Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    98.516
    Бошке ме изнасмеа за куклата:rofl:.

    Мојата комшика, исто прво одделение, некни на првиот ден замина со круна на глава8-|:rofl:.
     
    На mira.mira, bittersweet, sanjaeva и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.282
    Допаѓања:
    260.911
    Пол:
    Женски
    Ништо не им е јасно што им се случува :) циркуз без пари :lol:
     
    На sanjaeva, duffi, Dadusicka и 8 други им се допаѓа ова.
  3. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    8.526
    Хелоууууууу!!!
    Три дена, ко воз да ме прегазил сум. Дали од што треба да добијам, а месецов ни м од мафе сум имала. Не сме во добри односи со мм, мислам он се си признава и вика дека згрешил и дека нема да се повтори, ама..... Мене некако не ми се верува, зошто не му е прв пат.
    Синојка ми се повраќаше, не знам од што. Притисоков не ми е арен, немам сила, не ми се мрда, а знаете две деца. Треба крвна слика да правам. За деца - само ќе речам на сите што си сакаат, господ да им даде деца. А тие што лаат кучките, нека им е на чест.
     
    На mira.mira, mal.ecka, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Гарантирано испробано ефикасно! Ем сита ем вита
     
    На mira.mira, Petar80, WORRIED.BT и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Нема друго чаре,ќе мачам мака со бананите,можела не можела ќе голтам некако-све због лепота:rofl:
     
    На dunika, Dadusicka, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  6. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите, поздрав од сончевиот Охрид :). Со Господ напред утре за Грчка ќе одиме ама овие неколку дена како сум се одморила. Вчера ми се е*а денот со главоболки и разни други болки :) ама пројде.
    Ако за стари мајки се збори јас ѕверкава на 35, а бебушов на 37 би дошол. Ако биде се ко што треба до 40 и трето ќе сплескаме па нека ме викаат стара до утре сабајле. На 25 ко се мажев не можев да родам до 35 родив мечка за да се оствари желбава моја а сега за една год јас два пати трудна останувам, па нека ми спомне некој биологија да му ја треснам од глава, демек на 25 поплодна сум била жими ашима.
    За големава ( хи хи прв пат вака ја нарекувам ) си ги истерав сите адети по пропис ако имаше 10 месеци, и мекици и 40 дена и повојници и се....сама си однесов мекици на работа, ме зезаа колегите леунка сум да не се мачам многу :D
    Инаку Охриѓанки многу ви го сакам градот ама со лизгалкиве во центар како ме зезнале, цел ден сме виснати таму, која сака да ме запознае ќе ме најде таму
     
    На mira.mira, azelea, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.089
    Да не генерализираме ама децата на тн старите мајки се поинтелигентни, а мајките постабилни и подобри мајки.
    Да не дирам лава док спава (ќе ме степате сега знам), ама нели така се пишуваше? А и од околина примери гледам дека стварно е така.
    И да си млада мајка си има предности, ама ете ова е на страна на другите.

