Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.357
    Допаѓања:
    278.853
    Пол:
    Женски
    До сега ни мереа должина на сукњите ,а од сега значи ќе не проверуваат и дали носиме гаќи.А за тоа ќе треба да примат и одберат млад кадар. Интересно,а?!;)
    Манав 3 чаши вино ,се приметува...

    Фала на советите девојки за кремите за бубуљици...

    @Ano нека е здрав и жив бебушот,голем да расте!

    Сакам бебешки мирис ,ама само да помирисам кратко,да погушкам и толку.Не би повторно да дојам две години по цели ноќи...
     
    На Peco, Lejla8, Ane-Goki1 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Е не сум нормална значи. Толку ми стана секојдневие форумот, особено темава, што три саати се мислам и склопувам пост за овде.
    Ама се откажав.
    Ако не пишувам, ама ве манијачам, така да си знаете. :bandit:8)

    Денес правев компот од праски. Две гајби, ми се е*ба мајката. Деца јадат, а и мајка им не е покусо. Кој е за нека повели.
    Ми се оди на одморрррр, кога ќе ги видам сликиве со моренце ми се плаче:(


    Едит
    Нема поубаво и помило од бебенце. Мирисот, насмевката, гугањето, мерацииии
     
    На Lejla8, duffi, Skorpija25 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.286
    Допаѓања:
    85.268
    Пол:
    Женски
    И јас многу сакам бебе ама друг да го роди не ќе се мачам пак ,а шо убави и мили се муабет нема ...на свекор и свекрва и јас ко Сања му се обраќам какви мама и тато едноставно не ми иде ,а мм на моите му се обраќа со бабо ,дедо иако никој не го тера ама подруго е тоа :nod:
    Во градинка не сум одела одма забавиште и немаше ден да не јадам ,,сендвич" учителкава редовно прашуваше со што да биде ,а јас и салата да има кога ќе те плеснеше по образи отпечатоци до другиот ден се познаваа ...многу користољубива жена беше ...
    @Ano здрави и живи со бебушот да сте ... детево подобро ми е барем тт нема ....
    Добра ви ноќ мирни и без карања ...слушајте ги постарите :!: и од нив се учат паметни работи!!!
     
    На Lejla8, Ane-Goki1, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  4. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Јас ги викам мамо и тато.
    Не сакав и во почетокот чекав контакт со очи за да им се обратам. Ама мајка ми ме искара и ме натера да ги викам како што било редот.
    И ептен ми е глупо кога сме сите собрани и ја ќе речам мамо или тато и не се знае на кого му се обраќам.
    Тоа е што е.
    Битно ќерка нема да ја терам да ги вика нејзините така, ни па снаите сакам така да ме викаат. Како им одговара така.
    Прашајте ме пак за 20 години.
    Кој знае каква свекрива ќе бидам тогаш.

    Пс
    Ме нема, ме нема и оп се распишав.
     
    На Lejla8, duffi, EuHenIa и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    163.930
    Дм кога збори пред други вика за моите баба ми и дедо ми, на нив чичко и тетка.
    Технички, баба и дедо му се, неговите се свекор и свекрва, титулите се тие. Од кај па мамо и тато?!
    Мајка ми ги викаше баба ми и дедо ми мамо и татЕ. Дедо ми да беше жив уште ќе го викаше, ама баба ми не знам баш.
     
    На Lejla8, fallenangel, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    Многу е убав и опоен мирисот на бебенца,поготово кога фрлаш 60 литарска вреќа полни пелени:devil:
    Се шалам,нема ништо поубаво од бебе,се надевам наскоро и на свое:sun:

    Презиме одбрав само на м.м во женски род,сакав да си имаме едно исто фамилијарно,а и ми одговара на името.Свекор ми има 65 години,и уште пред брак ми беше глупо да му се обраќам со чичко,36год е постар од мене.Од првиот ден кога ме запозна се однесува со мене и ме штити ко да ми е татко,така и го викам сега,и тоа со ќеиф.Свекрва ми е ептен мирна и повлечена жена,се слушаме ретко,a кога сме во Скопје и викам мамо,и не ми е нешто проблем или да имам грутка во грло,може дека сме на само 1300 км]:).
    Мајка ми па сите деца(машки,женски) ги вика сине:rofl:

    Од градинка ако ми верувате уште го памтам мирисот на мензата8-|,подот од линолеум и крцкањето на столчињата дур се местевме да јадеме,ми буди некои измешани чувства,штознам.
    Првиот ден ме остави дедо ми,пред да оди на работа.По пат се обиде да ми долови некоја фина слика за тоа како ке ми биде,ама попусто-бев гневна.Надвор истураше,а примо-предавањето траеше кратко.Занималната во која бев,гледаше на улица,а јас истрчав на прозор тропајќи и гледајќи го дедо ми во сивиот мантил како се оддалечува,па во лутина замав една од тие дрвените коцки и ја фрлив во прозор.Среќа не го скршив:x.Само тој,првиот ден ми беше трауматичен.После тоа дете ко дете-се заиграв.

