Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    23.819
    Пол:
    Женски
    Бубале ме расплака..
    Среќен нека му е роденденот на синко. :l:

    Аман веќе со горештиниве пак. Таман се порадував еден ден, сега пак по старо. :sweat:

    За темите од вчера :
    Пеглам само по потреба.
    За готвење задолжени мајките и кај мене. Јас на сабајле ако зготвам нешто за доручек или навечер.
    Готова храна купуваме најчесто од сендвичара, пицерија. Од маркет купував додека бев студент. Се исплаќа некогаш, посебно ако треба да готвиш за двајца.
     
    На Rebecca_R, Lejla8, mal.ecka и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Здраво на сите.

    Бев послабо активна и веднаш ми е потешко да се вклопам.
    Форумот го отварам и пребарувам мислењата на одредени членки кога не сум во тек, а во оваа тема не можам веќе да се снајдам.

    Јас не можам да гледам така: форум е па сите имаат право да пишуваат кај сакаат. Да има, точно, никој не може никому да забрани (освен модератор нели), ама мислам до осет е. Затоа и постојат теми, со конкретни наслови, за одредена групација, како насоки за кој, каде, што...

    Ама добро, јас не можам да влијаам на другиот затоа кога не е веќе интересно се повлекувам.
    Јас на оваа тема не бев за да читам ставови на одредени теми, докажувања и кој колку поцврст карактер има, "шта би било кад би било", има за тоа други конкретни теми, туку за нешто поинакво, слична возраст, или секојдневие, секојдневната пожртвованост и борба, па и фалби и жалопојки! Ама мислења на одредени теми не, барем не толку нагласени.
    Сакав да кажам дека @Peco го разбирам.

    Девојките што ги има тука сакам да ги читам на други теми и навистина ги почитувам, ама во темава ги прескокнувам нивните постови. Едноставно затоа што очекувам нешто поинакво тука.

    Денес е ден од оние денови кога ептен подобро дома да седам. Кога и пазарување во продавница излегува од контрола. Ги сакам моите деца најмногу на свет, ама не секогаш имам живци за нив. Или да речеме не ми е ден денес, побрзо се нервирам. Затоа во вакви денови барам 'сигурни места', 'безбедни зони', каде опасноста од поголеми нервози е сведена на минимум, како на пример: дома. |-)
     
    На Espadrila, azelea, Lejla8 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Јулке, што си права - права си.
    И мене ми фалат одредени членови, сакам да ги читам, исто како тебе по форумов ги бркам ако воопшто пишуваат.
    Но, не можеме вината да ја бараме во 21 годишниот.
    Мислам дека не е во ред ради Петра, да престане да пишува Трпана.
    Барем е лесно некого да игнорираш и да си тераш со својот филм.
     
    На Lejla8, kuc, fallenangel и 6 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.378
    Допаѓања:
    259.916
    Ама никој не побара од никого да престане да пишува. Зошто поинаку сфаќате?
     
    На Lejla8, elimkd и Petar80 им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Хелоу бичес. Кога не ми е ден сите ми сметате на темава и дури ве читам очи ќе си расипам од вртење, па би, сите да си одите, до една. Ама кога сум ок тогаш само пола :D
    Се мислам дали тука да ставам слика од морето или на фб. И таму и ваму не бива, ќе ме фатат. А шо убо ми стојат купаЧиве нови, сите ќе ги засенам од модни критики, ама тоВа е, судбина. Чао
     
    На Lejla8, Ana Marija 1, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.888
    Допаѓања:
    173.470
    Пол:
    Женски
    Сигурно се едноделни, за да ги скриеш целулитот и стриите...
    Дај ма да ги видиме:envy:
     
    На Lejla8, kuc, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Каков целули какви стрии, ја на целулитна ли ти личам? |(
     
    На Lejla8, kuc, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.888
    Допаѓања:
    173.470
    Пол:
    Женски
    Штом се криеш, ми личиш на крањска колбасичка:lol:


    Сори Бриџи:D
     
    На Mishela, Lejla8, m.i.g и 8 други им се допаѓа ова.
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.714
    Таа е "посебна" :D
    Сори и од мене Бриџи :wasntme:
     
    На Lejla8, CameliaMiller, fallenangel и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Извинето, извинето, продолжете со забава
     
