Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со ова Рефи што го напиша.Само забораваме дека ако на една жена и е добро во бракот,никогаш на развод нема да се одлучи,па тргнуваат озборувања,наместо поткрепа на истата таа жена.Зарем треба да биде жената разведена,па да е закана за нечиј брак :shake:,има жени во брак кои се итекако поголема закана од разведените.Но секогаш било-туѓото гајле бериго.Мислам дека овде кај нас,ако беа условите како во некои други земји,дека 90% жени ќе излезат од бракот кој ги гуши,причините се веќе познати да не се лажиме.Тогаш зошто да осудуваме некого.
     
    На Glasna, Ane-Goki1, Val-Dim и 23 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.388
    Допаѓања:
    259.955
    @Rebecca_R
    Ребека кого разводот не би го погодил? И кој истиот би го поднел скроз без чувства и со ладна глава?
    Нормално да боли. Коментарите кои ми ги упатуваат ги спомнав во контекст на темата оти пак ќе повторам зборуваме дека не ни сметаат ама таков партнер не би избрале. Ретко да е тоа поради емоционална причина, дури и таа е како последица од наметнатите норми на општеството.
    Реков дека ваквите коментари ме погодувале, вам ве погодува исто некоја безвезе ситиација, а замисли и дете да ти е инволвирано. Плус многу брзо е.
    Мене ми пречат предрасудите на народот и очекувањата каков партнер да одберам.

    Ќе ти одговорам и дали би избрала јас таков партнер, ако сум во обратна ситуација. Да! Ќе изберам доколку тој ме почитува и ме третира како жена, детето воопшто не ми било пречка. Ако можам да ги прифатам неговите роднини, родители, детево не би ми било проблем.
    Јас научив дека од еден партнер освен љубов треба да имате многу други работи кои ви изгледаат небитни, а се најбитни уствари.
     
    На snezan4e, Ane-Goki1, Val-Dim и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.936
    Допаѓања:
    203.219
    Пол:
    Женски
    Леле Лилит, стварно е отидена таа... неколку пати на фб ми имаше излезено, ја читав, ама човече, толку деструктивно четиво никаде не сум прочитала. Ужас! И уште колку следбеници има, мајко мила! Ама денес може кој што сака да пишува на интернет, за жал. Мислам дека и јас еднаш ја пријавив, ама не е доволно изгледа, треба повеќе пријави за да го затворат профилот.
     
    На Ane-Goki1, bittersweet, Lejla8 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.714
    Факт е дека живееме во многу закоравено општество со застарен менталитет...
    Имам стекнато впечаток дека на разведените жени се гледа со понижување и им се лепат разни етикети, додека пак мажот, кој најчесто ја навредува, малтретира, тепа или изневерува жената пак си е маж...За мажите е полесно,со оглед на тоа што децата во најголем број случаи се доделени на мајката, татковците ги гледаат само за викенд на пр, и во меѓувреме тие можат полесно да најдат партнерка која ќе го прифати детето, бидејќи ќе го гледа 2-3 дена,или нема воопшто да го гледа... Сметам дека мажите потешко прифаќаат дете од друг маж...
    Немам сретнато некој да рече дека е добро тоа што една жена се развела заради горенаведените причини...Се смета дека е жена и дека треба да трпи...
    И што да очекуваме повеќе од народ и жени кои се смееја на Шеќеринска кога човекот ја истегна во собрание.Убаво ѝ било...Каква и да е, настрана политиката, жена е, не заслужува никој да крене рака на неа...
    И за жал, детето од разведена жена секогаш ќе се смета за копиле (простете ми за изразов), иако детето си има татко...
     
    На ph.orhideja, Ane-Goki1, Val-Dim и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    137.265
    Пол:
    Женски
    Кај почна муабетот кај отиде |(
     
    На Ane-Goki1, kuc, Lejla8 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Би избрала, но сепак не си го направила тоа. Ниту ти, ниту многу други личности, и тука од форумов, и генерално наши пријатели и роднини. Тоа ми беше поентата.

    Разводот е решение кога веќе ножот дошол до коса и нема назад. Од таа причина си се развела и ти. Имам впечаток дека ти сеуште не си ја надминала таа фаза дека со разводот си се ослободила од проблемите, туку сеуште ти е тешко бидејќи веќе не сте заедно.

