Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Кафе, цигара и фемина пред работа.:)
    Вчера не знам што ми стана, никако не можев да спијам, свежа како 12 часа да сум спиела а не како да сум будна 30 и кусур часа, видов не видов накај 8 се јавив дека не одам на работа, на татко ми му пуштив порака да не доаѓа дома ќе бидам а на мм заборавив, си легнав со децата во 9 тој вртел, пораки пуштал, паники направил, му текнало да му ѕвони на татко ми па тој му кажа дека дома сум не сум отишла на работа, сакал да се кара сабајле кога дошол ама многу слатко сум спиела па му поминала лутината, сум му должела (секс) услуга.|((facepalm):lol:

    Пари само за казни ме нервира кога давам а манекенот мој не само неговите казнени поени туку и моите ги дотолчи со казните.:@:@
    Порано не ми се даваа пари по ресторани ама сега со децата, работата со мерак барем еднаш неделно си седнуваме на ручек, вечера, одмор малку од готвење, чистење, време само за нас.

    Некогаш не сакам да плаќам полна цена за нешто што мислам дека не вреди толку пари, гледав пред некое време чизми $300, после некој ден имаше распродажба се спуштено освен тие чизми и не ги купив ме фати инает а кога ќе размислам дека давам $500- $600 за цигари а за чизмите не ми се даваа пари а бомбона беа.(facepalm)(facepalm)

    @vitamina таму и под кирија кога сте плаќате council rates?
    Тука сопственикот ги плаќа, ние за двете куќи под кирија си плаќаме, во тоа спаѓа ѓубретарината, кираџиите само водата ја плаќаат, другото ние како сопственици.

    Околу чистењето по дома сега имаше една на Инстаграм што има две мали деца, дома седи и ставила слики као еве како изгледа реално куќа на мајка со две мали деца, едното околу 2 години другото 9-10 месеци и ми се згади животот.
    Шпорет не исчистен со месеци, алишта прљави купишта по куќата, брдо немиени садови, прашина за извоз онака цели туткали и најгадно беше наткасните во спална прекриени со употребени пелени.:puke:
    Имав и јас три деца испод 3 години, куќата никогаш не била таква гнасна, пелена можела во моментот додека ја сменам да биде во спална после тоа во ќеса и надвор во канта ако било навечер и не ми се излегувало надвор имав канта во гаража само за пелените, сабајле право во кантата оделе, не знам како спиеле со толку прљави пелени во собата, можеби е нејзина реална слика за мајка со две мали деца ама моја никако не била.:x

    @Sesil умрев од смеа сабајле со маж ти, онака го замислив како мало дете демек ако не излегуваш сите работи ќе ти ги фрлам, син ми ако нешто не му е погодено одма телефоните во канта ни ги фрла.:rofl::rofl:

    Со закаснување @Val-Dim среќен роденден на синко:party::party:
    @green.eyes среќен роденден на сопругот.:party::^:
    Имаше уште некој ама не ми текнува кој, стара жена излапувам веќе.:rofl:

    @EuHenIa чекам и јас сега попусти за чизмите, на попуст најскапите се околу $50, полна цена околу $100- 150 тоа високите до колена што се.

    @referentka татко ти да не сеел семе на повеќе места затоа двојнички толку имаш.:wasntme::lol:
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, eli25 и 28 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    @bittersweet да плаќаме. Без разлика дали кирија или твое.
    150 фунти за стан за куќа е поскапо.
    Реално премногу пари се фрлени.
    Во никоја друга еу држава не се плаќа толку туку некоја минимална на годишно ниво.
    Плус струја вода и плин на 3 месеци. Тие се солидни суми.
    Кириите изгор.
    Една плата една кирија!
     
    На eli25, mareane, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.875
    Допаѓања:
    99.710
    Битер, јас тоа го гледам кај комшиката. Ем ќерката е прво одделение, поголемка, а малото и е 1г. и 7-8месеци. Дома не знам какво и е, ама кога гледам дека фрла огромни ќеси пелени од внатре... го подврзала ќесето, ќе испука од памперси:x. А ѓубре од дома изнесуваат во црна ќеса, не знам каде го чуваат и на колку дена фрлаат. Страшно. Ќе се угушат од смдреа луѓето, ама мрза ги командува па не може да биде поинаку.
    Контејнерот за ѓубре и е 5-6 чекори од влезната врата, ете до толку не може да се мрдне...
    A жената не оди на работа, малото во градинка, големата на школо, па не е нешто со обврски преоптеретена да речеш стварно нема време.

    #маалскаоговарачка:tmi::D
     
    Последна измена: 26 октомври 2017
    На Viktorijaaa5, eli25, Dare 31 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Празнични денови.
    Што е тоа?
    Овде еднаш 2 3 има.
    За божиќ, велигден и голема богородица.
    Толку.
    Блазе ви..
     