    Него битолчанки, убав ви е градот ама многу. И вие со него морам да признаам. Средени и скоцкани, ама видов нешто што многу ми падна ... глупо. Приметив многу млади мајки, скоцкани од глава до пети со деца подпораснати, исто така скоцкани и така исперчено прошетка по широк сокак. Ми дојде неубаво. Децата како моден детаљ. Им сскаат низ заби како да одат, да не се пипаат да не се растураат.
    12 попладне беше, жешко, она стегната и во тоа паркот на шипките вежба со тон шминка на неа. Мислам "вежба", а децата по неа чекор да направи, они по неа. Дотерани што да ви кажам.
    Поминуваат две со по две деца, лижат сладолед и ти прави непријатен ај контакт, тргаш поглед она уште те гледа, па и дечко ти успат.
    Мајка, татко и деца на точак исто така во 12. Сите соодветно исподотерани. Велам исподотерани сите во складни бои. Жешко да пешачиш, не па на точак...
    По широк сокак состојбата иста.
    Минува семејство, малиот јаде сладолед и татко му ечи нервозно - Горјан, полека да не се накапиш ќе треба да те натепам после!!!! Горјан у кошула испеглана, залижано фризурче со бричен патец, фармерки, едвај 4 години дали имаше. Си викам е алал, срамота е да се накапе, не е срамота што урлаш со закани. Облак парфем околу него, до степен на некултурно, ако не си доручкуван на желудник ќе те мавне па и ќе ти се згади.
    Подоле една млада мајка со замашни облини и три деца. Исончана во краток шорц, наочари симнати ниско на носот, гледа над нив и исперчена држи по едно дете од двете страни и третото го држи братчето и така горда, зафатен повеќе од пола широк сокак, се прошета. Такоѓе исппдотерани фул и децата баш како привезочиња. Некое ќе направи нешто типично детско, ќе се завлече, она мислам раката ќе му ја искорнеше што и отстапува од сценаријото.
    Зошто така?
    Верувам дека и низ Скопје е така, ама поголем град и не е се така интензивирано на едно место за да го видиш така јасно. Не дека не го имам забележано, но ова ми дојде многу често одеднаш. Се вртиш и само тоа гледаш. А генерално состојбата верувам дека е таа со сите млади родители по сите градови. Да не ме сфатите погрешно дека Битола ја амфасирам. Ма да и луѓево кај кои бевме, истото го рекоа дека чуден феномен се случува со младите родители.
    Све о свему, не ми оди во памет како може да е родителство моден детаљ, па и таа фама со млади мајки. Тоа е од многу инстаграм гледање. Дека ќе се напукаш во фустан, ќе се нашминкаш ко од моден блог, на детето ќе му облечеш нешто неудобно, па и марама на врат ќе му обесиш на топлово, сите ќе си речат леле уау, алал да и е како се средени?! Не...
    А се извинувам и количка Косато или Стоке. Се подоле е комплекс.
    Кој како сака нека сфати, ама не можам да не помислам дека се работи за врло веома глупи особи. Дали се од Њу јорк, Битола или Скопје, малце неарно ми се гледа да тераш мода на детски грб.
    Прво трауматизираш дете со твоите комплекси, а второ себе си правиш нездрав притисок.
    И таа опсесија и мода за младо рпсителство, влезени во инста филм гледајќи примери од луѓе кои се милионери и сето тоа е со леснотија изведено.

    Ќе ни се наплатат скапо овие бубачки за една декада.
     
    Последна измена: 6 септември 2017
    На mira.mira, azelea, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Лилит сето тоа убаво и точно си го забележала.Колку потешко се живее во градов,толку се повеќе во филм некој влезени.Не ми е јасно ама баш ништо,како од друга планета се осеќам во сопствениот ми град.Широк сокак секогаш важеше за збирно место.Дотеран да си да,притоа се мисли на малку шминка,коса средена и чисти пеглани алишта,на нозе салонка или сандалка летно време.Но овие години,стана место каде се шетаат облечени некако како за на свадба,или вечерно излегување,чест на исклучоци.Стариве битолчанки,секогаш беа средени-скоцкани,но ова е веќе отповеќе.Баш од вакви причини избегавам и да поминувам по сокакот,само ако има некоја потреба,ако не би го заобиколила.
     
    На azelea, ph.orhideja, simonka93 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Битoлчaни oдaмнa пo светoт се, пoзнaти oд стaрo време гaтербaјтери преку oкеaн, сите имaaт некoј пo Америкa и Австрaлијa кoј пуштa пaри пa дa се види рaскoш :D Акo грешaм се извинувaм, aмa ми се чини тaкa некaкo пoчнa нaтпревaрoт -нaјдoтерaни.
     
    На mal.ecka, dunika, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.722
    Допаѓања:
    274.089
    Хај женски :)
    Се прибрав дома, а уште недојдена почнав да смислувам што да правам. До среда сум на одмор, ќе шекнам дома :)

    Мајка ми ме има мене родено на 23, сестра ми на 36.
    Од гледање на мојов живот (и нејзиниот) гласам за "стари" мајки. На 36 веќе и дом, и образование, и кариера, и шетање... Се' си има пројдено.
    Ни во сон немав намера да раѓам до сега, а и сега не мислам дека ми е време. Има други работи што треба да се средат претходно :)

    Поздрав од Писо Крионери, кој не бил во Парга - да оди (и да си носи столчиња за на плажа пошто се дрогираат со цените), кој бил, пак ќе оди и така :)
    IMG_20170905_164902.jpg
     
    На fina erika, azelea, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.181
    Допаѓања:
    276.806
    Пол:
    Женски
    Не сум битолчанка ,ама 4 години сум поминала таму.
    Битолчанките одсекогаш важеле за госпоѓи ,секогаш дотерани ,со стил...Однадвор гледани понекогаш делуваат како надмени,неприступачни,но одкако ги запознаеш подобро се многу скромни и дружељубиви.И пред се многу големи домаќинки.Во нивна куќа несредено и незготвено нема да видиш.
    За помладиве сега не знам ама за таа средна генерација сум сигурна ...
    Е сега Широк Сокак секогаш бил место за шетање,дружба,релаксација,шопинг,барем јас така го доживував во тоа време.И сега ми недостасува акањето по него (и низ стара чаршија),од бутик во бутик на -20 само за некое парче гардероба.
    Само ми е жал што Битола од пред 20 години е истата,како да тапка во место...
     
