Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    АС да кажам...
    На шопинг исклучиво со него.
    Критичар голем.Знам дека ако нешто не ми ,,лежи,, нема да ме излаже.
    Има трпение.
    Не сум нескормна (??!!?) и новчаникот за мене не го штеди.Ако се мислам меѓу два пара , тој не ми дозволува да се мислам и двата се купуваат.

    За контрацепција.
    Спирала и само спирала.
    Апчињата ,,дујат,, и како тиква се имам направено, сепак хормони се.Може да предизвикаат дисбаланс, па додека осетиш веќе ќе мора да ти препишат друга терапија за да се воспостави рамнотежа.
    Микрогинон ќе ги паматам цел живот, со нив останав бремена на 20 години.
    Спиралата не е скапа, трае 5-7 години и немора да водиш сметка за ништо освен на 6 месеци рутинска комтрола.
    Има жени кои се жалаат дека им ,,зараснала,, и хирушки им ја ваделе, но тоа се поретки случаеви.Секој здрав организам првите месеци откога ќе ја ставиш се обидува да ја исфрли, па затоа и крварењата се пообилни и за еден ден подолги.
    Моја препорака е да се стави на време, за да не се најдеме на тема ,,дали сум бремена,,
    3000 денари е плус ,,монтажа,, (т.е. за рака :D:D) 1000 (ако кај матичен си одиш) и за 4000 денари си имаш сигурност 7 години.

    И сексО така ќе биде по опуштен.
     
    Последна измена: 2 октомври 2015
    На bittersweet, Lady Phoenix, green.eyes и 14 други им се допаѓа ова.
  2. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Вчера мм се појави со букет на врата. Јас цела прашалници, велам "Не ми е роденден уште, да не се збуни нешто?", вели " Де бре, човек не може без повод да те изненади?". Потоа ми кажува го сретнала една комшика на влез и го прашала што славиме, тој и рекол дека касно доаѓа од работа, па да се оправда. Ех ако беше тоа, требаше цвеќара да отворам, што би правела со толку цвеќе. Па се запрашав да не направил нешто што вели @nena2010 , ама ај поубаво ми беше да си мислам дека ете помислил на мене во таков стресен ден:?:. Туку ми беше муабетот потоа комшиката која била со син и, му се пуштила "Ете гледаш, така се почитува жена, кога ти тоа си го направил за твојата". Ах бе жено, да знаеш|(
     
    На bittersweet, Abrakadabra, green.eyes и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Добар ден.И јас да си кажам дека како и секоја жена сакам да одам на шопинг.Најчесто е тоа со мм,но многу често знае и тој да ме изненади со нешто.И јас како Рефи имам не скржав маж кој не го штеди новчаникот,и кога и да се мислам помеѓу нешто се купуваат двете.Отидов за еден пар чизми,но бендисав и други,и така добив два пара.Не одам често на шопинг,но кога отидам,не можам да се донесам дома.За контрацепција можам да кажам само негативно искуство.Пиев таблети,кои ме направија не тиква него балон,и хормонален дисбаланс,и благодарение на него отидов порано во "пензија"Со многу маки ослабев но проблемот си остана.Убав ден на сите
     
    На bittersweet, Lady Phoenix, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  4. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Заборавив да напишам што се случуваше од моментот на предавање до моментот на примање на букетот.

    - Сигурно ли беше на работа до 9?
    - Да не беше во кафана некаде?
    -Што пиеше? Ај хухни ми да видам|(
    -Ама очите ти се крвави(facepalm)
    Сигурна сум сто пати се покаја што го донесе цвеќето:lol::lol::lol:
     
    На bittersweet, Abrakadabra, green.eyes и 18 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    221.723
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите
    Јас уживам буквално во секое утро, утрото си го посветувам стрикно на мене уз шолја кафе..чај и мирна глава .. се исклучувам надвор од сите секојдневни обврски и мисли .. во ладното и безшумно време сакам да се расонам на тераса и да полнам батерии за престојниот период.
    Уживам додека можам сеуште :)
    Повелете
    images-3.jpeg

    Гледам дека сите од вас имате негативни искуства со контрацепцијата за жал.. иста сум и јас .. толку си наштетив на себе што неможам да се помирам како тоа се освестив дури после долги години, и сеуште не сум тотално опоравена од истите. Иако се трудам од петни жили да ја излекувам нивната создадена траума, јас и покрај останатите последици ослабев драстично.
    Но пак ќе кажам дека доколку со упорност ги изберете правите за вас секако дека има позитивности од истите.