    Пред истиот тој прозор од градинката,11 години подоцна го имав првиот бакнеж:tmi:
     
    На M&M, Peco, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Здраво, арни? Јас директ во трета смена, ама обврски денес. Банана, на факултет, кафе од машина и чекање ред на студентски.

    Најголем дел од студентите чекаа документи да ги однесат во министерство за образование за соба во студентски дом. Не знаев никого од нив, а би им кажала дека машко во шорцеви и голи раменици, исто девојка во краток фустан со голи раменици, нема да примат. На портирница ќе им кажат - назад, да се облечете пристојно. Жешко е, ама јавна установа е а вие академски граѓани.

    Го видов Диме Спасов. Јадеше во 7ца. Згоден е. Харизматичен е.

    Ај вработената што не носела гаќи, не носела, ама живо ме занима како тој/таа што пријавил(а) го видел(а) тоа?

    Сите оние кои велат дека веќе не се чувствуваат пријатно да си ги искажат проблемите, јер младите наводно ја оптеретуваат, мора да ги потсетам дека пишувате на јавен форум во тема која воопшто не е скриена. Пред да направам профил чат-пат ја читав темата. Логика еднаква на нула - секој, ама баш секој може да ви ги прочита проблемите, маките и моментите на радост, а вие се чувствувате непријатно јер јас и Камелија, да речеме (пак тебе те земам за пример, ама знам дека нема да се лутиш и имаме слични ставови и секогаш држиме до своето), почнавме да пишуваме тука?
    Па јас пред да бидам член имам читано вжештени дискусии, со откривање на пикантерии за интимен живот, баш на оваа тема, а на некои членови сега им е проблем да пишуваат?

    Јес да сме бивша Југословенска држава, ама според ставовиве, уште стои "И по Тито - Тито", м?

    Допишување во ЛП е јавна тајна на форумот. Кој со кого - не знам, ама добар дел од членките се познаваат, имаат разменето број/фб и слично.
     
    На Lejla8, marama, fallenangel и 6 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    ^А пази логикава на некои кои штo велат дека многу членки не пишувале за своите лични проблеми како порано туку само општи муабети ради тоа што се накотиле многу нови членови кои се воглавно млади.

    Не, туку овде не се пишуваат лични проблеми оти едно време настана хаос, секој со секој се знае и јавна тајна која што се провлекува само овде е дека некои, кои што никој не ги именува имаат кланови и комуницираат преку ЛП каде што на велико се ситат на туѓи проблеми и се откриваат идентитети.

    Aма не! Членки не пишуваат овде и избегаа од темава ради нас помладиве.
    Јеа рајт!
    Спијте си на тоа уво.

    Цитирајте ме и глумете блажени девици за мир и спокој на темава, сите се сакаме и многу сме сложни, овде пред нас само хармонија имало. Слободно проповедајте ама вистината е ова, само некој oдбива да верува во истата.
     
    На Lejla8, fallenangel, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Имам впечаток дека на овој форум, оние жени кои се не-мајки, немажени или некој трет скроз нелогичен критериум, немаат право да дискутираат на одредени теми јер немаат доволно искуство, мали се и ништо не разбираат. Аха да, јас сум од некоја друга планета, па околу мене немам бебиња, свекрви, разведени жени...

    Не сум запознаена баш со тој дел, ама сконтав дека во некој момент ситуацијата ескалирала, а видиш, јас, па можеби и Камелија, не сме биле членови на овој форум.

    Се си мислам дека јас, ти и Камелија, како најактивни млади членови, им бодеме очи, и сме им го смениле текот на функционирање и муабетење. Омилен муабет, зборувам ќерко, слушни ме снао. Не сакам никого да именувам, самите ќе се пронајдете. Оууу да, јер не сме ретардирани и со пречки во развојот.

    Нејсе, зборам и ја за пеглање, ручек, мафе и дом.
     
