
    На Ane-Goki1, kuc, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.388
    Допаѓања:
    259.956
    Јас го сфаќам како нормална состојба за која ниту барам аплауз, ама ниту да ме гледаат со предрасуди.
    Во право сте, игнорирањето на ваквите лица е најдобро решение, но проблемот е што ова се ставови на мнозинството и креираат некои си норми на однесување.
    Разводот е ситуација исто како некому што е проблем со свекрва, болест, финансиски проблем, сексуална орентација. И е личен и индивидуален. Ама кај нас е сечиј.
    Некни одам во градинка да го продолжам договорот на син ми и ги слушам воспитувачките во двор како ме зборуваат. Детево ќе ми учи таму.
    @Nausicaa се што пиша го осеќам веќе. Реков очекував ваква ситуација. Сега се отвори темата за брак со разведен кој има дете за која многу од нас не се спремни оти живееме во општество полно со предрасуди. Ништо не е сменето во поглед на размислувањата иако имаме нови генерации кои би требало ваквите појави да ги прифаќаат како нормални.
    Некои коментари нормално да ме погодат, со тек на време станувам имуна на истите, да не бидам погрешно сфатена, они ми се најмал проблем само коментирам како реагира околината и како се однесува оти на мене и нема да ми е битно што се коментира, ама се наметнува дека разведените со дете па и оние кои се и без деца да бараат одреден вид на партнери, а тоа дирекрно влијае. Јас може не сакам втор брак, но има луѓе кои сакаат и е ок и нормално. Секој има право на среќа и избор и никој нема право да наметнува.
    Ме сфаќате мислам дека не зборувам за емоционалната спремност туку како нашето општество се однесува и што се очекува од разведените.
     
    На Ane-Goki1, Dust, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    23.823
    Пол:
    Женски
    Јас премногу сакам деца, многу ми се мили, ама не би можела да гледам дете од бивша партнерка на мојот партнер. Значи зборувам лично за себе, бидејќи знам каква сум и може на почеток да не ми смета, ама после ќе почнат проблемите, затоа што сум личност која тешко го прифаќа минатото на партнерот.

    Инаку, немам ништо против разведени и не сметам дека важи тоа наметнато правило дека разведена со дете мора да бара партнер кој е исто разведен и со дете, вдовица да биде со вдовец, за нели да бидат на исто. Секој има право на сопствен избор и ако помеѓу партнерите постои љубов, подршка и почитување не гледам никаква пречка.
    Никогаш не сум гледала на разведените со други очи. Подобро разведени отколку во катастрофален брак, во кој еден или двајцата од партнерите пати. А што ќе зборува околината за тоа ич не би ми било гајле, иако знам дека не е сеедно да слушаш секакви муабети за себе, ама па по некое време ќе си најдат друга тема за озборување и ќе те заборават.
     
    На Ane-Goki1, kuc, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Кој не доживал на свој грб туѓи норми, незнае како е тоа.
    Кога ќе се разведеш, веќе на грб носиш ,,товар,,
    Па малку ти е тоа, неможеш да се опоравиш малтене до крај на живот, па и некои си тетки и стрини ти набиваат комплекс дека повеќе не си чесна жена :doh:, дека за тебе нема место никаде :doh:(не те личи никаде сама) и дека главата веќе ти е наведната:puke:

    За родителите си СРАМ во фамилијата
    За мажените другарки си жива закана
    За довчерашните колеги и пријатели си добра прилика за вонсериско мафе
    За комшивката не си повеќе добредојдена за кафесување, зашто се плаши комшијата да не застрани
    ..
    Да не редам повеќе, мислам дека е повеќе од јасно што сакам да доловам.

    И, не велам дека сите вака размислуваат, ама тврдам дека 90% од луѓето го мислат тоа а во јавност прикажуваат либерални сфаќања и си оставаат себе си место за ,,недај Боже и мене да ме снајде,,
     
    На ph.orhideja, snezan4e, malerozna и 32 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.045
    Не се чита се по нетов.
    Арно рече Жабата!
    Ја барам другарка ми ми спушта.
    Ја барам по неколку саат едвај збори.
    Што ти е?
    Не отишла на работа. Синоќа пред спиење ја читала Анофишл астролоџи и се вознемирила, легнала да спие и почнала драмата. Девојка карпа, здраворазумен човек - доживува паничен напад, маж и да не може да ја собере на себе.
    Отворив да видам што пишала, дали е нормална таа?! И го пријавив профилот!
    Шири паника и страв, ја читам наназад се што пишува е - никогаш повеќе ништо нема да биде исто, абе ај стварно?! Мислев вчера и денес е исто.
    Знаат ли дека се оди у затвор за вакви работи?! Шири страв и после им лапа пари од натални карти.
    Се изнервирав!

    Инаку, нема инвертер со парно. Има централно. Само немаме таква клима и такви услови за да функционира така како што го кажуваат. Живи смрзнати остануваат, не постигнува доволно, а често си е добар системот па затоа не можат да утврдат проблем. Немаме такви градби и нема подземни води какви што треба за са функционира идеално.

    Немам предрасуди према разведени и не знам зошто би имала?! Подобро среќно разведени, отколку несреќни луѓе. Ама луѓето поише сакаат да те гледаат мизерен него среќен.
    Доаѓаат од малограѓанштината ама и од домашните вредности.
    Моите не биле луѓе кои ме воспитувале така, сум учела со деца на разведени родители и никогаш ништо не ми збореле. Додека сум имала шанса во околина од детски усти да слушам гадни работи и не ми било јасно зошто.
    Така е до ден денес... Не си му во чевлите. Секој кој оди со неморална помисла према разведени мислам дека самиот е таков, само му фали петља.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На CameliaMiller, Cka, fallenangel и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, арни сте? Банана, кафе и сонце. :sun: Баш сте тивки денес.

    @Rubiii
    И јас сум од оние кои живеат во куќа и за ништо не би го менувала овој мир и оваа слобода што ја имам.
    1. Обврските ги делиме со мајка, татко е задолжен за двор, брат ми околу поголемите и потешки работи. Кога сме биле ние мали, мајка била помлада, одреден период не работела, па постигувала сама. За генералки имала и помош и од баба ми.
    2. Куќите се безбедни за живеење, барем денес има многу опции да се заштитиш. Врати, прозорци, куче, осигурување. Во зграда ти треба само влезна блиндирана врата, ама сум била сведок кога и тие врати се пробиени. Како велат старите, да не те фатат крадците на пик.
    3. Камин со пелети со централно греење е идеално решение. Добро загрева, сите соби се топли, а лесен е за чистење.

    @JuLleE
    Од твоите постови сум забележала дека целата ситуација со разводот те погодува, а влијанието на околината има оргомно влијание врз тебе. А не би требало да биде така.

    Е сега, лесно е да се каже дека поради љубов би го прифатиле партнерот целосно, вклучувајќи ги тука и децата, одредени болести итн, но дали навистина е тоа така? Колку од вас се спремни да имаат партнер со кој во старт знаат дека животот ќе им е комплициран? Рековте дека не би требало никој да биде дискриминиран, ама од она што можам да го прочитам, сите вие сте избрале партнер кој бил слободен, нели?
     
    На m.i.g, elimkd, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.