    Околу шопингот кога сум со маж ми гледам ми фаќа на око и го земам, не шетам не прибирувам не се мислам.. но практикувам да шопингувам сама, на раат за да се фокусирам на тоа што ми треба.

    @anel најверојатно чоекот сакал да изненади.. да се покаже и јас сум иста како тебе, наместо благодарност јас сум цела во прашалници што како зошто бидејки си го знам каков ми е, изненадувањата му се слаба страна :)

    Се распишав јас ајт пријатен ден.
     
    На bittersweet, green.eyes, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Девојки !!!!
    Ве повикувам на петочна забава АФТЕРХАРД ВЕЕК (кој рабра-разбра, кој не, да си оди на кур-с)
    Музиката е обезбедена, алкохол има, Ве чекам

    https://www.facebook.com/Vesela-Tajfa-824973694226643/timeline/
     
    На mareane, Annath, Petar80 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Добро утро. вам
    Не ми се пишуваше на тема шопинг.
    Ама ајде да помине редот :rofl:
    Со мм на шопинг ќе одам само ретко. Од сега си знам. Неколку пати до сега сме биле заедно и само вучи со носовите, се чуди во колку дуќани можам да влезам. За секој дуќан вика: сеа таму што ќе гледаш, што има таму...Ако пробам некое парче облека и го оставам, следува коментар: што му фалеше, ете убаво е а ти нејќеш да купив итн. :rofl:
    А кога ќе го прашам дали ме прави да изгледам дебела одма на лице осмех од ухо до ухо, добивам одговор што ме прашуваш кога си знаеш. :@ Така да реална оценка нема да добијам. И на крајот од шопингот коментар нормално, исто како некоја феминка погоре, а следен пат да искочиш со мајка ти? :D
    Пред свадба бевме на шопинг за неговото одело, може шетавме цела недела, проба многу одела и кошули, (јас сите му ги одбрав де), ама еднаш не се пожали дека нозе го болеле или било досадно. Чудна работа. Исто и кога купува опрема за фудбал. Мажи ќе речам само.:?:

    Во моментов мразам да одам на шопинг затоа што сум најдебела во мојот живот. :rofl: Може само шопинг за бебето. Ама незнам колку пари потрошив до сега, се што ќе видам сакам.
    Кога купувам за мене, никогаш од прва не можам да купам нешто. Обично до 3 пати го гледам парчето облека. Еднаш го сретнувам случајно демек во продавница, утре дента може ќе ми текне да го пробам, па задутре дента да дојдам со жири комисија да го купам. :rofl: Споро одлучувам, тешко некако парите ми се даваат.
    Во последно време знам да изнакупам повеќе работи, како што кажуваше Дани, од една блуза во сите бои и да си завршам работа набрзинка. Обично попуст кога ќе начекам.
    Инаку проблем за купување и размислување од 3 дена немам само кога се работи за ташни и штикли. Е од нив никогаш доста, секогаш баш таа боја ми била потребна и ги купувам одма. :PЗа накит и џиџи миџи официјално ми забранија да ги посетувам продавниците.

    Оф колку сум отупела со постов.

    За службеници во администрација. очекувам да се културно нашминкани, без нападен кармин и светкави нијанси како дочек на нова година. Или па ко да искочиле од бугарска телевизија. Очекувам најнормален среден, што би се рекло природен изглед со шминка. Денска шминка де. Оти се почесто имам чувство кога ќе влезам некаде дека шминката им останала од претходното искачање. :rofl:
    И она нанесување на кармин многу многу погоре од линијата на устата, па уште со ептен потемно карминче, ( не како што е модерно, туку како од филм со Пантиќ ) бјак. :puke:
     
    Последна измена: 2 октомври 2015
    На bittersweet, Lady Phoenix, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Да се изјаснам за службеничите.
    И јас спаѓам во тие.
    Морам да нагласам дека има кодекс на облекување и однесување, меѓутоа не се почитува.
    Вештачки коси, нокти како орли, дреч црвени кармини, деколтеа и сукњи над колена фрчат.Тесни панотлони исто така.
    Се нема срам и перде па се облекува и чипкана блуза па се гледа чипкан прслук.
    Најпопуларно е да си со низок морал а тоа се мери по машките странки кои висат на твојот пулт и чекаат на ред.
    Раководителите гледаат што се случува и ги имаат враќано дома да се преоблечат.
    За мене тоа би бил најголем срам...ееејјјј...да ме врати дома да си облечам нешто пристојно !!!
    Но не вреди...секој по старо.
    Ај...да речеш -се облака така, барем услугата на шалтер е на место...ама и тоа не е како што треба.Ем шуто ем боде...враќа странки, им се дере..става ред кој каде да стои, исправа бесни глисти....
    Понекогаш се срамам од нив.
    Ама тоа ти е...
     