    На Lejla8, CameliaMiller, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Нека е здрав и жив малиот исполнет со среќно и безгрижно детство! Секогаш да е насмеан, ведар и ксметлија! Да го гушнеш од мене најјако! :* :* :*
     
    На Lejla8, CameliaMiller, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Само моите ли деца ги фаќа беснило пред спиење?
    Секоја вечер истото, куќава хаварија од играчки насекаде, секое ковче ме боли од борење, сигурно неколку нови модрици ќе се појават, деца сега заспани а јас си седнав со кафето и цигарчиња да се одморам па да се фатам за работа низ дома, вечер последна ноќ на работа па 3 дена слободни....јееееј.:lol::lol:
    Количи од Cars 3 ме демнат насекаде, среќа уште главата не сум си ја скршила кога ќе ги нагазнам, болат повеќе и од лего коцките.:@:wasntme:

    Предрасуди во однос на разведени немам, тука е толку нормална појава што штрчаат тие во брак што се :lol: и тоа не од сега се сеќавам кога бев 2-3 одделение ја убедував мајка ми да го избрка татко ми зошто само јас во класот имав татко дома.:rofl::rofl::rofl:

    Во однос на партнер со дете, не би се двоумела воопшто ако го сакам ќе му го прифатам детето и ќе бидам спремна на тоа дека детето секогаш ќе биде на прво место, не би прифатила да бидам со некој што има дете а не го гледа, не води сметка за него, ако не бил доволно зрел дека со развод се разделува само од сопругата а не и од детето не би сакала да бидам во врска а уште помалку да делам животот со такво створење.

    За прифаќање нов партнер на родителите не е исто разведени и починат родител, јас потполно ги сфаќам тие деца што пишала @Sesil за татко им што загинал во сообраќајка, не оправдувам што не "дозволувале"мајката да се премажи ама знам и самата како би се чувствувала доколку на мојата свадба покрај татко ми стоела друга жена, мајка ми ја нема сега некоја друга ќе ја има на сите слики, уште потешко ќе ми било, не па да ја гледаш дома како ти ги користи од мајка ти работите, немало да ми биде сеедно без обзир што сакам татко ми да е среќен и за неговата среќа ќе сум се потрудела да ја прифатам ама дека ќе сум била среќна немало да бидам.
    Ете пр јас не дозволувам децата мои баба на никого да викаат освен на свекрва ми ама тоа е на англиски и не ми пречи ама на мои тетки, стрини, вујни ги учам да ги викаат исто како и јас не да им викаат бабо зошто срце ме боли да и викаат на некоја така а на мајка ми не можат, значи ќе ме болело на жена на татко ми така да и се обраќаат, дали е тоа нормално или не, не знам, знам јас како би се чувствувала.

    Родител не се преболува, не се надминува таа болка, таа тага е засекогаш со тебе до денот кога ќе го напуштиш светот, тагата дали им ја пренесувам и на моите деца не знам, ги носам на гробишта, гледаме слики од баба им, им раскажувам за тоа каква била, сакам да знаат за нејзе, некогаш сум тажна заради тоа што ми недостасува се е тоа дел од мојот живот а сега дел и од нивниот и тоа е тоа.

    Предрасуди во Мк за се и сешто има да се чуди човек, кога бев 17-18 години умав дечко во Скопје, комшија на дедо ми, мајка му да не ме види, сешто правеше да се разделиме, а само требаше да почека некој 6-7 недели додека си отидев:lol: и на крај во лице ми кажа дека никогаш нема да ме прифати зошто сум била без мајка, немало кој да ме воспита, којзнае каква сум била, кај можел маж да гледа деца.(facepalm)(facepalm)(facepalm)
    Значи според неа дека сум без мајка, ови никнав од тревата нели, сигурно сум курвештија тешка а кога и ја употребив таа логика на нејзината ситуација( вдовица) дека син и е копиле дека е без татко сакаше очите да ми ги извади така да верувам дека не им е лесно на разведените жени со таков народ таму.:swear:
    Онаква жена е каква што опиша @Lilit сеуште не женет ради мајка му, а фати женска малку посериозна станува врската веднаш некоја мистериозна болест ја спопаѓа што го бара целосното внимание од синот и врската се распаѓа, после тоа уште помистериозно оздравува.:fubar:
    Кога го виде мм прв пат душата и се наполни дека нели курвештија со таков цел тетовиран дрогираш може само да биде не со синчето нејзино од фамилија дете, мене па уште повеќе ми се наполни кога и кажав дека е доктор, хирург, нека си пукне од мака.]:):devil::devil:

    @JuLleE @♡BuBaLe♡ :hug::hug::hug:

    1. Пеглам се на куп, мене па ме нервира на секое да вадам пегла, даска и да пеглам, имам доволно место по плакарите па пегланото си стои пеглано.:)
    2. Лето.со чаршав, зимо со тенко јорганче и мм.:rofl:
    3. Готвиме скоро секој ден, некогаш се поминува со некоја прженица ама претежно има зготвен ручек, вечера.
    4. Не знам дали се исплати ама и да се исплати мене ми немаат никаков вкус тие јадења, не знам што има внатре и од каде така да не би купувала готови јадења.

    @CameliaMiller јас имам такви отвори дома, ducted heating/ cooling само кај мене е на плин па е доста исплатливо, во зимен период кога се грее 24/7 мене сметката ми е за 3 месеци околу $300-350, кога не грееме сметката е околку $100-150 за 3 месеци.:)

    Леле постот километарски :lol: ај барем одморив нозете додека пишував, време е за спремање за на работа.;(
     
    На green.eyes, M&M, Rebecca_R и 27 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.359
    Допаѓања:
    278.872
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи никој на темава ни помлад ни постар,ми пречи кога одредени свои ставови се докажуваат по сто пати,кажи. пиши свој став и толку.
    Ми пречи што секојдневните проблеми,маки сакаме да ги подзаскриеме ,а другото истакнеме.Во почетокот овде повеќето наоѓавме катче да си се искажеш оленсиш,а сега ако некој има мака се повлекува ,го нема ,кажува дел,премолчува..Значи има нешто што не спречува да си се искажеме.Ми пречи што стално се спомнува тоа муабетење по ЛП а никој ништо јавно не кажува.
    И да ќе си жалам и прашувам за некои членки што си заминаа,зашто ми фалат па колку некому и тоа да изгледа глупаво
    @♡BuBaLe♡,најсреќен нека му е роденденот на малиот!
     
    На green.eyes, LadyC, M&M и 27 други им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Не се крие, Бриџа е отров во мало шишенце, во фото натпревар кога извади една извајана леџа, уште не ми излегува од памет :lol:
     
    Последна измена: 15 август 2017
    На Lejla8, Bridget, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Не може така, само во живо се важи, и на торта те чекам!! :*

    Фала на сите за честитките и гушките :hug:
     
    На M&M, Lejla8, LadyC и 9 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Еве не знам како треба да сфатиме? Кои сме тоа ние, на крајот? Луѓето на кои им се обраќате можеби немаат 40 години - ако не се лажам ниту ти немаш 30, така? Па сите сме тука плус минус, ако не се лажам @Mr. Right и @simonka93 се најмлади.

    И "продавање муда за бубрези" воопшто не ми се допаѓа, не сакав да го цитирам @Peco затоа што не сакам да фаќам кусур, но ако ти имаш 28, а јас имам 26, како тоа јас (на пример) продавам муда за бубрези, кога веќе зборуваме за возраст?
    И цело време е тоа така завиено, се препознале тие што требало да се препознаат.
    А тука има толку добри луѓе што немаат ниту 30, не сакам да ги тагнувам, мислиш дека нема шанси тие "по грешка" да се препознаат?

    Што е всушност проблемот?
    Возраст, брачен статус, имање деца, станбено прашање или само различно мислење?

    Па и да згреши некој без оглед колку е цврсто убеден, не мора да се припаѓа во несвест поради тоа, скокаш мислење и готово.

    Ако не ај во секоја тема да напишам што не ми се свиѓа и какви мислења не ми се свиѓаат.

    А како што веќе кажаа, форумот не е ниту за мажи, па се сосема добро прифатени. И мислам дека тоа е во ред.

    @Bridget баш ми е гајле ако ме нејќеш, јас ќе те сакам и понатаму. Тачка.
     