    На Lejla8, fallenangel, EuHenIa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Милијарда % има оговарање на членови на форумов по ЛП. Тоа не да е просто и глупо, туку и огромно губење на неповратно време. Кој што кажал итн. и тоа на форум со виртуелен ник? Овој кажал ова, онаа она итн. Смешно е. Чување тајни не постои такво нешто. 1 личност дознава по ЛП и пренесува на 100 други. Јас лично не се замарам. Уво не ме боли. Ич око не ми трепнува кажано во БЦ стил. Пошто едно е како се претставуваме на форум, сосема друго е во реалниот живот. Гледам да не дозволувам реалниот јас = виртуелниот јас. Погубно е. Затоа апсолутно е ирелевантно како ме перцепираат и оговараат ситните членови, доколку ги има. Gossip is for small-minded people.

    А ЛП пораки се читливи тоа да знаете, така што приватност во нив има 0%. Ако можеби не од администраторите на фемина, бар од тие што ја поседуваат фемина како компанија, веб сајт итн. 100% можат да ги читаат пораките. Дали го прават тоа не навлегувам во тоа. Можат од едноставна причина што пораките не лебдат во воздух, туку стојат на нивниот сервер во базата на податоци. Пораките не се енкриптирани туку се plain text (обичен текст). Кој има пристап до таа база на податоци има пристап до сите пораки.

    Така што феминки без разлика на годините, чувајте си ја приватноста. Не се доверувајте на виртуелни никови колку и да добро стоите со нив. Ќе ве изиграат, оговараат итн. Затоа може само бош муабети преку ЛП. ;) За љубов, брак, швалерај, ова, она итн. нема потреба да дискутирате пошто секогаш некој чита.

    Само запознавање во живо = може реален и отворен муабет.

    Искрено подобро пишувајте за сензитивни работи преку фб, Gmail и сл. сервиси отколку преку македонски форум (било кој) пошто се знае каков е македонскиот менталитет.
     
    На Lejla8, mareane, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.880
    Се искажавте? Спомна некој заминување заради вас?
    Не.
    Не сакате воопшто ни да го разберте мислењето и упорно убедувате дека вие сте во право.
    Предалеку отидовте со мислењата. И двете. А воопшто никој не беше нападнат вака на дрзок начин како што вие тоа го правете.
    На крај Пецо во право ќе излезе до збор. Сами си демонстрирате.
     
    На Peco, Lejla8, Ane-Goki1 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    А нели мислиш дека ти претеруваш веќе на два пати со пребурна реакција?
    Не сум дрска спрема никој освен спрема оние кои ќе се пронајдат дека оговарале и откривале идентитеи. А ти нели беше една од тие на кои и се ситеа по ЛП?
    Добро ме држи сеќавањето дека беше така. Секоја ок членка од овде нема да се најде прозвана, а за тие што знаат дека прават ујдурми по пораки слободно нека се вреѓаат.

    Ок, сфативме дека тие сме 4-5 души кои бодеме очи овде. Ама бидете доблесни па кажете како што е. Немаше да има ваков проблем доколку не се посочеше кој смета туку сите вртите нешто во завиена форма.

    И да, една членка напиша, ама не ми текнува која, ќе побарам па ќе ја цитирам. Баш така пиша, дека ради новите членови и помлади веќе не се пишувале проблеми туку само општи муабети. За тој пост конкретно се однесуваше.

    И Јуле апсолутно не треба да си полицаец кој кажува дали и кој претеруваа. Впрочем сите некогаш сме ја напнале темава со нешто и ?

    Ако гледаме така мажи не ви сметаат а ставате слики од себе подоцна се збори за секс. Нема врска тоа ама помлади од 40 зошто да пишуваат во темата нели?
    Жена на жена очи вади, тоа се гледа и овде.

    И не, без разлика на името на темата Пецо не е меродавен за да дели правила овде зошто прв го прекршува основното правило.
     
    На Lejla8, Skorpija25, ♡BuBaLe♡ и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Ама зошто вака, барем тагни не. Или ај сами ќе се најдеме во муабетот.

    А јас мислев дека си океј личност. Не може личност која вели дека некој, небитно колку години има, "продава муда за бубрези" да биде во право.

    Двојни аршини, де, пред некој ден ми стана повеќе од јасно. Ја зборам дека сме биле со две големи коли, поентата е дека не може да се напикаат било каде, зборам дека сум незадоволна од третманот на газдата, а вие се фативте за тоа што сум пишала лимузини? Па јас никаде не пишав дали колите чинат 2 или 20 илјади евра, вие ги испревртевте муабетите дека сум глумела надменост.