    На bittersweet, Lady Phoenix, green.eyes и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Добар ден дами изшопингувавте ли ги испофаливте мажињата, Рафке такви службенички има секаде што да прават кога сакат да се во центар на внимание или да истакнат демек ете што имаат под блузичките или вишок хормони или дома не им обрнуваат внимание. Туку едно бабе ми донесе оревчиња и цел ден глодам до душа не сам со колешка, така да повелете кој сака оревчиња.

    А и ќе заборавев а знам дека највеќе ќе има коментари и реакции а тоа е : битно е секако кој те облака но битно е нели и кој те соблака (да не го оштети она мм што го платл) иххххххххх:x:x:devil:
     
    На Lady Phoenix, green.eyes, danichap и 6 други им се допаѓа ова.
  10. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    потполно се согласувам со Референтка, таква ни е нашата жалосна админстрација кога дома не ги регистрираат си мислат на работа некој ке ги примети и таквите особи се само бендисани и исфрустрирани жалосно ама тоа е нашата чудесна Македонија:puke::puke:
     
    На mareane, Mekuska, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Добри се мора да има од се по нешто
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Јас со една колешка се имам ,,закачнато,, на таа тема
    Не дека ми е гајле како се облака, ич не ме занима, нејзе ако не и е срам цицките да и се гледаат, мене па ич не ми е гајле.
    Но главен муабет секој ден, ама баш секој ден и е дека кога одат заедно со ќерка и , луѓето незнаеле која е мајка која е керка, демек делеле комплименти ,,како сестри сте,,...па како сите комшии трчале да и речат добар ден...па како у школо професорите намерно преку детето ја викале да дојде...па на пазар беспари некое кило давале ради лепота...абе пична жила да ти пукне !!!
    Еден ден си бев станата на лева нога и неможев веќе да слушам самофалби и и реков ,,како не ти е срам ова да го збориш...биди госпоѓа бре, што се рамниш со 18 годишна девојка...не си на распродажба , мајка си, стокми се како ти доликува на твои 48 години, си виснала целата, али битно тесни кожени пантолони фрчат,,
    Не се налути.
    А и да се налутеше гајле ми е.
    Барем престана едно време да не труе со нејзината згодноча
     
    На Lady Phoenix, green.eyes, Bozica1980 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    И јас сум во администрација.
    Имам една колешка на 30тина години, дебелка е. Носи се во 2 броја помало, исклучиво да се прелева сало од сите страни. Неколку пати сукњите и имаат попукано по рабовите. На крај си купи сукња од мебел штоф. :?: Битно да пуца. Кога ќе се наведне, и се крева сукњата и се гледа или тангата или линијата од хулахопките, горе кај нозете.
    Нормално сите се вртат, како чекори така се тресе се на неа, а она е во филм дека е згодна, плодна и неопходна. Најубава меѓу нас.
    Друга постара колешка, со 50 години, носи прслук без корпи под чипкани и светли маици, така да и се оцртуваат пупките. Не дај Боже да и е ладно во канцеларија. :rofl: Рај за очи за странките хахаха.
    А мене ми коментира ако облечам некогаш фармерка - не било по кодексот на облекување. :emo:
     
    На Lady Phoenix, green.eyes, danichap и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Напнавте со администрацијата, ама да, таа најмногу боде очи затоа што е на буџет.
    Насекаде има секакви и јас сум администрација и можам слободно во пижами да сум на работа, ако не ме гледаат кога доаѓам и кога си одам.
    Во секој случај облекувањето треба да содејствува со работните задачи и работното место.
    Не дека оние на градилиште што се треба да се смрдени, нечисти и испарталени!
    Всушност ако не оговараме по канцеларии кој како е облечен што друго ќе правиме!?
    Примерите што ги посочивте се само за 1-2 па и 5, не е во глобала така како што ги претставуваме поединците.
    Не, не и јас не сум совршена во тој поглед на забелешки, ама шта се то мени тиче, кој како сака така нека се носи, само мене да не ми згазне на жуљ.
    Мене ми е убаво кога ќе видам убав, среден службеник на шалтер, ама не ми е убаво ако се однесува како Господ за муда да го фатил, а од носот подалеку не знае.
    Ај доста мрчам за сега.
     