    На Skorpija25, eli25, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Ептен работна нација сме тука.
    Само божиќ им е неработен.

    Личи на есен, а не е есен.
    Жолти лисја, врне, си зедов палто демек ладно е и се препотов сега.
    За на куси ракави е надвор.
    Ако не облечам палто, по некое чудо ќе измрзнам и пак болна.
    Врти сучи, морам да се разболам.
    Ни кафе ни апче помогнаа за главоболка.
    Да се најде некој храбар да ме измасира, батко ќе му речам.

    Изгледа благо се прејадов. Сега солено ми се јаде.
     
    На eli25, mareane, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Само шо пиев кафетин. Ми трешти главата од времево скиснато :D
     
    На eli25, green.eyes, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  7. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден иако уште малку и ќе се стемни. На сите ви посакувам убав ден. @fina erika ја бела мачка не видов пред мене, не се ни сеќавам кој ме крена :( баш ми е жал што не те забележав. @bittersweet не ми кревај јадови сега со чизмите ќе ми ги праќаш по авионска пошта :D умрена сум за такви.
    Едвај чекам утре денот да заврши и слободна сум викендов, конечно.
    Дојде ноември, помина годината, кога како не ни осетив.
     
    На Skorpija25, eli25, fina erika и 15 други им се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Вински мушички или оние молци? Веројатно првите. Можеби некој комшија прави ракија, па од комињето. Ако се другите пробуричкај да не имаш некои садови со мусли, ориз, грав, пченица, брашно...

    Н-е-м-а :!:
    Нели го утврдивме тоа вчера :D
     
    На eli25, Dare 31, fina erika и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.909
    Допаѓања:
    173.595
    Пол:
    Женски
    Не е ова на место на дупката до саем? Или целиот плац е "жртва"? Ера сити..глупост на ниво.
    Не е убаво ама нека им е..

    Каснам со темава ама....:!:
    Мразам само кога давам пари за казни и нешто што не е за мое/наше уживање..
    Ако сакам да перам на скапа, не жалам пари.. Сакам во ресторан да јадам цела недела, пак не жалам. (По)скапо парче облека, обувки исто така не жалам...

    Ѓубре ако не исфрлам се што ми е по дома на 2 дена, мислам ќе се мрднам:D немам доволно за секој ден да фрлам, ама ако имам, би фрлала секако.. Комшииве до мене се со 2 мали деца, ама сега не се и толку мали за пелени. Амаааа порано..:drunk: свекрвата идеше еднаш неделно за викенд и генералка правеше и само тогаш ѓубре се фрлаше. Да дојдам на децата да им зачистам..во себе си викав - ооохх жено остај ги да се удават во ѓубре.. Сега нешто болна е, инаку уште ќе чистеше. Сега не гледам кога фрлаат ѓубре, па и на кафе да ме викне ќе ми биде страв да одам:lol:

    За глувци до утре можам да зборам. Ама не сум гадлива..
     
    На Viktorijaaa5, eli25, Dare 31 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    :!: памтиш што те прашав, нели? 8)

    Денес сум цел ден некако :(
    Дојдов без идеја шо би пишала,ве исчитав и се подрасположив малку. Но ме дрма некој немир во душава, некој страв, некоја депресија...:worried: :(
     
    На fina erika, mareane, kuc и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Јас фино, банана, кафе, млеко и се со ред. Времето прекрасно, искористив шетање со кучката моја. :sun:

    Ѓубре фрламе секој ден. Преку лето фрламе и два-три пати - една шопска да направиш и една лубеница да исечеш доволно е да се наполни корпата а и брзо се засмрдува.

    @JuLleE капути во машина да, ама ако се така постари и поевтини па и да се уништат да не е голема штета. Инаку капути никогаш не переме пред носење, само кога ќе се нечисти.
     
    На eli25, fina erika, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  12. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.455
    Добар ден
    какао испиено на тераса на ред маслинкички.. На работа ми текнува дека си купив швајЦарско чоколадо идам дома маслинки гнетам боже мили:)
    За глувци како мала ми беше жал кога ги убиваа а сега ми се одвратни.
    Денес на работа се договараме кога да идеме на пауза у јас кажав9:30 колешката 10:30 колега ученик кажа10 јас се согласив и другиот колега но остана пак да се договореме.10до 10 иде колегата и ми вика колешката ќе иде у 10:30 ќе одам и јас а сам кажа дека сака у 10.(мислам да му каже нејадеме нема ни да јадат ама она вечно гладна е)
    Го прашавколегата (ученик) и тргнавме а колешката го вика тој не се ни сврте и отидовме.Зборот ми беше како ма на 34 год се понашаш како у пубертет.Треба сите да ги исполнуваме твоите желби.На твои год деца воспитуваат шо вика баба ми.Карактер нула|(:worried::mm:
    Јас сум ЗА тимот секогаш да сме заедно ама неможе секој ден по твое да биде.И од инат дојдоа у 10:30 па и како навредена нешто:fubar::fubar: у себе си кажав те победив хахха :D8)8)8)
    Подоцна работам иде колегата до мене нешто јадење муабет му кажав мене и колегата(ученик) да ми кажеше не ќе идев сама нетрпам глад( за некој комплекси да си лечи) За јадење не ми е срам сама,у диско ми е срам.он трае."МаШ"од 35год карактер нула.Ова детето(ученикот) 22 год ама карактер машки
    Читам и вие денес со главоболка непијам апче оти уште за глава не се напив а овој месец се отровив од лекарства:doh:.Има едни тука кажуваат се ставам на инат така и јас сеа
    Убав ден на сите:f::f::f::f::f::f::f::f::f: Насреќен ден на тие што си слават нешто.
     