    Тие имаат очекувања, ама твојот збор е последен. Тешко е, ама мора да продолжиш без да ги слушаш луѓето што зборуваат.
    Во принцип, луѓето зборуваат за речиси се'. Сите теми кои се премногу лични често се тема на дискусија, иако останатите не се засегнати. Поаѓам од себе, сите очекуваат наскоро да се омажам, од тебе очекуваат да најдеш партнер кој има дете, од младите брачни парови очекуваат деца и ред други примери.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На m.i.g, Lejla8, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.979
    Допаѓања:
    112.616
    Пол:
    Женски
    @JuLleE не се правдај и образложувај повеќе, се знаеме кој народ сме, всушност не може и сите исто да мислиме, особено не оние на кои им е само теорија, претпоставка, крст на чело немаш и не си го реди сама ни под разно, глава горе исправи високо и од срце посакувам еден ден повторно да ти се насмевне љубовта и тој пат да биде оној ,,вистинскиот,, а најмногу спокојниот! :hug: :hug: :hug:


    Сакам лето! Цркнав со времево :doh:

    Имам пари кои ми ги дадоа за роденден и ме чешаат да ги потрошам, а ништо не ми се свиѓа иако примамливи стојат попустите насекаде :| утре Молот ќе го пребарам па можеби... (fingers)
    Сакав ташна ама ми поклонија и тоа 2 :smirk:

    Ништо друго паметно да кажам, се ми е полно и рамно :angel:
     
    На ph.orhideja, ♡BuBaLe♡, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    262.061
    Пол:
    Женски
    Ми се јаде да ви кажам. Какви јаболки видов во маркет пред малку, ќе ги сонувам вечер.
    И сладолед сакам, со ореви некој или смокви :mm:
     
    На Ane-Goki1, kuc, Lejla8 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Сериозен муабет од вчера. Ако. Правам торта, се замачкав по кујна. Децата помагаат. Си велам а зошто не купив. Не, не е истиот вкус. А кога ќе видам како со сласт јадат дечињата и мм, па колку сака нека е лом ќе правам пак.
    Во врска со темите ќе кажам само никогаш не вели никогаш. Лесно е да се донесуваат заклучоци од страна, тешко е на своја глава кога ќе осетиш.
     
    На Ane-Goki1, ♡BuBaLe♡, kuc и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.043
    Ама не ми е прв пат во околина некој да биде во сериозна паника од неа.
    Се сеќавам и Чка пишуваше за неа.
    Јас не ја следам, ми искача ако ја лајкнат. Ама кога ќе ја прочитам некогаш крв ми заледува и мене блага паника ме фаќа. Добив поклон од другарка натална кај Крстевски, лук и вода. Такви работи за џабе не рекле дека не треба да се читаат и слушаат. Лажни пророци и под сугестија можеш да си направиш проблем.

    Ја пријавив од кај дечко ми исто.
    Па кога ќе прочитам коментари леле секоја ви чест како добро пишувате...а она едно та исто вергла и ништо не кажува, а кога ја читаш мислиш ќе се случи филмот Војна светови.

    Нека ја пријави уште некој.

    Па картине кога се зезавме на темава, никогаш не си дозволив да трагедизирам и ако имало таква карта. Забава е и треба да знаеш што пишуваш, таквите работи не треба да се пласираат сериозно, можеш цел живот некому да уништиш.

    И?! Психоделично...ко што вели она. Ништо не сфаќам. А и пишуваат доле, не одговара, јер пари прво.

    Неделава, на само една недела пред Соларна Еклипса во Лав, започнува со караница помеѓу Сонцето и Месечината. Епохално!
    Месечината во Бик за само еден час ќе направи квадрат со Марс, квадрат со Небесните чворови Кету и Раху (Еклипсите), и квадрат со Сонцето, сите во Лав.
    Таа од Бик ќе ви ги покаже слабите точки.
    Колку и дали се сакате себеси? Дали вашата среќа зависи од надворешен фактор?
    Лавот и Бикот се фиксни, а кога двете светлечки тела Мес. и Сонцето водат битка од фиксни знаци, прашањата се директни и без пардон, а битката епохална.

    Што е она што ви е најважно во животот?
    Дали само материјалните нешта ви се важни?
    Мора да се обидете да ја најдете среќата вон вашиот паричник, надвор од кредитните картички, надвор од чувството да поседуваш.
    Среќата е нешто што го носите во себе или не. Ова го порачува Лавот, заедно со небесните чворови, судбината и правецот за следните неколку години, ако не и за на век.