    Провидни сте и тоа многу. Кажав и претходно, многу членки овде се имаат пофалено дека уплатиле за стан, купиле плац, купиле кола, со полни усти ги имате фалено. Ама, не, толку сте мали, да моето фалење во завиена форма во пречи. А добро знаеме сите колку може да чини една кола а колку еден стан или куќа. Океј, не дека нема коли кои чинат исто како и целосно опремен стан, ама немаме доволно години и сеуште не сме стигнале на тоа ниво.

    Како и да го завртиме муабетот, некои личности мислат дека се до толку битни и дека темата е нивна. Небитно е тоа што допишувањата по ЛП брујат од оговарања за прлично шкакливи теми, небитно што некој е толку дрзок и се дрзнува да каже дека мене не ми е местото во оваа тема, небитно што драматизирате со свои лични проблеми, битно е тоа што јас имам деЦки проблем.
     
    На Rubiii, Lejla8, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.888
    Допаѓања:
    173.470
    Пол:
    Женски
    Како јас сега..
    Во иста ситуација сум..
    Изигравам болен Дојчин ..
    Ама нема јас што сакам.. среќа па не работам во ј.администрација, да им отидам без гаќи:emo:


    Да не се мачиш @manja666 да бараш за цитирање, јас пишав :hai:


    Џабе и се нафрливте на Јуле, не бидете смешни... и детинести
     
    На Peco, Lejla8, Ane-Goki1 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Офф Даст дај да не се правиме на Тошо.
    Јуле ни се нафрли нас.
    Таа не посочи, јас не памтам некаде пред тоа нејзе да и се обратив или да ја цитирав.

    Може мислиш дека е во право и ок е.
    Само не вели дека ние ја нападнавме неа.

    Си кажав што мислам и не можам да разглабам повеќе.
    Слободни цитирајте и тапшајте по рамо.

    Лека ноќ.
     
    На Lejla8, ♡BuBaLe♡, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    101.647
    Пол:
    Женски
    Ме терaте вo 5 сaбaјле дa превртувaм oчи.
    Упoрнo еднo истo верглaте.
    Сo стрaници нaнaзaд.
    Мислaм декa е време @RainBow дa јa зaклучи темaвa дa се смирaт стрaстите.
     
    На Peco, PUPICA, Lejla8 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    43.669
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Кафе и цигара. ( во глава ми се врри една песна) ооо каква ноќ ...
    Многу за срце си ги ставате работиве од форумов.
    После затворање на фемина табов си продолжувам со животов .
    Зошо толку сериозно

    И се нашминкав малку , да не ме прашуваат во градинка.. Фрау ... сте плачеле? Потечена во очите сте :wasntme:

    Денов стандардно ќе биде напорен. Вози ваму, вози таму ..
    Ама па не сум на работа .. позитивно нешто :sun:
     
    На Peco, PUPICA, Lejla8 и 19 други им се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.978
    Допаѓања:
    112.592
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly јеп, така малкуцка или малку повеќе :$


    Мене веќе ми е ден, па добар ден, од 6ч сум будна, чекав до 7 и почнав да растропувам :sun:

    Обврска на дневен ред ми е ручек да спремам кој го мислам со денови и алишта да средам ако не ме мрзи, ама сигурно ќе ме мрзи :wasntme:

    И тоа..
    А да вчера парите од роденден не ги потрошив @duffi и во Молот ништо нема, ДМ ми беше последна опција ама не стигнав до таму :| ќе си ги чувам, во посебно делче во новчаник веќе ги пикнав!
     
    На Peco, Lejla8, Ane-Goki1 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Добро утро и од мене, после подолг период.

    Кликнувајќи на темава често ме навраќа на првата страна, на она прво мислење од Луничка.
    Сосема случајно, но можеби често, посебно кога нелогирана ја читам фемина, наместо на последната страна се враќам на таа прва и го читам нејзиното мислење.
    Секој нареден пат, враќајќи се на последната страна, истото ми станува се подалечно и подалечно.

    Моменти на некоја носталгија можеби, во повеќе наврати ги пролистувам и првите страни, мислењата од останатите жени.
    Ликови кои повеќе не се активни и одамна не споделиле делче од своето секојдневие. Толку вистински и реални, сме го пиеле утринското кафе, сме споделувале толку болка, тага и радост а сега само никови запишани низ страните од минатото.

    Помислувам на @ozbilnazena и нејзината смиреност @imelda и сите нејзини штикли и тие чудата за на нозете, @anel и сите нејзини готвчки специјалитети, уметничката душа @do-re-mi
    ...Колку само сум уживала во секој пишан збор од овие жени. Од нив и од многу други чиј ник не го гледам повеќе помеќу актуелните мислења.