    На Dare 31, fina erika, Val-Dim и 7 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Јас баш не разбрав точно ама по логика колегата и колешката сакале да сменат термин за пауза. М?
    Мене многу ме нервира мојот колега што секој ден 15 мин пред крај на работно време вика ајде да си одиме. Се бунам секој ден и му кажувам дека не е крај на р.време, но неговиот одговор е дека има многу пешки до паркингот каде паркира.
    Го разбирам дека има пешки, но пак не е оправдување. Го разбирам и дека револт ни прават другите колеги кои не им се знае р.време, но не можам да поднесам да за 15 мин јадеме нервози од директорот ако се јави и не не најде онаму каде треба да сме.
     
    На eli25, Dare 31, mareane и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.181
    Допаѓања:
    137.498
    Пол:
    Женски
    Јас мислев само во студентските станови има тони ѓубре, ама ете и домаќинства ѓубросани имало :D
    Meне пак навика ми е пред да си легнам ќесите со ѓубре од купатило и кујна да ги соберам да ставам нови, и да ги оставам пред влезна врата, сабајле кој прв излезе од дома тој го фрла ѓубрето.
    #домаќинка
     
    На Skorpija25, eli25, fina erika и 18 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Кога кај секого би работела самосвеста и дисциплината не би се викале Македонија.
    Ама...крадеме..па макар и 15 минути од ПЛАТЕНОТО работно време.
    Понекогаш револтот кај мене работи па знам без врска да излезам од работа со пропусница...а немам никаква работа.Си велам-мора да сум глупава штом сите користат а јас не..
    Ама кратко ми трае..и ретко е.

    Да сум јас директор?!...
    ..поарно да не сум..ќе испобркам се живо од работа..
     
    На fina erika, Annath, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  16. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Кај нас на работа мора да си лог он до последната секунда, ако не одма пишти кај таа што ни прави плати :) па што зошто како. Секоја секунда ни се мери, до одење на мочање да ми извините. И ко ќе ми каже после некој како на пауза пијат кафиња, шетаат по продавници јас се крстам, кај нас на два пати по 15 мин за што попрво.
    Го читав муабетот погоре за жени со две мали деца, мислам во ред ли е да се живее во прљавштини, па за децата не чини, не треба да е без дамка ама па до толку, на таа мајка треба социјално да и чукне на врата, има да светне се за 5 мин
     
    На Skorpija25, eli25, fina erika и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.909
    Допаѓања:
    173.595
    Пол:
    Женски
    И викам сега на мајка ми - Зошто не правиме доволно ѓубре за да фрламе секој ден? Туку вака на 2 дена?
    Ме гледа женава, се подзамисли и ми вика - па со татко ти да се приберевте како луѓе дома да јадете, ќе имаше повеќе ѓубре. Вака нема...
    Ме укопа во земја..:tmi:
    Во право е, само надвор јадеме или воопшто не јадеме, па некогаш не ни готви:x
    Мора да се сменат навиките..
     
    На eli25, fina erika, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Ова со излегување пред крајот на работното време ми е ептен нелогично. Цел ден седиш, значи 7 часа и 45 минути не е проблем, е баш 15 минути ќе го спасат денот? Ај да киднеш во 15 наместо во 16 па и да сконтам, ама 15 минути? :^)
     
    На Annath, referentka, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.662
    Допаѓања:
    178.514
    Пол:
    Машки
    Ништо не разбрав.
     
    На Skorpija25, PUPICA, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Паузи. Мојата омилена тема.
    Имам работено многу саати без пауза. Ама од кога пресрамив да си барам, е многу подобро.
    Некогаш претерувам ама гајле ми е. Се вади добра пара на забушавање.

    Глава не ме преболува. Не знам што ќе правам. Да имав слободен ден да си легнев. Ама се јавил колега пред мене да откаже, па неможам и јас да си тргнам. Две кафиња, два кафетина, и пак боли.
    Ми иде да ја мавнам од ѕид.
     
    На fina erika, Annath, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.