    Што најмногу цените во животот?
    Кои се вредностите?
    Венера која сега прави опозиција со Плутон и квадрат со Јупитер ја игра главната улога во денешната Месечина во домот на Венера- Бик.
    Многу скоро за време на Еклипсите Венера од Рак ќе прави квадрат со Уран од Овен. Веќе знаете што е Венера, а што Уран. Ненадејно или не, ќе се кинат сите конци. Ќе пукаат шавовите.

    Многу кардинални решенија во љубовните релации. Венера е во Рак во опозиција на Плутон денес и квадрат со Јупитер во Вага. Нема милост никаде. Нема милост ни на Небото.
    Се бара од вас да пресечете.

    Венера е во кардинален Т-квадрат, а Месечината, Сонцето, Еклипсите и Марс во фиксен квадрат.
    Голема е борбата помеѓу внатрешните чувства и времето кое отчукува да донесете решенија. Сатурн Ретрограден вели- тик так тик так тик так. Ви отиде времето.

    Меркур во опозиција на Нептун прави чувство на нејаснотија и параноја, страв и несигурност.
    Екстремна енергија на Небото.
    Да не речам психотична.
    Венера бара одлуки.
    Месечината бара пресек и решение и акција.
    Меркур прави целосен сомнеж токму кога не треба. Игнорирајте го разумното, зошто сега не е разумно во опозиција на Нептун во Риби. Одете на срцето директно. Играјте на картата - срце.

    Доволно е денес да сфатите дека не треба за вашата несреќа да барате причина во надворешниот свет.
    Чувството на среќа или несреќа не е врзано нити со пари, кеш или имот, нити може да произлезе од партнер.
    Самите треба да го бараме во нас. Кај некои е подзаборавено од инерција, кај некои од транзитот на Сатурн низ Шкорпија, 2013/14/15.
    Кај некои од што им е подобро да си останат во комфор зоната на чувството да се жртви цел живот.

    А Небото повикува, се дере на цел глас за постигнување на максимум левел на среќа, љубов и храброст и Ве моли да пресечете.

    Денес Месечината просто Ве моли. Да, така е. Таа од Бик не е среќна кога е повредена на било кој начин.
    Всушност енергијата не е воопшто лоша за храбрите.
    #MoonStore

    Што да и правам на месечината во бик побогу што ме молела?!
    Као се осеќаш крив што сирота месечина не е среќна, а ти не можеш да промениш, ама КРИВ СИ ШТО ОНА НЕ Е СРЕЌНА!
    Каква психо лудача со описиве...
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На *Amethyst*, ♡BuBaLe♡, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.388
    Допаѓања:
    259.955
    @Rebecca_R изборот на претходниот партнер маж ми не е направен според тоа дали имал дете или не. Воопшто тоа не ми било и нема да ми биде критериум.
    Значи на крајот испаѓа она моето дека кај нас се очекува од разведените да најдат партнер со ист статус заради тоа што народот така смета, а не оти детето е пречка. Самите си правете детето да е.

    И пак ќе ти повторам, разводот не може да биде лесен. Ние конкретно 10 години бевме заедно, што во врска што во брак. Никогаш нема да кријам и ниту прикривам дека не ми е мака или тешко. Не знам како го сфаќате разводот, дека наеднаш уклучувач копче и се исчезнува.

    А и темата не се моите чуства, како јас го пребродувам разводот и како реагирам на околината. Нејсе, јас отворено зборувам и не ми пречи, ама темата беше сосема друго на која се надоврзав како лице кое го поминува истото.
    Јас разводот го сметам за нормална појава и не се сметам за ништо поинакво, ама мнозинството смета поинаку и очекува тоа некој да го почитува.

    Мислам дека доволно кажав, и лично дадов многу, и се надевам дека и разведените ќе се гледат како нормални луѓе кои имаат право на партнер каков што нив им одговара, а не според некои правила.
     
    На Ane-Goki1, ph.orhideja, manja666 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Уште не можам да си дојдам на себе од викендов,што од гости со деца,што од промена на време,а и почнаа некои глупави мисли да ми се мотаат низ глава...ама мислам дека најмногу ме излудува тоа што некако немам време а богами и ме мрзи да направам дома една чиста,како некогаш.Со детево,јок бурда]:)
    Мм ќе не шетал на фудбал,на селски турнир.Дете сака фудбал да гледа,јас ќе јадам плескавици,мм ќе пие пиво:rofl:
    Чинам вашар е таму,ако таман да разбијам монотонија:D
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На ♡BuBaLe♡, bittersweet, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.043
    Не сме толку луѓе и толку ХУМАНИ и големи колку што сакаме са мислиме дека сме.
    Јас сум осеќаен, добар човек, со осет за другите, полн со разбирање и љубов.
    АМА...
    Не сакам да гледам туѓо дете и не сакам да бидам во врска со разведена личност која особено па има дете.
    Ако има љубов, нема сериозни услови, како сакате вртете го.