    На Lady Phoenix, danichap, Mekuska и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Умно кажано Далке и на право место така треба доста овие погоре само уговараат ова вака ова така а бе гледај си за себе ако сакат другите и со цицките на биро голи нека ги ставаат. Да си ми жива како убаво им кажа:D:P:P:P:P:P. Ајде сега Рефке
     
  16. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    Не е муабетот само за администрација. Се однесува и на банка, кафич, маркет т.е. сите кои имаат контакт со луѓе.
    Дали некој од вас ја има заприметено тетката во Тинекс Раде Кончар што е кај сувомеснати/кашкавали што сечат? Е тоа е недолично. Карминот еден прст над уста.
     
    На LUCERKA и Petar80 им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.646
    Допаѓања:
    109.090
    Пол:
    Женски
    Леле Рефи ко колешка бивша моја да опишуваш, исто! Марки на гардероба, чипки, тантели, мрежи, тесни пантолони, штикли 21 и фризури секој ден, накит и шминка да не спомнам. Ама не си во право Далке, не може една да се облече нормално пристојно, друга во проѕирни кошулки и чипкани тигрести прслуци, а трета во тренерки да иде, епа не иде. Кодекс, бе луѓе, кодекс! На новава работа сум полжерно облечена, хеланчиња, туники, фармерчиња, кошулки, фустанчиња... На градилиште сум ама не можам да си дозволам да сум во тренерки.
     
    На Lady Phoenix, green.eyes, kukla21 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Кој како сака-така нека се облекува, тоа си е негово, веќе реков.
    Не сум љубоморна далеку од тоа....ама не личи !!

    Според мене начинот на облекување на некоја жена е одраз на нејзин карактер и култура.
    Се знае за каде се облака минич и деколте.

    И во опера и балет да отидеш во кратки пантолони никој нема да те избрка, ама.....толку ти е акалО.
    И да те изоговараат џабе е...
     
    На bittersweet, Lady Phoenix, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Добар ден

    [​IMG]
    Првин кафе како што е редот па и јас да си кажам за шопингот нешто..

    обожавам шопинг ама сама! да си разгледам на тенане да пробам..не сум некоја цепидлака, знам некогаш да купам и без да пробам , а мм е бетер од жена - ќе пробува , ќе гледа бре бре и на крај ќе си купи дури и повеќе од тоа за што излегол!
    да ви кажам право и јас научив од него како! па сега ми се жали и ми вика абе ти бетер од мене си станала!
    :Dе не , му викам , ти ме научи како треба :D
    добар критичар е ако го прашам, ама ниту тој ми сугерира што да купам ниту пак јас...не си ги погодуваме вкусовите ич!:rofl:него тоа што ми се свиѓа мене не! и обратно!:rofl:си правиме друштво и двајцата , ама преферирам сама! :emo: и тој исто!:D
    како и секој маж има забелешки за бројот на моите чевли нормално!како тоа и покрај толку чевли јас пак купувам!не му е јасно?!
    е па и мене не ми се јасно како може пак тој да има толку палта- од сакоа до ветровки еден куп , па едно со капуљача,едно без, друго плаво па бело итн итн:?:едно подебело друго потанко(facepalm)

    јас на мојот можам да му купам само гаќи , чорапи или пиџами евентуално!

    следува викенд а денес петочки ЖУРКА , нели?:dance:
     
    На bittersweet, Lady Phoenix, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.067
    За ова контрацепциите да ви се прикључам..
    Нели сега демек пилулите поинаку ги правиле па немат тоа дејство за да може да се здебелиш? Така слушнав, дека не се како порано, ама сепак, хормонски се :?:
    Не знам ама не ми се ризикува.
    А спиралата... толку одбивност имам кон тоа чудо, страно тело во мене, не знам, вероватно до психата е. А имам една пријателка што остана бремена со трето, а имаше спирала. И го роди нормално. Кога веќе било толку упорно да си се пробие преку "пречки" :D

    Мада и јас размислував на оваа тема, ама пак на крај нема 100 % гаранција со ништо, освен апстиненција.

    За шопинг... сакам мм со мене да е. И тој ми е најдобар критичар. А и не е скржав :D

    За мене лично никогаш не бил ниту ми пререкол нешто, ана затоа за дома ситници, џиџи миџи, секогаш е со коментар: а тоа треба ли ни?
    И на децата не штеди, дури јас сум поразумна дали им треба нешто или не.

    Јас испив кафе и бев во прошетка и си купив парче торта од слаткара. Не дека беше нешто посебно, пола кило шеќер внатре, ама легнав со мисла за благо, па си велам да се частам. Подобро јади преку ден, него навечер :wasntme::D

    Убав ден ви посакувам :sun:
     
    Последна измена: 2 октомври 2015
    На bittersweet, Lady Phoenix, green.eyes и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.