    На fina erika, CameliaMiller, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Јас фино, мармалад и путер, кафе и читам што има.

    Петок неработен, закажана дружба. Не дека мене ми менува нешто, сеедно ми е дали е вторник, петок или недела, ама оние кои работат - немаат друга опција. На моменти си размислувам дали вака е подобро, или работно време од-до. Голема предносте е тоа што можам да бирам кога да ги завршам работните обврски, одмор кога сакам, кафе и вечера кога сакам, ама некогаш тоа знае да се оддолжи до бесконечност. Кога знам дека е лабаво и немам многу работа, губам време на небитни работи, пример гледам К-15. Работно време додека сум на овој режим нема да има, така да... :?:

    @CameliaMiller :hug: добредојде!

    На темата на @Lilit точно знам што сака да каже. Инаку и во Скопје ова е тренд, ама во Битола веројатно сите на едно место, па премногу очигледно било.
    Налицканите мајки и дечиња од инста за тоа земаат пари. Што повеќе следбеници, тоа повеќе лајкови. За сликите користат професионални апарати, добиваат подароци, им плаќаат да рекламираат облека, ташни, наикит или патики, да речеме. Пример, свеЦките јавни фаци земаат пари за секоја слика. Покажала цицка - па ќе покаже, за големи суми правиме муабет.
     
    На fina erika, CameliaMiller, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.089
    Премногу за метар квадратен.
    "Средени" до степен на невкусно и некултурно.
    Ок е све тоа, ама зошто бре децата?! Да ги остават да си бидат деца.
    А генерално секаде во државичкава се дешава помодараки тренд на тазе млади родители и ваквите бубачки.
    Смешно ми падна со неколку другарки, па тажно. Они све тоа го гледаа и им се виде супер. Мислеа тоа е тоа сликата, убавата страна на нештата. И останаа трудни.
    Неподготвени за нешармантната страна на бременоста. Како некои трудници често имаат гасови во незгодно време, или некои потпуштаат урина, некои ждригаат нон стоп, на некои утринските мачнини им траат уствари цела бременост, носот никогаш не се враќа назад, стапалата исто така, стриите се засекогаш. Замислете како е да ви се случи да пуштите гулаб во друштво, а толку ви е битен и изгледот и туѓото мислење? Страааашно беше. Па бебе има месеци адаптација со грчеви, не е секогаш слатко, некогаш ќе те искака и исповрати, ќе засмрди полошо од слатко, и да, од сега па натака ќе бидеш 100 проценти присутен кога е оно во прашање. Епа помодариве не го знаат тоа се дур не им се случи и тогаш е шок!
    И све тоа го гледаш дека почнува да изгледа многу лошо кога ќе ја видат реалноста, хормоните ќе го одработат својот дел, мажот поинаку доживува и не сфаќа, а е рамно површен и здраво постпородилна депресијо. Сум рикала у солзи заедно со другарка ми и се смеев паралелно. Не знаев како да и помогнам, од друга страна плаче и ти вика, ама не можам да излезам кога сакам, ќе му се прицица во кафич, само моево ли е вакво без ред?!?! За бебе од 3 месеци. Па ти вика нема назад сега. И плачам зошто она плаче и се смеам. Што друго да правам?
    Познавав пар што одеа до таму дека сакаат девојче зошто девојчињата се послатки и поинтересни за дотерување. Им дари господ машко. Кога го дознаа полот во жалост беа...сериозна жалост.

    Тоа отприлика за младите родители...
     
    На azelea, CameliaMiller, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Бт,ми е во душата,си ја сакам,но отиде во погрешен правец.Сега и по мене некој ќе фрла со дрвја и камења,но таа е реалноста.Еве еден пример,свадба се закажува во ресторан,а невестата се кара со својот татко.Има посебни барања,за ресторанот,за декорациите,и сл,видела некаде на интернет,или незнам каде.На крај се заканува,или ќе биде како замислила или ништо од свадбата,а овај оди по неа и ја моли (facepalm),ќе се снајделе некако да и се исполнат желбите.Се поголем број на бракови се растураат,баш поради тоа што не можеле да шетаат како порано,немање доволно пари за да се дотера како што сака и еден куп други пропратни работи ако не можат да се задоволат.Притоа напоменувам дека во градов се потешко се живее,мислам на финансиска страна,многу веќе се иселија,а се во план и многу семејства.Овие кои се тука,ни сама незнам како и на кој начин,но мора да се предотерани,во козметички салони треба да се закажи совреме оти место нема:tmi:.Си ја сакам да ми се врати старата Бт,културата која дишеше од секоја коцка на калдрмата,и убавите елегантни жени и девојки,ама мало морген.
     