    Фак лоџик!
    Сакаме да се гледаме себе си како добри луѓе, ама не сме ... ич не сме. Критериуми еден тон. Ти не би со разведен со дете и не си сељанка заради ставот што не можеш да се надминеш, ама он би бил сељак ако ти рече дека си празна кучка со целулит на пример.

    Ако се заљубам во разведен со дете, заљубена сум и тоа ќе биде едини факт. Детето не избрало да е тука само. Ако го сакам тој човек ќе го прифатам тоа дете. И јасно ќе ми биде дека прво е тоа, па јас! И нема да значи дека не ме сака. Може ќе дојде и наше дете што ќе направи амалгам од целиот систем.
    Овие моменти работени ми се по работилници ехе...
    Личен проблем е на тие со предрасудите, а не на разведените...ама да не должиме.
    Остајте си ги луѓето на раат.

    Еве едно четиво.
    http://www.bebamur.com/blog/zakoni-roda-kada-dolaze-nesrece-i-dio
     
    На ♡BuBaLe♡, bittersweet, Lejla8 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.526
    Допаѓања:
    92.229
    Пол:
    Женски
    @Rubiii јас живеам во куќа од околу 100м2. Ние генералка правиме за најмногу 2,3 часа. Ако секој ден се потфаќа по малку, искрено ни толку време нема да ни биде потребно.
    Се грееме на дрва и на струја, иако струја ретко затоа што не ги користиме сите соби преку зима :D Животна желба мислам дека ми е парно низ цела куќа ама здравје кога би кренала спрат тоа.
    Куќа не би менувала за ниту еден стан. Здравје и во иднна се гледам во куќава.


    Луѓе кои прифаќаат туѓи деца за мене имаат големо срце, а јас искрено го немам. Не би можела да се носам со туѓо дете сега за сега, себична сум, не би сакала да не доживуваме заедно за прв пат се.
     
    На Ane-Goki1, ♡BuBaLe♡, Val-Dim и 14 други им се допаѓа ова.
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    D.den i od mene...
    Ve citnav ...i ostanav zamislena
    Ova so razvodot..
    Narodot si zboruval i ke si zboruva ...dobra vest -ne e vest...ama pa neznam zosto bi se potresuval nekoj/a razveden/a za toa sto zboruva narodot-ako mozelo hrabro da se podnese razvodot i da se prezivee periodot koj predhodel na razvodot-ke se preziveat i tie nedela -dve ozboruvanja.
    Za brak so razveden so dete...negledam nisto strasno vo toa sto ima dete...dete e...kako ke go modelirate taka ke se oformuva ...
    Inaku jss licno nikogas ne bi stapila povtorno vo brak , ...ni so razveden ni so nezenet......dovolno bese i ova do sega...
     
    На Ane-Goki1, ph.orhideja, ♡BuBaLe♡ и 17 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    @Rebecca_R мојот партнер нема дете (барем мислам дека нема де) затоа што кога ми стана партнер имаше 16 години.

    Па така не ни морав да размислувам на темата.

    Не знам зошто од старт мислиш дека ти би требало да бидеш "мајка" на туѓи деца. Со оглед на тоа дека најчесто децата остануваат да живеат со мајката, ќе треба да ги гледаш еднаш во две недели.

    Познавам едни луѓе, пример ми се. Човекот беше женет, жена му почина многу млада. Со неа имаше две дечиња (постарото 5 години). Се прежени со жена која немаше деца, и тој и таа беа многу млади, немаа ни по 30 години.
    Со неа има уште 2 деца. Маќеава како свои родени ги исчува и тие што не се нејзини, никогаш не ги делеше.
    Сплет на околности, после 20 години се разведуваат.

    Маќеата е до ден денешен "мама" и за оние кои нели, не и' се ништо. Нејзините родители се "баба и дедо" не само за нејзините, туку и за децата на бившиот сопруг. Родителите на починатата жена се "баба и дедо" и за нејзините деца.

    Иако е разведена со сопругот, доаѓа во нивниот дом (децата живеат со таткото, освен најстарото), се гледа со децата, има цивилизиран однос со бившиот сопруг, со неговите родители.
    Со децата што не и' се деца и по одмори оди, и по кафиња и имаат однос како секоја мајка со децата свои.