    На LadyC, ♡BuBaLe♡, Rebecca_R и 10 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    @CameliaMiller баш вакви надмудрувања и докажувања не се потребни. :) Пет пати се изнапиша иста работа. Пецо си го кажа своето и тоа е тоа.
    Овде на темата сме да се релаксираме , да си кажеме по некој збор да се насмееме. Не да се докажуваме и надмудруваме, да се мериме кој е со најцврст став. За тоа има многу други теми. Кажете го своето и готово, повлечете се. Сите да се согласиме неможеме. Оставете простор темата да дише и секој да си каже што има. Без разлика на возраста, далеку дека некој смета на темава која впрочем не е ничија. :)
    Тоа сакаше да каже Пецо.
     
    На LadyC, Mishela, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ама некој сака да се надмудрува и да докажува свој став, макар го напишал едното исто 500 пати.
    Не ви смета, ама ви смета.
    Поише почитувам ко Пецо да каже ми смета тоа и тоа отколку во завиена форма. Не ми смета никоја АМА...

    Исто ко што некој доаѓа само за да се олесни и да каже нешто исто така некој доаѓа да дискутира и да се надмудрува.
    И потенцирајте на кои членови мислите оти вака е многу глупаво кога не именувате.

    Реков јас и пак ќе речам. Само на темава постои тоа љубоморно правило дека треба дискусијата да се одвива така како што било пред две години да речеме. И толку љубоморно го браните тоа да станува смешно. Не еднаш се мрчело овде од постари членки спрема новите. Мислам постари во однос на колку време пишуваат тука.


    Јас нема да престанам да пишувам затоа што апсолутно не ме интерсира дали некој врти очи на мои постови или ме чита.
    Ама толку одбивна ми станува темата со вакви постови и правила, закони, кој што и дали треба да пишува.
    Ниту една нема право да суди, ставете си го тоа во глава.
    И веднаш форумот ќе ви стане поубаво место.

    Свашта!
     
    На LadyC, ♡BuBaLe♡, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.034
    Здраво
    Едвај дочитав и разбрав на што се мисли,затоа што и јас не ги читам тие докажувања и објаснување за едно исто 3 дена.
    Сепак форум е не може сите исто да мислиме.
    И јас сум од помладите, ама никогаш не сум се почувствувала како да сметам, па ни сега.
    Кога почнав да пишувам имаше многу други членки кои веќе не пишуваат,а кои сакав да ги читам,меѓу кои и @joy1 ,ама до некаде и ги разбирам.
    За развод реков дека сум за,а доколку се случи тоа не дај боже мислам дека би останала сама после тоа.
    Никогаш не се знае што ни носи животот,ама сега за сега тоа е мое мислење.
    Не би можела по двапати да го доживувам тоа.
    Исто сметам дека ако си разведен не мора да значи мора да најдеш некој исто таков за да бидеш со него.
    И тие се луѓе и имаат право на избор.
    Детето не треба да е пречка,но мислам децата највеќе страдаат, особено додека се мали потешко е да им се објасни како стојат работите,барем јас така мислам.
    Јас секогаш си кажувам свое мислење во темава и не се докажувам со никој, гледам да избегнувам проблеми.
    За другите теми алишта ретко пеглам,купувам што не се гужваат.
    Зима со ќебе и јорган.
    Лето чаршав или ќебе,зависи колку е ладна ноќта.
    Готвам кога можам,повеќе мајка ми е задолжена сега,а за мене сама си спремам,а во последно време немам ни апетит.
    Готвено не купувам.

    Го искористив денов за шопинг,конечно се подновив, сега да одморам па на работа трета.
    Нека е живо и здраво синчето @eli25 :l::hug:
    Најсреќен нека му е роденденот на малото Бубале, здравје, среќа и се што ќе посака да има :hug::l:
    Не можам од мобилен да те тагнам се надевам ќе видиш.
    Претерав со пишување, ама си кажав што имав :D
    Имајте убав ден :f:
     
    На fallenangel, ♡BuBaLe♡, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    На човекот едноставно му смета тоа што некој помлад се обидува да му докаже нешто на некој кој има далеку повеќе искуство во животот и затоа и се буни и го разбирам човекот за тоа. Но од друга страна не може (барем јас така мислам, иако сум нов тука) да се ограничува форумов. Сепак ова е јавен форум и мислам дека секој треба да има право да си го каже своето мислење било каде.
     
    На Lejla8 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.