    На azelea, CameliaMiller, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    @Lilit Фино си го сложила постот, сите сме сведоци на последиците од инстаграм, посебно кај жените. Ама не е резултат на тоа што се земале млади и неискусни, просто такви луѓе се.
    Имам другарка која што стана мајка на 20, и друга која што сега роди на 31 година. Помладава е апсолутно позрела и подобар родител. Не е мое да судам, ама ги гледам па знам.

    Овие денешни позерки, инста модели се уфилмале после само 2-3 лајка од странски профили со по 35к следачи.
    Мене инстаграм ми е феномен. Толку луѓе станаа опседнати со него, толку многу влегоа во тој свет, ко опсесија им стана. Со ставање на фотошопирани слики кои мора да се перфектни и по 20 сториња дневно.
    Јас мислам дека да ставам повеќе од 5 стори на ден, ќе полудам и нема да знам што да правам со профилот, потполно би ме излудело.
    За некој што тоа живот значи сфаќам дека веќе данокот е земен. Да се биде ин, да се биде модерен, да се биде лајкуван и следен е болест на денешницава, болест на зависност.

    Па оттука ништо од ова што го збориме не ме чуди. Ни запоставени деца, ни измалтретирани, ни скршени кичми од правење селфи.
    Едноставно светот полуде.
    Ама не е до возраста, туку до паметот. Ако си воспитан и ако си добар родител, тоа ќе бидеш без разлика дали раѓаш на 20 или на 35 години. Може полежерно ќе ти е во некој поглед, ама суштината е иста.
     
    На azelea, CameliaMiller, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Пак се расфрлате со генерализации.
    Мајка ми двете не добила млада , на 22, третото многу покасно.
    И сега каков родител е?
    За мене најдобар!
    Тројцата сме исто воспитани.

    Добар ден!
     
    На fina erika, MacenceEna, PUPICA и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.089
    Убаво пишав, да не генерализираме. Ама за да извлечеш нзс и полесно да се дефинираат нештата некој таму вадел просеци кои одат и надвор од правилото.

    И јас не сум дете на стара мајка и сега?!
    Зошто мора лично да сфаќате одма дека некој вам ви се обраќа или на вашата мајка?!
    Затоа секогаш има расправии по темите. Ќе се најде некој што е увреден лично.
    Башка заебанцјата е на моја сметка, ризикував да ме степате. Можда беше грешка што не ставив смајли за да не ме сфатите пресериозно.
    Каков? За тебе како што кажа најдобар.
    Ама за третото најискусна и најзрела. Не била сигурно иста.
     
    На ph.orhideja, kuc, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Тоа е веќе друго. Не се пронаоѓам ама родители има секакви. Имало и ќе има.
    Секој сака најдобро за детето , само тоа најдобро за секој е различно.

    Се разбравме. :)
     
    На CameliaMiller, Jas!, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    И јас околу мене имам неколку мајки кои родија на 40 па живците веќе на пола им се отидени. Постар - посмирен, убаво звучи ама не е секогаш така, освен ако не се редовно со хепи пилс. Од друга страна со младоста често оди и идеализирање и тоа не е секогаш лошо. Си живееш во розовкаст свет па дури и кога наидуваш на проблеми пак не се толку страшни оти веруваш дека ќе се промени на подобро. Имаш повеќе енергија, имаш иднина пред тебе која уште не е извалкана од реалноста, оти очила имаш розови де.
    Значи заклучок -едните со розови очила, другите со розови апчиња :D Сите сме добри мајки :D
     
    На azelea, CameliaMiller, MacenceEna и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Па и јас реков дека дека ќе ме степаат,но муабетот не беше за годините на мајките.Еве ќе си кажам,нашиот град беше конзулски,град на клавирите,немаше куќа градска ,а да нема клавир.Жените од секогаш се облекуваа во Солуна и Стамбола.Дома ќе се исчисти,зготви,и на преслекување и вадење витлерите од коса,потоа дома се седеше со чевел или салонка.До продавница одење важеше правило коса да е средена и кармин да се има,ќе речите претерувам,но не,гледам дека баш овие години се претерува.
     
    На mira.mira, fina erika, azelea и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.