    Никогаш не ги поделила, сите и' се "моите деца".

    Ова не е правило, ама сакам да ти кажам дека се' се може кога се сака. Не верувам дека и' било лесно од девојка без никакви обврски, наеднаш да стане мајка на мали дечиња.

    Ама прашај ја денес што мисли :) Ги познавам добро, ги сака како да си ги родила сама. И интересно е како цело семејство функционира, сите се интегрирани во животите едни на други, и родителите на разведениве, и родителите на починатата, нивните сестри (тетките) итн.

    Некој може, некој не може.
    Само сепак мислам дека вака нема НЗС. Дур не се најдеш во нечии чевли, тешко можеш да "знаеш".

    Можеби ни јас не би успеала да прифатам таков живот. Мислам дека би можела, ама ништо не можеме да знаеме со сигурност.
     
    На Glasna, Ane-Goki1, manja666 и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    137.265
    Пол:
    Женски
    Немојте да мислите дека децата со раширени раци ја дочекуваат ,,замената,, за родителот па само на нас е изборот дали ќе прифатиме или не.

    1. На другарка мајка им буквално ги напушти, избега со друг маж, собирајќи ја сета заштеда и злато од дома. Ги остави сами со татко им. По 14 години имавме тогаш. Другарка ми јасно си кажуваше дека кога таа што ја родила немала жал за неа, нема ни една друга да има. Не сакаше ни да слушне за нова особа во нејзиниот дом. Викаше дека лично ќе се погрижи ако било која стапне таму, да си замине што побргу.

    2. Деца чиј татко беше загинат во сообраќајка, не дозволуваа мајка им да донесе друг маж, иако жената долги години имаше партнер. Не сакаа ни да помислат на било која прослава, на било која слика, на местото на татко им да стои ,,странец,,.

    3. Деца чиј татко се прежени, жената ја прифатија, нејзините деца не. Велеа дека нема да делат соба со нови цимери. Дека куќата не е доволна за толку народ. Таткото мораше да се сели под кирија, во близина на куќата, за сепак да биде блиско и да се грижи за нив. Жената мораше да си ги земе децата со неа, пошто поранешниот сопруг и беше починат.

    Нека сме open mind колку сака, едно е коа гледаш од страна друго е на своја кожа.

    И не коментираме за развод, не е нешто за осуда. Личен избор е. Од убавина никој не се разведува. Дека се коментира се и сешто - да, ама порастот на бројката на разводи говори дека луѓето се повеќе се ослободуваат од наметнатите стеги на општеството.
    Коментираме за дете од претходен брак, прифакање, однесување, се она со што би се соочиле ако партнерот има дете.
     
    На Ane-Goki1, ph.orhideja, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    178.058
    Пол:
    Машки
    На кратко да.

    Јас друго ќе промрчам сега. Приметувам дека на темава има различни мислења помеѓу помладите и повозрасните членови. Младите сè знаат, за сè имаат свој став, детално ја имаат испланирано својата иднина и не отстапуваат од своите мислења. Сум го поминал тоа, и работите не испаѓаат секогаш како што било планирано. Верувајте, за 10-15 години ќе имате сосема различни ставови. Повозрасните членови, меѓу кои сум и јас, сосема поинаку гледаат на работите. Најмногу мразам да читам како некој од младите и неискусни членови ми продаваат муда за бубрези, извинете на израз. На темава сум за да се дружам со луѓе на приближно моја возраст, и да читам нивни ставови, мислења и искуства, а не ме интересираат мислењата на ликови што се 30 години помлади од мене. Многу нови членови се придружија на темава затоа што била интересна. Ние повозрасните ја направивме да биде таква. А сега сè помалку има возрасни членови, некои ретко пишуваат, некои воопшто не пишуваат. Затоа и мене темава ми станува сè понеинтересна. Немам право ни можност на било кого да му забранам каде, колку и што да пишува, но имајте осет вие помладите и оставете нè нас повозрасните да се дружиме на оваа тема, вие имате многу други теми кадешто може да пишувате.
     
    На green.eyes, Perfectgirl5, azelea и 35 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Начинот на кој децата се справуваат со новонастанатите ситуации многу зборува како се воспитувани и што дома им е кажано дека е "срамно" и неприфатливо.

    Нормално дека децата лошо ќе реагираат на некој нов ако од дома чуле кога се зборувало во негативна конотација за некој трет во таква ситуација.