    Колку фали нивниот пишан збор.
    Доколку ме читате од некаде, пишете, пратете абер дека сте ок. Фалите.

    Голем дел од жените ги има се поретко и поретко. Потајно се надевам дека едноставно се презафатени но не го заборавиле форумот. Од време на време ќе шкртнат некој збор, колку да знаеме дека се е во ред.

    А тука е и онаа трета категорија. Оние со кои до неодамна се пиело утринското кафе, се делело многу повеќе од виртуелниот простор во ова катче, а сега ги приметуваме низ сите останати теми од форумов освен оваа, нашата, најомилената.

    Некои ликови често се тагираат, се повикуваат да се вратат, да бидат повторно дел од ова мало катче.
    На жалост, од другата страна е секогаш молк.
    Сте се запрашале ли зошто ги нема?

    Точно, се се менува.
    Се менуваме и ние, се менуваат нашите приоритети, нашите обврски, нашето секојдневие а со тоа и потребата да се пишува во една тема.
    Но дали е тоа вистинската причина?

    Лутајќи низ страните на темата често сум налетувала на голем број дискусии кои биле корегирани и се чуствува отсуството на делчиња од истите. На голем дел од истите сме биле и сами присутни.
    Дискусии во кои биле вклучени сегашни и некогашни активни учесници од ова катче, дискусии чиј расплет резултирал со нечие повлекување од ова ќоше.
    Никој не може никого со сила да го принуди да пишува тука, исто како што не може со сила да му го забрани истото.

    Зарем морало така, на таков начин, со таков тон или избор на такви зборови да се водат некои дискусии?

    Зарем не е нагласено во првиот, воведен пост, опуштено и без навреди?

    Без зборови кои ќе испровоцираат некого, без зборови кои ќе го здоболат некого, збез борови кои ќе внесат немир кај некој кој само сакал да се релаксира во ова наше ќоше и да побегне од дискусиите од типот политика и сл.

    Стана практика, од време на време, да се прелева чашата и дискусиите преминувале во лични преписки помеѓу членовите или некој да се почуствува како мета на нечиј напад.
    И не, не е ниту детски ниту лигаво да се повлечеш од катче кое не го доживуваш на начин како порано. Кога наместо место за релаксација ти влијае на поинаков начин.

    Што стана со она наше ќоше каде се споделуваше секојдневието на на оние плус/минус 40?
    Не зборувам за луѓе вадени од калап, со точно 40 год., маж и деца.
    Едноставно за мажи и жени, независно од брачниот статус, кои се на приближна возраст од онаа која ја спомена Луничка, на помлади сопруги, независно со или без дечиња, кои имаат слично секојдневие кое им го наметнуваат обврските.
    Без напнатост и без дискусии каде постои очигледен судир на различни генерации или политички ставови.

    Се сеќавам една членка, мислам @sanjaeva, на денот на раѓањето на две форумски бебиња, пиша дека некои станаа тетки на едно, некои на друго бебе, а она е тетка на две бебенца.
    Кога престанавме да се радуваме за секој еден кој е дел од оваа тема, кога дозволивме да се отиде предалеку со дискусиите, кога несвесно се започна со заземање страни и при делење на радост.

    Често си го поставував прашањето дали и темава се смени.

    Да, се смени, до сепен на непрепознатливост, уште пред да почнат да пишуваат @manja666, @CameliaMiller @Rebecca_R и др.
     
    На green.eyes, Rirri, M&M и 36 други им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Кога би сакале сите од овде не само да ја прочитате Дани, туку и да ја разберете, со егото, гордоста и самобендисаноста на страна, ова катче ќе стане повторно такво какво што некогаш било а го опиша таа.

    Само да потенцирам, има прекрасни жени овде. Не сакам да ги именувам ниту да се додворувам, едноставно ги почитувам.
    Тие ќе разберат, знам.

    А јас и останатите, да можеби сме премногу млади и помлади од вас, ама читајќи го постот сфатив нешто и ми стана јасно.
    Не сме совршени, ниедна.
    Ама кога ќе ни се укаже на нешто па макар тоа да е само едно виртуелно катче, за момент барем да се сложиме дека сите грешиме.
    Без разлика од кој табор сме, секоја една од нас може потпис да стави на тој пост и да смени нешто.
     
    Последна измена: 16 август 2017
    На Val-Dim, Rebecca_R, Lejla8 и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.