    Срам е во прашање... "Ќе ме осудат врсниците"
     
    На Lejla8, JuLleE, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.043
    Децата се деца во редот и да имаат по 30 години.
    Овде е муабетот од аспект на партнер.
    Другите елементи поврзани со деца се тро покомплексни. И никогаш причините што се гледаат на прв поглед и што се истакнуваат.
    Дете со прележана и надмината траума од отсуството на едниот родител, никогаш нема да има против другиот родител да има нов партнер.
    А уште поалармантно е што па може да се случи и тоа дека односот меѓу двата партнери не чинел претходно, ама се случила загубата, загубата донела каење, болка, бес, лутина и така на така.
    И се поаѓа од родителите.
    ДЕЦАТА НИКОГАШ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ.

    Познавам самохрана мајка на 3 деца, жена ѕвер. Има дечко.
    Синот и рече, ти мене ме срамиш пред другарите, мислам јас тебе те разбирам и ок сум, ама ми се смеат децата.
    Децата на дечкото не знаат дека има деца зошто му рекле дека он ете ако има деца со неа ќе ги сакал поише новите деца. А бившата жена е во сериозна депресија, децата уствари се у страв дека нема да имаат никој ако се случи нешто на мајка им. И кој е крив? Криви се и мајката која е во депресија (не е крива технички, не е избор, ама нејзината состојба децата ги прави такви какви што се, несигурни) и таткото кој не знае да покаже на здрав начин љубов. Не се децата проблемот секако. Децата никогаш не се проблемот.

    Една позната наша личност која ја знам лично, починат е нејзинот сопруг ја остава со едно дете. Траумата е толку силна што ќеркава расте, се мажи, добива дете и се разведува. Бракот навидум ок. Зошто? Лојалност према мајката, сега се мајката ќерката и ќерката на ќерката. Кога ќе ги видиш од страна, мислиш дека се е ок, ама кога ќе ја загледаш ќерката ќе ја загледаш и целата тага... и тоа е ПРЕТАЖНО. Мајката ја носи уште тагата, детето ја носи тагата, ќе ја земе и внучето да ја носи тагата.

    Има фамилии кои губат човек и цел живот се во тага и жал, навидум нормално. Децата растат, ама се на граница помеѓу живеење и смрт. Зошто да се живее среќно и ослободено значи дека ќе се заборави отсутната личност. Доаѓа момент децата да имаат свои деца. Едното од тие деца нема да може да има свои деца. Зошто? Зошто љубовта не тече...и едното дете е жртва на својата фамилија и не се предава во живеење, туку уште вага меѓу живот и смрт. Или ако е едно дете, нема ни да побара партнер или како примерот погоре и да го најде или ќе има лош брак или ќе се разведе или ќе нема деца. Или се случува конфликтен однос меѓу браќата и сестрите... проблем.

    Не се работите така црно бели и ете ЈАС НЕ МОЖАМ, НЕ САКАМ, АМА ЗНАЕШ НА СВОЈА КОЖА. Дали тежнееме да бидеме подобри луѓе? Ако да, тоа нема да дојде самото на врата и нема да биде некој ден од утре натака. После да не тажиме над тажните судбини.
    Сакаме убав свет, убав живот, а не сме спремни да се менуваме, сакаме промената да ја направи некој друг во наша услуга.

    Од вакви ограничености во однос на љубов никому не правите зло, сем самите себе си.

    А и децата што одбиваат нов партнер на својот родител... дали ќе бидат тука кога они ќе создаваат свои семејства? Ќе ги погледнат ли своите родители кои ќе бидат стари? Ќе имаат време да им бидат и другари и партнери сем деца? Луѓето кои стареат со другар и партнер живеат подолго, децата никогаш не можат да го надоместат тоа!

    Имам уште еден пример што мајката не сака да си најде партнер.
    Син 28 години, сестра му помала си се омажи си има дете.
    Он жртвено јагне.
    Мајка не сака другар, ама синот го мачи. Каков бил, што бил, зошто бил, сто врски му растури. Се она има мислење, критериуми, критики, мислења... Он трпи.
    Случајно е што е син, може и да е ќерка во прашање, не е важно, истото ќе го правеше на едното дете, особено постарото.
    Не значи дека мајката мора да си најде партнер, но ова укажува дека неа сериозно и треба партнер и дека она траумата од загубата на маж и ја нема надминато. Има такви што не сакаат партнер и не наоѓаат партнер, ама си го имаат надминато и не носат болка и си ги оставаат децата да си живеат нормално.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На ♡BuBaLe♡, Lejla8, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.